Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.353
    Пол:
    Машки
    Интересот во случајов е правото на Македонецот да се одбрани од провокацијата на б'лгарскиот журналист.
     
    На _beautyy_, Tanjamm, Maryland1087 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Били, како што имам речено во темава и во други теми, јас воопшто не се поврзувам со антички Македонци односно старото кралство Македонија со Филип II Македонски и Александар III Македонски. Ѕвездата тоа преставува, без разлика дали е официјален симбол во Грција или не. Ние сме словени, зборуваме словенски јазик.

    Овој сибол, целата идеја дека потекнуваме од Античка Македонија е поради тоа што интересно ни звучело да имаме толку величенствена и убава историја. А таа историја е историја врз која имаат право Грците и имаат право да си го штитат симболот и името Македонија и се поврзано со тоа.

    Овие протести со веење на тоа знаме не ме претставуваат мене и моите ставови затоа што тоа е, пак ќе речам, провокација. Не е мое знаме. Имаме друго знаме. Ништо нема да постигнеме со водење инат на Грција. Јас навистина немам некоја поврзаност со Грција или некакви грчки корени. Ова го кажувам најферски, прво како се чувствувам (словенската култура е она која ја чувствувам најблиска, затоа што навистина ни е) и второ, затоа што се обидувам логично и објективно да гледам на историјата од тоа што сум читала.

    Толку за ова од мене затоа што темава е за францускиот предлог.
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    41.041
    Пол:
    Машки
    Отсекогаш било наше знамето со сонцето, или варијации од него. Уште од антиката, преку средновековието, до поновата македонска историја.

    Култот со сонцето го негувале Македонците низ цела нивна историја. Грција, од друга страна никогаш немала симбол со сонце, ниту некакви варијации. Тој симбол никаде не бил користен во Грција до 1995 година.
    Ние и официјално сме го користеле пред нив.
    И како словени, и како антички, и како модерни Македонци. Како сакаш врти го, тоа ни е нашиот симбол.

    Насекаде го има по Македонија како знак во различни варијации. Некогаш со 16 краци, некогаш со 8 краци.
    Го имаш на пронаоѓалишта кај нас, уште од времето на Пајонците, и во Егејска Македонија. Подалеку од Егејска не се наоѓа никаде јужно, затоа што не е грчки симбол. Никогаш и не им било сонцето во никаква варијација ним симбол.

    Секој кој знае бар малку историја и хералдика го знае ова. Ние историски, етнички и на било кој начин имаме право да го користиме тоа знаме како НАШ симбол. Сме го користеле, и ќе го користиме во иднина.

    Со новото знаме, кое е предлог на Грчев никогаш не сме се поистоветувале и никогаш не ни прираснал како наш симбол, македонски, затоа што како и за името, така и знамето ни било насилно променето по незаконит начин со економската блокада во 90-те.

    Стварно треба повеќе да се посветува внимание на историјата за да нема овакви небулози и бламажи. Мислам, срамота е да не си го знаеме нашиот симбол и зошто го користиме и се поистоветуваме со него, а зошто пример Грците никогаш не го користеле до 95-та. (хинт: затоа што не е нивни симбол)

    Ова е одличен пример како со време и со странска пропаганда се менува самосвеста. Утре исто овака и за името "Македонија" ќе викате.
     
    На shiro, Reina.Gitana, VDT2906 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.281
    Пол:
    Женски
    Не, патриотиве не ги спречи дождот денес, туку денес и утре не протестираат поради Бајрам, ќе продолжат во недела, така изјавија. Не се плашат од дожд, евентуално само од куршум во чело од мирољубивите ни браќа, и од задкулисните игри на оние кои треба да не штитат а прават се спротивно од тоа.

    @daylight Смешки:D види вака, од народот бојкотиран референдум го прогласија за успешен и име ни сменија, разни големци од ЕУ доаѓаа и се закануваа дека име мора да смениме, ама не, сега дечково со шљакањето е крив, ваљда да одговореше мило и фино, и во име на културата ќе се сожалеа овие од ЕУ и ќе ни вратеа и име и се, важи, нема грешка:D
     
    На Reina.Gitana, VDT2906, Billy Idol и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Сонцето од Кутлеш ни беше официјално знаме,пред да биде сменето на подмолен начин.
     
    На _beautyy_ и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.025
    Допаѓања:
    130.870
    Пол:
    Женски
    И други држави имаат знамиња со сонце во некаква форма.Повеќе племиња негувале култ кон сонцето и за сите нив имало посебно значење.И за денешните народи има.
    Зошто не ни писнаа(т) „ааа, сонцето е наш симбол, не може вие да го користите“ ? :D
    Само соседиве.Им станало јасно дека Југославија се ниша и ќе се распадне, па поинтензивно почнале да си присвојуваат личности и симболи.Мало државиче, кој ќе го брани...
    Грците немаат врска со Античка Македонија.
     
