Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    90.536
    Пол:
    Женски
    Не е проблем што некој Македонец си сменил националност во Бугарин поради свои причини.
    Проблемот е што Бугарија со намера даваше такви државјанства па сега политички се грижи поради такви новопечени Бугари,и бара да се вметнат во Уставот.
     
    На Ahoy, nena2010 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Јасно е тоа како ден,ама ако се функционираше во државава така како што треба ,никој немаше да се излажи да се прави бугарин. Луѓето едноставно немаа избор.
    Тешко е во сиромаштија ,кога детето гледаш да го прераниш со тоа што имаш,и едвај да врзуваш крај со крај, со 3 уназадени сметки за струја....
     
    На Mantub, VDT2906 и Cosmi им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.618
    Допаѓања:
    14.058
    Што ќе давате над 1.000 евра за пасош, нели можете на пример да учите германски и да си платите курс со тие пари? Сите кои поседуваат бугарски пасош, а не мрднаа никаде, само раскажуваат ќе бегале, и не знаат ниту еден странски јазик, ниту еден. Од компјутерски вештини знаат да ракуваат Фејсбук. Без јазик и компјутерски вештини денес си неписмен, сакале да признаеме или не. Како да не бидат предавници во мои очи? Зијан се 1.000 и кусур евра, стагнираат финансиски, само се жалат, а статистички веќе се Бугари колку и да се чукаат во гради. Си потпишале, направиле штета на нацијата, личен бенефит немаат, дремат во жална Македонија и јадат македонско ѓеврече. Неамбициозност и незрелост е тоа до некаде.
     
    На VDT2906, Cka, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.936
    Допаѓања:
    130.273
    Пол:
    Женски
    Не бивало ништо од протести.
    Ма, немој...
    Жените низ светов како добиле право на глас?
    Некои влади како паднале? :D
    Само огромна бројка и упорност се потребни.
     
    На Tanjamm, Amellie13, Reina.Gitana и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    23.275
    А вие од другите градови низ Македонија чекате во вашиот град да се отворат работни места со години за вашата струка или ако ви се пружи прилика во Скопје, ја прифаќате? Или сега не е исто да смениш град и држава.
    Епа поентата е или чекаш да се смени нешто или сам си бараш подобро.
     
    На Mantub, tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Баш. Затоа што нашите "македонци" вадеа бугарски пасоши уште пред Бугарија да влезе во Еу. Искрено ме боли кога гледам луѓе што знам дека го имаат тој пасош сега одат на протести и глумат патриоти. Како бе, ало против сам себе се бориш ли? И според мене не е крива Бугарија што правела така, нашата држава е виновна што дозволувала дупли пасоши . Сакаш да си бугарин ок, дај го назад македонското, повеќе не си македонец! Мислам има некои такви закони во некои земји. И луѓе, со секоја почит кон албанците во државава, али навистина претераа со барањата. На своја кожа имам осетено колку повеќе права имаат од нас македонците. Која држава дозволува да развиваш знамиња на туѓи земји бре, да зборуваш туѓ јазик, да не го учиш јазикот на државата од која јадеш леб. Епа црвените линии на македонецот се поминаа. Да, нашите политичари се виновни но има и такви меѓу нас кои сеуште не се продадоа ни за бугарски пасош, ни за работни места и сега е нивното време.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.667
    Допаѓања:
    140.982
    Каков референдум, како минатиот кој беше неуспешен? Па пак по свое тераа.

    Абе да се бориш за справата на ЛГБТ е модерно, да се бориш за Македонија е срамота.
    Со протест со врзани со каиши како кучиња и голи газови, ќе влијаеле општеството да ги прифати, ама со песна за Македонија е срамота.

    Арам да им е.

    Иначе човек кој го продал дедо му за плата, баба му, родителите... Тој и газот ќе си го продаде. Подалеку од такви, оти колку и да ви се пријатели, и вас за пари ќе ве продадат. Алчност за пари е ужасно.
     
