Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.025
    Пол:
    Женски
    Не не, најмајндфак ми е дека има луѓе што ревносно бранат некоја партија.

    Арни ли сте?
    Дал сте крштени?
    Дал сте на некои психотропни супстанци, не знам еве.
    Дал мислите со тоа главите?
     
    На M.B., LejlaD, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.679
    Допаѓања:
    14.145
    За мене односот кон татковината не е однос на спонзоруша и спонзор, па ако имам ќар ќе ја сакам ако не, не. Каков е тој патриотизам ако се заснова на интерес? Македонија ништо посебно не ми даде, а јас што направив за неа? Едноставно бев лојален граѓанин, толку. Ја сакам, тука ми е коренот и каде и да одам ниту ќе сум Американка, ниту Германка. И ми беше жал синоќа кога се напнаа луѓето, си реков пак ли некој ќе лежи затвор како тие од 27 април. И никад не би зела бугарски пасош и џабе да ми го дадат. Немам да платам сметки е смешен изговор. За сметки и храна и овде има, ама нема за јахти, џипови итн.
     
    На sonuvana, SeaMermaid и Cka им се допаѓа ова.
  3. ivon.93

    ivon.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Џабе вие тука бистрите политика и ја оправате државата по форуми, тие што си се на фотељите пак ќе си се договорат. Жално ама вистинито.:)
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Мислам дека постепено доста се разбудија... останаа неколку тука гледам, нема надеж за нив за жал. Ама искрено вака кога општо разговарам со луѓе, порано доста се влечеше на една страна обавезно, а сега гледам на грото преку глава им е дојдено од двете партии. Само се плашам многу касно да не е свестувањето.
     
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.458
    Допаѓања:
    41.019
    Пол:
    Машки
    Од џабе бистрите политика е дојдено до ова.
    Џабе се буните против Охридски, против Преспански, џабе бојкотирате референдум за име, за идентитет. Џабе сега за ултиматумот на Бугарија.

    Ај ако не да ќутиме и ова да им дозволиме да ни го увалат? :fubar:

    Противење на менување јазик, име, идентитет, историја и тотално обезличување на еден народ не е бистрење политика. Ова е надполитичко прашање кое го засега секој Македонец без разлика дали е во Македонија, Австралија или Америка.
     
    На IRBBB, Amellie13, Biljarkata и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    23.664
    Ја мислам све е кажано:)
    Мислам ај излегле што излегле, океј. Ама греотка ми се што им се диват на Апасиев и Жмицко демек големи патриоти а тие исти гомна.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.799
    Пол:
    Женски
    Можеби поради тоа што тие коишто избегале, избегале од народот, не од државата. Не од ниту една единствена власт или партија. Оти народот волку си ги мрзи соседите, буквално ги брка, ако нема пари не вреди и слично.
    Ако ја заборавил татковината, не чини. Ако не ја заборавил, пак не чини.

    Со чест на исклучоци. Ставаат таму знамиња, оти полесно им дава чувство на припадност кон своето туѓа држава. Колку жално и поразително е ова. А народот, сами на себе си го правиме.

    Најголемиот број од иселените, избегале од лудата желба на комшијата да му умре козата. Ова е посилна причина од која било партија.

    Знам и вратени коишто инвестирале и не ги оставиле да пркнат, им пропаднало.
    А знам и такви коишто таму некаде ја промовираат нашата држава и култура.
    Ама и тие се гледани со презир. Нејсе.
     
    На dunika, sonuvana, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.145
    Пол:
    Женски
    Немаме што да кажеме, па ај ќе пишуваме пресмешни фори, за Ламбе и за иселениците, па зошто има протест за ова а не за цените, па автоматски значи дека во слободно време се клањаш на статуа од Мицко.Зашто ептен е смешна ситуацијава во која сме, ама што, ништо страшно не е, не дај боже да пресечеме и да речеме, да, ова е крајно понижување кое го добиваме, ние не, ќе си се занимавме со глупи релативизации. Може да се работеше за некоја земја на 372837 км од тука ќе беше пожално па ќе баравне правда.
    Ќе речеш за нешто конечно сите ќе се согласиме дека е неоправдано, ама не, мора да има луѓе што по секоја цена ќе глумат лудило.
     
