1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Не е ни Грчко,
    зашто да бидеме понижувани тука веќе не се работи ни за субјективно националистичко чувство туку за принципи.
     
    Последна измена: 9 јули 2022
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Абе се ќе кажете. :D

    Османлиите да не беа муслимани, ќе велевме дека и Османлиско царство било наше само пошто сакаме да имаме историја кај што сме биле најјак народ со најголема територија.
     
    На MilaSs12 и daylight им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.136
    Допаѓања:
    118.132
    Пол:
    Женски
    Ние веќе отстапивме многу јуле. И иако отстапивме сепак не сме во добри односи со никој. Затоа што премногу отстапивме па сега секој по нешто бара и тоа нема крај.

    Да мојата иднина ја гледам во еу.
    Македонија не ја гледам таму. Затоа што било какво барање да исполниме за Македонија нема влез во еу. Така што не гледам поента ни да исполниме некакви барања.
     
    На VDT2906, christinnn, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.005
    Пол:
    Женски
    Е супер кажа. Чувството за бидување Македонец ќе биде апстрактна именка, нешто замислено. Баш како супер-херој. Некој си живее со идеја дека е Бетмен или Супермен или Химен пример, ама тоа дека таков е тој тро на будала и остави го нека си верува што е. Така и за нас ќе биде.
    Ама се изнатресија глупости од некои на темава, од тоа што било знаме јазик некојаси етикета таму, каде сега протести на дожд да ве видам, па грците среќни се со името конечно е ферски. :x
    Можете уште ајде, да видиме меѓу какви живееме. Ќе откриеме допрва шо генетски код нѝ е впишан.
     
    На VDT2906, Tanjamm, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.195
    Допаѓања:
    258.453
    Точно, многу дадовме. И мене воопшто не ми се допаѓа предлогот, не ми се допаѓа целата политика кон нас, ама за жал, друго решение не гледам.
    Македонија сега би влегла во ЕУ единствено поради конфликтот помеѓу Русија и Украина.
    Само поради тоа, за да се спречи руското влијание.
    А ние не сме во позиција да делуваме сами.
    Не, со вакви политичари.
     
    На MilaSs12, staycalm, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Истово го имаш пишано во темана Постигнато е решение за спорот со името од 2017 г.
    Мислиш дека ќе запрат со предлозите? Сето ова не иде во наша полза ваљда требаше до сега да сфатите.
     
    На VDT2906, Reina.Gitana, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    90.443
    Пол:
    Женски
    До аголот на гледање е фана.
    Ти не ја гледаш Мк во ЕУ.
    Ама ЕУ ја гледа за да ја тргне од влијанието на рубљите.
    И не само ние.
    Еу мора да ги интегрира внатре државите кои останаа надвор од ЕУ.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.005
    Пол:
    Женски
    Не, никогаш нема да сфатат. Сѐ дури не нѝ одземат сѐ, да не знаеме кои сме од каде сме, зошто сме, традиција историја, имиња. Да немаме нит учебници, сѐ измислено, сѐ преправено, да не знаеме на деца да им раскажеме, да немаме што да им раскажеме, а и со која поента да раскажуваме кога сме боси. Зошто, па за во еу браќа и сестри.
    Давајте сѐ, соголете и одерете душа.
     
    На BlackNight, VDT2906, orevokrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Во последно време целава ситуација зема голем замав. Ме прашуваат луѓе од каде сум и кога ќе кажам од Македонија ме прашуваат Северна или Јужна. Велам не познавам таква поделба,една е Македонија.

    Фали уште некој да дојде и да ми каже дека сум Бугарка,а неам бугарски пасош ама ете оти така чул, видел и прочитал.

    До таму дојдовме.
     
    На VDT2906, zuto, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.845
    Допаѓања:
    122.775
    Пол:
    Женски
    И јас прв пат слушам и баш ме интересира..
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.136
    Допаѓања:
    118.132
    Пол:
    Женски
    Срц сакаш да кажеш дека тие нѐ сакаат нас ама ние им глумиме јака п*чка шо не се дава така лесно?
    Ова значи испаѓа ко ромите што велат, ако те тепа значи те сака.
    Ај за шо им сме?
    Мислам искрено.... Мора да имаат некој ќар од нас нели? Ете пари ќе ни давале брда долине ама треба да возвратиме со нешто нели?
    Е со шо ќе им возвратиме косми? :)
     
    На VDT2906, Chantal, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.195
    Допаѓања:
    258.453
    Да, затоа што сум на истиот став, дека Македонија мора да биде во ЕУ.