    На Ева33, christinnn, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.932
    Допаѓања:
    123.192
    Пол:
    Женски
    Ова кажи им на тие што овде немаа работат каде да најдат зашто не беа по штабови напикани и не делеа флаери и бегаа за да работат! И да, за подобар живот за да не се секира дали на детето утре нема да може леб да му даде нека земе ни Бугарски каков сака пасош нека земе. И нека проаде и дедо и прадедо. Зашто од патриотизам сметки не се плаќаат, ниту па фамилија се гледа. Ене го другар ми. Овде не можеше да се вработи на клиника. извади Бугарски пасош, сега е во Америка ценет доктор и се по ред. Прво европа од Европа, Америка.
     
    На Glowy, ivon.93, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    18.710
    Пол:
    Женски
    Животот не се само сметки. За некои одмор е мисловна именка.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    90.536
    Пол:
    Женски
    Е и тука се проблем нашите државјанствата што се даваа на албанските косовари 1999 па нивниот % се зголеми во МК,па од тука барања.
    Слични ко овие на бугариве денес.
    Ама тоа е единствено фер спрема граѓаните .
    На некои не им е проблем да се пишат Бугари.
    некои би се изолирале од Еу апликации наредни 20- год.би се свртеле кон Русија.
    На некои не им е важно што мислат Бугарите за нашиот јазикот и се останато, гледаат само да има подобра перспектива државава.
    Нека обезбедат партиите некој меѓународен мониторинг и нека спроведат референдум.
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    23.275
    Замисли да те нарекуваат алчен за пари зашто сметаш дека 500 евра не се доволни за да гледаш фамилија у државичево. А не се. И за сам човек.
     
    На Mantub и nena2010 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.932
    Допаѓања:
    123.192
    Пол:
    Женски
    па тоа ме нервира. Што партиски војничиња што се вработиле тогаш сега се маваат во гради дека се патриоти. А дека се продадени за партија која не ги ни гледа како луѓе туку како гласачко ливче.. Тоа е за гордееење.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.566
    Допаѓања:
    62.525
    Пол:
    Женски
    Така е, тие што зеле Бугарски пасоши се криви, државата што дозволи партиски вработувања, вреѓање на интелигенција со 300 евра плата (порано 200!), пикање на секакви простаци на одговорни места, непочитување на никакви закони, мито, корупција, башибозук, Рамковни, министри од УЧК, загаден воздух и ебење на секој сектор во државава не се. Па после оти идете у други држави. Е оти де. Еве не знам.

    Ај малце отворете очи кај живеете. Да, ова што ни се прави е ЕПСКА неправда, ама дека овде прејако е мало морген.
     
    На Ева33, elenaa0805, fast_and_curious и 14 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Мислам да ве вработат вас неколку од Фемина да одобрувате кој исполнува критериум за протест, може? Овај работи во училиште служител - партиски е, не може... овај има бугарски пасош - не може.... на оваа мажот е странец - не може, овој преселен беше па се врати - не може! Само тоа млатите со денови, Бог да чува. Ај ќе ве прашаме вас кој смее да протестира! Мизерија од народ, ц ц ц
     
    На Ева33, Lianna Anna и tessie им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.932
    Допаѓања:
    123.192
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека протестира. Тоа си е право на секој човек. Само ова не се спонтани протести тукусе партиски за собирање поени на одредена партија. Е јас на партиски протести нит сум одела ниту ќе одам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Ич не ме гајле за партии, а и прашањето за кое дискутираме нема поврзаност со ниедна партија, излеговме за Македонија.
     
    На Ева33, Reina.Gitana, Cka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    13.946
    Пол:
    Машки
    Знаеш како, најлесно е тоа да го речиш па затоа “нема фајде”. Те молам аман не ги присилувај, ќе им помине младоста. :rofl:
     
    На _beautyy_ и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.624
    Пол:
    Женски
    Не се партиски, никој не собира поени, протестите се за Македонија, за нашиот идентитет. Но ако ти мислиш дека се партиски и ако не ти е важно, ок, не излегувај.
     
