Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Фејсбук статус на Симона Груевска:

    Ние, научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет, Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, по повод објавената Унилатерална изјава на РС Македонија од 19.7.2022 во врска со македонскиот јазик, ги посочуваме клучните позиции на високообразовните и научните институции за македонскиот јазик.

    1. Првенствено се повикуваме на Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции на Собранието на РС Македонија, објавена во Службен весник на РМ бр: 173/2021 од 30.7.2021 (влегува во сила на: 29.7.2021), оформена според Македонскиот манифест на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ од 3.12.2020, во која во точка 3 е посочено дека треба: „Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто: - македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет; - македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.“
    Според ова, посочувањето на временскиот и на културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти, така што наведеното во Унилатералната изјава дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик.

    2. Старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на македонскиот народ. Тој го црпи својот културно-историски и национален континуитет од богатата црковнословенска, апокрифна, народна и книжевно-уметничка традиција која се развивала на етно-географските простори на Македонија.
    Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој многувековен просторен и временски континуитет во составот на големата група словенски јазици, со посебно место во рамки на групата на јужнословенски јазици (источна група). Освен тоа, македонскиот јазик, со оглед на богатите меѓујазични и меѓукултурни контакти со другите балкански јазици, има стекнато и специфична балканска димензија на својата структура.

    3. Во лингвистиката се прифатени и научно фундирани фактите дека дијалектната диференцијација во Македонија започнала од 11 век, од кога може да се следат бројни иновации, а основните црти на македонските дијалекти се проследуваат на преминот од 13 век кон 14 век. Од крајот на 15 век заклучно со 18 век во дамаскинарските книжевни текстови навлегуваат и примери од македонските народни говори. Во текот на 19 век во Македонија се јавуваат бројни дејци коишто подробно се занимаваат со посебните јазични особености на македонските говори, во споредба со бугарските и српските говори, како Христо Матов, Партениј Зографски, Е. Спространов, Т. Китанчев и други. Во 1891 год. е формирана Младата македонска книжовна дружина која го печати списанието „Лоза“ во кое се употребуваат правописни правила кои ги истакнуваат јазичните особености на македонските говори. Вистинска артикулација на идејата за македонски литературен јазик е книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“ од 1903 год. во која се изнесени основните критериуми за стандардизација на македонскиот јазик. Преку оваа книга и во списанието „Вардар“, Мисирков ја промовира правописната норма преку фонетската реализација на централните македонски говори. Македонскиот јазик во 1903 год. бил и службен јазик на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петерсбург, на чие чело биле К. Мисирков и Д. Чуповски. Македонскиот јазик и бугарскиот јазик се издигнуваат како јазични норми речиси во исто време, а македонската јазична норма никогаш не била дел на бугарската јазична норма. Македонската јазична норма се диференцира со контрастивната студија на македонските наречја од Партениј Зографски во 1858 и во книгата „За македонцките работи“ (1903) од Крсте Мисирков.
    Со прифаќањето на основните Мисиркови поставки за стандардизацијата на македонскиот и нивна разработка се заокружи кодификацијата на македонскиот јазик во 1944 год. и во 1945 год. со донесувањето на решенијата за македонската азбука и за македонскиот правопис. Македонскиот стандарден јазик стана широко прифатен во сите сфери на општествениот живот.

    4. Македонскиот јазик е впишан во Регистарот на земји и јазици од страна на поткомисијата УНГЕГН при ООН;
    ‒ Латиничната транскрипција на македонската кирилица е усвоена со резолуција во Атина во 1977 на Третата конференција на УНГЕГН при ООН;
    -Во 1992 година, на конгрес во Рио де Жанеиро, Меѓународниот ПЕН-центар донесе посебна резолуција со која се признава македонскиот јазик, литература, култура и нација
    - Македонскиот јазик е застапен во Европскиот лингвистички атлас (АЛЕ), основан под патронат на УНЕСКО;
    - Македонскиот јазик е застапен и во Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), проект под покровителство на Меѓународниот комитет на славистите, реализиран од страна на 13 национални академии на науките и/или соодветни институти од сите словенски земји;
    - Македонскиот јазик е влезен во Меѓународната организација за стандардизација ISO;
    - Македонскиот јазик е застапен на Google, како алатка за преведување.
    Во согласност со наведените факти, се изјаснуваме дека нема да прифатиме ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ и неговиот самостоен историски развој како посебен европски народ од средновековието до денес и ќе го сметаме за нелегитимен секој политички договор кој е во спротивност со востановените научни сознанија за македонскиот јазик и културниот идентитет на домашните и на меѓународните организации, сојузи и институции и со универзалните повелби и конвенции. Ние, како научни работници, потврдуваме дека, како и досега, и во иднина ќе се раководиме според меѓународно прифатените научни сознанија за македонскиот јазик во историски и во современ контекст. Се повикуваме и на Европската повелба на фундаментални/основни права чиј чл. 22 гласи: „Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост.“ Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба.
     
