Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Епа ајде кажи ми прво дали имаш влакна на лицето, зборувам за влакна што растат на бакембарди, брада, врат? Не зборам за мов. Туку за тие како машки што се. И кажи ми како ги средуваш, ама баш секој ден на сонце да изгледаш како да немаш? И како е на допир? Дали тоа место изгледа исто со местата на кои не растат влакна или е небо и земја и се осеќа депилираното?
    Ако немаш влакна на лице, не си осетила мака. За тело е каде, каде полесно. Ваљда шо тој што е повлакнест најчесто има повеќе поткожни, повеќе црвенило на нозе и повеќе такви нерамнини како кокошја кожа што викаат, црни точки итн.
    Ама дека спомна дека не си сакала мажи со влакна и требало да се средуваат, кај нив тоа би одело тешко. Зошто др е да се депилира некој со трчи, трчи влакно ко што пиша, а друго е да се депилира некој со мн влакна, како маж пример. Кај него ќе растат така боцкави, да ти е страв да го гушнеш. Е, тоа е работата. Ама вкус е во прашање, тебе ако ти смета, ќе си најде некоја на којашто нема да и смета и тоа е тоа. Мене па ќе ми смета ако се депилира и кога ќе ме гушне ако многу ме боцка.
    И машко со мн малку влакна, што нема пример нормална брада, можно е да има хормонски проблем. Тоа не е типично за нив, исто како за жените што не се типични влакна на лице, ако е се под конец во организмот.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, BeYourself и 2 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Секаде имам влакна, и тоа од најцрните и најцврстите. Следен аргумент....
    Не знам што е мака, јас маката ја измислив сестро:)
    Едит. Него треба да искачам, да си ја средам брадата, ме зазборувате. До следно читање. Поздрав.
     
    На WildMk и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Океј, тогаш, ако веќе имаш искуство, дај како паталци ќе си направиме муабет. Може да ми одговориш на прашањата како ти успева на сончев ден, на ретровизор од кола особено се познаваа кога ќе се погледнев, да не се гледаат влакна во фаза на растење, ни води, ни терај што се? Мазно ли е местото откако ќе се издепилираш или откако ќе почнат да растат не сакаш некој да те допре таму зошто се осеќаат баш како брада. А од што, од депилирање. Претходно биле само мов, потемен, ама мов. За пинцета ич да не зборам, а ја стави, збогум мазна кожо.
    Ти кажав, јас после сите депилации со восоци, путери, ленти на крај ги средив со Лумеата. Сега скоро и да немам, а за тие неколку што растат уште се депилирам, ама пак не се како тие порано. Ама претходно што и да правев имаше периоди кога изгледаше лошо.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, BeYourself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.304
    Пол:
    Женски
    Мене Хризантема ми е секако убава :makeup: и мазна и не толку мазна, и во бикини и во боксерици и покриена и непокриена. Да си ја поплукам да не си ја урочам, пу пу.

    На темава... Многу, многу комплекси си имав порано заради кожата. Кокошкина кожа, после депилирање еден куп црни точки, поткожни влакна, црвенило и осип... И стално плачев кога ќе видев преубава нога на која не се познава апсолутно ништо. Никогаш во животот тоа не го постигнав, иако сум пробала секакви видови на депилација и пилинзи. И ми требаше долго време да си ги засакам нозете, а и се свестив кога после копање инфекција на препони закачив и господ го видов тогаш.

    И навистина би сакала да живееме во свет каде секој треба да си се носи онака како што се осеќа убаво. Затоа не ни приметувам, не ни коментирам, кој како му е убаво така нека тера. До утре да дебатирам и да полемизирам, се ми се сведува на лични преференци. Од мене коментар за човечко тело нема никој никогаш да добие, затоа што знам како е кога некој стандард за убавина ти делува далечен.

    Како што ви е убаво, така да си се носите.
     
    На Ugly Duckling, cresa-jagoda, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    На жените привлечна им е ваква брада кај мажите?

