Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.608
    Допаѓања:
    14.008
    Ми иде на овие Џамбаски и Генчовска да им отидам на официјалните страни и да ги прашам дали се Македонци и од кај такви презимиња, македонски. Џамбаски како да е од Берово овој со презимето, ама ќе ме пријават после за езика на омразата во МНР па кај ќе ми е крајот.
     
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Не ве разбирам како можете олку да бидете антисебе настроени. Не ве разбирам нависитна. Ама од друга страна си велам дека можеби се должи на незнаење. ВМРО е формирана во Солун, не во Софија, првично тоа, намалете доживување.
    Второ, не плукајте по македонската борба. Тито вака така, не е Тито, туку нашите дедовци и баби и нивните дедовци и баби што крвареле по Македонија. Дедо ми цел живот живееше со болка оти бугарите му нанеле огромна штета и му одзеле сакани личности, оти замислете се кажувале македонци пред 1945. Да не зборувам колку комити сум имала во фамилија претходно, кои не се чувствувале бугари и не се бореле за Бугарија, туку за Македонија. Ај прашајте си дома да не имате и вие ваква случка, може ќе ви смени перспектива.
    Трета работа, дијалектот од источна Македонија па се до Пирин, не е бугарски јазик, едуцирајте се како зборуваат таму, како бугарите, не е исто ама кој да сфати.
    Четврто, Тито е тој што ги затворал Ченто, Шатев (еден од гемиџиите), струмичките студенти... Оти овие споменативе сакале Македонија со главен град Солун, така да теоријава дека Тито ни дал држава ви паѓа во вода. Прашајте ги егејците кој им ја затвори границата во 1949 година и ги пушти по вода да ги протеруваат и погрчуваат, истоимениов лик е.
    Некој погоре напишал што се смени со промената на името, не избришаа, ни ја поткопа стабилноста, ете тоа се смени. По Бугарија кој ќе биде следен?
    Ете поради сето ова НЕ за предлогот, а ако на некого му пречи слободно нека си оди да се пише и еским, не ми смета.
    Не ми е намерата да држам предавања, но не можам да останам рамнодушна на навреди и плукања кон сопственото.
     
    На IRBBB, christinnn, sonuvana и 16 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.563
    Допаѓања:
    62.485
    Пол:
    Женски
    Па зошто да не заслужуваме се најдобро? Ако тргнеме настрана ние внатре во државата што правиме, да разгледуваме само каков ни е односот со соседите. Со што ние сме им наштетиле? Како Македонија закочила нешто, како направила разор во некоја друга држава, како некако им отежнала на тамошни граѓани, што сме им направиле? Ништо, апсолутно. Освен што идеме на море во Грција и стимулираме нивен туризам, а неретко тоа се прави и во Бугарија со посета на Златни Песоци, Варна, Банско врие секоја година од Македонски туристи, а исто така и Боровец.

    Што направиле они за нас? Освен што не кочат секој можен пат за аир да не видиме и да не просперираме никако.

    Зошто упорно да се отвора историја и да се менува, која е потребата? Еве и Турците 500 години не окупирале, па тоа е све закопано и надраснато, баш со Турција имаме одличен однос, и за туризам и за трговија и за се. Кога одиш таму те пречекуваат како човек, а не како говедо. Ако е за тоа од нив најмногу сме пропатиле, на што ќе личи сеа да дојде Ердоган и да ни рече, ааа ние не сме биле кај вас, у подрум сме биле тие 500 години.

    Еве тргете ги националните чувства. Нека не ви значи ништо ни име, ни јазик, ни идентитет, ни историја. Нели ве нервира неправда бе луѓе, некој за инает да те кочи, да те омаловажува, да ти прави подли и сопки цело време. Нели ве нервира тоа, како можете имуни на неправда да сте?
     
    На IRBBB, butterfly6223, La-loca и 24 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Кој Букурешки договор?
    Оној од 1912?
    Само ќе се посрамиме.

