Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    За влез во ЕУ :
    1. Грција - знаме, име на држава:handshake:
    2. Бугарија - историја и јазик :handshake:
    3. Србија - црква ....
    4. Албанија - територија .....
     
    На Wideperpetual, kikikikirika, Bubce38 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Никаде по нетов нема официјален документ што точно претставува предлогот на ЕУ. Во Бугарија падна владата, и Македонија е и ќе биде употребувана во валкани внатрешни политики, кои ќе влијаат и во политиката генерално со ЕУ и светот.

    Ама трескањето од земја ми е толку плитко и лицемерно... затоа што реално гротото во Македонија го прават политчки потпароли, кои со сигурност се во шемата на земање европски пасош.

    Само што, знаете дека нема бесплатен оброк така? :)

    Косми супер доловува поента со овие реченици.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    А ние што немаме бугарски пасоши смееме да сме патриоти?
     
    На Anaroz1, nextredstyle, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Аааа, не може. Народот е крив што сме во ваква ситуација пак.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.970
    Допаѓања:
    17.103
    Пол:
    Машки
    Точно така.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Ништо против реалните патриоти немам, ама со каква кауза ќе излезат на протест организиран од политичка партија? Да влезат во статистиката на таа парија и да служат за манипулација во понатамошната политика?
    Дали тогаш се реални патриоти? :wasntme:

    Ова напишано како рациоанлизација.

    Сега лично мое мислење: секој има свој belief system. Ако за некој тоа е историја и патриотизам, соу би ит. За мене не е, јер историјата е историја, и многу често е повеќе субјективна отколку објективна. Уште помалку би ја земала за рапер при креирање на иднината. Јер не може минатото да даде различна иднина. А знаете какво е минатото? Полно војни од пауар хангри личности.

    Во денешно време треба да се земаат рационални одлуки со фокус за доброто на сите засегнати страни, и луѓето на функционерски позиции треба да се супер оупен мајндед и готви на компрмис.
    Ама нели треба политика да се води и се паѓа во вода.
     
    На Cosmi и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    1913 на подвиг. Само сега немаме територија да ни парчат, па тргнаа по идентитет.
     
    На VDT2906, nextredstyle, Ева33 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Нема прекинување тука , ќе се појават уште држави за црква , за територија. Убаво пишала @AneSk да не ја повторувам.
    Море и овие две грутки ќе ги поделат воопшто да не постоиме е целта.

    ЕДНАШ НАПУЧЕН , ЗАСЕКОГАШ НАПУЧЕН ДОЈДЕ РАБОТАВА !
     
    На Ева33 и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  9. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Имаме територија за земање само прашање на време.
    Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Дебар.
    На Албанците што живеат во оваа наша земја не им е гајле за Македонија, јазик и историја, нивната цел моментално е да не се кочи Албанија за влез во ЕУ.
     
    На Осе, Ева33 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Имаме, ама не им се преговара за толку малку територија, бараат нешто поголемо.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Што да читате? Си кажа Османи синоќа дека Бугарите усно ќе дале изјава кој е нивниот став за јазикот и тоа ќе влезело во записник. Аха демек небитно е. Па ние ќе прифатиме лага дека нашиот јазик е бугарски дијалект, а не, нека праша македонисти, си има податоци за таа материја. Ќе бегал народот, ќе се селел. Уфффф се засекира Османи, ама заборава дека од такви како него, Адеми, Азири, за кои нема закон овде Македонија е дупка. Тој се секира за Албанија и за Албанците во Македонија да не нешто се изјалови. Имаше еден статус на Фб утрово дека ако толку се секира за Албанија треба да си оди таму да министерува. И знам Македонци без бугарски пасош кои се во Германија, Италија, Хрватска. Ама знам и со пасош што киснат во маркет за минималец. До човекот е, не е до пасошот. Треба и кликерот да ти работи.
     
    На Осе и Cka им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.176
    Допаѓања:
    118.375
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Е добро. Многу полесно ми е сега.
     
    На Luciferka, Tanjamm и Cka им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Јас кога велам дека отворено си кажуваат дека си имаат претензии, овде ми велат "де бе само тебе ли ти налетуваат такви Албанци". Некои директно си кажуваат каде би ставиле граница и не се срамат воопшто. Арно ама стигна 21 век, и тие планови може да пропаднат. Пример запознавам колешка која не сум ја знаела и ми кажува колку од колегите од еснафот се иселиле, таа миничи носи, стомак гол, седи по македонски кафичи, пие вино, одела на гости на спиење кај Македонец во чист македонски град. Ова за неа е ок, за другите е разврат, ама нејзе гајле и е. На македонска песна стана да пее и игра, па ме покрена и мене. Ако таа игра на Македонско девојче, зошто јас да седам. Се менуваат работите, ама многу споро. Прашање е дали Македонецот ќе ги издржи критичните следни 10 години.

