Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    – Нема од што да се плашиме во тој документ, никој со сила не може да те направи Бугарин – изјави вечерва Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

    Или во превод - ќе бидеме Македонци, ама онака у себе, како наше мислење.
    Ко на пример шо ја може да си мислам дека сум Супермен, никој не може да ми го одземе моето мислење.

    За протоколот како ќе се пишуваат учебниците:
    – Комисијата е составена од седум Македонци и седум Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади, ако се согласат, пуштаат до надлежното министерство, до МОН доколку зборуваме за учебник, и тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот, само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија – изјави Пендаровски.




    Еве ви цитати, од Пендаровски.
    Уште мислите дека не е точно?
     
    На shiro, Reina.Gitana, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    ПРЕДАВНИКККККК
    стево предавникот
    се` шо може продадоа пу јзк
    оваа држава треба да е со Нобелова награда за тортури почестена, од коа постои државава се` некој се меша.
    како бе порано Александар, Тито, можеле да водат огромни држави и да се борат за нив? овие нашиве за 1,800,000 население не може да се помачат.
     
    Последна измена: 9 јули 2022
    На buba4e89, shiro, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Затоа што мислам дека многу поише работи од ова се трули во оваа земја.

    Затоа што ако веќе се декларира некој како голем патриот каде е истиот тој патриот да протестира што има браќа во влада и тој што е во влада им дава сила и право на сите браќа да праат што сакаат и кога сакаат, утре твојте мојте сите наши деца ќе не можеме да ги пуштиме ни пред зграда да си играат. Чест на идклучоци. Хи има и нивни не викам не.

    Каде се патриотите спомнав и погре да ги бутнат овие нашиве од власт што не ги заболе уво за истите овие патриоти?

    Каде се патриотите да се бунат против корумпцијата во државата?

    Јас ќе ти кажам каде се- напикани во некоја администрација од истите тие каде клатат врата зимаат плата.

    Се додека СИТЕ не се дигнат не се дигам ни јас.

    За оваа дежава само тука го гледам спасот за жал.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.380
    Допаѓања:
    90.443
    Пол:
    Женски
    Бугарија 11, Хрватска 25 милијарди од Еу до 2027 год.
    Се прашуваат кај нив дали ке направат доволно проекти за толку многу пари.
    И таа имаше спор со Словенија за Пиранскиот залив која во голем дел го зема Словенија.
    Ама нас ЕУ не ни треба,на нас пари не ни требаат.
    Сами ќе сме се сределе внатре:rofl:
    Виц кој го слушаме најмалку 20 год.
    Па ќе ги лажеме идните поколенија уште толку.
    Имам впечаток дека многу сме чувствителни како они ке не викаат во Бугарија.Зошто толку ни е важно?
    Бугарија никогаш нема да не признае ни како народ ни па јазикот.
    Ама ако не признаваат сите други членки зошто толку е важно како бугарите во Бугарија,не надвор од неа, дали ќе ставеле фуснота кај нив за македонскиот јазик?!
    Која е алтернативата ?
    Тоа е битното прашање.Да се откажеме?
    Фантазирање за бивши знамиња нема да им донесе иднина на децава.
    Позицијата на Бугарија е подобра,пред нас се,внатре.
    Ако се одбие предлогот и придолжиме со иато темпо утре ке влезе Србија и ке рече Макединците се Срби со говорна мана Тито ги создаде вештачки.
    Ќе влезе Албанија ќе ти бара уште поневозножни услови и вето.
    А ние ?
    Ние ке чекаме уште наредни 20-30 год.
    Да не заборавиме предлогот е произлезен од она ние т.е Димитров го договори веќе.
    Во меѓувреме историските учебници ќе нема и кои деца да ги читаат бидејки родителите ги пишале ко бугарчиња кои ќе учат историја на Германија,Австрија,Швајцарија…
    И така бугаризацијата и планот на Бугарија дека сме бугари ке продолжи,со давање пасоши.
    Референдум е решението да се стави крај,народот да одлучи што сака.
    Или ке се прифати предлогот и ке започнат преговорите.
    Или да се одбие и да се стави крај на сите идни условувања.
    А патриотите на даљинско на Мицко и Апасиев нека се запрашаат зошто не протестираат пред амбасадите на Франција,Бугарија, канцеларијата на ЕУ…..
     
    На MilaSs12, malerozna, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.603
    Допаѓања:
    14.003
    Ние по којзнае кој пат влегуваме во темен тунел, а какви ќе излеземе не знам. Се надевам без жртви, како Македонци. Точно дека ЕУ фондови ќе имаме на располагање, ама дали ќе ѕирнеме низ тоа вратиче воопшто или ќе ни удираат сто стапа пред таа врата зад која наводно има мед и млеко. Друга работа, и да ни се на располагање тие фондови, па кај нас по општини и градови на прсти се бројат луѓе кои се доволно писмени и ја познаваат таа материја. Дали дотогаш и ќе бидат тука тие луѓе воопшто, ако не заминат негде. Часови и часови сум изгубила пред компјутер и барање можности. Ќе исчитам правила, бенефити, рокови, и опп, само за жители на земји од ЕУ, има и Вишеградска група каде се 4 земји, и тој фонд е за нив. Ние сме таму некаде позади врата со овие пропаднати држави од Западен Балкан.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    И заборави да кажеш дека постојат сериозни докази дека Гоце Делчев бил силувач. Мислам факти кои сите ги знаеме, ама еве упорно се држиме до некои идеали, патриотски ставови, а времето си минува, вадеме бугарски пасоши за да уживаме во држави кои се дел од ЕУ, ама никако не сакаме нашата да е.

