Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Абе ако ви кажат "не враќам веќе на цитирања", смешно ви е затоа што ова е форум и поентата е дискусија (јас се слагам).

    Ама ако некој цитира и реплицира, желен е да испадне во право. Епа контрадикторно малку нели.

    Уствари на темата секој може да си искаже мислење и не гледам проблем ако некој едноставно каже дека не му се допаѓа женско влакнесто тело (и тука гарант сите што дадоа такви изјави не мислеа на ситни бебешки влакненца или светли влакна или малку подникнати влакна) и дека му е непривлечно и дека му изгледа вака или така. Лично мислење е. Ствар на перцепција. Аман, па сите некогаш сме биле со подраснати влакна, посебно во зимските месеци, па сега и за време на карантинот. Не, никој не зборува за такво нешто. Ниту пак некој зборува за жени кои имаат згломена влакнетост од здравствени причини. Спротивно на тоа, жените може да имаат и намалена влакнетост од здравствени причини. Може на телото нема да го забележите тоа баш ете заради нормите кои ги наметнува општеството, ама на главата сигурно. И тоа баш заради истите причини. Па како сега да се чувствуваат тие жени, по таа ваша логика? Значи не, не се тема на муабет здравствените проблеми туку темата е чисто отворена за искажување лични преференции. И едното и другото е океј, ама секој има право да си каже дали му се допаѓа или не му се допаѓа и зошто е тоа така.

    Пример сега да ми покажете слика од некоја манекенка скоцкана од глава до пети, а со екстремно влакнести нозе мене би ми било скроз невкусно. И да ми речете бирај меѓу оваа со влакнести и оваа мазната, мене попривлечно ќе ми изгледа мазната. Ама ако влакнестата нема проблем со тоа, немам и јас проблем. Само кажувам што ми се допаѓа повеќе. Тоа не е судење, туку прашање на избор и вкус.

    Мислам дека многу непотребно ја нападнавте @GrimTheReaper .
     
    На Idedemja, christinnn и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не реков ништо за цитирањата, туку за прашањето исто што 200 пати се одговори :D
    Вие па адвокатите уште посмешни ми сте :D
     
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.930
    Веќе зборот empowering почна да се употребува за требало/не требало, јер многу е моќен и популарен во општествово каде трудејќи се по нешто да се изделуваат луѓето, најчесто се глупираат:bug: и веќе не знам дали воопшто знаеме каде му е местото и кое му е навистина значењето.

    Знам оти интелигенција, успех, превземање акција, грижа за себе..., те прават empowered, ама за влакнетост не бев чула, реално.
     
    На eliesaab и Bridget им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.057
    Допаѓања:
    180.384
    Нема, нема, не смее да има таков учебник, затоа Мила ги забрани:emo:. Шо е тоа анахрони информации, влакната имале улога:D
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Прочитај го текстот што го постираше @Biljarkata , попаметни од нас го пишувале.
    Еве неколку извадоци, ако ти е мрза:

    Making women think they had to be hairless to be considered worthy of attention was a heteronormative way of controlling their bodies -- and, inherently, their selves -- through shame, Widdows explained.

    "Removing body hair went from being 'expected' to the norm," Widdows explained. "Being hairless has come to be seen as the only 'natural' and clean way to present the body. Except it really isn't."

    "Anything associated with the 'abject' -- what we expel from our cultural worlds in order to define ourselves -- arouses disgust, shame and hostility almost by definition," Herzig told CNN in an email. "Visible female body hair certainly tends to be treated as abject today. It's worth noting that those are ideas about cleanliness, contingent social norms, rather than about actually removing 'dirt.' Most hair removal practices tend to introduce new opportunities for abrasion and infection."

    "There have also been cases of heterosexism and homophobia -- this idea that growing your leg hair automatically implies you're queer, or shaving it means you're a gay man. Women often don't realize how much society, family and friends weigh in on what we do with our bodies. And how much of what we think is a choice -- that 'I choose to shave' -- has actually been imparted to and enforced upon us for generations."

    "For so long, advertising has only reinforced the taboo around the subject," said Billie co-founder Georgina Gooley in a phone interview. "We wanted to actually acknowledge that women have body hair, show it, and say that shaving is a choice. If you want to keep your body hair, we celebrate that. And if you want to remove it, that's fine as well."

    The idea that not shaving can be a choice may not seem revolutionary, when it comes to normalizing body hair. But it could be an important step towards reframing the issue.
    "I think more women are realizing how body hair is deeply connected to gender and power," said Fahs. "The emotional nature of what body hair elicits in people has tremendous potential as a tool for activism and social change."