    Грото од тие деца учат и ќе учат историја на држави во ЕУ.
    А родителите им се бугари.
    Како син ми на пример, знае кога е Денот на државност овде, ама еве за Македонија нема да знае.
    Оти во школо учи за овдешната култура и историја.

    Јасно ви е колку народ се исели и колку планира?
    На децата историја ќе раскажувале. На кои деца само не знам...
     
    На TeddyGrey и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    16.980
    Пол:
    Женски
    Ова беше уште пред 7-8 год кога брат ми беше во Америка. Таму некоја Бугарка го прашала од кај е и тој си кажал дека е од Македонија, а таа му рекла аа ти си Блгарчее (facepalm). За никој од нашите соседи не постои Македонија како држава, следно е поделба и веќе нема воопшто ни да постојат Македонци, ни да се спомнуваат.
     
    На VDT2906, Tanjamm и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Некои не знаат ни на мапа да ја покажат,ни главен град кој ни е ама важно политика масовно се следи.
     
    На VDT2906, Tanjamm, Anah и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Ирците зборуваат Англиски,а по потекло се Келти.
     
    На Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Пошто ете Гоце Делчев бил силувач, а химната секако ќе се смени, во нејзе да го вметнеме Ванчо Михајлов наместо него.

    Пошто веќе почнавме да ги цениме неговите дела, историјата се менува нели, ќе додеме уште некои фашисти плус уз пат.

    Единствено така северџаните ќе бидат задоволни ја мислам.

    Пошто историјата се менува.
     
    На VDT2906, shiro, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 значи ништо наше неаме а?
    A Македон? Памтите од кај е добиено името Македонија?
    Да се потсетиме:
    Името „Македонија“ е од старомакедонскопотекло, и според преданијата доаѓа од митскиот предок Македон. Како државно име почнало да се користи во VIII век пр. н. е за Кралството Македонија, Македонската Империја, па потоа на римската покраина Македонија, византиската тема Македонија и денес за регионот Македонијаи државата Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или „висока земја“ или „високи луѓе“



    Како сме го украле?
    Абе како вака зборите бе.Е затоа се дешва тоа
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    40.847
    Пол:
    Женски
    Ама чекај од кај доказ дека ние сме чист словенски народ и немаме апсолутно никава врска со античките корени, туку крадеме и лажеме?
     
    На VDT2906, Reina.Gitana, Waverly Raven и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    40.848
    Пол:
    Машки
    Па ние имавме друга опција, понуда да влеземе во ЕЕА, каде што ќе имавме пристап до ЕУ фондови, и ќе одеше државата напред во меѓувреме додека чекаме за ЕУ.
    Пендаровски го одби.
     
    На BlackNight, VDT2906, shiro и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Македонци

    Како што истакнува Блаже Ристовски, идеите за македонски идентитет се јавуваат во XV — XVIII век надвор од Македонија и потекнуваат од географскиот поим Македонија (оној во Грција за кој ни прават проблеми) и од античкото народно име Македонци.

    Македонската преродба

    И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци.

    Некои преродбеници се декларираат како директни потомци на Словените кои се населиле во Македонија во VI век (јас сега тврдам така :D); други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен), а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа. Едно е важно и кај трите мислења - тоа што се застапуват за посебноста на Македонскиот народ.

    --------------------------------------------------------------------------------------

    Мислам дека е апсурдно да велиме дека Александар Македонски е Словен.

    Првото болдирано уствари ни укажува дека целиот почеток на македонскиот идентитет започнал со декларирање како посебен словенски народ. Значи, се јавува тоа патриотско чувство, потреба за посебна определба тек како словенски народ. И јас сосема се чувствам така. Целата наша култура и минато вришти дека сме Словени и одредени историчари се согласуваат дека потекнуваме од тој народ, кој е мислам понов од антички Македонци, барем на Балканот, и тоа е океј. :D