    [​IMG]

    Епа и на мажите не им е привлечна ваква брада кај жените.
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.646
    Допаѓања:
    39.350
    Пол:
    Женски
    Е за ова не си баш во право.Поради таа причина што овие места се совршена подлога за развој на бактерии, со целосно вадење на влакната се зголемува можноста за инфекција поради тоа што при самата депилација може да се оштети кожата и секако преку тие минијатурни повреди да се размножат полесно микроорганизмите.Ама секако има решенија и за овие ситуации, не е дека автоматски мора да се забрани секаков вид отстранување влакна и да се остават засекогаш да растат:drunk:, барем според мене...

    Инаку, не знам зошто тооолку се драматизира во темава.Влакна вадиме од исклучиво естетски причини.Исто како што естетски нема да ви биде убаво да гледате запуштена коса, неисчешлана и неишишана со години, така и за влакната.Да ти е страв да кажеш дека купишта влакна не ти изгледаат убаво, одма си жртва на стереотипите на општеството и некој треба те просветли.Океј, тогаш не правете апсолутно никаква промена на вашето тело во однос на надворешниот изглед, бидејќи ако гледаме во основата на нештата, сѐ си е наметнато од нас самите, поточно од општеството :drunk:.Ама не живеете според стандарди на пештерските луѓе туку користите сѐ што сме си измислиле до овој 21век, нели?
     
    На MarijaMi90, cresa-jagoda, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Важи, ќе се правиме на Тошо. Небитно уште на прва страна што се е напишано :)

    И упорно верглање “ама вие се депилирате, а ваму друго зборите“ па се депилираме побогу, кај што сакаме и мислиме дека треба. Ни налага општеството, ете не притиска, оти поинаку гадни ќе сме :))) Некои може и се сакаме мазни. Само сакав да олабавите со коментарите, неубаво звучи, лични преференции се едно, навреди се друго. Сакајте си се и мазни и влакнести и секакви, ама тоа е се само и само за естетика. Па уште и докторот ќе се гадел @Emy867 Емилијо, па нема со пајажина да му појдеш па да се гади :D
    Ми текна сега тема да отворам за долги и кратки нокти :D
     
    На Annath, WildMk, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    И мене ми се попривлечни мазни жени и кажав зошто, но, не упатувам погрдни коментари до тие што одлучиле да се како природата што ги дала. Ниту мислам дека смрдат или не водат хигиена.
    Тоа е целата поента што се дискутира, начинот на кој се изразуваме кон некој друг со спротивни ставови и мислења, одлуки за своето тело од нашите.

    Не го упатувам коментарот до тебе, него зошто дојде до тука муабетот.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Е, сесро Краво и со пајажина било ок :!: (пајажина од влакна, не од неебитис:rofl:)
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922

    Навреди од мене на темава за жени со влакна мислам дека нема, ако најдеш цитирај.
    Нема потреба на Тошо да се правите ама нема и потреба во несвест да паѓате и страни и страни да се пишуваат за еден коментар или два.
    Се фативте за нечиста ко слеп за стап. Што ако имаме жени кои се против редовно туширање и ве читаат овде како ок е влакна да имаш се додека се бањаш редовно? :o
    Колку е тоа редовно, мора ли да се бања толку често, општеството ли наметнало редовно туширање, знаете ли дека и потта си има своја улога, како се чувствуваат тие жени сега... мислам, свашта. Бесни глисти изводите.
     
    На oblace1, Emy867, aci aci и 2 други им се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    12.880
    Пол:
    Женски
    Темава каша попара. Која како си тера, нека си тера, ама почитувајте туѓо мислење.

    Лично не депилирам надусници, имам многу малку и тие ги средувам со алатка за кутикули на нокти. Така, ем кожата не си ја иритирам, ем сум средена. Малку повеќе пазење и во ред е. Не депилирам цело лице, никогаш сум немала потреба. Веѓите брзо и лесно ги средувам. Нозе, си депилирам за себе. Сакам кога ми се средени и фала богу си најдов конечно ленти каде нема да се касапам. Под мишки обавезно, освен кога паузирам барем два дена зимно време (другите сезони не можам да си дозволам), и тн.

    Познавам жена со брада, сум правела муабет и никогаш не сум и' рекла "среди се". Најверојатно така и' е во ред. Нејзин избор - така решила исто како што јас сум решила да си терам мој ќејф.