    На Amellie13, Biljarkata, _beautyy_ и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    Секогаш е така.
    Ако не,ке ги снема лидерите на партиите. Така функционира политиката.
    Со вакви протести партиите се спасуваат себе.
    Вмро на пр.ги амнестираше припадниците на ОНА за случајот мавровски работници.
    Сите ко попчиња потпишаа за амнестија.
    Немаше протести.
    А не па за францускиот предлог.:lol:
    Или за вметнување во Уставот.
    Жално е што партиите ги гледаат граѓаните ко бројки.
    Пр.Автобусите за протестите од Велес тргнува во 18 ,пред тоа и тоа место,сите вработени од партијата или кои сакаат, да бидат таму.
    Тоа се протестите кај нас.:mm:
    Патриоти сме сите ние кои остануваме во оваа држава.
    Зошто не предлагаат референдум?
    Па младиве деца да одлучат за и против францускиот предлогот ,Еу.
    Дали сакаат да сопре апликацијата за членство во Еу.
    Нека одлучи секој наместо политичките партии.
    Ете и нека одлучат за безрезервно откажување од сите процеси,немам против.
    Ама овие лешпери од партиите
    ќе билдаат патриотски набои со овие протести,само за да докдат на власт,што е цел на секоја партија.
     
    На M.B., Ahoy и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Дечки ви ја обожавам енергијата :)
    Посакувам како вас да можев да верувам дека бунењето менува нешто, а не дека се однапред е одлучено за пари што ние не можеме да ги замислиме, и од едните и од другите.
    Ние само ќе се расправаме дали биле криви тие што зеле бугарски пасоши или не биле.
    Замислувам некој кај што не чита и паѓа од смеење.
    Ќе речеш после толку дадени шанси, нема да има млад човек што го идеализира ни сдсм ни вмро, ама ете, има, и е разочарувачки.
    Во војната предавства имало за пари се убивале луѓе, зарем мислите дека за пари нема да се сменат учебници. Трпи хартијата.
    Нека не сум во право, би сакала, ама досега праксата покажала дека тие што зеле бугарски пасоши заминале и се занимаваат со проблемиве еднаш годишно, а и не мора ич да се занимаваат ако нејќат.
    Тие што не зеле заради достоинство, се занимаваат секој ден.
    Годините поминуваат, кој е посреќен од нив двајца?
    Потсете ме кој протест бил успешен за нешто олку важно.
    Они си ја тераат агендата, нас не с'скаат со патриотизам и трагични приказни за да се пцуеме меѓу себе, валда гневот е двигателна сила, моите - твоите (facepalm)
    Пазете со кого се фаќате на оро, зошто на партиите не им е нашето достоинство во топ 3 приоритети, иако тотално така ќе го продадат :mm:
     
    На LejlaD, MilaSs12 и ivon.93 им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    @Mantub предлог? Еве велиш смешно е што се бунат луѓето, што протестираат. Да ќутиме?
    Мислам, да не ме сфатиш погрешно, те разбирам што велиш, за жал така е... ама да седиме и да ќутиме па не е ни тоа во ред.
     
    На christinnn, _beautyy_, fbaby и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ламбе не е таргет во целава го.нарија...
    Цобињата и Славиците нека не се мачат залудно
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    Се додека не ги отераме двете партии +Дуи во провалија, се е џабе.
    Да, ке протеситраат и неутрални од очај,ама без елиминирање на овие погоре и појавување на трета опција ,а тоа да не е циркузантов од ЛЕвица,исто се фаќа протест или молчење.Тоа е реалност.
    Кога ке ми текне колку се ложевме на студентските протести кога Филип Петровски беше еден од водачите..а ние средношколци одевме,а што бидна од државава.Будали.
     
