Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.110
    Допаѓања:
    180.707
    Сериозно?:D Пошто децата на Бранџелина, Бекамови, Крафорд, Кардашијан ретко стигнуваат до медиуми?:?:
    Сигурно и Џулија Робертс од исти побуди кажала дека не користи дезодоранс, за на насловна да ја има. Или да си пушти муабет дека смрди :?:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ќе парафразираш,сериозно?

     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Џулија Робертс се појавила еднаш и никад више. На сите филмови, слики, реклами, инстаграм профил, сјае од убавина и среденост, влакно не и стрчи, сега ќе ја земам ко постер фејс за влакнести жени, ахам, секако.
     
    На Izaabella и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  4. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Хм...
    Па не ми смета ама не ги ни сакам.
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    88.412
    Пол:
    Женски
    Мене естетиката ми е битна,од тие причини не ми се убави влакна,да ги имам ,а и да ги гледам.
    Нивната функција (ако не се лажам) била загревање на телото, како и бариера меѓу кожата и околината.
    Но,во меѓувреме е измислена облека за таа намена така да нема никаква причина за некоја нова мода со влакнетост.
     
  6. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Не ми сметаат влакна кај друг, било маж или жена. Кој како сака нека си прави со своето тело.
    Хигиената не е до тоа дали некој/а е влакнеста или не. Хигиена е да се мие секој ден.

    На лице немам влакна, надусници, еднаш на 2-3 месеци со восок може да пројдам ако има потреба, а често немам. Веѓи не чупам.
    До пред некое време, секој ден бев со брич во рака, пазуви, интима, нозе. Почна кожата да ми се иритира и чеша. Сега веќе почнав на 2-3 недели да се бричам, на мм не му смета, мене пак ич (се навикнав) :D За други п**ка не ме боли што ќе речат. Најбитно ми е мене да ми биде убаво во своја кожа.

    Тоа што ни е вметнато дека жената како жена треба да е мазна, доаѓа до предрасуди и оние жени кои имаат здравствен проблем со влакна и послаба самоувереност, дополнително си ствараат психички тензии ради коментари дека се "грди" ако имаат влакна и слично.

    @GrimTheReaper не знам дали се бричиш или депилираш, ама сигурно не си 100% од времето без влакна. Доколку се депилираш, сигурно 2 недели ги раснеш влакната. Така да, еден период и ти си во тие жени кои ги навреди.
    Затоа не е убаво да нагрдуваш некоја жена со одвратни зборови ради тоа што не знаеш дали и каков проблем имаат и зошто се влакнести.

    Влакната не се нехигиена, баш напротив, имаат заштитна улога, а со нивно отстранување правиме повеќе проблеми на кожата.

    Секој има право со своето тело да прави што сака, а ние нема потреба да судиме, ако нас не ни наштетува со тоа.
    Не бидете сурови према другите!
     
    На Гладиоли, Kanya, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Многу сакам кога работите се вадат од контекст. Пратив неколку слики во темава што мислам според неприфатлива длакавост според мене. За подраснати влакна, никаде не напишав, ниту потенцирав. Јас стриктно говорев за тренд со растење и целосно недепилирање на влакна. Ако сакате тој тренд да го следите, супер, јас не сакам.
    А како што гледам расположение за истото нема од ниедна страна, така да не знам што се води дискусија. Не сакам боранија, ама секој ден ја јадам. Логика, објаснување, нема. Навистина не ми е јасно кон што се стремите, кога самите се депилирате од лично ваши причини и побуди. Дури и тој што ја отворил темата, се депилира. Ама не, да не ги чепкаме чувствата за светите влакна. Емпатија давам онаму каде што треба, ама здрав, прав, сосила се правиш нешто што не си, па и не би.
     
    На Cherry blossom89, Bratot, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ама темата не е дали се депилирате.
    Темата е дали е прифатена влакнетост кај жена.
    Факт од самава тема гледаме дека не само што не е прифатена, туку и плус листа со епитети ќе си добиеш ако не дај Боже ти текне да не се издепилираш два месеци.
     
    На Гладиоли, Autumn_, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Сто пати се спомена дека се депилираат заради тоа што општеството наметнува такви правила, и дека погрешно сме научени за влакната, дека се нечисти и беспотребно растат на кожата.

    А, тој брадест тренд ете, дури и на некоја да ѝ се допаѓа, или едноставно да нема ништо против фотографијата која ти ја постави неколку страници наназад, нема да се осмели да каже зошто ќе се почувствува осудено.

    Значи, како што веќе пишав.
    На плажа сум видела се и сешто. Жени со тон целулит, вишок кожа, влакна, а сосем симпатични на фаца. Едноставно ете, и они се женствени, се трудат и депилираат ама не можат да бидат перфектни 24/7.

    Just for the record -
    - На своите 12 години имав тон влакна кај надусниците и веѓите (зошто и по природа ми се црни и густи без притоа да имам хормонален проблем), и ако не ги чупав на секои 3-4 дена школските ме осудуваа и прашуваа зошто не знам да се чупам? Додека реалноста беше дека јас се чупав но, природата на влакната беше таква што растеа одново. Истото важи и за надусниците.

