Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.540
    Пол:
    Женски
    Бугаризацијата е процес кој тече непрекинливо.
    За десет години и денешните 15 год.деца ќе станат Бугари.
    А зошто?
    За да се оди во ЕУ.
    Тоа е горката реалност.

    Изборот е или да се прифати предлогот,
    Или цела омладина како завршува фак.да зема бугарски пасоши и да стануваат Бугари и да оди слободно ЕУ.
    Или нашите деца и млади да живеат блокади ко ние што живеевме 30 год.или да им се отвори патот и пристапот до фондови бидејки Мк сама може само да живурка,а не да живее.
    Така да тие фантазии дека ЕУ на нас не ни треба може да ја кажуваат ветерани од партии, истите мантрања беа последниве 30 год.
    Сами треба,ете Швајцарија не била во Еу.
    Не,ние не можеме сами.
    Реалноста е поинаква,алтернатива нема.
    Јас лично мислам дека треба да се оди на референдум па секој долгорочно да одлучи што сака за нивните деца и млади.
    Дали ќе бидат блокирани и заробени,а со тоа ќе си се бугаризираат како и сите досегашни наши 150 000 бугари или ќе имаат повеќе можности во државата и надвор.
    Оваа одлука не треба да ја носат празноглавци фејк патриоти желни за власт манипулирајќи со чувствата на граѓаните туку секој за себе.
    Не треба да ја носат ни пензионери бидејки поради нивна пасивност и лоши избори на власт ние бевме генерација која цело време чека додека една црни сиротињи ко Бугарија и Романија тргнаа напред.
    Одговорноста е сега на нас.
    Дали и нашиве деца и младина ќе чекаат ко нас или ке тргнат напред.
    Македонскиот јазик никој не може да ни го земе,фантазирањата и манипулации на бугарите во Бугарија каков јазик ние збориме не е наш проблем,ние си знаеме.

    Во ЕУ јзикот ќе биде официјализиран како македонски јазик .
    Тоа е тоа што е најважно.
     
    Последна измена: 3 јули 2022
    На malerozna, Snow-Star и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Да ми је знати шо трева пасат тие што мислат дека со овој договор ќе тргнеме напред... или дека ќе влеземе во ЕУ...
     
    На christinnn, nextredstyle, VDT2906 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Не влегуваме ние во ЕУ па макар уште 100 погубни договори да потпишеме. Ниту како аморфна територија без националност, јазик и идентитет нема да не примат во ЕУ.

    Ако го потпишеме сега францускиов предлог, потенцијално во ЕУ кога ќе влеземе, децата родени 92-ра кога добивме независност ќе имаат 50 години.
    А, ниту тогаш нема да влеземе.
    Секој го знае веќе ова.

    Како не ја знаеме нашата историја? Убаво си ја знаеме, само ни ја оспоруваат.

    Како може Грција да се повикува на Античките градови - држави кои немаат никаква поврзаност со денешна Грција?

    Како може Бугарија да се повикува на Тракија, Македонија и Словенството кога се Татари и Волгари дојдени од Кавказ и Волга?

    Како може Албанија да се поистоветува со Илирида?
    Србија со Винча?

    Зошто ние не смееме?
    Зошто ни го оспоруваат Цар Самуил, кога во неговото владеење, Бугарија имала цар, Борис 2, кој чудно, ама се борел против Самуил.

    Зошто ни го оспоруваат Македонскиот јазик од кој има записи постари од Бугарскиот јазик? Како може да биде дијалект на Бугарскиот кога е постар?

    Зошто ни ја оспоруваат црквата? Како може Охридска архиепископија да биде ќерка на Српската Православна црква, кога Охридска Архиепископија е постара?

    Не, не. Убаво си ја знаеме ние историјата. Не сме воопшто збунети. Знаеме кои сме и што сме.
    Само што соседите ни вршеле присилна асимилација низ цела историја, и пак не успеале да не присвојат.
    За сега, во 21 век, да успеваат во тоа поради наши продадени политичари и продаден партиски народ.
     