    На Ева33, VDT2906, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Сакале пари, да чита некој одстрана ќе рече секој зема по 2 илјади евра плата, ама ни тоа не им стигнува па алчни се и се пишат бугари.
    Зошто не правите разлика меѓу алчност и егзистенција?
    Уствари што прашувам, партиските луѓе никогаш не осетиле како е да се живее ко обичен граѓанин пошто секој месец нишај врата...
    Никој не е крив што имаме толку бугарски пасоши освен тие една рака луѓе што ја доведоа државата до ова дереџе, што имаат пари за 3 поколенија унапред додека обичниот човек бара чаре под дрво и камен зошто леб и маргарин е секојдневен оброк за децата.
    Ама достоинството било зачувано, кое достоинство бе :D
    кога се нема пари за детето да оди на екскурзија, едно предостоинствено чувство што надоаѓа тогаш.
    Наместо да сфатите дека сите сме на иста страна, и да ви биде драго што некој заминал и се спасил пошто сите до еден имаме по некој близок во странство...
    Ако некој е крив тогаш е власта од почетокот до сега што ги подтурнала сите иселеници зошто од убавина никој не бега.
    За да заминеш во друга држава и да останеш треба да си храбар, работлив и прилагодлив.
    Не фантазираат тие што заминуваат, баш се соочени со реалноста, прават жртва, оставаат жени и деца тука и продаваат се што имаат тука и ризикуваат.
    Ако некој фантазира тоа сме/сте сите што сме/сте мислеле дека некој ќе се исплаши со протест од 50 души или решението е во наредните избори, и во наредните, и во наредните.
    Да, протести во светов сменале мноу работи, ама знаете какви протести?
    Игла да фрлиш да нема кај да падне.
    Некогаш треба едноставно да видиш како е, а не како треба да биде.
    Е ако некој увидел како е, многу порано од нас и го фатил возот за надвор, нема што да му лутиме него.
    Сфаќате колку голем дел од животот го поминувате во зборење за политичари, за дешавки, за протести?
    Не е нормално тоа бе дечки.
    Не е нормално се да е крш во државата, да не поминува ден без нервирање за основни работи.
    Значи не зборам за размазеност и цепидлачење, зборам за основни работи.
    Лутењево на иселенициве никако ми нема смисла и неправедни сте со навредиве.
    Да, прадедо ми може не би сакал да се пишам бугарка, ама љубовта кон живото дете секогаш ќе преовладува над љубовта кон починатиот дедо.
    Прво и прво вие од Скопје што сте немате осетено како е да живееш во Валандово, Виница, Кичево.
    Нема работа, нема можности, ама ако сакаш на глава застани и нема.
    Затоа два пати размислете кога ќе му кажете на некого Е најди друга работа де.
     
    На Glowy, M.B., Honey Eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Мхм, сега дојдовме до тоа дека сите кои се против предлогов се вмро и бугари.
    Секогаш кога Македонецот е спремен да се крене на глас против, без разлика дали на протест, социјални медиуми или на било кое место да си го изјасни својот статус дека е ПРОТИВ намерно се бои партиски и се омаловажува.

    Против францускиот предлог се СИТЕ Македонци, освен оние штабски послушници на СДС кои се закачени на државна цицка, НВО и мора да идат овде и да шират пропаганда за да не ги избркаат од работа.
    Секој друг здраворазумен Македонец е ПРОТИВ. Па дури и луѓе од други националности кои сфаќаат што значи овој ултиматум се против.

    Кога беше промената на името, Сдс тераа реторика како Вмро ги немало никаде да направат протест и да излезат јавно против. Еве сега излезе јавно цела македонска опозиција, ги слуша барањата на македонскиот народ.


    Како и за Преспанскиот договор што им требаа пратеници од Вмро, така и за Францускиов им требаат платеници од Вмро за да помине.
    Ако (кога ќе) се случи тоа, може заедно со СДС, и Вмро да се распуштат како партија зошто после тоа и двете нема да помирисаат власт никогаш повеќе.
    Вошкиве предавнички и онака знаат дека по потпишувањето на договор се самораспуштаат како партија, ама истото ќе го направат и другите.

    Така да, не.
    Предлогот е надпартиски и на Македонецот му е преку глава од овие две партии, ама му е преку кур од СДС и неговите ботови кои и мајки ќе си продадат за пари и власт и задоволување на барањата на ЕУ и САД (Грција и Бугарија и онака се небитни, никој не ти прашува нив овде)

    И ако им помина лесно договорот за името криминално прекршувајќи ги сите демократски закони, овој нема да им помине така лесно.
    Тогаш македонскиот народ јасно и гласно и кажа НЕ бојкотирајќи го референдумот.
    А сега...веќе нема жолти картони. Сега народ им се случува!
     
    На IRBBB, Ева33, Honey Eyes и 15 други им се допаѓа ова.