    Сега веќе тие проблеми се редуцирани сами од себе, дури слободно може да кажам дека иако имам среден тен (ни многу црн ни многу бел), влакна немам скоро никаде, бидејќи исчезнаа со пубертетот сами од себе.

    Дури и ако имам, бавно растат па експресно ги отстранувам со брич и сум мазна, ама само заради комплексот кој потполно беспотребно го накалемив кога бев тинејџерка.
     
    На WildMk, Biljarkata, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Види, замисли работиш во фирма, со кодекс на облекување, доаѓаат битни личности, носиш сукња под која има влакна недепилирани со месеци. Каков дојам ќе оставиш и дали би го направила истото? Покрај ете водење сметка за лична хигиена, го сметам истото како дел од неа. За мене, според мене. Не реков дека тој што има влакна, не води хигиена. Мене ми создава такво чувство, Мене. Како што вас не ви остава, така ми остава за себе. Не произлегло од траума, туку лична перцепција за естетика на женско тело. Кога уживам во нештото, зошто да престанам да го правам и да го сметам како дел од мојата рутина за разубавување. Ај сега и за последното, ама тие што имаат влакна не се убави, бла бла. За мои чувства говорам и мое мислење.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па не збориш баш за лично мислење ако навредуваш други.
    Не памтам на темава некој да рече масовно да прекинете да се депилирате тие што сакате.
    Ниту некој рече дека нема намера никад во живот да не се депилира.
    Наспроти тоа, жени што пази се осмелиле влакна да имаат на телото, од најразноразни причини, беа етикетирани ко смрдливи, неуредни и не знам какви.
    Ти за себе можеш како сакаш да се осеќаш, ама низ темава секој пост што го напиша не беше јас се осеќам нехигиенски самата, туку беше буквална навреда спрема некој друг.

    Да беше уредноста до депилација само полесно ќе ни беше на сите :)
     
    На Annath, LadyLollypop, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Среќа па твоето мислење кое впрочем е: фуј, гадна, смрдлива, нехигиенска, пештерска, аздисана и е скроз небитно на таа особа која има влакна. Едино ќе се осеќаш прегорда во споредба со неа што немаш ниедно влакненце и си цивилизирана и си со тоа во тек со вакцините. :whew:
     
    На LadyLollypop, WildMk и Celltica им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не реков дека смрдат, реков дека присуството на влакна го зголемува присутвото на бактерии кои резултираат со поинтензивна мириза. Најди мое мислење спротивно на ова.
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па не го зголемува присуството на бактерии :)
    Влакна под пазуви имаме исклучиво за појачување на мирисот на феромони, што не е непосакуван мирис, баш напротив, можеш и да провериш. Така да во природна смисла нема врска со хигиена. Тоа што е социјално неприфатливо е друго. И јас не би се појавила со влакна под пазуви чисто заради осудата на која ќе наидам.
    Ама толку сте убедени дека е до хигиена, џабе е да се објаснуваме. И пак, не е до тебе или некој друг, едноставно е оштествена норма сега. Како тргнало со откривање на се поголеми врски меѓу козметика и болести, сигурна сум дека ќе почнеме пак да се враќаме на природа полека.
    Основната биологија не си ја знаете.
     
    На Autumn_, cresa-jagoda, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Гледаш дека без оглед на рефератите она уште се осеќа дека е извадена од контекст со муабетот и даље навредува посочувајќи го ,,работниот кодекс" со влакништа под хулахопки.

    Настрана тоа што сите ние два пати би размислиле дали воопшто да влеземе да работиме во фирма која изискува дрес код со сукња кај жените вработени..

    Еве, ја лично никад не би се чувствувала пријатно да работам во фирма што експлицитно во својот правилник има вметнато ,,строго сукња". Напротив, тоа би ми било аларм за женска експлоатација.
    И зошто би?
    За да импресионирам куп бизнис надрвени чичиња во одело?!
    Не, фала.
    Ако нема друго и мора да работам тоа ок, ама ако не мора - радо не би. :)

    Поентата ми е баталете го муабетов. Ќор сокак е.
     
    На cresa-jagoda, LadyLollypop, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Еве сега не си тинејџерка, на возрасни девојки и жени треба да им се надминати непријатни ситуации од детство и тин денови. Не зборам за трауми ама да ве слуша човек се' ви е траума и причина за оправдување за нешто што немате храброст сега да направите. Значи додека гледам убаво средена жена како минува на улица, нашминкана, дотерана, мазна, не сум свесна дека она е таква заради трауми од тинејџерството и хипнотизирање од страна на медиумите. За греота.
    Претерувате.
     
    На Peperutce1115 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Основна биологија опфаќа депилација, бричење, влакна?! Од стара генерација сум јас, можеби. А за горенаведеното прочитај, не кошта. Стојам зад она што го осознавам. Секоја миризба потекнува од бактериите, така да...
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па ако мислиш дека на влакна бактерии се лепат, и коса издепилирај ондак. Не знам што ја чуваш.
     
    На Autumn_ и WildMk им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Па и главата мириса ако не ја переш:)
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па да де. Цела тема тоа збориме :D
    Дека нема врска со влакна, има со небањање.
    Ајде бар сама си заклучи :D
     
    На simona_baby, cresa-jagoda, LadyLollypop и 2 други им се допаѓа ова.