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Да постои и друго решение кое што додека да дојде за жал ќерка ми ќе има може 30 години и никаков просперитет.
    Од денес за утре не бидува тоа.
    А за тоа треба општество коешто е сплотено.
    А ние од х фактори не сме.
    Тој што е на функција некаде влезен преку х у луѓе сигурно нема да искочат со обичниот смртник.
     
  15. ivon.93

    ivon.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Протестирале или не, ништо нема да се смени.
    Кучињата лаат, караванот си врви. Не сум во тек со тоа што се дешава и искрено не ме ни занима. Само знам дека со протест ништо нема да се смени. За дружење можеби е супер, тоа на сите ни фалеше овие неколку години па ете ќе надокнадиме.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.258
    Допаѓања:
    124.664
    Пол:
    Женски
    Јас немам бугарски пасош, ама знам луѓе кои благодарение на тоа што земаа бугарски пасош,( дека со нашиов само да избришеш газ можеше), успеаа надвор од државава да створат живот. Овде беа кошкани зашто не беа нечии синчиња и ќерки. И ич не осудувам. Ниту ќе осудувам. Секој си крои живот најдобро што може.
     
    На christinnn, fast_and_curious, deskarada и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Зошто да останат тука, секој се снаоѓа како знае и умее. Со 300 евра кубуриме, а плаќаме најскапа храна, сметки, воздухот што го дишеме го плаќаме. Толку револт никогаш не бил собран во мене, кога знаеш дека си способен, работиш, се трудиш на чесен начин да заработиш, а некој неписмен што доаѓа три пати во месецот на работа зима 61000 ден.

    Продадени души. Образованието го уништија, од тука почнува сѐ. И после тие неписмени се накотија во секоја пора на општеството, посебно таму каде што треба писмен и едуциран кадар. Тоа се собрани пијавици по штабовите, газат преку се, за да го зачуваат столчето, зошто за друго се неспособни.

    Младите не си ја знаат историјата, а и како ќе ја знаат кога секоја година се менуваат учебници. Македонското население да се ослободи од "туѓата" власт. Туго моја. Од кој тоа да се ослободи?
    Ќе се проширува оваа листа на борци во учебниците, сите заедно сме се бореле против туѓата бе.

    Untitled.jpg
     
    На IRBBB, deskarada, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.266
    Допаѓања:
    50.863
    Пол:
    Женски
    Не ги вадат бугарските пасоши оти им текнало не сакаат повеќе да бидат македонци па ај да смениме малку бугари да бидеме.
    Ги вадат од што мора, од што ова не личи на држава.
    Партиски се вработуваат колку и да им трчиш нема да те вработат.
    Секој си бара излез, излез за подобар живот па дали бугарин или не знам каков се пишиш не е важно, важно му e на човек да има подобар живот како за себе така и за својата фамилија.
     
    На Ева33, Mantub, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Премиерката на Финска " Северномакедонците да не стравуваат дека ќе го загубат идентитетот на патот кон ЕУ" :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Konfetka, Ева33, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Од самите себе, очигледно...
    "Нашата земја" се ослободуваше од "туѓата власт". Нема имиња, да не се навреди некој.

    Е вака утре ќе дојде време кај што крадецот дома што ќе ти влезе ќе треба да го нагостиш, да не го навредиш ако го пријавиш в полиција. Се е навредено одоколу, се е повредено, се е со погодени чувства, секому треба гајлето да му го бериш... ама ако се навредиш ти, ако си побараш правда - најглуп си, ќе ти се смеат. Барем овде требаше да сме едногласни.... и порано имало предавници, ама сега се накотени многу.

    @Luciferka ете точно пример на тоа што го спомнав. Можат секако да те наречат, можат секако да те изгазат, кај смееш да реагираш... северномакедонци, западнобугари.... ама ние мораме да пазиме што велиме за другите, да не се навредат. Страшно.
     
    На Amellie13, orevokrsacka, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.