    Иритациите се неизбежни. Но да шетам влакнеста, не би шетала.

    И на крај, вистината е дека не можете секогаш да сте 24/7 средени. Прифатете. Во ред е да не стигнете сè наеднаш во еден ден.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    А штетата на кожата? Честото туширање придонесува до исцрпување на есенцијалните масла, липиди и бактерии кои се природно дел од истата и се борат против нејзина инфламација. Се препорачува од страна на повеќето дерматолози, туширање еднаш на два дена или 2-3 пати неделно. И сега?
     
    На oblace1, Angie1432 и Bridget им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    126.006
    Пол:
    Женски
    Влакната не треба да се поврзуваат со нехигиена.Има влакнести луѓе кои мирисаат подобро од невлакнести.
    Ако некој/а си се свиѓа со куп влакна,нека си ги носи.Негов/нејзин избор и негово/нејзино право е.
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @Bridget ама кога све се врти во круг, естетика па хигиена па естетика, а оно уствари за хигиена пак... Почитувам туѓи избори и преференции, ама некои коментари стварно ми беа недолични.
    Еве ќе олабавам, ќе одам манџа да правам. А можеше едно извини погрешно се изразив. Ах вел...

    А вода што се троши? А пластиката од кремите за депилација? Пластиката од бричевите? Па некој нема ни вода да пие. Деца има гладни во светот, и така натака...
     
    На Biljarkata и Bridget им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Ништо, сега ќе речат кој колку сака нека се тушира, немаат проблем ама ќе заборават дека рекле оти туширање редовно е дел од лична хигиена што значи дека жените што не се тушираат редовно се нечисти и смрдат.
     
    На Angie1432, GrimTheReaper, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    @MarijaMi90 лесно ги отстранувам со депилација. Останатото со чупалица. Нема филозофија.
    @Angie1432 зборуваме за нативни микроорганизми. Оние кои се нормално присутни на кожата и со кои живееме во една симбиоза. Дека имаат заштита од егзогени, патогени микроорганизми, се сложувам. Особено влакната во носот се примарна заштита од истото. Но јас стриктно говорев за оние кои се нормално присутни и како такви придонесуваат за зголемен интензитет на мирис од човековото тело. Главата е изложена, додека останатите предели, особено во летен период, под облеката, се создава влажна и темна средина, токму за развој на бактерии со последична продукција на мирис. Да си дома, да, ќе се избањаш, меѓутоа кога си излезен цел ден, едноставно не е пријатно чувството.
    @kravce да, гадно ми е да видам 10 цм влакна под мишка. Да се извинам на девојките кои ги постирав, да ги најдам, ќе им кажам па ќе ти кажам. Ама ако реков дека смрдат оние што имаат влакна, да ми се извиниш ти на мене. Интензитет на мирис и смрдеа не е исто.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Абе тешите се вие дека потта поинтензивно смрди од влакната. Бутајте разни чајни, кулени, салами, виршли, паштети и повеќе ќе смрдити иако сте мазни како бебенце.
    Што се интересни вака.
    Па и хигиена, мешање туширање хехе. Од нехигиена порано умирале од зарази, затоа денес не е прифатливо да одиш небањат, плус смрдеа. Кој е умрел од влакна?
    И океј е да си имате мислење. Ми се свиѓа или не, ок е. Ама извесни Славици почнаа да мешаат нехигиена, бактерии и бесови. Бактерија поверојатно ќе закачиш ако се свежо избричиш и истрчаш 10км. Ама, влакната се болката де.
    И до Славица што прашуваше како им било на тие со шума долу и кога им доаѓа менс. Собери храброст Славице, пушти и види. Посебно искуство е.
    Толку од мене на темава пошто веќе е смешно и тажно.
     
    На jacqueline.s, WildMk, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Пандорке, јас сакаФ ти да ми кажеш, ама не мора, не ми е итно да знам :hai:
     
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Ти ли беше таа Славица?
    Сега ми е јасно се' :D
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не знам што подразбирате под бактерии. Но, ги имаш во телото, на телото. Разликата е што едни предизвикуваат болести, другите не. Телото не ти е стерилно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.