Форумџика на годината

Владата дава до 100.000 евра за оние кои ќе се вратат да работат земјоделство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од LUCI 99, 25 мај 2025.

  1. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Така е и јас размислувам за тоа со кокошките ама не е така едноставно само храна и кокошарник треба и посебни услови и за кокошките несилки па каква храна такви јајца ќе вадат, треба ветеринар да имаш да знаеш колку петли како оди парење/несење, знам дека кокошката сама ја врши работата, а петелот бил само како стимулација, па на колку кокошки колку петли треба да имаш, па какво светло, вентилација, па до кога можеш да ги продадеш кокошките да не ти умрат има ги откупуваат, па пласмани, земјоделска механизација, логистика, хигиена, колку дена стојат јајцата откако ќе ги снесат во какви услови треба да седат да не се расипат, па болести триста постојат, климата, бучава да не им смета се си има свое не е толку едноставно ако сакаш да работиш како треба и да понудиш квалитет треба да проучиш, да се посветиш, агрономи и експерти за тоа да имаш секогаш до тебе.
     
    На tambelina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Да ова навистина со староснава граница што ограничува малце е бесмислено, еве конкретно сопругот сака да поднесе и не може над 40 има, а јас нз како редовно вработена дали ќе можам.
    На пример има луѓе возрасни што имаат искуство со земјоделие доста години имаат насади/земјоделие водат и им требаат средства да се прошират/унапредат и не можат. Има и луѓе што едноставно сакаат да променат професија презаситени се од канцелариската работа од 8-16ч за плата од 30к и цел живот не можат да мрднат од таа плата заради општопознатава ситуација во државичево и наместо да дадат за ова одврзани раце да поднесат сите па да бидат одбрани само оние бизнис планови/ апликации што се реално изводливи тие од прва те ограничуваат.
     
    На eliesaab и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Ќе купиш 20 пилиња, мислам беа по 100 денари, значи 2.000 денари, во рок од една недела од нив нема да има ништо, ќе изумрат затоа што тој што ти ги продал, требал да ги вакцинира, ама не сака да се троши, ќе ти ги шитне, па ти мисли му ја. Ова често се случува. За пилиња ти треба светлина, на топло да се, да им свети светилка преку ноќ. Значи кабли, до кокошарникот да имаш струја или да ги ставиш некаде на светло и топло. Храна ти треба за нив. Концентрат. По селата има женички што имаат јајца, селски, ама тешко им оди да продадат, затоа што табла јајца по маркети ти е 200 денари, тие им бараат 300, а народот гледа што е поевтино. За некои култури како карфиол, брокула, семето е скапо, а прашање е колку ќе е ефикасно и колку ќе роди. Зелка исто. Дури и семе роткици да купите, пола ќе испаднат машки, само дрвенести се, горчливи, не се јадат. Боранија исто, едно пакетче од 100 грама го земав 230 денари, а полани беше 130 денари. Тоа е за една бразда, за себе, а ако решиш да садиш за продажба, и за тоа треба повеќе пари. Само за пластеници, најлони, шипки, еден добар мотор за вадење што троши малку гориво, ви требаат неколку илјади евра. Има разлика од мотор до мотор, иста бавча со еден ја вадиш со една количина на гориво, со друг сосема помалку, ама тоа треба да го знаеш, а никој учен не се родил, ниту па некој ќе ти каже, туку низ искуство се стекнува тоа знаење. Тоа е смислено за да некој си земе пари, не за реално да вртат народ по селата.
     
    На tambelina, Аргентина * и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    И јас мислам границата не треба да е 40, мислам треба да се качи па што се 40 во 2025, многу луѓе баш тогаш формираат семејства.
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    30.887
    Пол:
    Женски
    Убави села во западна Мк иам видено. :D
    А за муабетот во Источна, не верувам.... :rofl: , сега ќе ти кажам и зошто.
    Кога бев со бившиот маж, не викаа едни фамилијарни луѓе на фости во нивното село, абе се утепаа го фалејќи колку било убаво, тамо вамо. Дојдете, дојдете, нема да зажалите, маж ти ќе се напие пиво со нашиот син а снаа ви ќе си седе со нашата снаа ( и двете во исто време бевме трудни али јас повозрасна од неа).
    И тргнавме ние да се воодушевуваме на многу убавото село, влегуваме во селото за да стигнеме до нивната куќа, и по пат само прашина, незавршени куќи, зајадливи баби, по некоја загубена кокошка и од тие грмушките шо претрчуваат пред екранот во вестерн филмовите.
    А, и мирисот на свежо снесени гомна од кравички. Убавина.
    И стигнавме ние до куќата, влеговме, не почастија домаќински, немам зборови за тоа, се убаво, се напивме кафенце и ги фати старите еуфорија за да не рашетат на некое мнооооооогу убаво местенце во нивното село. И ајде си викаме.
    Тргнавме по најголемите жештини, ПЕШКИ, за да не фати авата и да си ги налепиме патиките со лепешки и трње, абе може километар ипол одевме. И стигнавме во една полјанка, фала бого сенка имаше и неколку клупички, викам чекајте да седниме да одмориме малку па ќе продолжиме.
    И таа старата ни две ни три, ми вика "ама ние стигнавме веќе, ова е тоа местенце, убавина нели". Јас само така ја погледнав :^). Мислев ме заебава, ама она озбилна.
    И баш се зазборивме со нивниот син и нивната снашка, муабети од тука до таму, и таа ми кажа дека има 16 години.

