Така, не ми е хигиенски. Не знам зошто скокате, кога во лето една недепилирана не сум видела, ама небитно.
Па станува збор за преференции и тоа дека женското треба да е депилирана секогаш, за да си ги покаже нозете. Хигиената нема улога, да имаше и мажи ќе депилираа нозе.
Депилираат, бодибилдери, пливачи, метросексуалци, итн. Не знам, мене такви размислувања ми асоцира. Не грижа за тело, запуштање, едноставно нехигиенски. Па што има поубаво од тазе депилирано тело, намачкано со млеко, кожа како кадифе. Како тоа низ влакна ќе го осетиш, освен што ќе ти шмиргла низ прсти.
Во ред. Сакам да ми одговориш неколку прашања. Како влакна придонесуваат за нехигиена кај личноста, доколку истата се капи секој ден? Како може да е тој мирис поинтензивен, од што, од влакната ли? Сериозно прашувам, бидејќи не само што е нелогично, туку и секој што работи на дерматологија би ти се насмеал околу начинот на кој пробуваш да ги оправдаш сопствените тези. Постојат толку варијации и склоност кон влакнетост помеѓу доминантни жолти/црни/црвени раси. Исто нема врска дека ако растат на лице индивидуата е нездрава или се соочува со хормонален дисбаланс. Првенствено затоа што генетиката како фактор е главен предуслов за ваква предиспозиција, согласно одредбата, односно типизацијата на хромозомите. Тестостеронот и естрогенот како главни полови хормони исто така придонесуваат, но, не секогаш се одговорни за оваа појава. Особено тестостеронот... Одговори си сама на себе, еве не мора мене. Дали да живееше во општество кадешто влакнетоста ќе беше третирана како пожелна естетска карактеристика, и на телевизија од најмала возраст гледаше жени кои не само што ги раснат своите влакна, туку ги зацврстуваат и одржуваат со специјални препарати вака ќе размислуваше денес? Те прашувам затоа што сакам да сфатиш дека тоа што ти вака размислуваш сега е вештачки наметнато од едно про-западно општество во декаденција. Додека, тоа што ти предизвикува гадење/одвратност или желба да го тргнеш погледот настрана од жена која на своето лице има влакна, е бидејќи и ти и јас, и сите ние сме научени стереотипно да се селектираме според шаблоните кои ни ги има поставено околината. Поработи малку на целокупното размислување, особено последното. Се надевам разбираш дека е проблемот во твојата перцепција, а не во жените со брада.
Се депилираат поради ваквите коментари, зашто ќе биде покажувана со прст, ете затоа. Кој сака на тоа да се подложи? Врска нема хигиена на нозе со влакна, да имаше и мажите сите до еден депилирани ќе беа. Малку по малку со веѓите станува поопуштено, гајтан веѓи има некои кои промовираат, инфлуенсери или што и да се. Јас исто веѓи не чупам нешто претерано, претежно ми се во природна форма, со тук и таму по некое влакно, никогаш перфектно средено. Ме нервира таа перфекција во све, претпоставувам. А и колку време само ние жените губиме повеќе на средување од мажите, сте се запрашале ли? Во целиот наш живот колку време сме изгубиле во депилирање нозе, во чупање, во надусници, мишки, па во шминкање, па во купување шминки, па во станување порано за да изгледаме совршено... И на крајот на нас жените ни е сето тоа грозно ако некоја не го практикува, не е средена ако не е нашминка и не знам што.
Да не ве цитирам сите. Вашите тези паѓаат во вода со самото тоа што на плажа одите цели депилирани, средени, скоцкани. Ако толку се стремите за некаква еднаквост, добро во своја кожа, растете влакна, целосно ваш проблем. Не е финтата да се враќаме да бидеме пештерски луѓе. Ни заби миеме, ни влакна не вадиме, ни коси переме, за да бидеме поблиску до природата. Малку се претерува. Замисли на викторија сикрет, ангел чупакабра искочи со влакна од сите страни, абе ајде не претерувајте. Се знае женско тело, мазно, убаво да мириса, негувано. Не ради стереотипи, ради себе.
Од немиење заби ќе добиеш кариес или расипан заб. Од недепилирани нозе што? Што се мажите со влакна на нозе помалку од жените без? Баш никаква разлика нема. Не те асоцира на нехигиена, те асоцира на ,,женственост", стандарди пропишани за тоа како една жена мора да изгледа и да се однесува за да е прифатена како женствена.