    На orevokrsacka и Ева33 им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Објавено на фејсбук од Иван Антоновски

    ПРОГЛАС ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ И НА МАКЕДОНИСТИКАТА

    По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Северна Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик, ние, младите македонисти, должни сме да застанеме во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволиме да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија. Објавуваме и јавно упатуваме
    ПРОГЛАС ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ И НА МАКЕДОНИСТИКАТА
    Бараме веднаш, без одложување, од страна на Владата на Р С. Македонија, односно Министерството за надворешни работи, оваа Изјава да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија. Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници. Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја.
    Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура, и затоа укажуваме дека доколку не биде повлечена, од наша страна ќе биде сметана за нелегитимна, а за нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт којшто ќе се темели или повикува на неа.
    Јавно ги повикуваме претседателот на државата, г. Стево Пендаровски и Собранието на Р С. Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми за оваа срамна Изјава да биде повлечена, бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Притоа, треба да се има предвид дека оваа Изјава се коси со Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, донесена од Собранието на Р С. Македонија. Со неа е утврдено дека треба/мора да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет и да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет. Временскиот континуитет подразбира дека македонскиот јазик не е создаден, туку само е кодифициран во 1945 година, додека просторниот континуитет укажува на јазичната територија којашто не е само во рамките на државните граници како што научно неточно е претставено во Изјавата. Со Изјава или каков и да е друг акт, никој нема право да ги брише сознанијата на науката и да не почитува акт донесен од институција којашто е највисоко тело на државата.
    Стоејќи на браникот на македонскиот јазик, книжевност и култура, но и на браникот на македонистиката, укажуваме:
    · Историјата на македонскиот јазик не започнува во 1945 година. Кодификацијата врз научно верифицирани основи е потврда на претходен долговековен јазичен, културен и национален развој и континуитет и е само една етапа во развојот на јазикот. Нејзе ѝ претходат засведочени стремежи и за претходно нормирање на македонскиот јазик, при што одделно се издвојуваат заложбите на Ѓорѓија Пулевски, лозарите –припадниците на Младата македонска книжовна дружина, Крсте П. Мисирков. Во оваа Изјава, единствената временска одредница е поврзана само со кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, а покрај неа има само безначни фрази, при што изоставени се повикувања на традицијата на македонската редакција на црковнословенскиот јазик, дамаскинарската традиција, деветнаесеттовековните стремежи за посебен јазик, заложбите на Мисирков итн. Историјата на македонскиот писмен јазик започнува уште со старословенскиот јазик и кирилометодиевскиот период и мора да се има предвид дека старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, вклучително и на македонскиот народ. Македонскиот јазик својот континуитет го остварува непрекинато, за што сведочат црковнословенската, апокрифната и народната книжевност и, воопшто, книжевноуметничката традиција, а тоа не е опфатено во оваа Изјава.
    · Дијалектното простирање на македонскиот јазик оди и преку државните граници на нашата татковина и научно е неточно наведеното во Изјавата дека континуитетот на македонскиот јазик „се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија.“
    · Погрешна е формулацијата во Изјавата дека македонскиот јазик беше признаен од Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година. Постоењето на македонскиот јазик е неспорно за светската филологија. На Конференцијата во Атина во 1977 година само е донесена Резолуција за тоа како македонската кирилица ќе се предава со латиница, или, поконкретно, како македонските топоними ќе се предаваат на географските карти со латиница.
    · Стандарниот јазик е социолингвистичка и политичка категорија, но нему му претходи народниот јазик. На народен македонски јазик е создавана македонската книжевност во периодот до крајот на Втората светска војна (како и во историјата на други народи пред чинот на кодификација на стандарден јазик) и таа е клучното остварување на нашиот јазик, потврдата за неговата посебност и пред чинот на кодификација. Да се потсетиме ‒ во 20 век, на македонски јазик создавале и Рацин, Иљоски, Панов, Крле, а претходно Џинот, Пејчиновиќ, Крчовски, Константин Миладинов... Со вака формулираната Изјава, македонската современа држава би се одрекла од делата на овие и други автори, клучни за македонскиот јазичен, книжевен и културен код. Поврзувајќи ја македонската книжевност само со чинот на кодификација (формулација: литературен јазик) и со единственото посочувањедека „литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија“, што доминантно се врзува со остварувања од последните неколку децении, без наведување ни збор повеќе за конкретни остварувања од македонската книжевна традиција и историја, со оваа Изјава политички се бришат клучни остварувања на македонската книжевност и култура.
    · Самиот факт што оваа Изјава е нелекторирана, со видливи, бројни правописни и граматички грешки, за жал, говори за односот, односно ниското ниво на свест и флоскулна, а не суштинска упатеност на носители на политики во државата (подолг временски период, а не само во актуелниот миг) кон важноста на македонскиот јазик, книжевност и култура и потребата од македонистички кадар (вклучително и лектори) и неговата важност за нацијата и државата. Како резултат на тоа и се случува ваква Изјава да биде подготвена и објавена без да биде консултирана релевантна научна и/или образовна институција од областа на македонистиката, бидејќи ако беше, немаше да може да ни се случи ваков срамен акт којшто е спротивен на македонските државни интереси...