    На noteforself, IRBBB, fana и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.540
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе влеземе во ЕУ,и тоа за максимум 10 год.
    Па тоа е дел од една поширока стратегија,висока политика.
    Зар ќе се остави Мк и Србија да бидат под влијание на Русија??
    (Скраја да е)
     
    На Ahoy и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Завчера имаше во Битола. Вечер пак ќе има во Скопје.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Машки
    Не сме ние за ЕУ.
    Ни фалат многу работи.
    Закони имаме, не се почитуваат. Све е со врски овдека. Ако немаш врски ништо не правиш.
    Законите важат само за обичните луѓе што немаат врски па си плаќаат казни.
    Немаме култура.
    Немаме почит еден кон друг.
    Многу заостанат менталитет имаме.
    Незнам како не им е срам да лажат дека све е океј во државава наша па да бараат да влеземе внатре.
     
    На tessie, Tanjamm, Dandra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.171
    Допаѓања:
    118.352
    Пол:
    Женски
    Најточно! :bow:
     
    На _beautyy_, edna_malecka и Billy Idol им се допаѓа ова.
  8. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Според некои неофицијални информации што кружат, Мицковски се согласил со калето да го поддржи вметнувањето на Бугарите во уставот а јазикот го оставил за решавање за понатаму во замена за предвремени парламентарни избори во Октомври 2022, се надевам дека е ова шпекулација и не е вистина.

    Повторувам оваа информација е неофицијална и од не сигурни извори се надевам дека не е точна и нема потреба веднаш да се реагира на неа, но сепак е добро да се знае.
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Па јас се согласувам за сите делови освен за Грција, пошто се додека го има споменикот на Аце сред Скопје како главен споменик, не си ја знаеме историјата, он е Грк и нема врска со нас, а најмногу се рчкаме на оваа тема - со Кутлеш знамето на пример, па дури би рекла дека и со причина си го сменивме името и треба да ја прифатиме причината зошто моравме да го смениме името, јас скроз ја разбирам.

    Се осеќам поврзана со словенската култура, македонскиот јазик, горда сум на историјата со Гоце Делчев, нашата химна ми буди патриотско чувство, Цар Самуил, целата мака што ја претрпел нашиот народ за време на Турското ропство... тоа треба да се обидеме да го сочуваме од Бугарија и го поддржувам протестот и целата дискусија.

    Ама ужасно многу ме иритира што мнозинството Македонци ја сакаат и оваа историја и историјата на онаа грчка Македонија пред наша ера и се борат и на двата фронта кога просто тоа не е можно, не е логично, а и гарантирам дека освен чувството на великост што ни ја дава идејата дека нешто толку големо било наше, не можеме да најдеме вистинска припадност во таа историја - затоа што јазикот им бил грчки, они биле грци, регион што останал од тоа време сега е во Грција и се вика Македониа и е дел од нивната историја која и НИЕ пробуваме да ја земеме.

    Пак ќе речам, да имавме повеќе моќ како држава, ние ќе бевме агресори. И не, нема појма просечниот Македонец за неговата историја.
     
    На daylight и Ева33 им се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Путин има изјавено дека нема премногу да се замара со нас, затоа што знае дека сме само puppets на Западот коишто одат сами против себе.

    Плус сме скроз небитни. Еве во темава кажаа дека сме народ шо нема пари ни за автобуска карта до главниот град да отиде за протест.

    А дека баш ЕУ ќе се потепа во нас да вложува и да нѐ заштити, мало морген.
     
    На daylight, Ева33 и fana им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.171
    Допаѓања:
    118.352
    Пол:
    Женски
    Точно.
    И тогаш која е поентата да се пишам Бугарка/Србинка/Албанка ју нејм ит ако пак бидам ист голтар ко досега.
    Барем македонка ќе сум си. Голтар да, ама македонка.
     
    На _beautyy_, Tanjamm, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.540
    Пол:
    Женски
    Толку ти е разбирањето на политика тебе.
    Путин што рекол.:rofl: не се замара
    Ама затоа Путин финансира анти Еу партии кај нас и Србија.
    За геостратешка точка ,политика и влијание се работи.
    И за Еу и за Русија.
    На раскрсница сме.

