Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.124
    Допаѓања:
    188.713
    Ќе ти кажат после- никој не рече НЕ.
    Барем едно НЕ да имаше, да знам дека останал вреден човек, македонец, албанец, марсовец... еден да каже не на омаловажувањето, понижувањето, фалсификувањето...
    Нема? Се друго е причам ти причу.
     
    На noteforself, Rama, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Мислев бар Апасиев ќе гласа против, на толку ку*чење.
     
    На noteforself, nena2010, _beautyy_ и 7 други им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.956
    Пол:
    Машки
    Апасиев игра тактички, тежок популист што се гребе за гласови. Ми се гади кога го гледам и кога ќе ми текне дека порано го поддржував.

    Премногу е очигледно дека на пратениците од опозицијата не им е гајле. Целта и беше да го вжештат народот и тоа ѝ успеа, а кога дојде време тие да настапат си излегоа, ни едно "Не" немаше :) Битно изиграваа циркузанти.

    Нема воопшто да ме чуди целава ситуација да е преувеличена за политички поени. Видеќемо.
     
    Последна измена: 17 јули 2022
    На noteforself, WildMk, violetblue и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.679
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го помислив. Ќе се тепа со друг пратеник и ќе се расправа а му прпа едно не да изгласа. Сомнителен е. Никој не е за верување во државава па ни Мицковски.
     
    На marlonbrando69 и Цобра им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    11.980
    Пол:
    Женски
    Ми се корне, ми се пцуе, ми се вришти
     
    На noteforself, IRBBB, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.616
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ништо не добива, само губи. Нема за нас влез во ЕУ секако, ослепени се овие пратенициве што гласаа и луѓево што се палат дека е ова некаков чекор или некаква гаранција за во ЕУ. Слепци.
     
    На IRBBB, Rama, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.568
    Допаѓања:
    13.947
    Пазете што пишувате по социјални мрежи. Неколку лица веќе ги тужат за говор на омраза. Пазете, ова е лудница и не ме чуди за криминал некој да се шета слободен, а за статуси да ги влечкаат по судови.
     
    На noteforself, Konfetka, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  8. shiro

    shiro Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    46
    Е ова. Баш ова. Да им беше стварно стало за Македонија ќе останеа до крај. Без разлика дали ќе смени нешто или не. Кукавици. Срамота.

    Како млад човек со неполни 20 години, пораснав да ги презирам и двете партии подеднакво, а не гледам многу иднина ни во Левица. Двете партии покажаа и докажаа дека се против Македонија и против народот. Го покажаа тоа со Рамковен, па со Преспански, а сега и со Францускиов.

    Но гледам нешто уште позагрижувачко: Ние, народот. Досега немам гласано за ниедна партија, зашто не сум ни можела, а нема ни да го дадам гласот за организирана мафија, ни за црвената ни за сината. Сите се исти кур според мене. Зошто ги гласате? Зошто на секои 4 години им давате амин да не крадат и лажат? И поправете ме ако грешам овде, ама зошто не излеговте на референдумот за Преспански? САМО 36% излегоа и мнозинството од тие 36% беше „ЗА“. И без тој „ништо немаше да се смени“ булшит. ТУКА се гледа колку ви беше стало за името. Зошто не излеговте и не се изјаснивте јасно и гласно?

    Како да се чудам за овие што збришале од собрание кога народот се понаша ИСТО како нив? Се кошкате тука за кој бил од СДС, а кој од ВМРО, се делите на патриоти и непатриоти. Овие отишле на работа у Германија, овие извадиле бугарски... ЕПА ќе си ЗАМИНАТ. Досега немам сретнато многу мои врсници кои планираат да седат овде. Едноставно не гледаат иднина. Не финтата само што немаме верба во партиите. Ние немаме верба во НАС, ВО САМИОТ НАРОД.

    Кажете ми како да верувам во луѓе кои 3 ДЕЦЕНИИ прават погрешен избор, не се менуваат на подобри личности, не го искоренуваат криминалот и корупцијата... Не излегуваат на протести, не излегуваат на референдум, а урлаат кога ќе видат дека некој си ги пакува куферите за странство и го бележат како „непатриот“ и „предавник“ само зашто сака да спаси жива глава од луѓе како вас.

    ВМРО и СДС ја продадоа и уништија државава, ама вие им дадовте власт. А како што гледам и ќе продолжите да им давате. Ќе видиме колку интересно ќе ни биде кога во наредните неколку децении Западна Македонија ќе стане Косово #2, а ресто што мрда ќе кидне со карти во еден правец. Македонија нема ни на карта да ја има.
     
    На Bezimenka90 и supergirlmb им се допаѓа ова.
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не, не, не со тие куршуми.
    Без извртување, спинување и релативизирање.
    Се знае кои се најголемите предавници, тие што гласаа ЗА.
    Така ќе биде со векови, нема бегање од тоа, бидна веќе.
    Сега вадење од тоа е невозможно.

    За што да гласа опозицијата?

    Собранието нема ингеренции да го прифати или одбие францускиот/ бугарскиот предлог, тоа право го има само владата.
    Парламентот ја охрабри владата да донесе решение и донесе заклучоци кои не може никаде да вметнат бидејќи преговарачката рамка е дефинирана.
     