    (Продолжува на фејсбук)

    Потписници:
    • м-р Иван Антоновски, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Стефан Апостоловски, студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Ивана Атанасова, дипломиран филолог, македонист
    • м-р Кристина Атанасова, магистер по македонска книжевност, графичка дизајнерка
    • Софија Величковска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Кристина Дабеска, дипломиран професор по македонски јазик и книжевност
    • Анастасија Димковска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик
    • Теодора Донакова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик
    • Кристина Дукоска, лектор и јазичен редактор
    • Ервин Дуровски, студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Тамара Ѓонеска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност
    • Илина Ѓорѓиева, студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Стефанија Ѓорѓиевска, студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Елена Ѓорѓиовска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Букурешт, Романија
    • Љупка Евроска, магистранд на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • д-р Татјана Б. Ефтимоска, лектор и професор по македонски јазик и литература
    • м-р Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на Институтот за ориентални јазици и култури во Париз, Република Франција
    • д-р Габриела Ивановска, лектор по македонски јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет
    • м-р Моника Илкова, магистер по македонска книжевнот, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Ниш
    • Кирил Јанакиески, студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • м-р Давор Јанкулоски, асистент-истражувач, Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ
    • Катерина Котеска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Марија Марковска, магистранд по македонистика
    • д-р Николче Мицкоски, соработник-истражувач, Лексикографски центар, МАНУ
    • Верица Мукоска, магистранд по македонска книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Нина Насеска, студентка на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Елена Остреска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик
    • д-р Бисера Павлеска-Георгиевска, доктор по филолошки науки
    • Јованка Пачовска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик
    • д-р Марија Паунова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Рената Пенчова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, проектен асистент во здружение на граѓани „Еко Логик“
    • Дијана Петрова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, писателка и професорка
    • м-р Зоран Радически, магистер по филолошки науки, област македонски јазик и лингвистика
    • д-р Биљана Рајчинова-Николова, соработник-истражувач, Одделение за македонска литература во XX век, Институт за македонска литература, УКИМ - Скопје
    • Маја Ристеска, дипломиран професор по македонистика: книжевност и јазик
    • Павлинка Ристова, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, книжарка во книжарница ТРИ
    • Милена Сиљаноска, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, уредничка во Издавачки центар ТРИ
    • д-р Трајче Стамески, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Пепи Стамков, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Радица Стојановска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Стефани Стојаноска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност
    • м-р Александра Стојковска, магистер по македонска книжевност
    • м-р Александра Спасевска, магистер по филолошки науки во областа македонска книжевност, наставник по македонски јазик во ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ – Кичево
    • д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
    • Марија Тасеска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - УКИМ
    • Марко Тодевски, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - УКИМ
    • Валентина Трајановска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност
    • м-р Ирина Тумбовска, магистер по македонска книжевност, Маркетинг и ПР во Издавачки центар Антолог
    • Ивана Филиповска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - УКИМ
    • м-р Марина Цветаноска, соработник истражувач, Одделение за македонска литература XIX век при Институтот за македонска литература - УКИМ
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Апликација на реномираната фирма Bosch, со преку 100 илјади downloads, рејтингот и беше соборен од 4.4 на 1.6 за неполни 24 часа!
    Пред неколку минути се јави и девелоперот на апликацијата MeasureOn и пиша дека се извинува за погрешните информации за јазикот и побара од нас да бидеме трпеливи до следниот временски апдејт на апликацијата каде ќе биде корегирана грешката.
    Наровучение: Никогаш не ја потценувајте силата на народот
    п.с. Производителот има и други апликации, па ако ја корегира грешката секаде, ќе направиме и ние акција и за едитирање на ривјуто.

    Screenshot_2022-07-20-19-21-34-467_com.google.android.gm.jpg
     
    На deskarada, SeaMermaid, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos уште некој чекам да ти напише.... овие погореспомнатите "стручни лица" гарант се ВМРОВци затоа така велат :D
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ама не им сметаше уништувањето на катедрата за време на вмро...
    Се разбуди баба меца од зимски сон, конечно
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Сите мои професори се бунеа.. и тогаш и сега!
     