    Вторио дел, апсолутно се согласувам.
    Ако им е до ЕУ, ќе мораат да престанат да крадат.
    Тоа е и основата за влез во ЕУ.
    Функционална правна држава.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    35 страни и уште се прајте на бугари (на тошо), дека не знајте за шо се протестира и дека ни тие шо протестирале сами не знаеле.
    Абе до вчера верглавме дека се плаши народот да излези шо од страв за работно место, шо од страв после неславно завршените протести. Ете конечно се охрабривме и излеговме. Доста е и од политиката на соседите и на овие нашите.

    А секој шо си ја милува ЕУ, Грција, Бугарија, не го држиме ене кај е. Никој не сме задоволни од ова шо го имаме сега, не сум ни јас, само ниеден договор тоа нема да го промени. Не ни е крива земјата шо не си ја цениме доволно, не ни се криви тие пред нас шо ја бранеле шо сега в гроб се превртуваат, криви ни се крвопијците шо ја водат па сме сиромашни и отепани.
    Дека туку-така ќе остајме на милост или немилост и кој шо сака да ни прај - НЕМА.
    Граѓани на нашата земја, заедно треба да сме во ова. :sun:
     
    На IRBBB, sonuvana, Reina.Gitana и 13 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Женски
    Има работни места ама нема кој да работе за минимална плата. Народот веќе не гледа иднина тука после сѐ што се случува и што ни прават и условуват.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Се додека постојат луѓе со ставови "Goce Delcev li kje mi plakja smetki"ќе ни се случуваат вакви работи.
     
    На Fraxinus, _beautyy_, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Моето етничко чувство и патриотизам не се толку лабави за да бидат разнишани од било каква промена на име или договор (за кој НЕ сум за, само кажувам). Тоа е нешто што го чувствуваш, а толку цврсто држење до име, знаме, етикета ми нема поента. Што и да направат јас си ја памтам културата, храната, јазикот. Поимот 'македонски јазик' нема никаква вредност додека не почнеш да го зборуваш или да читаш и да го љубиш вокабуларот, а јас јазикот многу го сакам.

    Историјата на Балканот е прекомплицирана и никој не може да најде почеток ни крај. Не само за Македонија, зборувам и за други конфликти на други држави. Секогаш е така. Сите мислат дека се во право. Дали ти ќе бидеш бугарски фашист или Македонка било само прашање на среќа каде си родена и како те воспитале според тоа каде си родена. Затоа цело време викам дека толкаво бранење на своја држава и историја е лудост и илузија, затоа што во некоја паралелна реалност си Бугарка која плука по Македонија. Јас пробувам само да внесам перспектива дека и нашата политика не е секогаш во ред и ние сме проблематични како народ.

    Нема да ја прифатам ваквата љубов кон Македонија затоа што од тие што се најгласни, зборам за мужите сељаци што се издизаат, најмногу ни пропаѓа државата. Зошто си ја сакаме државата само кога имаме притисок од надвор? Па повише ќе успееме ако внатре си ја направиме функционална и се зацврстиме. Нас ни треба колективна промена на свесност. Со насилство не ја подобруваме државата. Ни требаат повеќе културни луѓе и интелектуалци, а не неписмени да се на врвот. И јас верувам дека подобро ќе биде кога ќе изумре тој слој на неедуцирани луѓе.

    Толку од мене. Јас знам како јас си ја сакам државата и што правам за неа и сеедно ми е ако некој мисли дека треба како мува без глава да си го величам националното его.
     
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    ЕВРОПСКИТЕ вредности на Ковачевски и Спасовски се тоа да организираат САЧЕКУША кај Мавровка заедно со криминалните структури на ДУИ, да отидеше уште едно македонско дете курбан, за да тие си ги спасат своите и така мртвите политички и бизнис кариери. Никаква морална и кривична одговорност, затоа не дозволувајте да ве фарбаат со некакви европски рамки и вредности.

    Еден од пиштолџиите бил вработен во МВР, кадар на ДУИ. Ова е смислено сценарио, масло на корумпираната северџанска елита.

    Им тече под нозе. Очајни се. Ги имаат анкетите. Катастрофални се. СДСМ е мртва партија. Кариерите им се готови.

    Само мора да се игра паметно. Тие со пиштоли, ние со срце. Тие со платени интернет ботови и “дефетисти“, ние со присуство и масовност. Тие со “релативизатори и сите се исти“, ние со НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ.

