Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    180.744
    Милемитекна :tmi:... сум чула дека сега, ради хемиски влијанија, помали биле фалусите. .. па, јбг, не може таму некоја прашума да пречи, мора директен контакт, секој милиметар е битен:rofl:

    Ова е уствари интересно четиво, во секцијата оф топик- нормално https://www.euronews.com/living/202...se-of-pollution-warns-environmental-scientist
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Многу точно
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не мислев на услови од тип на жилет, али добро, ќе се надоврзам утре.

    Тоа што х период отпосле жената успеала да се дочепа до жилетот на мажот не е уназадување за женскиот род, туку спротивно.
     
    На christinnn и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Интересно како баба ти не знаела дека треба да биде тасмосана за да се чувствува удобно во своја кожа?

    Како дотичнава певаљка не знаела за тоа па се сликала за омот на албум со длакави нозе?

    Хммм, пошо немале општествен притисок да биде таква, пошо не била опкружена со филмови, серии, слики од инстаграм и фб во кои жените се мазни?


    356775_saveta-jovanovic-album-lazno-je-lazno-sve-sto-je-tvoje_ls.jpg


    И ме интересира уште нешто, пошо мислам дека ти тврдеше дека недепилираноста укажува на нехигиена зошто тогаш никој ги шејма мажите со длакави мишки, гради, ташаци, туку напротив се исмеваат депилирани мажи и се нарекуваат педерчиња?


    За влакнетост на лице и гради веќе кажав дека укажува на здравствен проблем и тоа е сосема друга работа и треба да се третира.
     
    На Autumn_, deskarada, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде ваква тема на муабет, пред да си изнесуваме преференци и критериуми за привлечност мислам важно е да застанеме и да се потсетиме од каде доаѓаат.

    Факт е дека на поголемиот дел од нас ни пречат влакна и самите се осеќаме поубаво без нив, ама зошто така се осеќаме сте се запрашале? Без дебата, еволуциски влакната се неопходна работа, да не беа немаше да ги имаме, просто ко грав. Ова важи и за тие на лице, фала богу. Непотребно ми е да се дискутира ова за нешто што толку очигледно е производ на општествени моменти.

    Мене најинтересни во темава ми се тие што викаат ако ви е толку природно што се депилирате, шах мат. :D Аммм... бидејќи живеам во точка од општеството каде тоа е стандард? Од иста причина носам градници место корсети и се шетам со фармерки а не викторијански фустани. Не знам, треба ли да се осеќам победено од штосов? Јас сум доволно свесна дека го преферирам мазното чувство затоа што тоа ми е ,,продавано" од најмали нозе, не гледам ништо спорно во тоа. Ама воочувам дека многу луѓе не се свесни за ова и мислат дека се сакаат мазни поради некој апсолутистички стандард за убавина, што уствари не постои бидејќи убавината е социјален конструкт. Не е тешко ваљда ова да се свари. :?:

    Иста приказна е и за шминката. Неприродна е, ама тие што одбираме да ја носиме не ја носиме на сила. Сакаме да се шминкаме, секако, ама желбата ни е под влијание на целокупната општествена ситуација во оваа точка од времето.

    Ептен ограничен ми е ваквиот поглед некако. Еден цицач има ментална реакција на тоа на која позиција од телото друг цицач има влакна. Мислите мајмуните ги интересираат вакви работи? :D

    Anyway, дојдов да кажам @WildMk бедест бич на форумов си. :*:

    П.С. Да се забрани со закон зборот длакавост, не знам кај го ископавте.
     
    На Cherry blossom89, 1209, Celltica и 18 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.032
    Допаѓања:
    268.549
    Мов на лице :)
     
  7. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    За мов на рацете беше поставено прашањето.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.032
    Допаѓања:
    268.549
    Тоа не сум чула.
    Јас си имам proper влакна на раце, никакви растенија :D

    Ова прифатливо или не ми е толку преглупо искрено, ама ајде, еден ден ќе научиме можеби дека се' е прифатливо, додека некој не е психички/физички повреден.

    Дали сум некому прифатлива или не, што знам, повеќе зборува за негови, него за мои проблеми.
     
    На ane.bella, Celltica, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па баш и не се чувствуваш удобно во своја кожа ако мораш да ја промениш за да се чувствуваш удобно. :)
     
    На cresa-jagoda, Celltica, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.158
    Пол:
    Женски
    Во ред е секоја одлука шо некој ја носи за себе. Пробај, прејако е. Куроболие на најјако. :l:
     
    На cresa-jagoda, Celltica, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Баш така.
    Се депилирам оти ми е срам од другите.
    Не мислам дека грдо изгледам, 'дури' и кога ми е вака порасната брадата.
    ... ама срам ми е...
    И не можам да се отарасам од срамот.

    Првиот пат кога одев на електролиза, докторката ми рече дека меѓу третмани не смеам да ги депилирам (исто и за ласер важи), туку да ги кратам или бричам. За да не ги оштетам фоликулите.
    Застанав пред огледало со бричот и плачев... плачев ко кишна година...
    “Каква жена сум јас? Ебати жената шо се бричи“.

    Ете тој е еден од ефектите врз жените кои имаат брада.
     
    На 1209, winnie02, Guns N` Roses и 15 други им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Луѓето подлегнуваат на пластични операции, не значи дека ако си роден во такво тело, треба да го прифатиш. Дел од тие операции не се прават од аздис, туку од медицинска потреба. Ако има девијација на септум и притоа неможност за проток на воздух, зошто да се измачува. Огледало имам, ако нештото естетски и физички ми создава дискомфор, не гледам причина да не се острани.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Една операција од здравствени причини, 100 од аздис.
     
    На winnie02, cresa-jagoda, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Па не би рекла, девијација на септум, намалување на гради, отстранување на бемки поради промени, итн. Не знам аздисот каде е....
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Во тоа нема аздис, ама мнозинството се баш од аздис.

    На мајка ми во Ремедика и' ја вадеа градата оти имаше рак, а до нејзе лежеше 19 годишно девојче што и ставија силикони, оти “мали и' биле градите“.
     
    На cresa-jagoda, ane.bella, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Контрадикторна си. Сакаш да пушташ влакна, а се буниш дека нечиви цицки биле аздис. Нели треба да се прифатиме сите?!?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Не сум контрадикторна и не реков дека треба 'да пуштаме влакна'.
    И јас не ги 'пуштам'.
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Епа што е поентата на темата што си ја отворила. Сите се депилираат, дебатираме дека не треба. Јас нешто не разбирам тука, ама нема везе.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Едукација... посебно за младите мажи.
    Дека има и жени со брада, повеќе на број, отколку што си мислат и кои се реперкусиите од тоа.

    Ама нема мажи баш што пишуваат, па испадна да е едукација за жени.
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А што ќе ти пише маж на темава? Се знае одговорот и исходот од неговиот одговор.
    Едукација за влакна, каква е таа, на себе ги има, што треба да дознае повеќе од тоа ако не ги депилира ќе растат.