    Видовме податоци од попис. Кај нив до последен се пребројани, инаку ќе се бунеа, кај Македонците кај поминале, кај не.
     
    Последна измена: 3 јули 2022
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Записник во Еу. Како кажува мислиш дека е некој записник во некоја рурална месна заедница.
     
    На nextredstyle и fana им се допаѓа ова.
  15. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Епа еве ајде 21 век, нели модерни сме со широки погледи кон иднината.
    Што не искочи еден Албанец и да каже чекајте другари што е ова НЕ го подржувам предлогот. Туку мудро си молчат и вршат притисок за потпишување, од каде Османи толку стручен да преговара за македонски јазик, култура и историја кога он се декларира дека е Албанец со јазик, историја и националност.
     
    На noteforself, Lotus Girl, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Сите се воодушевија од Рама, ама Рама индиректно ни врши притисок, со порака земи или остави, сега или никогаш.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    И пак со прстот в'.з :puke:
     
    На Осе и fana им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Како мислиш немаш став? Не можеш сам да изградиш свој став? Чекаш некој друг да ти каже како да мислиш?
    :fubar:

    ***

    Никогаш не сме биле повеќе понижени од сега. Дури и под турско ропство сме биле повеќе ценети.

    Единствен народ сме што се уништува сам себе си од внатре за пусти 400 евра во државна администрација, за можност да чисти клозети во Германија, за сендвич...

    Секогаш сме пателе од издајници во историјата, еве и сега патиме. Фино лепо ќе си го потпишат предлогот како што и се очекуваше.

    Народот. Овци. Апатичен, изгубен, без свое мислење, партиски потрчковци, безкичмењаци, кои за корка леб и мајка би си продале, го правдаат егзодусот на Македонецот. Не сфаќаат дека тие ќе се први што ќе останат на улица затоа што такви неписмени продадени души никој не сака. :puke:

    ЕУ секако нема да видиме и да го потпишеме овој срамен договор.
    Така е конципиран да за секое наредно поглавје може Бугарија да не блокира. Или пак да се вратиме назад во процесот иако сме затвориле некое поглавје.

    Јасно е дека ЕУ не планираат да не примат под никоја цена.
    Ќе останеме недефинирана територија на која во иднина ќе си ги мерат некои големи сили, ќе ја парчат, делат и пределуваат онака како што ним им одговара.

    1913, повторно ќе ни се случи во иднина. Не, не онаа од Букурешт. Туку онаа претходно. Втората Балканска војна, каде што Македончето било поделено, регрутирано од различни армии, каде го терале да се бори брат против брат.

    Што се не издржале нашите предци, колку само крв дале за да го ослободат и зачуваат ова мало парче земја. За денес, истото да го изгубиме самите ние, од предавничка власт и предавнички народ.

    Простете ни. Срам да ни е.
     
    На noteforself, M.B., christinnn и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.785
    Пол:
    Машки
    Напротив, немав зошто не сакав ставот да ми биде изграден базирано на наслови по медиуми, едни про-владини, други про-опозициски. Откако вчера го разгледав сам предлогот, гледам дека сум повеќе против истиот, отколку за.

    Мислам дека добро познато е дека јас сум про-ЕУ, и не бегам од тоа. Меѓутоа, сакам да бидам таму како Македонец кој зборува македонски јазик, во спротивно можев да си изберам и веќе да бев граѓанин на ЕУ, како Бугарин.

    Впрочем како што добар дел Бугари вчера протестираа против Бугарија :D
     
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Не ти требаат ниту медиуми, ниту некој од страна да ти каже, ниту разгледување за да оформиш став.
    Став не се оформува 5 до 12 за национално чувство.
    Или го имаш, или го немаш.

    Не дека ова е прв предлог кој ти го порива идентитетот. Ова е последната шајка на сандакот наречен Македонија. Останува уште да ја закопаат.

    Одамна не влегуваш како Македонец во ЕУ (мислам, секако не влегуваш/ме). Во лична карта ти не си Македонец уште пред 2 години. Туку
    Македонец - Граѓанин на Северна Македонија.

    Колку Бугари изброа ти на протестот? Колку бугарски знамиња виде?

    Или Бугари протестираат против Бугарија, исто онака како што Бугари се бореле против Бугарија во 2 Светска војна. Во 1 Светска војна, во Балканските војни?
    Како што Бугарскиот цар, Самуил се борел против Бугарскиот цар Борис за да ја освои Бугарија?

    Чудна работа ова Бугарите, сами меѓу себе се убиваат, покоруваат и угнетуваат, па и си протестираат. :drunk:


    Дали се закаснети протестите? Се. Дали ќе сменат нешто? Не верувам.

    Ако сме држава, задача е на војската да излезе сега, да направи пуч и да ја превземе власта додека не се стабилизира.
    Ама кај нас ја наполнија војската Дуи... Па секако, такво сценарио нема да има. :)
     
    На noteforself, Lotus Girl, christinnn и 16 други им се допаѓа ова.