Го прашува учителката малиот Мујо, што работи Мајка му и како живеат. „Мајка ми е проститутка и добро заработува, така што добро си живееме и имаме сè што ни треба.“ На учителката и паднала малку незгодно, па затоа Суљо го прашала за татко му. „Што работи татко ти Суљо и како вие живеете?“ „Татко ми е полицаец и малку пишува казни за државата, а малку за себе и ние си живееме убаво и имаме се што ни треба.“ Дошол редот на малиот Хасо, па тој веднаш почнал да и одговара на учителката: „Татко ми е шофер на камион. И право да ви кажам да не беа мајка му на Мујо и татко му на Суљо, и ние ќе живеевме убаво!“
Студент на ветерина полага испит. Професорот имал некоја птица во кафез, која била покриена со чаршав. Го поткрева малце чаршавот колку да и се видат нозете на птицата. - Колега, која е оваа птица? - Појма немам! - Епа жал ми е колега, паднавте, кое е вашето име? Овој ги поткрева панталоните колку да му се видат малце нозете... - Е, ај погодете! Двајца пријатели пишуваат на Скајп: - Ај да се видиме утре да пиеме кафе. - Ти си првиот човек кој успеа да напише „пиво“ со четири правописни грешки.
Девојката: Каде ми е подарокот за роденден? Дечкото: Го гледаш ли црвеното Ферари пред зградата? Девојката: ДААААААА! Го гледам! Дечкото: Епа ти купив лак за нокти со иста боја.
Зима. Пет часот наутро. Студ. Виулици. Ловџијата го напушта топлото легло и заминува на лов. Стои и мрзне пред куќата и чека да го земат со автомобил. Си мисли: „ Зошто не си се приберам, да си се гушнам до жена ми, да се топлам.“ После долго мислење се решава. Се враќа дома, ја гледа жена си свртена со грб. Легнува и ја гушка целиот тресејќи се. Жената прашува: - Ладно ли е надвор? - Мрзне! - А мојот простак отиде на лов!
Зима. Пет часот наутро. Студ. Виулици. Ловџијата го напушта топлото легло и заминува на лов. Стои и мрзне пред куќата и чека да го земат со автомобил. Си мисли: „ Зошто не си се приберам, да си се гушнам до жена ми, да се топлам.“ После долго мислење се решава. Се враќа дома, ја гледа жена си свртена со грб. Легнува и ја гушка целиот тресејќи се. Жената прашува: - Ладно ли е надвор? - Мрзне! - А мојот простак отиде на лов!
На полноќ Трпана почнува да го буди Трпе. - Трпе, Трепе, станувај заборави да го испиеш апчето за спиње! Се јавува човек на пријателот: - Еј, што викаш да свртиме партија шах вечер? - Не можам, баба ми умре. - Големо чудо, ај ти ќе бидеш со црни фигури.
Што прават младоженците на првата брачна ноќ ? - Едниот брои пари, другиот става слики на Facebook...
Во кревет: -Гледаш на саат: 6:05ч -За 5 минути гледаш: 8:00 На училиште: -Гледаш на саат 9:40ч -За 20 минути гледаш: 9:41 ~~~~~~~~~~~~~~ Како педерите ја викале позата 69? -Јајца на око! ~~~~~~~~~~~~~~ Оди некоја баба во месарница и му вели на месарот: -Извинете, нозе имате? -Не бабо, на ку* стојам! ~~~~~~~~~~~~~~ После три месеци одење девојката му вели на Трпе: - Мислам дека е крајно време да ме запознаеш со твоите? - Не ќе може, жена ми е на работа, а децата во школо… ~~~~~~~~~~~~~~ Кинез кога држи диета јаде со едно стапче .
оваа е нешто друго за почеток Што е УСПЕХ? • На 2 години, успех е да не мочаш во гаќи. • На 10 години, успех е да имаш пријатели на твоја возраст. • На 18 години, успех е да имаш возочка дозвола. • На 20 години, успех е да имаш женска и добар секс. • На 30 години, успех е да имаш многу пари. • На 50 години, успех е да имаш многу пари. • На 60 години, успех е да имаш женска и добар секс. • На 70 години, успех е да имаш возочка дозвола. • На 75 години, успех е да имаш пријатели на твоја возраст. • На 80 години, успех е да не мочаш во гаќи. А сега вицовите Разговараат две соседки: -Еј, драга, кога ти беше тебе роденден? -Што прашуваш кога знаеш? -Па, сакам да ти купам завеси, бидејќи нон-стоп те гледам како водиш љубов со твојот маж. -А добро, тебе кога ти е роденден?! -Што прашуваш кога знаеш и ти? -Па, да ти купам наочари, да видиш дека тоа е твојот маж, не мојот! Студент на ветерина полага испит. Професорот имал некоја птица во кафез, која била покриена со чаршав. Го поткрева малце чаршавот колку да и се видат нозете на птицата. - Колега, која е оваа птица? - Појма немам! - Епа жал ми е колега, паднавте, кое е вашето име? Овој ги поткрева панталоните колку да му се видат малце нозете... - Е, ај погодете! И врвот Избегал некој човек од затвор каде што минал 15 години и провалил во некоја куќа, во потрага по пари и оружје. Ама во куќата налетува на млада брачна двојка во кревет. Му наредил на мажот да стане од креветот, а потоа го врзал за столот. Додека ја врзувал жената за креветот, се качил на неа, и го бакнувал вратот и и шепотел на уво. Потоа станал и отишол во бањата. Додека бил таму, мажот и вели на жената: - Слушај, типов е робијаш... сигурно излегол од затвор види му ја облеката. Веројатно минал многу време таму и не видел жена со години. Видов како те бакна во вратот. Ако сака секс не давај отпор, не жали се, направи се што тој ќе ти каже. Задоволи го без оглед на тоа што се ќе ти биде страшно и одвратно. Овој тип е веројатно многу опасен. Ако го налутиме ќе не убие. Биди јака злато те сакам. Жената шепотејќи му одговори: - Не, не тој не ми го бакнуваше вратот. Ми шепотеше на уво. Ми рече дека е геј, мисли дека си многу сладок, а прашањето беше дали имаме вазелин. Му реков дека имаме и дека е во бањата. Биди јак злато и јас тебе те сакам.
