Владата на Република Северна Македонија го објави предлогот на француското претседателство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bratot, 1 јули 2022.

?

Дали го поддржувате францускиот предлог?

  1. Да

    8 глас(а)
    3,7%
  2. Не

    166 глас(а)
    76,9%
  3. Не ме интересира

    12 глас(а)
    5,6%
  4. Не сум информиран/а за што точно се работи

    30 глас(а)
    13,9%
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.669
    Допаѓања:
    141.017
    Втор ден врие народ пред влада. Денеска бев со колешка од факс, бивши член на совет од СДС, уште нивни член. Со точаци :)
    Овие прифатиле веќе, сеа перат газови.
     
    На Didajo, tessie, Роберт 7 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Ќе рече човек дека немаат можност да имаат сопствен став затоа што им се врши партиски притисок како да дејствуваат и прават.
    Но, не, најчесто немаат ниту капацитет за да стават прст на чело, да ја разберат ситуацијата логички и да имаат јасен, концизен и независен став.
    Не можат тие сами да мислат и расудат за било која ситуација. Они чекаат наредби и насоки од штаб за како да мислат и делуваат. Copy-paste агенда и политичка реторика да го бранат нештото за кое добиле наредба.
    Мозокот им се состои од две клеточни вијуги, од која едната затајува на моменти.
    Ете, до толку се лоботомирани.

    И баш од такви вошки сме стигнати до ова ниво. Од терањето на нивниот паразитски живот за бедна административна работичка, напикани по паркинзи и зеленила и некои други такви "клати врата, земај плата институции." Закачени на државна цицка или на ЕУ фондови. Не се ниту способни за друго.
    Не и требаат такви паразити на ЕУ да ја цицаат.
    Канцер на една нација се.

    Убаво кажа Горан Стефановски во драмата "Диво месо“:

    "Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Воздивнувате по Германија, а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два. И им пречи на Европјаните да прават кариера! Не знаете да се чувате… живеете на вересија… ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини… Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“

    ***

    Ако уште некој не го разбира францускиот предлог, да знае само дека е полош и од најлошиот ултиматум до сега виден во човековата историја, оној кога Австро-Унгарија им го врачила на Србите по кој е почната 1СВ.

    [​IMG]

    Нашиот е полош затоа што не е ниту конечен. Дури и да го потпишиме и да се согласиме, Бугарија има право да не блокира и понатаму во преговорите кога сака.

    Некој ќе рече дека ние не сме држава на ниво за ЕУ?
    А Бугарија е? Романија? Хрватска?
    Полска, Чешка, Словачка и Балтичките земји беа?

    Кипар ли е држава за во ЕУ? Кaде што цути криминалот, мафијата, перењето на пари, даноци. Држава каде што пола територија им е под грчка управа, а другата пола под турска, со ѕид меѓу нив и меѓународна армија која го одржува мирот.
    Тоа ли е држава за во ЕУ?

    На ЕУ гајле и е какви реформи се прават. Дали е државата корумпирана, какво и е школството, здравството.
    ЕУ е политичка унија и во неа се влегува единствено ако унијата има некој бенефит од влезот на земјата.
    Од Македонија нема, нема да има, и нема да влеземе никогаш.
    Да имаше, да сакаше, ќе влезевме 2008.
     
    Последна измена: 3 јули 2022
    На H.VAGA, Didajo, deskarada и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Можеа да ја притиснат Бугарија да го тргне ветото, ама не сакаат. Не верувам дека ќе не примат. Сега за бегалците од Украина ЕУ не и платила на Полска, а вети. Двојни аршини.
     
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Се се знаеше уште од моментот кога Рама наводно се нашали и не претстави како “Future west Bulgaria”.8)
    Тоа е уцена.
     
    Последна измена: 4 јули 2022
    На Ugly Duckling и fana им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.390
    Пол:
    Женски
    тој нека не дрнда многу-многу
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Ептен голем шок ќе ни дојдеше нова придавка + промена на име.

