Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Главата е изложена на надворешни влијанија. Пазуви, препон, задник, совршена подлога за развој на бактерии.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека влакната не треба да се тренд. Зошто се всушност влакната тренд, па се менува перцепцијата за нив со текот на годините, се менува што е прифатливо а што не. А нема потреба да е така, треба да се остави на секоја жена да си одлучи што ќе прави со своето тело и како и е удобно во истото без да е предмет на осуда и потсмев за истото.
     
    На RoseRain, cresa-jagoda, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Аууууу темава. Сосема си е на место. Како ја замисливте @WildMk со муабетов како да има брада како жената на сликата. Одите во крајности. На жена која има проблем со влакненост на лице, скоро никогаш не може да и изгледа кожата како на жена која нема таков проблем. Таа се депилира, се средува, секој божји ден можеби, најверојатно многу повеќе од тие што немаат влакна, но постои период кога едноставно влакната се прекратки и прецврсти за да се отстранат со било што освен со брич. Во тој период на дневна светлина се познаваат и на допир боцкаат. Брич ако ставиш на лице може да растат после баш како машка брада, а и да ви кажам дека на лицето и со депилирање се шират и се зацврстуваат. 100%. Не зборувам за обични женски влакна, туку за тие што најчесто се резултат на хормонски дисбаланс. Така да, скоро и да нема начин да се отстранат целосно. Освен со Филипс Лумеа или чести ласери.
    Ова е исто како јас да ви речам, дали би оделе со личност што има акни и вие сите да напишете ауууу бљак, не.
    Појавата е се почеста и мн мажи оделе или се плеткале со такви девојки, а можеби појма немаат. Зошто ваквото гадење од околината е нешто поради коешто тие дома со саати посветувале внимание да се средат.
    @GrimTheReaper јас ова не го сфаќам како имање влакна заради нови трендови на слобода на живеење како сакаме. И мене не ми се допаѓаат тие со неизбричани мишки на насловна, со неиздепилирани нозе итн. Ама ако веќе зборуваме за тоа како не создала природата, не создала со влакна. Тие влакна не се за џабе и имаат заштитна функција на телото, особено срамните влакна. Не е нехигински, и под мишка да имаш, ако се тушираш редовно и ако не си склон на потење нема да мирисаш. Само е попривлечно кога е мазно. Барем за мене. Еве јас не сум склона на потење, и се бричам редовно и се туширам секој ден, ама и да не ставам дезодоранс некогаш, алиштата никогаш не ми мирисаат на пот. Освен ако вежбам и ако е надвор мн топло, а јас да сум повеќе облечена. Ај да кажам сега, ауууу одвратни се овие што се потат. А тие се средуваат. Исто и за женските со брада, тие се депилираат, ама и покрај тоа не може секогаш да изгледаат тип топ.
    Имам мн јака другарка, мн згодна и убава, со проблеми со влакненост. Хормоните и се скоро одлични, некои мали изместувања само има. Не знам од што се влакната, ама пробува секогаш да ги средува и изгледа секогаш супер. Е сега има периоди кога и подраснуваат и на сонце се забележува. Дечко и е исто мн симпатичен и ја обожава. Сигурно забележал дека има таков проблем.
    Јас исто имав проблем со влакненост на лице. Секој втор ден бев со путерот за депилирање во рака. Успеав да ги средам со Филипс Лумеа, сега сум баш мазна како тие што го немаат тој проблем. Последните години веќе оттрпнав и воопшто немав комплекс, иако затоа што работев со луѓе гледав да сум средена. Ама еве ви кажувам баш и нема др начин освен ласер да ги средиш сосема. А тие што се гадат нека се гадат колку сакаат. Јас научив да се сакам себеси и така. Еве сега ги немам, па не ми се смена нешто животот драстично. Мора да напоменам дека кај некои девојки и ласер не помага.
    Иначе јас се средувам целосно зошто така ми е поубаво во своја кожа. Ако не ми правеше разлика, можеби и немаше толку да обрнувам внимание на тоа.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и BeYourself им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Добро,да сумираме.
    Дадовте илјада и еден прилог против депилацијата, а сите до една се депилирате. Факт.
    Зошто?