Зошто такви коментати, па кога ќе прочитам од машко Никое женско не сака да има посебно влакна на лице, но во последно време е зголемена влакнатоста. Влакна на лице кај женско е од хормонска причина. Јас имав школска имаше мн влакна на лице и покрај шо ги депилираше и се познаваа црни точки, па никој ни и викаше дека е гадна, ни и се потсмеваше. Има девојки кои се срамат, но не е до нив до менталитетот наш, кој за се има коментар. Малку треба да се размисли првин, пред да се коментира, за девојки е сензитивна тема кои имаат проблем.
Тие што имаат став дека имањето влакна не е женствено мислам дека тешко ќе го сменат. А оние што сакаат да шетаат влакнести не треба да ги засега што другите имаат да кажат. Јас лично не сум многу влакнеста, се депилирам на нозете во лето за да не бодат очи влакната. На рацете имам по некое влакно и не го вадам, веѓите немам време да ми се секогаш средени и не ми е гајле. Единствено што не е хигиенски и не ми е јасно недепилирање на влакна под мишки, не само кај жени, и кај мажи исто. Како и да е, кажав претходно, најверојатно никој нема да смени убедувања и преференции, затоа и туѓите не треба да го интересираат.
Многу време трошиме на средување влакна. Едно си средил, друго пораснало и нема крај. И се' поради тоа да му се допаднеме на друг, да не сме исмевани и слично. Преференции можи да има секој, исто како сакам плав или црн, исто како да не сакам ќелав... Ама на крај на денот ништо од тоа не е пресудно, барем кај мене. Смачено ми е од површни погледи, се' само надворешниот изглед е важен и пак нема да чиниш. Гледам кампањи и луѓе кои се трудат да ги нормализираат влакната кај жените. Па се надевам дека како што стана ненормално (преку тв), така и ќе стани нормално за скоро време. И да, се депилирам, баш поради коментарите "иииуууу грозно", ко небаре душата им ја земаш. Затоа и 500 препарати ставаме за мозолки, за цилулит, за стрии, за брчки. Оти никој нема да ме праша дали плачеше заради коментарот дека си грозна.
Се депилираат поради ваквите коментари, зашто ќе биде покажувана со прст, ете затоа. Кој сака на тоа да се подложи? Врска нема хигиена на нозе со влакна, да имаше и мажите сите до еден депилирани ќе беа. Ти ме прочита ли мене погоре? Не знаеш што да напишеш, па споредуваш глупости како миење на заби.
Ехеееј, колку недепилирани имам видено на плажа, со тон целулит. Прекрасни девојки, скрос симпатични и природни. Утре да го снема цел свет и само ти да останеш. Би се чупала, депилирала, ,,негувала" за себе?
Да, тој стандард за женственост сум го прифатила како мој личен избор. Но, жена која направила избор да не се депилира, со моите коментари нема да ја направам да се осети како од Марс да е падната или неубаво во своја кожа. Ниту па своеглаво ќе убедувам дека само моето е исправно.
Па со оглед на тоа што за жена не е природно да развива брада на лицето, не би рекла дека е естетски убаво. Влакната не треба да значат автоматски нехигиена бидејќи имаат заштитна улога, амаааа имам приметено дека обично истите што не водат сметка за депилација и средување некако и општо не водат хигиена, така да овие две работи често ги поврзувам заедно поради оваа причина. Да, морам да се согласам дека барање најситни замерки од едни жени кај други жени е грдо, во смисла - зошто оваа има три неисчупани влакна на веѓите или нозете, еве тоа е претеризам.Но од друга страна и сосема спротивното не ми чини како што кажав горе. Сепак бидејќи темава е влакна на лице, да, кај жени изразена брада е знак за хормонски дисбаланс или друг подлежечки проблем и не мислам дека треба да се наметнува да се гледа како нешто што е empowering или скроз нормално.А на кој што му се свиѓа не е моја работа и е друга тема.
Не се депилирам на нозе зимно време. Ќе ме распнете? Тоа не значи дека не одржувам хигиена туку ете така не ми се сака и кој ми ги гледа. На раце никад не сум вадела и не ни планирам. А не сум единствена сигурно А за влакна на лице кај женско мислам дека кој има треба да ги вади.