    На orevokrsacka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    140.557
    5 страни наназад се вергла како ВМРО е криво што не гласало против, а сдс не е оти гласале за, твитер ботовите скроз истиот наратив истите зборови Како тука, по дирекција.

    Како може да немате проблем што сдс гласаа за?! Океј сте со тоа? Или од што морате да браните партија, друг ви е крив?

    Ова е исто како да силува некој девојка, а вас ви е крива девојката оти додека ја ебел силувачот, два дена викала не, а на крај кога свршувал ќутела. И на крај, она е крива бе! Ама трудна ја оставил додека ја силувал! Па шо не кликнала бе? Она е крива. И сега она ќе се бори за абортус, ама нема да и дадат
     
    На _beautyy_, orevokrsacka, Ana Marija 1 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.568
    Допаѓања:
    13.947
    Кога тоа имало избор во државава, па демек нешто народот згрешил, не гласал како што треба? Дајте ми чесен пратеник, министер, со резултати, не на памет, убав, добар, не, резултати? Таа вчера што урлаше дека Оливер Спасовски е претседател на државата на криминалот, не знам која е, од која изборна единица. Пратениците од прв и втор собраниски состав без господа за овие.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.124
    Допаѓања:
    188.713
    Извини Евке, ама јас најмалку од сите овде имам корист од релативизирање.
    Кој памти, памти, му кажал некогаш Тито на Сталин НЕ. Сега ни едно мало и небитно Не немаше. Небитно, ама мене ми беше пребитно. А очигледно и на наредбодавателите. Да биде предавството комплетно. 120 арамии, тоа е вистината, никаква шминка не може да ја разубави грдотијата. :x
    О иронијо, колективно самоубиство за карта за Титаник во последен момент. А ни Титаник нема да стигне.
     
    На IRBBB, Rama, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Имаше пишано една членка претходно, зошто и како не гласале, туку излегле надвор.

    Што ќе сменеше ако гласаа против?
    Исто ко референдумот, те вика да играш на местена утакмица.
    Со која цел?
    Исходот се знае секако, што и да правиш не можеш да го смениш.
    Вака барем викаш не играм.

    А тоа што сдсОфциве пуштаат сега фитиљи да се збори за опозицијата а не за власта.

    Жални, и смешни се богами.
     
    На Rama, Tanjamm, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека ни е бугарчењето. За што се бореа бре нашите предци? За еден Бујар да одлучува за овој народ. Верувајте, нема да влеземе во Еу, погледнете им ги фаците само на пресот. Бујар работи за други држави. А ние, ние ќе се исколиме, Вмро, Левица виновни биле. За брзо нема да го имаме јазикот, и тоа ова се свесно се работи уназад. Народ зинат за пари, народ себичен од гледање само за себе, до тука не доведоа. Партиии со едвај 3 пратеници ни ја скроија судбината. Цел живот ја цицаат државата, се напикаа како пијавици во институциите. И колку се виновни политичарите, толку е виновен и народот. Зашто им верува како слепци. Поготово постарите генерации. Им пречи Левица, а таа е единствена партија без криминали зад себе, нема кој да ја уценува, до овде сме од уценети и продадени политичари. Лесно е да продаваш држава кога си навикнат се во животот да ти е на тацна дадено дали од тате дали од партија. Па си мислиш во главата и државата е на тате. И многу неписмени сме. Ние не се потрудивме сами да си го зачуваме и јазикот и историјата, не ги тераме да учат децата, свесно го уништија образованието. Јас имам осетено како е да си странец во своја држава, ама сега ќе осетиме сите.
     
    На noteforself, Konfetka, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.124
    Допаѓања:
    188.713
    Види. МЕНЕ лично, еден да беше, ќе ми беше народен херој.А пошто нема ни еден, а нив ги гласал народ, ваљда и народ не постои. Ваљда и јас не постојам, само халуцинирама овде. Ај од утре, задутре па и со јерови ќе халуцинираме на форумов, јер нема македонска кирилица веќе. И тука би бил деца крајот.
     
  16. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ова е САМО фотошоп.....nothing else... ;( ;(

    IMG_20220717_094101.jpg
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.616
    Пол:
    Женски
    Хаха нема шанси. Ова ако би било точно, се' ќе гори.
     
    На Kimberly11, Feminka22, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    11.980
    Пол:
    Женски
    Очекувам нешто вакво јас.
    Баш со маж ми вчера коментиравме како наредно име е тоа. Јас имам печат за судски преведувач и сѐ уште го немам менато со новото смрдено име. Му велам да почекам да не го менат пак, за џабе ќе ми се парите дадени.
    И гледаме за некој ден: "Република северна Македонија - западна бугарија, со потенцијал за голема албанија и српска покраина" Таманско имево, сите задоволни да се.
     
    На shiro и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не е фотошоп, сатирична страна било.
    Не е сѐ вредно за да му се обрнува внимание.
     
    На WildMk, staycalm, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    140.557
    Денеска се ви Бугарија за да потпишат. Содржината е сеуште тајна.

    Не продаваат а не знаеме ни за што.

    Етноцид! Дојде време кога слободно можеш да кажеш дека се осеќаш како транџа, а да не смееш да си Македонец...
     
    На noteforself, IRBBB, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.