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Абе сите се буниме на фејсбук, ама ние не сме дел од структурата која е одговорна за спроведување на програмата на МАНУ. :?:
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    EDIT: Моментално рејтингот е 1.2 :D (1.0 е најниско)

    А на ајфон е буквално 1.0

    app7.jpg app6.jpg
     
    На Ева33 и Anah им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Арен е договорот.
    Мене ми се бендисва.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Нема поубав :inlove:
     
    На orevokrsacka и Ева33 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Има многу 'поубави', ама арен е и овај.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Има огромна разлика помеѓу:
    • „Денес ЕУ ГИ ОТПОЧНА пристапните преговори со Албанија“.
    и
    • „Денес ЕУ ЈА ЗАПОЧНА ФАЗАТА за отворање на пристапните преговори со Македонија“

    ФАЗАТА може да трае и 20 години проследена со серија уцени, понижувања и себеодрекувања, а може и никогаш да не заврши.

    Тоа е исто ко да те поканат на некоја забава, ама да ти кажат дека е само почната фазата на канење, со еден куп понижувачки услови и предуслови, и дека ако некогаш дојдеш, ќе мора да дојдеш гол, да ставиш шеќер во прав и чечкалица во газот, затоа што на прославата си поканет како дворски шут што ќе глуми локумче.

    И северџаните за ова слават: „Јухууу можеби некогаш ќе отидеме на журката на ЕУ и ќе трчаме голи со чечкалици во газот и ќе си пееме „ние сме локумчиња, весели локумчиња“ (poolparty)
     
    На _beautyy_, orevokrsacka, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Фазата ќе трае толку - колку што сме способни да ги поминеме поглавјата.
    А ко шо не сме, нема да ме чуди и 50 години да ни требаат.
    ... судејќи по минато искуство.
     
  14. Krisssss_93

    Krisssss_93 Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Иронична си така? :)
     
    На H.VAGA, _beautyy_, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    11.838
    Пол:
    Женски
    Аман каква способност? За менување цеел идентитет?? Па ова е рамно на шизофренија.
    Гледаш на шо сѐ осврнуваат во целиот процес? На работи како име, знаме, јазик, химна, историја, книгите какви да се, па не знам ти шо уште...
    Да беше, да речиме, корупцијата, стандардот, судството тема на дискусии за рокадирање, ќе сфатам дека за нешто "салам" се фатени и работата оди во вистински правец.
    Со вакви барања, "сменете тоа шо бара бугарија" па ќе видиме кога датумот за преговори, мене ми е патетична еу, си плукнала самата во себе. И јас како карактер некој вака да ме (извинете на збор ама така се осеќам) подјебава дооолги години, јас би рекла - не, јас не сум марионета, не задоволувам туѓи барања, пре би работела на самата себе.
    Се смеам восхитувам чудам на сите кои се надеваат, вака правеа и за преспанскиот. А бе луѓе со факултет ќе речиш паметни умни, а бе излегоа да гласаат, готово да видиш во муабет како надежни беа, ахаа подобар договор немало и биднаа. ќе патувале тие во еу, ќе имале поубав живот, до децата дури стасаа "не сакате децата да живеат поубо" (highfive) И шо добија? Барем вака малку измамено не се чувствуваат и засрамено од себеси?
    Една Албанија летна пред нас, и да знаете ќе влезе во еу, какви патишта има, модерна станата, ние види нѐ ко некое џупче фрлено в џунгла. Па срамота ми е кај се движам, ама не побитно е сега да докажиме Гоце шо бил, отколку животов колку нѝ е квалитетен. Со вакви полтрони 30 години во фотелји, од душава ми се гадат, проклети да се!
     
    На H.VAGA, _beautyy_, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Нема грешка :rofl: освен под поглавја ако мислиш на нови уцени од комшии.
     
    На _beautyy_, fana, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Не.
    На овие мислам:

    11.png
    12.png
     
  18. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Два пати објавуваат слика oд авиони, се сликаат ко недоветни,сечат торти, за лажен почеток на преговори....
    И не е тоа страшно, страшно е што има оФци кои уште ги гласаат...

    Македонија од датум на кој ќе биде објавен датумот за почеток на преговорите со ЕУ, доби датум во кој започна фазата на отворање на пристапните преговори со ЕУ...
    Не знам ни јас што кажав. :?:
    добивме..... од трите подолгото.... Така еден поголем европски..... по стотти пат.....


    *ЛудаКомуњара.... :rofl:
    IMG_20220722_125129.jpg
     
    На _beautyy_, SeaMermaid, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    На _beautyy_, Amellie13, SeaMermaid и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Krisssss_93

    Krisssss_93 Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Да сфаќаа луѓето немаше да сме банана држава
     
    На Luciferka и EvAngelos им се допаѓа ова.