    Вака веќе се провикнавме на придавката, ништо нема да смени та северна - та западна. Плус западна е свет збор, ќе ни биде мило да станеме дел од западот. Та Македонија - та Бугарија, исто е...
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    22.674
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да се изначудам колку ладно прифатија некои промена да име.
    Битно беше само европа, да им се отвореле граници.
    А зборев(можеби не на форумов), зборев дека после грција еден по еден ќе се јават сите и ќе бараат повторно нешто да промениме.
    И уште полошо ќе биде и нема да постоиме, ќе не збришат.
    Од ова зло, што го направи ова на нашата држава, поголемо нема.
    Политичкото сценарио одамна е јасно.
    А народ е овца што лесно се стриже.
    И најжално е што луѓе им веруваа, им дадоа поддршка, а направија пустош.
    Уште пожално е што има што се уште им веруваат.
    Искрено, не верувам дека можам да имам доверба во било чија политика.
    Но, пак ќе кажам, народот е крив.
    Овие протести ништо нема да помогнат.
    Граѓанска непослушност само, и тоа го зборам со години, сите на улица, ништо да не работи, ни училишта, ни болници, ни градинки..... а тоа нема да се деси.
    Ама Европа нас чека!!! Баш нас.....
    Оо па тек тогаш кога ќе рипнат цени уште толку....
    Па не 2000 евра метар квадратен, 5000 ќе биде....
    Не 50 денари леб, 120 ќе биде.
    А за возење во кола ќе почнеме да сањаме.

    Нека.... Само нека биде помалото зло...
    Еве не знам како би изгледало поголемо зло од ова!
     
    На Feminka22, Tanjamm, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Наводно ставиле превод на македонски на предлогот:

    Ептен на брзинка ги разгледав, ама ми делуваат скроз различни. Во мк верзија се спомнува короната и поголема цензура за Русија.

    Не знам дали ја трипам или уште не се способни да пишат превод. Т.е. не сакаат.

    https://vlada.mk/node/29432
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Пола се пишавте бугари, па сега ќе плачите.
     
    На Серотин, Feminka22 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.944
    Допаѓања:
    130.304
    Пол:
    Женски
    На тие што се пишани Бугари не им е гајле за државава.
     
    На Feminka22, Tanjamm, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Смешен обид за релативизација на бугарските барања.
     
    На Bitter-Sweet, Priroden, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Аха...
    Чекај сега ко ќе побараат по Рамковен застапеност во сите инстанци на државата.
    Ќе се искиниме од смеење.
     
    На Серотин, Feminka22 и Directioner005 им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.539
    Пол:
    Женски
    Многу јаки коментариве по социјални мрежи.
    “Не ни треба ЕУ”
    А пишува од Келн:rofl:
     
    На Feminka22, Tanjamm, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  14. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.228
    Допаѓања:
    189.405
    Не е тоа обид за релативизација, обид за дистракција е- ние ништо, вие криви. Во принцип и проаѓа, таков петпарачки муабет, јер левичарска прогресивна мисла е тоа, ние наспроти вие, еве ти ја вината, раздели па владеј:angel:...
     
    На _beautyy_, VDT2906, zuto и 6 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ние и Вие е едно те исто.
    Колективно ја ебавме утката на летање... децении поназад...
     
    На Directioner005 и fana им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.539
    Пол:
    Женски
    Па сега види,не е дека не се криви.
    Ако во една држава имаш 120 000 луѓе со бугарски пасош тоа не е мал % па од таму се барањата за нивно вметнување во Устав,нивни права и сл.
    Значи никако не може да се негира влијанието на бугарските пасоши или нашите македонски граѓани односно Бугари по определување во овие меѓудржавни преговори и уцени со и од Бугарија.
     
    На Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.228
    Допаѓања:
    189.405
    Тие 120.000 не се ни 10 посто. И никаква врска немаат со целокупната стратегија на продавање, јер како што рековме, да сакаше некој тоа што сака мнозинството, веќе ќе бевме во ЕЕА. Така и пасошите ќе беа излишни, ама и некои џебови ќе беа попразни. И тоа би било.
    Како се вика општествено уредување кајшто шака луѓе уништуваат една нација, на која формално и припаѓаат?
     
    На Tanjamm, _beautyy_, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.539
    Пол:
    Женски
    Остај ти тоа не се ни 10%(можеби и се)и да се 3% имаат право Бугарите да бараат малцински права,и чуда…ко што бараат, благодарение на нашата држава и на тоа што наши Македонци по самосвест нели станале Бугари уназад 3 колена.
    Значи не збориме дали државата е крива што водела погрешни политики,крива е,а муабетот за ЕЕА е во последниве 4 години.
    Ниту пак постоела некоја конкретна покана за влез во неа па сме одбиле.
    Пасоши се земаат годиништа пред тоа.
    Сега данокот ќе се плати.
    И тоа факт кој не смее да се минимизира.
     
    На Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    515
    Пол:
    Женски
    Pa ne se site na drzavna cicka da ne se pisat i zosto se pisani. Prasaj gi dali imale leb da jadat, ubavo e za nas so ima da se tovime...