Физички дискомфорт разбирам. За естетски не можеш да збориш дека си го прифатила своето тело ако имаш потреба да го коригираш. И да, не гледам деца да мислат дека им фали нешто или дека се грди додека некој од надвор не им каже. И тоа е најочигледно кај адолесцентни девојчиња. Со влакна никогаш не сум имала проблем, иако се депилирав ради peer pressure. На 22 години кај БИВША другарка на кафе седиме со бившиот и госпоѓата ме чепка на подколеница и втор ден бричени влакна - боцкаат. Ме гледа осудувачки и гледа кон бившиот ми. Демек што ќе мисли тој за влакната, земи среди се. Е, тие луѓе се бивши во мојот живот. Па нека се пеглаат колку сакаат. Истата таа "другарка" и истото тоа друштво од комплекси имаат куп третмани и куп операции правено. Мислам дека нема некоја од друштвото без пластична операција. Јас сум "бележана" на лице. Моите сакале да ме оперираат уште рано ама матичната не им дала, да ме пуштеле јас да си одлучам. Куп криви погледи, куп прашања за моето лице и ептен самосвесна бев еден период дека "не сум убава". Дека косата ми е како "був", дека изгледам ко да сум падната, тепана. Дека имам газ како два листа нова Македонија, дека очите ми се мали и апсолутен хорор за шминкање.ж, дека лицето ми е претркалаезно, а рамењата прешироки. Каде е границата? Кога е доста? Што сѐ не е во ред со мене? Искрено, прекрасна коса имам. И совршена боја на очи. Фигура имам песочен часовник, bodicon фустани најубаво ми стојат. За лицето последен пат лекар пред 3 години ме има прашано, ама од лубопотност, не од мисла да дознае "зошто сум поразлична од другите и што може да се направи за тоа". Не знам, научете се да се сакате. Комплекси можеш за сѐ да имаш, ама не можеш да кажеш дека си се прифатила и дека "се чувствуваш удобно во своја кожа" додека бараш начини како естетски да го модифицираш телото.
Привлечно е според тебе? Едно е да имаш проблем и да го приложиш тоа како таков. Но, прашуваш дали влакна на брада привлекува мажи. Ете имаше пар мажи се изјаснија, дека не. Ако нр си расположен да го чуеш туѓото мислење, не прашувај, просто едноставно. Но не може за мене да говориш што ми е убаво за око, а што не е. Можеби ти сакаш свет на амазонки, јас сакам свет на други работи. Твој проблем, мој проблем.
Јас сакам свет во кој нема луѓето да се повредуваат едни со други. Од дното на душата сакам таков свет. ... ама кој ме прашва шо сакам...
Пошто светот се врти околу мене или околу тебе. Светот е таков каков што е, прифати, промени или медитирај. Со мене ќе се расправаш, но дали ќе престанат жените да се депилираат, не. Дали на мажите ќе им стане привлечно, не. Живеј си за себе, имаш маж кој те сака, што те тангира Грим од Пичковац што мисли.
Види вака, борбата против дискриминација од Х причина, не моја да ја водат само луѓе кои се директно засегнати од нештото. Исто стојам зад сите дискриминирани на планетава. Ме тангираше, ме тангира и ќе ме тангира. По хуманистичка основа. Да немаше баланс со такви будали ко мене, purge ќе имаше секој ден по улици.
Значи сепак станува збор за естетика и привлечност, а не за хигиена. Тоа е моментот што многумина барем мислам ги допре. Можеш да кажеш дека не ти се привлечни влакна, а не дека недепилираните се небањати, прљави, смрдат, не водат ред за себе. Има делови од телото што не сакам да ги депилирам, затоа што после секоја депилација имам црвенило и мозолчиња. Повеќе би сакала да ми е здрава кожата, отколку да ја изложувам на стрес за да не му изгледам некому нечисто. Треба да разберете и да имате доблест да се извините за некои работи, а не да терате со глава во ѕид. Има разлика од лична преференција и директна навреда.
Борба против дискриминација ја водиш на форум. До колкава маса допираш? Ете, никој не ти брани. Биди првата жена од Македонија која се гордее со своите недостатоци. И јас имам куп недостатоци на телото, кои гордо си ги носам и експонирам. И фала богу отчет од комшијата дали е привлечно или не, не барам. Гајле ми е. Да ме жалат, уште помалку барам. Барем сум здрава и жива, се друго е небитно ко к*р на тв1000.
Teмата замина од аспектот привлечност, во моментот кога почна ти за чупакабри да збориш. Спојлер: spojler
Па нормално, дома нека си смрдат. Нема да им го реметиш раатот да излагаш божегосподе да им шириш смрдеа. Каква претенциозност да излагале надвор ццц.