    Не е лошо и вие да го прочитате @Bridget & @Emy867

    А мажите, сите-до еден.
     
    Последна измена: 19 април 2021
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Grejpfrut

    Grejpfrut Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Прашање на вкус? За што ќе бираш ти, мисс 2021 во твојата глава?
     
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Јас тоа објаснувам цело време. Ти зошто немаш искуство со влакна, очигледно по природа не си влакнеста, мислиш дека може да ги нема ако се води редовна нега. Јас ти тврдам, не е точно тоа што го кажуваш. Некогаш не може да ги нема или цената е многу висока за тоа.
    Кој гледал Sex and the city, Хари, маж и на Шарлот, ако се сеќавате кога се издепилира на грбот зошто таа инсистираше и кога се нафрла целиот, ама многу лошо. Е, тоа е таа цена.
     
    На cresa-jagoda, BeYourself, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па не е дека и ти си немала таква улога.

    Јбг, сите сме вакви или такви. Нормално е да имаме различни мислења, ставови, перцепции. Диверзитетот е скриеното оружје на природата.

    Порилекс малку на вакви теми на кои поентата е да дадеме субјективен одговор. Субјективните чувства не се аргумент.
     
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да? Каде сум била? Или онака пиша да се најдеш во муабет?
     
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Бреј колку тешко било да се испочитува туѓиот избор. Штом нешто не е како ние што правиме одма со навреди, омаложувања.
    Арно барем се признава дека сатисфакција има од мешањето во туѓата манџа. :yawn:
     
    На Ugly Duckling, WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Да. Ако некој ме праша која девојка ми е физички попривлечна ваљда имам право да посочам една од тие две (а по некоја случајност да не е влакнеста) :wasntme:.

    Друго би било ако бирам најпеачка на пример. Или најхаризматична. Или најфотогенична. Или најпаметна. Имам право на тоа, ако некој ме праша.
     
  12. Grejpfrut

    Grejpfrut Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Сега те праша некој?
     
    На Lizy333 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    На темата имам да кажам неколку работи:

    1. Се согласувам дека стандардите за убавина се наметнати од западниот свет: тоа е јасно како ден, имајќи предвид дека дури и дебелината што е непожелна кај нас е пожелна во африкански племиња или била пожелна во минатото. Истото важи и за влакната.

    2. Јас лично преферирам кожа без влакна, без разлика дали е женска или машка. Воедно, имам поголема толеранција за машка влакнетост отколку за женска. Разбирам дека е нефер и е дискриминаторски спрема сопствениот пол, ама искрено колку и да се трудам, тешко ми е да ги изедначам двете работи, т.е. да ги урамнотежам разумот и емоциите кои ми ги евоцираат. Не сакам да зборувам колку е нефер иако вака во апстрактна ситуација-дискусија скроз се согласувам, но во реалноста кога се соочувам со тоа потајно да ми буди негативни чувства; не би била искрена.

    3. Преференцијата за невлакнеста кожа доаѓа чисто од естетски аспект - не е по мој вкус, нешто слично како што не ми се допаѓаат одредени стилови на облекување. Не мислам дека влакнестите луѓе не се грижат за хигиената или дека се повалкани.

    4. Русокоса сум и имам светли влакна на раце и нозе, па свесна сум дека имам предрасуда за бојата на влакната затоа што сум навикната да гледам претежно светли влакна. Така, светли влакна не ми сметаат, затоа што воглавно се понезабележливи, а и кога се забележливи, мене повеќе ми изгледаат како отсјај, па естетскиот ефект за мене лично не е нарушен.

    5. Од друга страна, не ми сметаат ни кафеави влакна, но имам аверзија кон црни влакна. Како што кажав, тоа е мој проблем, не дека нешто не е во ред со црните влакна.

    6. Многу ми менува и должината (и некогаш густината) на влакната. Кратки влакна воглавно не ми сметаат, без разлика на бојата, но кога гледам долги влакна кои се раслојуваат во различни правци или се виткаат некако, не можам да објаснам зошто ми е одбивно. Нема логика знам, ама не можам, така се чувствувам. Нема логика да чувствувам одбивност ни спрема инсекти, ама кога ќе им ги видам нозете и поконкретно спојот на нозете со телото, не можам да го гледам тоа. Пак ќе речам, нема зошто некој да се чувствува осудено, затоа што не е нивен проблем тоа што не ми се допаѓа нешто што е нормална појава.

