Кој се разбудил? Јок бре, нит насловна, нит цели документарци не може да го намали прометот на козметичарките. Замислувам после апокалипса првото кафе со пријателки и главната тема “леле ја виде онаа нечупаната, имаше мов на рацете!!” После ти го видов другото мислење, сроз си ми го промашила сарказмот. Продужи даље...
Не е проблемот воопшто тоа. Проблемот е што депилирајќи се, пишуваат на темава дека длакавоста треба да биде сенародна, општо прифатена. Не се депилирај, дај аргумент, до тогаш ништо нема поента што се дискутира. Мислам логика нема. Сакам да сум длакава ама чекам Верче да ми се јави кога можам да отидам најбрзо на депилација. Па на самиот форум имаше реклама за Филипс Лумеа, што не пишевте тогаш како не им е срам и арам така да ве деградираат, вие сте жени и барате право за длакавост во секоја пригода, време и простор, него ај....
Може да е лануго (бебешки неприметливи влакненца) или светли за кои треба да имаш доста остро око за да ги видиш, па после нели да ги коментираш колку се одвратни.
Како успеа во два цитати да се побиеш себеси? 1. Не шејмам хормонски дисбаланс 2. Ако се преферираш влакнеста Кој преферира влакнест? Некој намерно има зголемена влакнетост на лице, раце, нозе? Битка со влакна е неконечна битка, едно си исчупал, две пораснале. Башка јас овде гледам сериозна опседнатост со стерилност ( не во некој твој пост, општо по коментариве) како мов на раце била гадна, бљак, како лице се депилирало за да лежи пудра и штотијазнам. Па секој еден човек има мов, не станува збор за хормонски дисбаланс. Не бе, ич не осудувате, пред да осудите извештај од ендокринолог да ви се покаже, и одма све е у реду, ок.
Нека крене рака кој препозна сарказам у твојот пост, * твоите раце не се рачунаат.* Поентираш со примеров. Пребитен момент и не толку далечен, ама се се мислам, тогаш идејата т.е кампањата за длакавост не беше излезена уште.
Мислиш дека твоите прабаби, заедно со генерации и генерации жени уназад низ вековите шетале длакави од пробуденост и желба за еднаквост со мажите? Не, туку пошо тогаш тасмосана минџа не спаѓало во описот на тоа каква треба биде "вистинска" жена, туку сасвим други ствари од типот на сукање зелник за домаќинот.
Значи, мене мов ми е цело тело кога не ми е депилирано. Ако на некого му смета ова, треба да се запраша што му фали во животов па се замара со личност што има мов. Страшно.
Болдираното ? Аха, па штознам, мислев дека како што има девојки што преферираат да се депилирани, има и од оние кои преферираат да се длакави односно недепилирани. Зошто ставаш акцент на зголемена кога поентата е влакнетост ?
Епа не знам што е влакнетост. Ако збориме за лице и има потреба да се депилирам ваљда е зголемена. Тоа шо се врти муабетот за мишки, нозе, интимни регии, не знам шо е поентата.
@lovestoneddd Не можам доволно да ти реплицирам колку што од влакна на лице и пудра, па хормонски дисбаланс, па слики од пазуви ти отиде правецот. Среди си ги мислите и фокусирај се што сакаш да кажеш. Моите коментари се на темава и сите твои бљуцкања од истата, па после не е за тоа демек, ама не ми смета ако е од хормони ама за пазуви мислев итн.. just can’t
За уништување теми и офтопици конкуренцијата е огромна. Треба на крај година да се избира ОФтопичар на годината.
Не туку немало потреба. Ја знаеш онаа, рџавом ☆урцу и длакe сметају- е тоа е сега Од немање услови, влошки немало - да се вклучам во трката за офтопичар смер историографија
Па како се бричеле мажите тогаш? Восокот и шеќерната паста вчера ли ги измислија? А од друга страна ѕирни некој порнич од 80тите, сите се со прашуми, не од немање услови или желба за еднаквост со мажите, едноставно таков бил трендот тогаш и никој не паѓал во транс коа ќе видел длакава дунда, си го сфаќале за нешто нормално. Мислам дека многу луѓе не сфаќаат колку општеството игра улога во градењето слика за тоа како треба да изгледа и се однесува една жена за да се вклопи во калапот на тоа што во тој даден период се смета за "вистинска" жена и да не биде исмејувана. Баба ти да се тасмосала и да им се пофалела на комшиките ќе била мета на потсмев, денес ти ќе бидеш мета на потсмев ако не се тасмосуваш. Меѓутоа морам да напоменам дека кога станува збор за зголемена влакнетост на лицето, ситуацијата е друга, тука веќе се работи за биологија, затоа што природно жените немаат брада, па појавата на истата укажува на одредени хормонски проблеми кои треба да се третираат првенствено од здравствен аспект. А дундата дал ќе биде тасма или со линија или длакава, тоа е веќе мода.
Работи поврзувам, теми не Нејсе, одувек ќе има шејминг. Демек некој што зазел став дека е гадно, му е гајле дали имаш здравствен проблем пред да те осуди. Секогаш прво оди плукањето. За веѓи обожавам густи, а ги немам. Еве јас сум од тие што попусто сакаат бушави, бујни веѓи, ама ко за беља и тие две три влакна мора да ги бојам да ми имаат бар нијанса. Верувам дека кај повеќето она што го има минимално влакна кај надусници не се ни познава. Не знам, не им буљам на девојките у лицето. Никогаш не ми бил некој битен фактор. Се поголема влакнетост како што кажав и претходно треба да се провери стручно. И то е то.
На порничите од 80тите жените може имаат цела прашума во меѓуножјето, ама брада немаат. A влакна немаат ниту на гради, ниту на стомак. Значи не забегувајте, ако општеството сега наложи дека длакавоста е ин, дали тоа жените што не се природно длакави, ќе треба да се клукаат со тестостерон за да бидат во тренд? Не! Значи не ми треба тренд за да знам што ми треба за да се чуствувам удобно во својата кожа, а тоа сигурно не е да растам влакна до недоглед.