Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    80 отсто од тие коишто заминаа како знаат и умеат, а ги познавам велат дека избегале од народот.

    Од тие коишто се вратиле и инвестирале, дел се пишманиле од народот.

    На темава, народ се изеде меѓу себе.

    Се изедовме едни со други на темава, на дијаспорците усти затвораме, а не сме свесни колку е денарот стабилен во однос на другите валути, од тој прилив на девизи од тие клети дијаспорци. Колку фамилии се крепеа од плата од Ирак / Авганистан?

    Додека едниве се обединуваат по секоја цена, ние блуеме омраза еден кон друг. Јас верувам дека сите си ја сакаме татковината на свој начин и го покажуваме според сопствените можности.
    Може да се дискутира и без такви моменти, на Реин ѝ треба екстра хонорар само за темава више.


     
    Последна измена: 11 јули 2022
    На andrejko82, Waverly Raven, JuLleE и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.767
    Пол:
    Женски
    Да,многу се грците банкротирани мислам ке беа ЕУ да не ги вади од кал цело време.
    Младите хрвати подобро живеат од младите Македонци ,а беше обратно ние живеевме подобро ,а тие војна имаа.Романците исто,а црна сиротиња беа.
    Kanya ,ти велиш да чекаме,не јас!
    Што да чекаме?
    Зошто?
    Што губиме ако ги започнеме преговорите?
    Знаеш малку безврска е еве јас успеав заминав надвор со МК пасош,а вие другите чекајте и борете се за МК и прајте држава тука.
    Народот што живее тука мора да одлучи кој правец ќе оди.
    ЕУ ваква или таква нема алтернатива.
    Еве го и Шолц .
    https://sdk.mk/index.php/naslovna/g...QC9D3CEWtrMBby_rzWpnUwk#.YsvWGWR6wG4.facebook
    Мислам не е точно тоа.
    Од народот никој не избегал.
    Од партиите и политиката избегале.
    Впрочем ако избегале од народот зошто се тука на форумов секојдневно да конуницираат со народот?
    Тука се зошто им фали баш народот во дијаспора .Инаку би биле на некој германски (и др) форуми.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.325
    Допаѓања:
    125.034
    Пол:
    Женски
    Ако прочитам дека некој земал пасош дека не сакал да оди по потешкиот пат..
    Што мислите бе вие дека оние кои си отишле лесно им е? А бре нас што останавме во вукојебинава треба да ни дадат орден за глупост! Е тоа да ви кажам. Оние кои земале Бугарски пасоши си беа паметни според мене. Овде нема иднина, овде нема аир. Знаете дека секој втор млад човек од 20 до 30 години сака да си оди по секоја цена?? Знаете дека за 5 години нема да има кој да работи во државава?
    Алал да им е на тие на време што си отиода. Алал.!!
     
    Последна измена: 11 јули 2022
    На dayla, mssuniquee, Кена Рис и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Според мене и тие што сеуште не планираат да искочат треба орден на глупост да им се даде.
    Што побрзо и што подалеку
    Не за џабе Путин (каков сака нека е, не е лажго и не збори од памет) изјави дека нема да не има. За жал ова е се однапред изрежисирано и смислено од повисоките и појаките а напата власт е само пиун во целата оваа фарса.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.767
    Пол:
    Женски
    Веќе нема кој да работи.
    Ама важно патриотиве на копче на Мицко и Апасиев ке ја бранеле државата.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.325
    Допаѓања:
    125.034
    Пол:
    Женски
    Има муабет кога Иванов бил кај него Путин го оставил 3 сата да чека, и му рекол Што имаме да разговараме Македонија ќе биде поделена на Албанија и Бугарија. Ова од ВМРО луѓе го имам слушнато.
    @Cosmi и да знаеш дека нема кој да работи.
     
    На Noranora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.821
    Пол:
    Женски
    Темава не е за бугарските пасоши.
    Подобро да се отвори посебна тема покрај онаа постоечката, која е повеќе за процедурата, другава да биде само за дискусија да, не, зошто да, зошто не...
    Може ли некој да отвори посебна од вас што сакате за тоа да дискутирате?
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.325
    Допаѓања:
    125.034
    Пол:
    Женски
    Мене едно ми е чудно. Зашто бе никој не протестира пред Француска и Бугарска амбасада? Нели Французите ни го средија ова со Бугарите?
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.699
    Допаѓања:
    14.166
    И јас ова сакав да кажам. И да ни се понудат повеќе пари, или нема од неспособност да ги искористиме или лева рака десен џеб. Ова кај нас не знам кога ќе се искорени. Знам пример за жени од загрозена група на кои им се слеваа пари и од ЕУ, и од други извори па до приватни бизниси. Арно ама лева рака десен џеб. За себе земале некои несразмерно високи хонорари. Само ги тргнаа, никој ни пријава им поднесе, ни ништо. Имаше само големо разочарување и тука заврши се.