    Последна измена: 9 јули 2022
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.105
    Пол:
    Женски
    Леле мн сум смотана:D:D фалаа
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.780
    Допаѓања:
    141.915
    Лепотан е дечково, го видов на ФБ, после ова нема да може да се спаси од жени :)
    На каков снег бевме надвор... Иначе заради почит кон верниците муслимани, денес не се блокира ништо.
     
    На VDT2906, No Makeup, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ајде пак, каде во кој официјален извор го прочита твоетото тврдење?
    Не беше поентата дали е моја или не е моја земја туку тоа што со сигурност знам дека се политички протести пошто имам и јас познаници коишто се политички и поише од определени. Не дека нема и граѓани што не се на тој протест.
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    – Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина

    – Дури и да се постигне компромис, тоа нема да биде нешто со што Северна Македонија ќе биде среќна и може само да шпекулираме за последиците што ќе ги име. Ние мора да се осигураме дека ова нема да стане преседан кој ќе го користат и други земји-членки кон кандидати
     
    На buba4e89, tessie и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    41.041
    Пол:
    Машки
    Чекај, сакаш да кажеш дека Бугарија ни го признава јазикот?

    Не. Туку баш напротив. Ќе биде пишан како Македонски јазик, со фуснота и објаснување дека се работи за бугарски дијалект.

    Притоа со договорот се откажуваме од историја, споменици и култура пред 1945. Со што де факто значи асимилација и не постоење на македонскиот народ претходно. Па на Самуиловата тврдина ќе треба табла да смениме дека не бил наш цар. Има ли поголема глупост од тоа? (facepalm)

    И најбитно. Со потпишувањето на договорот не се решава ништо. Туку има огромна можност Бугарија да не блокира за се и сешто затоа што договорот е конципиран да за најмала ситница што не им се допаѓа, може да ни го попречат патот и да не вратат на почеток.

    Ова е ист договор како и Преспанскиот, каде што во гради се удираше нашиот претходен премиер дека идентитет не ни се менува, за потоа во лични карти, од Македонец, станеме Македонец - Граѓанин на Северна Македонија.

    Ти го поддржуваш ли договорот?

    Сите протести се организирани од политички партии. Не знам од кој тоа очекуваш да биде организиран?
    Ај ако не ние во маало да се договориме и да организираме масовен протест со 20 000 луѓе.

    Но, протестот е надпартиски, и е нешто што го засега секој Македонец.
    Дали на него дошол некој од ВМРО, некој од Левица, од ЛДП, не е битно.
    Битна е каузата за што се протестира.

    Да се надеваме дека конечно и СДС ќе се свести, па бар еден дел од нив исто ќе го поддржат протестот и ќе прекинат да вршат сервилна политика и да туркаат договори кои се штетни и неприфатливи за нас како нација.
     
    На shiro, Reina.Gitana, Amellie13 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.688
    Допаѓања:
    14.149
    Дечкото е убавец, го видов и јас, на еден портал го имаа објавено кој е со име и презиме. Јас да бев до новинарот, ќе му упаднев и ќе го коригирам, а нема да го пошљакам сигурно. Па нели МНР ќе реагира ако не нарекуваат Северномакедонци, а не Македонци, како што е договорено со Преспанскиот? Е ајде нека праќаат сега по 3 протестни ноти секој ден на Франција, Бугарија и други земји. Нека ловат кој не нарекува Северномакедонци. Невозможно е.

    Како постоиме од 1945 година? А повеќе од 5 века под турско. Се измачи нашиот народ, бел ден не виде. Во селото на баба ми цела куќа заклале Турците, оти бегот и пратил јаболко на подарок, (ова бил турски адет во турски роман скоро го сретнав), сакал да ја жени, одбила, па ја заклале неа, мајка, татко, брат и снаа. Баба фатила и српско и бугарско. Со Бугарите часот почнувал така што стануваш, кажуваш име, презиме и дека си Бугарка, арно ама едно девојче направило грешка, ја кажала вистината дека е Македонка, па следело тепање, и пуштиле крв од нос, увото и било поискорнато. Почнав да плачам дури ова ви го пишувам. Србите биле лабави, не се замарале, за нив не кажуваа нешто посебно лошо, освен дека менуваш презиме на ич, и сакаш неќеш те бројат во Срби. Памет во глава. Бирајте во кое време ќе се вратите и кој правец ќе фатите.
     
    На tessie, shiro, Ева33 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.986
    Пол:
    Женски
    За да бидеме независна држвата која ќе функционира одлично внатре треба да се осамостоиме. Залудно сме независни кога зависиме од сите буквално. Велиш дека супер што грчка сега и олесна душата кога си го сменивме името, нас што ни смени тоа освен што не погазија и прешкртаа со еден голем Х како држава кое нема све јас? Овие неписмените што се на власт мислат дека ако продадеме се и влеземе во ЕУ ќе дојде живот во Македонија? И зошто мора да влезиме во ЕУ за да видиме живот? Подобро сами да си направиме реформи внатре, а не друг да ни диригира како треба и што треба.
    Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.Сонцето од Кутлеш не е грчки симбол, освен тоа што случајно се пронајде на денешната грчка територија. Belonging to either Philip II or Philip IIIof Macedon, the father and half-brother of Alexander the Great, respectively.

