Ама така ќе ти рече нормално, од професионален аспект тој мора сите да ги прегледа и да молчи. Е сега, ако треба свое лично мислење да каже и да биде непрофесионален, тогаш не сум сигурна баш што ќе каже... @GirlRose и јас мислам така, хехе
Во барем три наврати сум пишала ама не, не знаеме да одговориме на прашањето. Побитно е поентата да се долови.
Да го надополнам списокот: Операторки во казина, стујардеси во одредени авио компании, HR менаџерки во маркетинг и модна индустрија, директорки на казнени одделененија... Инаку, не е пријатно за око да имаш влакна, не си знаела!? Пробај четири месеци не се депилирај, појди на работа со полупроѕирни хулахопки, и само чекај. За два часа пола колегиум ќе те озборува, и евентуално една од колешките ќе собере храброст ноншалантно, дискретно да те тргне на страна и шепне ,,не си депилиранa, те приметија". Или уште полошо - колега. Зошто на крајот од денот, начинот на кој размислува Грим, размислуваат 80% од луѓето во Северна.
Јас пак мислам дека му е ама баш сосема сеедно. Сигурно веќе нема што нема видено, па гајле му е за влакната. Веројатно му е важно да е чисто само. А и кога имаш здравстевн проблем којзнае во каква ситуација си отишол, па за едни влакна, мислам... За доктори зборуваме, дојдовме да дискутираме за тоа докторите од влакна дали се гаделе. Дали сте сериозни, ама навистина? Отидов еднаш цела отечена од некаква инфекција, отечена значи, плус со влакна зашто немаше шанси да се пипнам во каква болка бев, требаше ли да земе да поврати докторот? Работа им е тоа бре, тоа учеле. На какви глупости се сведе дискусијава не ми се ни верува дури.
Иначе во банка дека мора да си депилиран е ептен ново @GrimTheReaper. Пред 20тина години тетките сите беа со влакна под хулахопка на шалтер Т.е. не ни мора. Дрес кодот беше тогаш построг иначе.
За жал повеќето размислуваат нездраво како тебе, да. Затоа државава ни цвета од хигиена. Депилирани а небањати.
Еве јас да ви кажам нечисто се чувствувам кога сум целосно депилирана во интимната зона. А и кога ќе се погледнам дека личам на мало дете... ич не ми е убаво. Гадно ми е. Грозно дури. Фуј, не знам како може некој таму да се депилира. Се лепат секакви бактерии директно на вагината Вака треба да се пишува, без осет Упорно врзувате влакна со хигиена, и пак пробувате со естетика да се извадите, ама пак се враќате на хигиена. Да ми се фатите на недепилираните, чисти и свиленкасти влакна
Аман Реинбоу, не зборувам кога човек е во маки од болки... Тогаш може секаков да се отиде и грев е да се размислува за среденост/несреденост. Мора да се фатите за нешто за да ја однесете дискусијата во спротивен правец. Зборувам за регуларно средување и личности кои можат тоа да го вршат.
Кој избегнува одговор. Не сум јас предмет на дискусија. Зошто- оти така кажале на телевизија. Не ми рече мене баба ми дека треба да се депилирам. Оти женско требало да биде мазно. Спојлер: Spojler Еве ги другите
Абе пред 20 години, мажите џигерици пуштаа, сега ни на CV нема да го викнат. Се знае што е прифатливо, што не е.
Абе ти викаш дека е дрес код. Врска нема со дрес код. Јас не зборам што е прифатливо. Како не те смрзе да вртиш на темава жити се, ај иди олабај Да те знам со влакна ќе ти шетам цел ден од што се напињаш Чил малце. А докторот па ме заболе што ќе гледал. Кој се потресува за доктор, боже боже
Ама исто е, тој навикнат да гледа се и сешто ќе се грози кога ќе отидеш на преглед со влакна демек? Сериозно? Око не им трепнува, толку само им да кажам и не би понатаму зашто нема да има смисла со темава.
Од култура ти враќам. Што да се олабавам, мене ми е рамно. Вие се напињате што не можете длаки на раат да пуштате. Го пишува ова, галејќи ја својата мазна нога
Што е прифатливо а што не е релативна општествена норма, подложна на промени со текот времето, и тоа сите пробуваат да ви го кажат, не е нешто исклесано во камен, ниту пак има врска со биологија. За 20 години да бидат ин влакнести мишки ти прва плетенки ќе исплетеш и ќе плукаш по бричените како се одвратни и неприродни и како може некој маж со таква да биде. И упорно не одговараш зошто ти како самопрогласена педантерија не ги исмеваш влакнестите мажи...изглеа кај нив влакната не се легло на бактерии.