    Без тинејџерски трауми молам, пошто ете гледаме сите сте продуховени, индустриско и општествено независни умови.
    Зошто се депилирате ?
     
    На Peperutce1115 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не ја читаш од почеток темава?
    Првите страни скоро сите пишаа зошто.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Имало предрасуди од таквите ко мене. Еве јас доблесна ќе се најдам да ти одговорам, оти ни самите не знаат зошто.
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не туку ти си толку желна да испаднеш во право, што исповреѓа еден куп жени и 1000 пати постави едно исто прашање на кое 1000 одговори доби. Здосадува знаеш.
     
    На cresa-jagoda и Annath им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Задоволството е обострано. Ме цитирате на секое, ко од мене да зависат нештата. Значи шетајте со влакна, кој ви пречи. Нема А да ви кажам на улица. Што мислам во себе, моја работа, нели?!?
     
    На christinnn и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Куп работни позиции и институции сум поминала и куп кодекси за облекување. Никаде "депилирани нозе" не спаѓа во кодекс.
    Ни суќна задолжителна, додуша... Еве во темите за работа стојат местата на кои е суќна задолжителна, "секретарки, асистентки, административки, рецепционерки" кај што не се битни квалификациите на вработената туку газот во суќната.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Еве одговори ми ти.
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не треба на влез во ординации да пишува, ве молиме бањајте се, пред да дојдете на преглед, па ете лично видов ливче со болд букви. Се подразбира во однос на влакната и веројатно не е очекувано дека некоја ќе изрази да прошета според некои нови стандарди.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Никогаш во болница, ниту еден доктор никаде нема да ти рече нешто за влакна. Никогаш. За бањање да, зашто тоа е хигиена, ама за влакна никогаш и никаде.
     
    На LadyLollypop, cresa-jagoda, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    180.496
    Eве другарка ти ти одговара цело време
    Бањање и депилација е исто, тоа е.
     
    На Annath, WildMk и Celltica им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.943
    Нема да ти рече, ама сигурно во себе ќе ти се 'воодушевува' ако му се рашириш со по 5цм влакна меѓу нозе.
    Зошто ги средуваат жените пред пораѓај во болница ако не се средени од дома тогаш?
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па искрено, пишува.
    Кодекси на облекување се дефинираат од збор до збор. Од како смееш до како не смееш да изгледаш.
    До која шминка и кој лак за нокти смееш да носиш. Посебно кога иде нагоре по строгост. До какви чевли смееш, до како смееш и не смееш косата да на носиш.
    За влакната никаде нема.
    А, и друго што е интересно. Прифатливо е да отидеш ненашминкана дури и во најстрогите кодекси. Замисли, лудило :D
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Во банка во ред е да имаш влакна на нозе или било каде. Погледни ги како изгледаат како газели. Споредбата ја доловувам од причини што некои работи не треба да се наведат, туку се подразбираат.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Види, друго е кога пречат влакната во видливост во некоја процедура, па тогаш треба да се отстранат. Исто и косата кога ќе изведува некоја операција на глава пример. Јас и гинеколог имам прашано, најсериозно, ми рече него никаква разлика не му прави јас во каква влакнеста состојба ќе дојдам на преглед.
     
    На Autumn_, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Јас мислам дека докторот тогаш ќе поврати. Тие секојдневно не се во допир со разни паразити, габи, гноеви и ете за влакна ќе поврати и сигурно ќе се онесвести.
     
    На Гладиоли, cresa-jagoda, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Оти мислеле дека спречуваат настанување на инфекции, Ико немало чист доказ за тоа. Останало така.
    Сега е докажано дека "срамните влакна" при породување всушност штитат од инфекции па во некои понапредни држави не се бричат веќе :D
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Упорно избегнувате одговор.
    И ти и сите останати.

    Зошто се депилираш Биљарке, рече дека си созреана,возрасна жена, со независен ум.
    Зошто се депилираш ?
     
    На Emy867 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.