    Друга работа, па нашите општини за нова година даваат по 90.000, 100.000 евра на српски и балкански пејачи, а воедно се трошат огромни репрезентации, се јаде и пие со народни пари по ресторани. Додека е така самите сме виновни за старите училишта, немало урбана опрема, па ја кршеле, па немало пожари возила. Сме можеле да купиме, ама немало кој да поведе ред. А за овие што тераат бизниси без фискални, казни, ќе наполниме буџет и готово. Ако те бива работи, ако не оди си дома и чао.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Утре Македонската заедница во Малта има организирано протест пред француската амбасада. Околу пладне е закажаен протестот па со ова сакам да ви кажам дека не сте сами. :)
     
    На Waverly Raven, deskarada, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    41.052
    Пол:
    Машки
    Пошто се гледа според анкетата дека сите сме против, нема потреба веќе од дискутирање и дебатирање.
    Сите сме на иста линија дека не треба да го потпишеме. :D
     
    На Maryland1087 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Нема што кај странците да протестираме.... нашите сакаат да не продадат, тие ни сметаат. Бугарите, французите, грците и кој знам ти кој можат што сакаат да си бараат, нема што да сме лути на нив, туку на овие демек "нашиве" кои сме ги гласале и една третина плата им даваме секој месец за да си играат мајтап и да си одлучуваат во името на сите.
     
    На orevokrsacka, Rozich, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.325
    Допаѓања:
    125.034
    Пол:
    Женски
    Ама не зезај те молам. Исто и да беше друга влада, и да беше Вмро ќе им го испорачаа документот. Мислиш некој нас не прашува.
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    ВМРО, СДСМ кој сака нека е. Партиски да не гледаме на ова. Кој и да беше треба да се протестира.
     
    На Waverly Raven, deskarada, orevokrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.325
    Допаѓања:
    125.034
    Пол:
    Женски
    Кој и да беше ќе го потпише ова. Ич да не се занесувате дека вака ќе беше она ќе беше. Протестиве не се за тоа туку Мицко Хидроцентрала да го тргне Таче од власт. Е тоа е. Жално народот што потпаѓа под влијанија.
     