    7. Од работи кои не ми се допаѓаат се: споени веѓи, мустаќи, брада и многу долги влакна било каде на телото (но особено пазуви и интима). Нагласувам, не мислам дека луѓето што го сакаат тоа се ненормални, туку не ми е мене лично по вкус.

    8. Малку ми се смешни аргументите дека сите правеле вака или така, кога на други теми постојано се бориме против тие аргументи како правеле сите, како требало, како било нормално, а како не. Понатаму, многу луѓе (не) сакаат да прават многу работи во животот, па и покрај тоа што се свесни дека ништо не е задолжително (не) ги прават, макар се работи за банална тема како оваа. Според мене, не постои човек што во секој аспект од животот прави што сака, сите правиме нешто против своја волја во одредена област или определен момент, па така не ја разбирам издржаноста на аргументот „ако не сакаш, не прави го тоа" конкретно за оваа тема.

    Едит. Инаку, не растат влакната побрзо или погусто со депилирање, напротив, може да се изретчат заради оштетување на фоликулите.

    А бричењето буквално нема никаков механизам на влијание врз растењето на влакната. Сите знаеме дека влакната растат од внатрешноста на кожата, а бричењето е надворешна манипулација, не внатрешна. Бричењето е буквално потсекување, само многу блиску до кожата, а никој не вели дека со покастрување на влакната со ножица му се погусти и побројни влакната.

    Може само влакната да изгледаат подебели и погусти додека растат, затоа што со бричењето се сечат таму каде што влакното е најдебело, па сега врвот на влакното е подебелото место на влакното. Тоа е сѐ.
     
    Последна измена: 19 април 2021
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    О да си правела, ама не си сеа ти тема на муабет ќе извиниш.

    И не знам зошто се најде тригерната, кога дискутираме нели. Во 90% од случаите ми се допаѓа како размислуваш и се согласувам со твоите ставови. Но не на темава, сори.
     
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Затоа што таа со влакна те асоцира на ,,машкуданка".
    Влакната се машка работа, жена треба да е мазна, и тие се тие стандарди кои повеќето ги следиме.
    Затоа перцепцијата и вкусот ни е тој.
    Некој се издвоил од масата, ама не ни дава за право тоа да кажеме дека е смрдена и дека не води хигиена за себе, како што погоре се изјаснија некои.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Да. Темата гласи "влакнетост на жени" - прифатливо или не, па си дадов мое лично видување на темата и си искажав преференции.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не е точно, имам полицистични јајници и зголемена длакавост. Влакната не ми се пријатни, ни за око, ни за одржување на хигиена. Целосно непотребни. Ама не идам да го тријам низ нос тоа, затоа што јас имам проблем. Таква ме направиле гените, надворешната средина. Не сметам дека се работи за сериозна болест, за да барам сожалување, видете ме, влакна секој ден вадам. Јебига, животот тече и понатака. Нема светот да го запрам, затоа што ете така ми се погодило.
    Што се однесува до таа функција на светите влакна. Јас барем не говорам за влакна во нос, на веѓи, трепки. Некој спомена, те штителе од УВ зраците, as if. Треба цела нога црна да ја направиш за да те заштити. Постојат марамчиња за бришење пот, постојат креми со фактор за таа намена, постои облека за заштита. Ете тоа е муабетот. Ама цела тема ми се вадат работи од контекст и работи што ги немам кажано, како на минатата страна, така да и за ова ќе се фатат. Оти јас ако кажам од утре е ин да се пуштаат влакна, светот магично ќе се смени.
    П.С и не споредувајте трчи трчи влакно, со сликите што ги постирав. Ама нема да биде интересно така.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не сум тригерната него ме цитираше.
     
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ама не ме асоцира на машкуданка. Едноставно невкусно ми е да видам жена скоцкана во фустан и високи потпетици и екстремно изразена влакнетост на нозете.

    Сега еве вие ми ставате други зборови во муабетот и не ми давате да си искажам мислење. Моето мислење е неприфатливо бидејќи е различно од она на мнозинството. Јас не осудувам, туку искажувам преференции.

    Како тебе што ти се попривлечни влакнести жени, мене ми се попривлечни мазни жени. Не гледам што е проблемот.
     
    На christinnn и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па да, ама не те цитирав за тебе, пак ќе кажам не си ти тема на муабет. Само се надоврзав на темата.