    Мкд,Албанија и Србија ќе бидат дел од
    ЕУ.
    Каде тоа ќе се пишеш поинаку од тоа што си?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Може повеќе инфо за ова? Доказ нешто?
    Или поради тоа што некој не е за ЕУ, платен е од Русија? :)
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.171
    Допаѓања:
    118.352
    Пол:
    Женски
    Кај шо треба Бујар да потпиши.
    Тој ќе потпиши за сите нас :inlove:
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    @Cosmi а која е разликата меѓу тоа да си платеник од Русија и да си платеник од ЕУ?
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.540
    Пол:
    Женски
    Ама никаде нема такво нешто.
    Впрочем како сакате,за иднина на вашите деца се работи.
    Ако ЕУ не сака да не прими баш ќе беше таков предлогот.
    Пишете се тоа и тоа и крај.
    Ама не е таков.
    Присуството на ЕУ е стратегиско и затоа се овие предлози,рамки и итн.
    Кој збори за платеници.Се работи за заедница.Како која е разликата.
    Како член на Еу имаш пристап кон фондови,подобри работнички права,можности за образование ,работа.

    Пр.Градиш пат ти даваат пари ама имаш и надзор од Еу.
    Е тоа не им одговара на нашите партии (надзорот каде се трошат парите)
    Вака без ЕУ ќе крадат нашите партии како знаат и умеат и како што крадат 30 год.
    Ќерка ми утре со Еу пасош повеќе ќе има можности и за студирање со трошоци како Еу граѓанин отколку како нон Еу.
    За работа исто така.

    Како проруска држава што ке добиеш?!
    Сами не можеме секако.
    можеме ама и вие младите и децата и наредни 30 год ке бидете на исто.
    Тоа сакате?
     
    Последна измена: 3 јули 2022
    На malerozna и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.704
    Пол:
    Женски
    Денешните Македонци навистина се мешавина, претежно помеѓу Словени и грко-латини. Генетските анализи истото го покажуваат. Мене овој национален идентитет ништо не ми значи, ама не гледам што е толку спорно во него.

    Мислам дека на Бугарија и е потребно + население за да ја зголемат бројчаната предност нaд турското малцинство, но стратегијава е крш, ништо не прават со неа на долг рок, ни на краток. Балканска работа.
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    До сега штабскиве ботови не убедуваа дека сме глупи и не знаеме да го прочитаме и разбереме договорот.
    Сега пак само уште да го потпишиме и готово, влегуваме во ЕУ. Мед и млеко ќе тече.
    Нели и за Преспанскиот така се викаше? Само уште името и толку. Иде живот.
     
    На christinnn, fbaby, VDT2906 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Конкретно имам роднини во Обреновац. Не знам дали ова што ќе го кажам важи за територија на цела Србија или не.
    Ама на сите постари граѓани, им се нуди бесплатна помош, 2-3 пати неделно им доаѓа жена дома што им чисти, им прави ручек, им пазари, им одржува лична хигиена. Без никакви плаќања. И уште некои дополнителни привилегии.
    Се обидов да изгуглам, не знам дали е ова - тоа, ама со гаранцијата тврдам дека постои ваква опција во Србија.
    https://www.ugcb.rs/o-nama/pomoc-u-kuci/

    Кај нас годинава за првпат по иницијатива на Левица градинките во Кавадарци ќе се бесплатни.

    Се лажете ако мислите дека ЕУ е последниот спас, ЕУ не е никаков спас. Ако некој од внатре сака да ја крене државата, може да успее.
     
    На andromedae, jacqueline.s, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.390
    Пол:
    Женски
    Ај да не се караме сега меѓусебе.
    Дајте да напраиме нешто.
    Вечер ќе има пак, супер.Дајте секој ден да има
    Ѓубриња едни, овие се решени мамата да нѝ ја ебат.Не е ова ради ЕУ верујте, бар ја така мислам.Не се толку глупи, знаат дека пак нема да влеземе.Мислам дека има нешто поголемо позади сѐ ова.Повинуваат глава на сите.А нас нѝ викаат дека е за влез у ЕУ.За онакво ми е ЕУ, ако нѝ сменија име, сеа и историја.
    А овие со бугарски пасоши да ЌУТАТ.
     
    На _beautyy_ и Tanjamm им се допаѓа ова.