Мујо и Хасо точеле гориво и додека плаќале на каса забележале ознака на која било напишано: Наградна игра: Главната премија е бесплатен секс. Се погледнале меѓу себе, па Хасо прашал: - Како може да учествуваме? Касиерот одговорил како од топ. - Јас замислувам еден број, а вие треба да го погодите. Хасо одма викнал: - 5! Касиерот му одговара: - Не, 4. Мујо решил да си ја проба среќата па со насмевка рекол: - 8! Касиерот пак: - Не, 6! Разочаран Хасо му вели на Мујо: - Другар, мене нешто ми смрди во играва, мислам дека ја местат. Мујо му враќа на тоа: - Ма не бре Хасо, моја Фата веќе два пати доби!
Мујо и вика на Фата: Фато, може да те викам Ева? -Зошто? -Зошто си ми прва. А јас може да те викам тебе Пежо? -Зошто? -Зошто си ми 307ми! Мажот: Жено ме е*а Интер... Жената: И мене Милан Мажот: Дај да ти го видам ливчето! Жената: Не ми даде ливче....
Оди некој македонски архитект кај италијанец архитект во Италија. Го гледа италијанецот со две куќи, три автомобили, пет мобилни телефони и сл. Па го прашува: - Како успеа човече да направиш толку богатство? На тоа италијанецот му одговара: - Го гледаш оној мост? - Го гледам, му вели македонецот - Епа тој мост требаше да биде 120m x 25m, а јас го направив 120m x 22m па од тие 3 метри го направив ова богатство. Доаѓа следната година италијанецот во Скопје, па го гледа македонецов со 3 хотели на Охридско Езеро, вози џип, има казино, јахта која ја поставил на наше море... А од каде па сега ти сето ова друже? - Го гледаш оној мост онде? Италијанецот на тоа одговорил: - Не! На тоа нашиов му рекол: - Епа тука требаше да биде!
Што е тоа мало, црвено почнува на буквата П и се вози во ливт? Спојлер патлиџан А што е тоа мало, црвено почнува на буквата У и се вози во ливт? Спојлер уште еден патлиџан А што е тоа мало, црвено почнува на буквата Н и се вози во ливт? Спојлер нема да ти се верува, уште еден патлиџан
виц добиен како инспирација од патетиките на фб што кружеа едно време Дечко и девојка седат на клупа и девојката му вика: -Срце мое, те сакам најмногу на цел свет...ама морам да ти кажам дека имам проблеми со срцето и деновиве ќе се правам операција...а незнам дали нашле донатор...-Не се секирај..зборев со татко ти и ми кажа дека нашле некој...се ќе се среди. После операција, се буди девојката, го гледа татко и и го прашува: -А каде е срцето мое најубаво, каде е дечко ми? -Ех мила, што мислиш ти кој беше донаторот? -ЛЕЛЕЕ НЕЕЕЕЕЕЕ !!!! -Се заебаам мори не се дери...отиде да кења .)
Сообраќаен полицаец запира автомобил заради брзо возење. - Господине, возевте 140 Km/h, а дозволено е 100. Возачот почнал да се брани: - Па, не знам баш дали беше така. Јас го програмирав автомобилот на "cruise control" за да возам 100 Km/h. Можеби вам радарот не ви е скоро атестиран? Без да го дигне погледот, жена му која седи покрај него рекла: - Не биди луд душо, па знаеш дека нашава кола нема "cruise control". Додека полицаецот ја пишувал казната, возачот се врти кон жена си и и’ се дере: - Можеш ли ти некогаш да си го држиш јазикот во уста? Жената се насмевнала и му рекла: - Можеш да бидеш среќен што “радарот детектор“ те опомена на време па од 200 намали на 140 Km/h." Тогаш полицаецот почнал да му пишува и друга казна заради илегално поседување на радар детектор, а возачот и се дере на жена си: - Проклета жено, заќути! Полицаецот продолжува и му вика: - А, ќе морам и да ве казнам затоа што не носите сигурносен појас додека возите. Сега возачот почнал да се правда: - Видете господине полицаец, јас носев појас, но го извадив кога ме сопревте за да ја извадам возачката од задниот џеб на панталоните. На тоа неговата жена: - Драги, знаеш и самиот дека не носиш појас никогаш додека возиш! И додека полицаецот почнал да ја пишува и третата казна возачот дивјачки и се развикал на жена си: - АМАН ВЕЌЕ ЕДНАШ ЗАМОЛЧИ!!! Полицаецот ја погледнал жената и ја прашува: - Госпоѓо, дали вашиот сопруг секогаш вака разговара со вас? А, жената на тоа: - Не секогаш господине, само кога пие алкохол
Поминува патнички брод покрај некој напуштен остров на Тихиот Океан и сите на палубата забележуваат некој човек со голема брада и искината облека како вика, урла по нив на цел глас. Го прашуваат патниците капетанот: - Капетане, кој е она на островот? - Стварно не знам, али секоја година кога поминуваме од овде он тотално полудува.