Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.873
    Допаѓања:
    129.750
    Пол:
    Женски
    Ти мислиш така се влегува во ЕУ? :rofl:
     
    На _beautyy_ и Ева33 им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не мислам дека 'така' се влегува во ЕУ.
    Кој рече то нешто?
     
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Хаха, кој спин и глупост.
    Преговорите почнуваат официјално на втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и Бугарија кога Уставот ќе биде отворен и во него ќе бидат вметнати Бугарите како државотворен народ. За тоа им треба Бадинтер, т.е. 2/3 мнозинство кое го немаат. Значи, нема отворање на Уставот. Без неотворен устав нема кревање на ветото. Читајте. Затоа сте учеле школо.

    Имал чест кутриот да се обрати на македонски јазик со фус нота дека е еден од трите регионални бугарски дијалекти. Така пишува во протоколот. Кој сака да го чита и кој е писмен. Тоа влегува во преговарачката рамка :D

    Албанија почнува преговори. Не Македонија. Албанските партии со северџанските полтрони убаво си обработија за нивната кауза.

    Ајт, нека ви е со среќа.
     
    На Billy Idol, Amellie13, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.789
    Допаѓања:
    274.570
    Дали воопшто некој знае КАКО да биде внесен во Устав?
    Како Ромите што се, Албанците, Србите, Власите?
    Ако тоа го сакаат, нека им биде.
    И уште 30 народи нека стаат слободно ако е тоа.

    А за јазикот колку што имам сфатено, го задржуваат правото да не го признаваат но нема да ставаат вето?
    Нека не го признаваат, само нека не замараат.
     
    На JuLleE, WildMk, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.764
    Допаѓања:
    41.730
    Пол:
    Машки
    Точно.

    "Советот на Европската Унија, со одлуката да ги закаже првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија за утре во Брисел, ги усвои и преговарачките рамки за двете земји.

    Во Преговарачката рамка за Северна Македонија, формулацијата за македонскиот јазик е чиста, без фусноти, квалификации, дообјаснувања и сл. Конкретниот пасус од документот гласи:

    „Северна Македонија ќе треба навремено да направи преводи на правото на ЕУ (acquis) на македонски пред пристапувањето и ќе трба да обучи доволен број преведувачи и толкувачи потребни за правилно функционирање на институциите на ЕУ по нејзиното пристапување“.

    За ваквата Преговарачка рамка својата согласност ја даде и Бугарија, бидејќи во спротивно таа не можеше да биде усвоена од Советот на ЕУ, но Софија, како што беше претходно најавено и договорено, во унилатерална изјава го декларираше својот став за македонскиот јазик. Едностраната декларација на Бугарија не влијае на формулацијата за македонскиот јазик во Преговарачката рамка.

    Во едностраната декларација на Бугарија, која не влијае на формулацијата за македонскиот јазик во Преговарачката рамка, меѓу другото, стои:

    "...Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и сл. на ЕУ и нејзините институции, органи, служби и агенции треба да биде сфатено строго во согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на ‘македонски јазик’.""

    https://360stepeni.mk/sovetot-na-eu...zik-a-bugarija-ja-objavi-ednostranata-izjava/
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ќе ти биде јасно за 5 години што се преговарало и кои последици ќе остави. Со овој протокол билатералните прашања стануваат ЕУ прашања и Бугарија има потполно право да те меси, обликува и пржи како сака. Буквално кираџии во свој дуќан. Кога ќе одиш во веце и ако твоето гомце изгледа доволно бугарски, тогаш ќе ти дадат амин од Софија. Ако не, тогаш добиваш вето. Ете тоа испреговараа абдали ко Заев и Шарена револуција, но нив не им се битни некакви национални интереси, затоа што ги немаат, туку ЕУ фондови, кои ќе се слеваат во нивните приватни фирми.

    Бугарите влегуваат во Уставот како ДРЖАВОТВОРЕН народ, а не како МАЛЦИНСТВО. Огромна е разликата.

    Со ова се отвора Пандорината кутија и Албанците да станат државотворен народ, а не малцинство итн...
     
    На _beautyy_, Ева33 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.789
    Допаѓања:
    274.570
    Просто прашање прашав, куп глупости изнапиша.
    Ако не знаеш да одговориш речи не знам, не е срамота.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Па, убаво ти кажав. Кој знае да чита.

    Со отворање на Уставот Бугарите треба да станат ДРЖАВОТВОРЕН народ, а не МАЛЦИНСТВО. Албанците треба да станат ДРЖАВОТВОРЕН народ, а не малцинство. Затоа, протоколот толку жестоко се турка и од нивна страна.

    Тоа дали до македонскиот јазик стои некоја фус нота или не, е тотално ирелевантно. Целата држава добива бугарска нота и потекло, затоа што сите револуционерни дејци, историски личности, населението пред Втората светска војна ќе добие бугарски карактер и во светската наука ќе се води како такво. И, ако Илинденското востание стане бугарско, револуционерите Бугари, населението бугарско како може тогаш јазикот да ти биде македонски? Значи, пак доаѓаш на нивната кауза дека македонскиот јазик е југословенска творевина, а Македонците творба на Коминтерната. Плус, отворање на пазарот за влез на големи бугарски компании во круцијалните македонски сектори со кој ќе се воспостави економска контрола итн итн.