    НЕ ЗНАМ како ви е океј јазикот да ни го наречат бугарски дијалект, и да се изгласало Бугарите да имаат целосна слобода за изразување за Македонците а Македонците да не смеат никако да ги навредуваат. И да не заборавиме дека требало сите учебници да се сменат за историјата, да се скинеле страници и наново да се напишале.

    Ова како сеа мажот дома да донеси некое рандом дете и да и каже на женета од денес ова ќе ни биде дете, другото не ми одговара веќе.
     
    На Bratot, Ева33, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Прво јас одма кажав дека НЕ сум за овој договор да се прифати, затоа што сметам дека допрва ќе не заебаваат и ќе го јадеме како македонски народ ако се прифати, се ова превише наивно ми делува мене лично.Ама ако мислите дека ќе постигнете нешто со протести бујрум па протестирајте, мене лично за во држава во која што браќата имаат поише право на глас и праат што сакаат (со што и се потврди тоа на овие протести) не ми вреди.
    Историјата убаво ја објаснуваш и те почитувам поради твојте знаења се гледа дека не збориш од памет.
    Меѓутоа сметам дека ди и самиот сцесен дека се додека не се дигнат СИТЕ и да се смени и власт и се џабе е се. Изрежисирано е од многу погоре све ова. И нашите пратеници се само нечиви пиончиња.
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.822
    Пол:
    Женски
    Јас имам само кратко излагање. Имам апсолутен респект за луѓе шо заминале за подобар живот макар со бугарски или поинаку. Шо заминале да се спасат и многу знам шо заминале и шо стварно позитивно му се смена животот. И го заслужиле то. И сум среќна за нив. Од друга страна немам респект за тие со бугарски, а шо сега јадат ***** за предавници. Оти сигурна сум дека поќе пати имат речено 'аз съм българин' од многу луѓе шо не се на протестот. Х и п о к р и т и.

    Во поглед на протест, Скопје сум и нема да одам. Од причини шо на слепо ништо не поддржувам и искрено немам доволно информации зошто сум престимулирана во последно и ова можи да е работата шо ќе ме турни преку 'работ'. Али сакам денојве како се смирвам да се информирам. Имам пријатели шо ќе одат. И пријатели шо нема да одат. Сите нека се здрави и живи.
     
    На fast_and_curious, Mantub, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Дали ќе постигнеме нешто или не, е друго. Важно не молчевме и излеговме да го покажеме нашето незадоволство. Барем после ако одлучат да го направат она за кое сме против, да не плачеме дека ништо не сме сториле.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ок тоа е ваше гледиште.
    Јас искрено би де осеќала како мајмун да стојам и да протестирам а некој седнат од фотеља да гледа накај нас и да се смее.
    И пак, тоа е мој личен став. Не мора да се согласите.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    41.041
    Пол:
    Машки
    Ако ми ги читаше првичните мислења на темата, ќе видеше дека беа скептични и исто мислев дека е се изрежирано колку да се рече дека се против, и за 2 дена ќе седнат на маса како попчиња под притисок од Кале и ќе потпишат.

    Но, гледам една клучна разлика од минатиот пат кога се потпишуваше Преспанскиот договор, каде што ниту една партија не беше против. Всушност, беа, ама само на збор. А фино лепо си го изгласаа.

    За разлика од тогаш кога доаѓаа странски службеници во државава да ги подберат нашите, сега гледаме дека никој не доаѓа од ЕУ. Напротив, имаме земји членки кои се против, како Чешка. По некое лаичко видување, тоа значи помал притисок од тогаш за името.

    Верувам дека на почетокот никој не веруваше дека оволку ќе се омасови протестот и ќе се рашири една таква струја низ Македонците, да ги подигне од апатија и активно да почнат да се против.

    Верувам и само така може да издејствуваме промена.
    Ако седиш, ќутиш, не се буниш, видовме дека ништо не правиме, иако правно и демократски сме во право, пак ќе си го истераат своето на нелегален начин.

    Но, кога веќе има омасовени протести и гледа власта дека народот врие против нив. Буквално виси на конец и може секој момент да падне.

    Затоа е многу битно да се разбудиме и да си го искажиме нашиот став ПРОТИВ. Дали на протест, кој може, дали на социјални мрежи, небитно.
    Само ако сме сложни ќе успееме во намерата.
     
    На shiro, Reina.Gitana, Ева33 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Многу добар политички одговор.
    :D:D:D:D:D
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    41.041
    Пол:
    Машки
    Зошто политички? Нели беше ти против договорот?
    Ако си против, тогаш зошто не се буниш? Зошто не си го искажеш ставот на било кој начин?

    Нели делиш ист став со тие што протестираат? Пошто, тие излегле на улица затоа што се против.
    Тогаш зошто сите постови ти се критики против нив? Зошто сама си го поткопуваш сопствениот став?

    Викаш скептик си дека ќе успеат...
    Ако нејќеш активно, зошто не ги поддржиш овака?
    Исто мислење делите.
     
    На shiro, _beautyy_, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.