    Боли неправдата, не верувам дека некој е имун на сето тоа, ама гледајте малку поддалеку. Каде е Хрватска, Полска, па и една Бугарија. Многу пред нас.
    Дајте им шанса на младите, да не се прават бугари и да си останат дома.
    Гоце Делчев и Филип Втори нема да не ранат.
    Сериозно.
    Колку и да е тежок предлогот, друга опција не гледам, за жал.
    Русија не е опција. ЕУ е.
     
    На MilaSs12, malerozna и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.407
    Допаѓања:
    40.848
    Пол:
    Машки
    Во право си. Се сложувам со тебе дека кај нас многу работи не чинат. Многу повеќе од ова мал дел што го наброја овде.
    Песимист сум дека можеме да ги промениме. И власта да се смени, наместо Курто, ќе дојде Мурто...

    И жално е што е така. Што сме на ова дереџе дојдени од двете најголеми политички партии, плус ДУИ.
     
    На Tanjamm и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    За жал и да го усвојат и да не го усвојат овој предлог мојата вистина па како сакате наречете ме е дека овде нема преспектива ни за нас а камоли за нашите деца. Затоа и ги бранев тие со бугарски пасоши на почетокот, а далеку сум од тоа дека јас сакам или ја бранам бугарија. Само кој да свати па најлесно е да ме цитираат со секакви измишљотини нивни.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Па они се Грци. :D
     
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.138
    Допаѓања:
    118.136
    Пол:
    Женски
    Може да видам дел од доказите?
    Еве на пример јас не знам за тој факт, а ако постои би сакала да го знам :)
     
    На christinnn, Reina.Gitana, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.623
    Пол:
    Женски
    Лошо се живее тука, а? Живот за сите :^)Дојде оваа банда на власт и што направи? Колку ветуваше еј. Буквално не се замара со она што се случува внатре во рамките на државата, туку се' што гледа е само надворешна политика и начин за влез во ЕУ. Друго се', баш се' внатре е баталено. Само добрососедски односи и ЕУ. Не може само од ЕУ да очекуваат дека ќе донесе подобар живот а тие сами не прават ништо за да профункцинираат како што треба и законите и правдата и економијата и образованието и здравството итн. Епа сега... Имало протести и за други работи, како немало? :^) Сега моментално ова е актуелно и за тоа се протестира.
     
    На Tanjamm и elenaklasik им се допаѓа ова.
  12. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Не се Грци туку антички Македонци.
    Античка Македонија се наоѓала на територија на денешна Грција, но била посебно кралство со свој јазик итн.
     
    На Konfetka, Tanjamm, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Јазикот во прашање:

    Ancient Macedonian, the language of the ancient Macedonians, either a dialect of Ancient Greek, or a separate Hellenic language, was spoken in the kingdom of Macedonia during the 1st millennium BC and belongs to the Indo-European language family

    maxresdefault.jpg

    Ако најдеме антички македонски натписи ние нема да можеме да го прочитаме. Ама погоди кој ќе може да го прочита и делумно разбере.

    Гоце Делчев да не се борел за овој јазик? Не, туку се борел за словенски македонски јазик.

    Па јас веќе велам дека името Македонија не е наше име. Буквално сме го зеле името од античка Македонија, туѓа историја, грчка историја, и сме го залепиле на словенски народ. И многу нормално дека ќе се лутат што го користиме. Не велам дека треба да се избрише сега, затоа што е веќе предоцна. Затоа викам дека додавање на Северна пред Македонија е добар компромис, па уште се нарекуваме Македонци ехее. Некористење на ѕвезда од Кутлеш е исто добар компромис и е ФЕР. Навистина не можам да сфатам како мислите дека е ова наша историја.
     
  14. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    На Античките Македонци не им било дозволено да учествуваат на Олимписките игри бидејќи не биле Хелени.
     
    На Estranged, Konfetka, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Многу бил поразличен од грчкиот јазик а тоа на википедија што едитираат Грци тоа е друга работа и скроз нерелевантен извор на информации.
    Само сакав да истакнам дека Александар не бил Грк џабе се радуваат.
     
    Последна измена: 9 јули 2022
    На zuto, Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    Фана, оддамна читав и гледав емисии. Постојат сериозни тврдења за истите. Еден период баш следев историја и на многу места наидов на податокот.
    И целата историја, се менува, ние се држиме до едно, други до друго.
    Затоа јас воопшто не се потпирам на историски факти.
    И никогаш нема да бранам лик како Гоце Делечев.

    И ти сакаш да се селеш. Каде ќе одеш? Држава во Еу, така?
    Не знам дали имаш бг пасош, ама знаеш кои олеснувања ги имаш доколку го имаш.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Леле, сега они едитуваат на википедија. Еве повели паричка од тоа време, што пишува преведи ми или фотошопирана е?

    Greek_Gold_Half_Stater_of_Philip_II_of_Macedonia_(359-336_B.C.E.).jpg

    Наместо да се фокусираме на нашата вистинска историја, на тоа што сме словени и тој дел е уствари што сега Бугарите се обидуваат да го бришат, ние се правиме Лас Вегас, дека сме од се по нешто, дека од се по нешто е наше.
     
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.138
    Допаѓања:
    118.136
    Пол:
    Женски
    Да, Боже здравје ќе се селам. Државата е во ЕУ, точно.
    Немам бугарски пасош.

    Која цена ја платила Словенија за да биде членка на ЕУ? Хрватска?
     
    На Tanjamm и forumce им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.196
    Допаѓања:
    258.464
    Хрватска отстапи дел од Пиранскиот залив на Словенија за да влезе во ЕУ.
    И да, уште се расправаат и не се во најдобри односи.
    Територија отстапи Хрватска.

    Сепак иднината ја гледаш во Еу, така?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Јазикот,не секогаш има врска со етничкото потекло.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.