1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакна на лицето

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од natasanina, 17 ноември 2011.

  1. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    Имам еден проблем па сакам совет.Имам црни влакна на лицето,подбрадокот и надусниците,ги депилирам скоро секој втор ден,ама веке со години и ми е здосадено.Имам апарат за депилација,некогас со крема ги отстранувам зависи кога како.Ме интересира за трајно отстранување на влакна со ласер,колку тој помага за лице,дали се ретчаат влакната,да не има последици,и кај да ги отстранам ,колку сето тоа би ме чинело.Ве молам за совет.
     
  2. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    не е страшно велат познанички мои кои го имат искусено тоа али ја имам пример плави на брадата али несакам да ги ваѓам страв ми е да не си направам беља па повеќе да ми излезат :)
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.817
    Допаѓања:
    25.759
    Другарка вадеше влакна од лицето, ласерски во Скопје пред година ипол. Ја фати околу 300 евра, нема никакви последици, и нема ниедно влакно на лицето сега. Ако сакаш ќе ја прашам каде точно го правеше третманов, ама знам не се вадат од еднаш туку дека се оди подолго време.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.264
    Најубаво е да провериш хормонски статус. Можно е да има промени,ќе ти препишат нешто,па кога ќе се средат хормоните,ќе ти се повлечат и влакненцата.
    Значи да,има девојки кои ете природно се предодредени да се влакнести,раце,нозе,на нормални места,ама штом се работи на брада или подбрадок,што не е својствено за женско најверојатно се работи за хормони.
    Оди провери си,ништо не те кошта. Поубаво тоа да го решиш,отколку да преземаш некои чекори,депилации чуда кои можат да го влошат проблемот или привремено да го решат.
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    kuklicka ај те молам прашај ја другаркати се кај одела и колку време сето тоа траело и дали одела на ласер или можеби нешто друго,и дали доколку одиш на ласер ти треба хормонален статус.фала ти однапред. :) :hai:
     
  6. merak

    merak Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ке одиш на ендокринологија за испитување на хормоните и ако имаш проблем ке ти препишат диане и влакнта ке ти се повлечат ама треба многу време да ги пиеш
     
  7. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    ако проблемот е во хормоните и по ласерското отстранување постои можност влакната да ти се вратат.Во козметичките студија не ги интересира тоа туку гледаат како да ти ги земат парите.Подобро земи си упат од матичен. отиди на ендокринолог и со диане 35 може да се реши проблемот.Од диане и кожата на лицето станува чиста и свежа како да имаш пудра цело време ,но пази некои се жалат дека се здебелиле од таблетите :!:
     
  8. antin

    antin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Imam eden problem kaj sto se imam briceno na gradite sega mi izleguvaat edni fleki beli suvi i na liceto se mali duri ne primetlivi kazete mi sto moze da bide toa.

    [mod-kirilica:3d3u67uj][/mod-kirilica:3d3u67uj]
     
  9. ColdGirl

    ColdGirl Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    А што мислите за депилација кај Д-р Анчевски? Ако некој има направено третман, ве молам нека каже ...
     
  10. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    можеш да пробаш со избелување на влакната на надусниците се прави со хидроген и бланш....нема врска колку процентен хидроген во капачето од хидрогенот се става малку хидроген и малку прашок(бланш) и се меша без вода се става на надусниците има мало пецкање додека го чуваш,пет минути се чува се брише и се мие со вода....но не е трајно решение...поззз (ако направиш отстранување со ласер пиши какво дејство имало)
     
  11. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Немојте да пиете хормонални лекови па дури и доктор да ви ги препише. Опасни се и канцерогени. ова го зборам од лично искусво не си играјте со здравјето. Можеби мојата мака ке помогне на некој од вас. Немојте!!!
     
    На renata2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    одлучив да си купам крема или хидроген за избелувањето,што е подобро и по не штетно?
    сакам да ве прашам каква е постапката, некој што го има правено ова дали ќе можи да ми објасни?
    дали настанува некое црвенило, инфекција,горење на кожата и слично?
    може ли да ми се оштети кожата, да ми се зацрвени и после избелувањето ќе астат уште или? само зашо сум само 16, немам многу влакна ама на денски онака надвор да испаднам се забележуваат и ми намалуваат самодовербата, и затоа често избегнувам контакти со луѓе, знам глупо е многу, ама..
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Грешка, кој те учел да се бричеш на гради и лице??? Не си машко ваљда.
    Најубаво е да посетиш дерматолог бидејќи по описот што го даваш веројатно се во кожата.
     
  14. nemam ime^^

    nemam ime^^ Нов член

    Се зачлени на:
    25 мај 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас имам влакна над устата (бркчиња) и не знам што да им правам, а црнички ми се..Мајка ми не ми дава да отстранам со ленти мала сум била и никако не можам да ја убедам. Да не знаете негде да не има некоја крема или нешто за избелување влакна се надевам бар тоа ќе ми даде..:?: Иначе имам 13 години.Многу ми се густи и црни дека во семејство по влакнести сме,ми сметаат,инаку нема да ја замарам толку мајка ми... :(
     
  15. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    ако ти сметаат многу со ленти за депилирање ги има и посебно за надусници , но колку ти се исплати дека имаш 13 год и сепак си на почеток на пубертет
     
  16. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    305
    Со што ги имате избелувано влакната кои се наоѓаат во регионот означен на сликата? Доколку може да ми дадете предлози за препарати (и постапка за користење) што можам да ги набавам во подобро снабдените маркети или аптеки бидејќи не сум од скопје. face.jpg
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Помош влакна имам под учите како пто е на горе наведената слика и кај муцката, некако ми ја уништуваат самодовербата посебно кога некој ке се доближи до мене некако се скријам за да не ми е непријатно. Се депилирам со една крема ама депилираното ми трае од 4 до 5 дена и потоа пак дали помагаат некои ленти со кубенје? оти ова вака само површно одма порасне.
     
  18. little.doll

    little.doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    23
    Дечки што мислите дали доколку ги кубам влакната на подбрадокот со пинцета, се прават повеќе влакна на тоа место ?
     
  19. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Мене ми се направија повеќе. Па дури и внатрешни. Сега ми е жал што воопшто почнав...
     
  20. AStojanovska

    AStojanovska Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo, jas go imam istiot problem so vlakna so godini probuvav so cupalica no imav se povekje i povekje od koga go zemav laserot na philips lumea rastot na vlaknata e namalen,ima delovi kade sto vekje voopsto ne rastat ili gi gori (obeluva).
     
    На Buba6633 и eta им се допаѓа ова.