    Протестите добиваат уште на поголема масовност, енергија, визуелна перфекција. Сето тоа што смрадови од северџанската фела го очекуваа, ние им го даваме баш СПРОТИВНОТО. Не знаат како да се постават, како да реагираат, затоа што на протестите нема алкохоличари, наркомани, криминалци, било какви провокации, туку реки од убавина и ПИРЕЈ кој секој ден добива на сила.

    Се гледаме вечер на барикадите во 19 часот.

    П.С. Сите тие Фејсбук стручњаци, кои секој ден дрндаат како требало да се протестира и што да се прави, еве покана дојдете и покажете.
     
    На Reina.Gitana, Fraxinus, _beautyy_ и 7 други им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.330
    Допаѓања:
    19.737
    Пол:
    Женски
    Остај ги нив они се модерни ништо не им е свето. Своето го плукаат туѓото го величат...
     
    На Reina.Gitana, Fraxinus, _beautyy_ и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Народот може ако реши да ја блокира цела држава.
    Туку не е лошо да се размисли следно,
    Да не се плаќа ниту една сметка Струја на ЕВН, вода греење, патарини.
    Па нека идат да исклучуваат па да видиме како тоа изгледа надвор од Арачиново, кај зовриен македонец !?
    Тешко вас, Предавници.

    Превзено од ФБ.

    Јас би додала и масовно не плаќање на брзи кредити на кои сопствениците на ФД се бугари.

    Масовно подигање и не плаќање на брзи кредити.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Женски
    Со овоа можеш само извршители на вратата да си донесеш,ништо друго
     
    На Bitter-Sweet, _beautyy_, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Сложен народ чуда може да направи, но со овој менатален склоп на општеството и ти си во право.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.006
    Пол:
    Женски
    Етикета од Ваикики де, час една цена час друга цена.
    Како бе вакво разбирање кон поим државност?! Ок, твое си е. Не се мешав во твоја глава.
    А дека нѝ треба повеќе култивираност како народ - тоа е повеќе од сѐ. Очајно нѝ треба.
    Ама сепак, властодршците не ја создаваат таквата атмосфера овде. Почнувајќи од многу многу работи кај кои е потребна државна организација закони и ред.

    Само како за пример. Во Охрид се наредија кладилница до кладилница и казина, а една читална културна, да седнеш кафе да испиеш, книга списание да разлисташ, нема. Градот на културата нели беше?
    На некој му одговара незнаење, ѓубре, гнасен и некултурен народ.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Ќе има повисоки плати ако прекинат со ,,лева рука десен џеб”
    Оваа држава е пример како народот може да ја уништи еј..
     
    На Tanjamm и forumce им се допаѓа ова.
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ние сме сложни само, дека во ништо не сме сложни.
     
    На VDT2906 и Luciferka им се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Народот или владата?
    Мислам дека е и двете со поголем процент на владата
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Па они од народот се искочени
     
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е проблемот, што треба да сме согласни дека наредни избори никој нема да гласа него ќе ги поништуваме сите ливчињата.
    Само "брачата" тешко дека нема да гласаат па да ни го на***аат уште толку
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    За отворање на Уставот им треба 2/3 мнозинство или 81 пратеник.

    СДСМ, ДУИ, Алтернатива, Алијанса, БЕСА имаат вкупно 71 пратеник. ДОМ и ЛДП најавија дека нема да гласаат (да го видиме и тоа чудо), значи им фалат 10 пратеници. Кој ќе биде новиот Кастриот Реџепи? Ваши прогнози?

    Инаку, дел од пиштолџиите вчера биле дел од полициските структури. Коцките се редат. Ви реков дека тоа беше класично организирана сачекуша од страна на врвот на СДСМ, ДУИ, полициските служби. Требаше да падне крв, за да протестите добијат меѓуетнички карактер. Не им успеа.

    https://republika.mk/vesti/makedonija/vooruzenite-od-incidentot-na-protestite-se-policajci/

    Тема на денот:

    359415-objasnuvanja-na-denot.jpg
     
    На _beautyy_, Ева33, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.