    Нели јазикот го бетонираа пред 5 години? За да пак ли го кршат бетонот и повторно го бетонираат? Ќе ти стане јасно за 5 години околу бетон јазикот.

    Не е срамота да не знаеш, туку јас ја гледам пошироката слика, а не дали стојат фус ноти или не.

    Дома биди си што сакаш. Тие немаат проблем со тоа, но пред светската јавност и наука ти ќе бидеш Македонец како геофраска одредница, не етничка, со бугарско историско потекло.
     
    На _beautyy_, Ева33 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.789
    Допаѓања:
    274.570
    Дали некаде ДЕ ФАКТО е напишано дека се нашите револуционери Бугари?
    Дали некој веќе потпишал тоа?

    Без претпоставки, да или не?

    *Не ме интересираат штабски муабети, ако знаеш конкретно да ми кажеш - фала, ако не знаеш, пак фала.
     
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Послушајте патриоти!!!

    https://makedonski.gr/

    Едит: требаше патриоти во наводници, ама се разбираме, нели
     
    На CameliaMiller и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Сериозно?
    Ти веруваш во ова валјд? Затоа честиташ и наздравуваш?
     
    На Billy Idol, Didajo, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Убавината на овој договор е тоа што во 99% од обврските се однесуваат на Македонија кон Бугарија. Бугарија само заповеда, ние исполнуваме. Генијалност.

    Нашите историски прашања стануваат ЕУ прашања, а не билатерални.


    Ќе се става вето на секоја историска личност за која Бугарија смета дека е Бугарин, а Македонија тоа не го признава. Ревизија на учебници, споменици, славење национални празници како заеднички итн... Сето тоа си го пишува во протоколот. Јасно и читливо. Без фус ноти:)
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Заеднички историски личности. :)
    https://360stepeni.mk/integralno-mnr-go-objavi-bilateralniot-protokol/
     
    На Billy Idol и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Така ке бидат, и не само они и Црногорците и Хрватите,а мислам и Торбешите, Египќаните.
    Јазикот нема да ни го признаат кај нив.
    Како и да е,како што и реков претходно,ова е готова работа,колку и да глумат патриотизам Мицко и АПсиев. од кукање фајде нема.
    Џабе везење.
    Друг пат нема.
    Треба да се биде реален.
     
    На CameliaMiller, Ahoy, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Многу погрешно мислиш, ко и за 99% од работите што ги пишуваш (свесно или несвесно). Огромна е разлика во Уставот да си ДРЖАВОТВОРЕН народ и МАЛЦИНСТВО.

    Македонците во Србија и Хрватска се признати како малцинство, но не се ДРЖАВОТВОРНИ народи на тие држави.

    Не ги банализирајте работите. Многу се јасни.

    За да почнат преговори треба Бадинтер и отворање на Устав. Во овој состав на собранието нема теоретски шанси да го отворат Уставот.

    Има друг пат. Светските текови се менуваат. СДСМ паѓа во октомври. Затоа сега се турка процесов, затоа што народ во лето е апатичен и хедонистички настроен. Од крајот на август ќе почне вистинскиот притисок. Високи сметки, висока инфлација, прескапа струја, недостаток на намирници, нова Ковид пандемија, лошо здравство, па ќе гледаш 5 пати повеќе народ на улици.
     
    На Lianna Anna, _beautyy_, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.789
    Допаѓања:
    274.570
    Ај ако сакаш објасни ми каде е проблемот да додадеме уште некој народ покрај тие кои секако веќе ги имаме? Сериозно не разбирам која е големата штета, мислам каков проблем е што имаме Власи, Роми, Срби во Устав?
     
  17. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Едно е малцинства, друго е државотворен народ. Знаеш колкава штета се нанесува со тоа? Оние промени на истории, чуда, ете тоа. Да не зборувам за понатаму... Плус, преамбула не се менува, тоа е непозната практика во правото.
    Во меѓувреме
    https://360stepeni.mk/sovetot-na-eu...zik-a-bugarija-ja-objavi-ednostranata-izjava/
    Допрва ќе ги осетиме последиците.
    Инаку не отпочнуваме преговори, ако сте го читале протоколот тоа ќе биде после промена на устав (што не мислам дека ќе биде). Каков спин...
     
    На Tanjamm, Billy Idol, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.764
    Допаѓања:
    41.730
    Пол:
    Машки
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски

    Додека не се вметнат бугарите во устав, никакви преговори не почнуваме....

    А за да се вметнат треба 2/3 мнозинство...

    Без еуфории молим
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.740
    Пол:
    Женски
    Ај да се кладиме дека и Мицко и Димче ќе гласаат за менување устав?
    Наивни сте и верувате на приказни.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.