Жено дај најди си хоби, сега по влакна си дискриминирана? Уште некој проблем заради кој ќе бидеш жртва и херој истовремено? Не ми сметаат влакната ама ги бричам, или не ги бричам ама ми сметаат...одлучи се. Познаваме скоро сите жени со влакна на брада или бркови кои скоро никогаш не ги депилираат па не прават паради заради тоа. Прво што сум помислила е дека веројатно не смеат заради проблем некаков, знам дека воопшто не треба да мислам зошто не им се издепилирани ама ете помислувам за секунда и толку, си продолжувам со живот. Не ги гаѓам со јајца
Не туку форум е место да си го искажеш мислењето, а не да глумиш. Во јавност, на никого ништо му немам кажано, ниту пак погледнато со гадење, ниту чудење. Едноставно, не приметувам, затоа што ми се никој и ништо во животот. Сметав дека може да си ја дадеш својата реална слика на нештата, ама нејсе. Следна тема ќе давам афирмација и амин на се, да не навредам некој што не разликува реалност и виртуелност. Ајт со здравје
Категорично не. Што знам, може јас да сум забегала малку со размислувањето дека една жена треба да биде поим на елеганција, префинетост и софистицираност. Се дивам на жени кои секогаш успеваат да остават впечаток дека се потрудиле на себе си. И не секогаш тој труд е за мажи. Најчесто е за самите себе си. За мене лично, ова е негрижа. За чистотота и бактериите не навлегувам, тоа е веќе друга тема. Работам во фирма каде имам постојан контакт со клиенти и сметам дека е непристојно да се појавам со неиздепилирани пазуви или нозе. Имиџот игра голема улога во кариерата. Сакале прифатете го тоа или не Ако изгледот и правото на една жена да изгледа како сака, со влакна или не, да ве прашам што се потресувате толку кога треба да се облечете за некој настан,свадба или слично? Па појавете се на свадба со плетенки под мишки, мислам шта речи Ај освен ова, од светските фаци најмногу имам читано за Лурдес за ќерката на Мадона дека не бричи пазуви. А на една слика на плажа ја гледаш стакло скоцкана, нозе-раце-интима се средено цакум пакум, а под мишки влакна. Што е поентата тука? Каква порака сакаш да му оставиш на светот со тоа што ќе депилираш нозе, а мишки не? Ете мое мислење, напаѓајте ме сега колку сакате. Не планирам да враќам
Нема врска со темава ама ова на форум кога ќе видам ми е пресмешно Пишала пост на форум и сеа гајле ми е, нема да враќам на форум каде целата поента е дискусија Ептен си го погодила местото за невраќање Уствари да ти било сеедно дали некој ќе те чита немало ни да пишуваш ама ај
За прв пат во мојата кариера на фемина ќе се сложам со тебе. Вајлд не е тешко да препознаеш која е на фб, ама ич. Позитивно ме изненади. Навистина се работи за убава жена, која тука на форумов се презентира како нешто што е анти магнет за сечив вкус. Још помалку ја жалам, затоа што премногу хиперболизира, а реално ништо не и фали, нит влакна има по слики, нит е дебела, туку елегантно пополнета. Толку од мене, ме мрзи да пишувам веќе на оваа тема.
Темава скроз се измеша. Од лице до пазуви, нози, интима. Мене не ми е гајле дали некоја ги бричела пазувите или не. За да пораснат влакна на лице кај женско има хормонален дисбаланс и секој кој не се соочил со таков проблем или немал во неговата околина, не можи ни малку да сфати каков проблем е тоа кај девојка, ем за естетика ем делува на психа на почеток. Посебно од погледи од околина и осудување. И од машки кои пишуваат дека не би биле со женско со брада, кој е здраствен проблем не коментирам. Никој не вели да растиш влакна, туку и да ги депилираш на лице се познаваат. Искрено се зачудив колку неедукација и неинформираност за хирзутизам.
Не знам како да го почнам постов. Влакна увек ме асоцирале на несреденост, без разлика дали е машко или женско. Кога ќе видам некој тип со подрасната коса или брада, или жена со брк првата мисла што ќе ми падне на памет е толку ли немаат време луѓево да се средат. Знам дека постојат и луѓе со хормонални пореметувања што имаат такви проблеми но едноставно современово време го има наметнато тој стил на живот со толкави рекламни кампањи на совршени луѓе со мужи ко Аполон и Викторија сикрет моделите. Дали имам нешто против тоа, не. Дали би бил со девојка што фура брада од каприц што знам...
Не знам, можеби здравствена порака? Можеби слична со таа зошто не треба да се користат антиперспиранти / дезодоранси со алуминиум? Едуцирајте се. Не бев и јас едуцирана цел живот, ама се си има свое за и свое против. Во свое време
Си замислила дека е суперхерој за правда па сега слики од недипилирани нозе и раце демек во несвест ќе паднам, ко јас да немам. Да ги пуштам една година повеќе од неа ќе имам.
Поголема е веројатноста ќерката на ф Мадона, да го прави тоа од внимание, пошто таа шума под мишките ја донесе до насловна страна, до која ретко стигнува. Еве ти како освестена, т.е не ти, туку сите вие пробудени на темава, дали се депилирате/бричите и зошто да? Како можеш за нешто да дадеш илјада аргументи против а да го правиш истото ?
Ќерката на Мадона Мадона знае како се стигнува на насловни страни и како се прават пари, ќе започне било каков тренд само да е меѓу првите. Цел живот на тоа им е фокусиран, како да започнеш тренд, како да те има, да те зборат...