    На monibejbi, JuLleE, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.129
    Пол:
    Женски
    Бугарските пасоши се најголемиот проблем во случајот, и баш тие се темата.
    Која е историјата на бугарските пасоши?
    Многу одамна, пред едно 20 години, почнаа да ги даваат на жителите од источна Македонија. Зошто ги земале тогаш, иако Бугарија не беше во Еу и Нато? Епа гледале други бенифиции од него. 2004та влезе Бугарија во Нато, заедно со Романија. Си имаат локација, на браникот на Европа, ги зедоа, брзински. Таа 2004та внесоа 10 држави во Еу. После 3 години, 2007ма, ги внесоа и во Еу, иако не исполнуваа услови. Ама тоа е, location, location, location.
    Да се вратиме на пасошите. И пред 2007ма, истокот почна масовно да аплицира, се чекаше години да се зеде пасошот, ама времето секако минува, сонцето си врти, не запира.
    Кај нас 2006та паднаа елитистите и дојде вмрото на власт. Големи беа очекувањата од новата власт, ама набрзина сите се разочараа. Почнаа партиските притисоци релативно брзо, стана јасно дека ако се зачлениш во партија, ќе си работиш за 8000 денари плата, што беше минималец тогаш. Нема ни место во студентски дом. Партија или седи си дома. Или поднеси си за пасош, велат бугарите ги давале така...
    2011та, Бугарија е веќе 4 години во ЕУ, кај нив има купишта работни места, ослободени од бугарите кои појдоа на запад за подобар живот. Младите од истокот се запишуваат во Бугарија на студии, примаат на сите универзитети, во Скопје тешко е ако немаш врски. На некои катедри бројот е ограничен, а 70% се со врски, или наше дете, или рамковен... а транзицијата знаете што донесе, сиромаштија и приходи колку за леб и сол.
    Ама Бугарија нуди услови, се цени трудот таму.
    Се повеќе и повеќе млади после 4 години студии во Бугарија зедоа пасоши, тие што се вратија дома, се зачленија во партија (читај вмро) и се вработија со бугарска диплома.
    2016та, полека паѓа вмро, 2017та влегоа во собрание, последен обид да останат на власт и да продолжат да крадат. Ама паднаа. Дојде сдс, кои од 2015та водеа кампања и протести, дека ќе си лежеле вмро, парите ќе ги врателе... мхм, обавезно.
    Дојдоа на власт, сјо секојдневно објавуваше за судењето, пресудите...
    Ништо не се смени. Сега наместо книшка на вмро, требаше на сдс за да се вработиш. На голема врата влегоа и ги превземаа сите бизниси од вмро. Најголемиот патриот си избега за Унгарија, ги остави другите да си лежат.
    Во меѓувреме, и младите од централна, а богами и западна почнаа да аплицираат за бугарски пасоши, во конзулатот во Битола. Почнаа да викаат, поарно пасош од Бугарија отколку партиска книшка, смачено им било од политика во Македонија.
    2018та сменија сдсм име и потпишаа договор со Бугарија. За работа уште е тешко, полесно е во Европа со бугарски пасош отколку кај нас со книшка.
    2020та, корона, локдаун, изгубени работни места, Европа дава помош на граѓаните.
    2022ра, војна во Украина, инфлации, платите не стигаат ни за најосновните потреби, кај нас нема работа, на западот се бара работник плус. Ама со пасош.
    И да сумираме, Бугарија скоро 2 децении дава пасоши на македонците. Над 150 000 се иселени низ Европа со тој пасош.
    Погледнете го пописот и бројките на истокот и ќе видите сами.
    Тие луѓе се духови, не се попишаа дека се македонци, ама не се попишаа ни дека се бугари. Тие луѓе-духови ги оставија своите огништа и заминаа некаде далеку, на запад. Сега се асимилирани западњаци, државјани на државите кај што нашле живот.
    А огништата им останаа празни, празни се селата и градовите на истокот, празни се од политиките на вмро, она кое сега протестира против бугаризацијата. Со бугарска диплома и пасош в џеб, со кола на бугарски таблици.
    Вмро ја направи бугаризацијата на истокот. Вмро им даде меч во рацете на бугарите, со кои сега ја доубиваат осакатената Македонија.
    И да, темата сепак е за тие бугарски пасоши, што сега, после 20 години се корен на проблемот. Бугарското малцинство во Македонија. Луѓето духови се проблемот...
     
    На dayla, shiro, Snow-Star и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Истото беше и со името.
    Да дојдеме на власт ќе го вратиме.
    Дојдоа на власт па беше... Ќе го почитуваме договорот
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.821
    Пол:
    Женски
    Види, те разбирам што сакаш да кажеш, ама тоа е минатото, темава е за сегашниот предлог, за условите и за мислењето на народот во врска со овој предлог.
    Не дека и тоа не може да се дискутира за кое ти си пишала погоре, ама пак ќе кажам, во друга тема, овде само се полни оваа со нешто што е за сега, во моментов нерелевантно, веќе е дојдено до ова, предлогот е тука, темата е за тоа, се надевам ме разбираш на што мислам.
     
    На Lianna Anna, Cka и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  19. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Ние знаеме за што протестираме, и ич не ме гајле дали со ова ВМРО, Левица или кој друг ќе собира поени, нека кршат глава. Излеговме да ни се чуе гласот, пошто молчењето значи согласување со она што го прават. Не ми е грижа дали после нив ќе дојде некој нов или стар на власт, секако веќе го стигнавме дното, ако може од ова полошо, амин.
     
    На Amellie13, Tanjamm, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Протестот е за она што демонстрантите сакаат да биде.... не може јас да излезам да протестирам за нешто, и некој да ми рече ама ти не протестираш за тоа за друго протестираш. Значи јас не знам партиските полтрончиња за што протестираат, знам за што протестира народот. Остајте партии барем еднаш, знам дека со тоа ни е задоен мозокот тука во Македонијава, освен партии не знаеме друго, ко коњите сме ни лево ни десно... ама доста е веќе во секој муабет.
     
    На Stories, Waverly Raven, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.