    И тогаш ми стана јасно зошто сите, и стари и млади, ја обожаваат таа полјанка. :rofl:
    Па пошо тамо децата ги праеле.
    А шо да праат друго во такво село а богами и каде?
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    47.285
    Пол:
    Женски
    Си видела едно село. Не е репер за сите села.
    Вака како што опиша искрено малку навредливо звучи кон луѓето од село. Не знам.
    Дедо ми кој живее во село, бил меѓу првите кои завршиле факултет во земјава, предавал на универзитет во Белград, после бил учител во неколку школи, еден од најпаметните луѓе што ги знам…тетка ми родена и израснета во село има 2 факултета и докторат, мислам не можеме да правиме вакви споредби кој од каде е и колку е паметен.

    Не дека нема зачукани планински села, ама ретко и веќе некој живее таму, во поголемите села иди да видеш какви куќи средени има, улици, маркети…
    А патем кај нас во град тие што се занимаваат со земјоделие и сточарство во околните села се едни од најбогатите.

    Секој си знае за себе. Ама јас никогаш не проценувам луѓе зависно од тоа од каде се.
     
    На tambelina, Miss666, Sleepy и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    30.887
    Пол:
    Женски
    Уопште не навредив ниту тоа ми беше намерата.
    Едноставно, јас не сакам такви села, а повеќето се такви во источна.
    Затоа и си пишав дека и пари да ми даваат не би отишла во такво село да живеам.
    А на кој му одговара тоа, нека си живее.
     
    На SummerGirl и 1209 им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Ама воопшто не ми е привилегија што живеам во Скопје, повеќе стрес ми прави секојдневието. А па не дај боже да си вработен од 8 до 4, стани во 6 за да стигнеш и ќе се вратиш бог знае кога со гужвине, тоа не е квалитетен и хуман начин на живеење бар за мене. Родниниве што имаат на страна имот и се занимаваат со земјоделие се фалат. Имаат пласман и за оризот, зеленчикот, бадемот/лешникот, имаат подобар баланс во животот отколку ние во град, и башка купуваат имот, вложуваат во шлепери, имаат џипови, шетаат а не да чекаат плата.

    За генерализирањето на состојбата во селата на истокот само врз основа на едно село сум без коментар. Сум прошетала по многу околни места во Струмица, Валандово, Кочани, Штип, Берово, Виница и Паланка. Можам да кажам дека во близина на овие градови (значи не уџум во планините) секаде се развиени селата, има пат, школи, големи куќи. Единствено во околината на Св. Николе беше некако запустено. Нека приридата е убава во Западна Македонија ама никогаш не би живеела во Битуше пример. Таква природа има и во Берово ама барем има градчиња во близина.

    Иначе кога сме кај Источна, со оглед дека во интерес на Грција и Еу е да се направи брзата железница и Британија ќе ја прави таа ќе поминува таму во Штип а не низ Скопје. Штип полека ќе стане 2 центар во државава, тој муабет и кај деловни луѓе денес го слушнав, се оди натака. Ќе почнат таму да се префрлаат заради логистиката. И има автопат до Скопје ене го близу е, само што нема аеродром хаха.
     
    На makakosi, eliesaab и 1209 им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    51.167
    Пол:
    Женски
    Во моето село како што знам за себе нема ич народ 2-3 луѓе само значи се иселиле пред многу години а и е далеку од мојот град.
    Исто и на мажот ми селото за нијанса е по населено од моето село.
    Не е само пари треба и помош луѓе што ќе ти помагаат не можеш сам.
    Знам како татко ми на времето сееше жито, жнееше се сам или ќе најдеше највеќе еден човек да му помага никој не сакаше, а имаме големи ниви седум декраски ги сеевме жито.
    Свекор ми сеуште сее жито ама има мало нивче и може сам.
     
    На pance24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.026
    Допаѓања:
    39.769
    Пол:
    Женски
    Јас те сфаќам што сакаш да кажеш. Маж ми е од такво село. Нема услови за живот, а не па за нешто друго. Комшиите веќе не се занимаваат со земјоделие. Исклучок на 3 фамилии. Останатите се откажаа затоа што беа во загуба.
     
    На Gosh, Adidas888 и Realist1 им се допаѓа ова.
  11. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.267
    Пол:
    Машки
    За се си стручна па и за ова, има ли една работа да незнаеш и да прашаш мислење од некој?
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Вистина е тоа. Имаш пилиња од 40, 60, 80, 100 денари од поквалитетните сорти. Ништо не е лесно, ниту ќарот е толку голем како што се чини. Е голем, можеби ама ако имаш пласман, ако си го имаш фатено редот. Убаво е да живееш во град, во некоја зграда, ама да имаш пари, инаку само ќе гледаш по излози, ќе ти течат лиги и така. Во дедоларизација не се разбирам, ниту па ме засега.