[ Не бе, за самата себе се депилираш, исто како што штикли се носат за сама себе, козметички третмани се прават за сама себе, фризури, силикони се ставаат во уста и цицки за сама себе, во солариум се иде за сама себе, пластични операции се прават за сама себе...нема тоа врска со потребата за вклопување во моменталните стандарди за убавина. А лицемерие е коа пропагираш како влакната се легло на бактерии ама на муж ти не му паѓа на памет да се поминува низ тортурата на депилирање па ти сеа мора да не фарбаш како он си е природно мазен, демек ние сме од друга планета па не знаеме дека маж не може да биде тасма природно, колку и да има малку влакна сепак има. Така да коа он ќе депилира ташаци редовно за да не му бидат легло на бактерии тогаш дојди да ни збориш за лицемерие.
Рече дека нема да враќа на реплики додека не престанете да се депилирате. Ако си решила да престанеш, дојди кога ќе ти пораснат влакната.
Ти ако истото го правиш за друг, жално....Козметички третман бе, за баба ти сигурно не би го правела.
Јас никаде не ни изјавив дека не се депилирам. Само што јас добро знам зошто го правам тоа, за разлика од некои други што се филмаат како го праат тоа за сами себе, или поради хигиена пошо нели влакната шират зараза (со исклучок на тие од косата и на машките влакна). Али со оглед на тоа што на друга тема имаше луѓе што тврдеа дека мажите носат панталони поради еволутивни причини, и дека причините поради кои машки бебиња се облакаат во плаво а женски во розево се биолошки, ништо не ме чуди. Да се изразам со цитат од една од омилените серии "Некои луѓе толку заостануваaт во трката, што мислат дека се први."
Кога почнав во средно, а и година- две пред тоа, голем дел од моите врснички имаа започнато со средување веѓи, фарбање коси, правење вештачки нокти, депилација итн. Во 7-мо и 8-мо одделение се сеќавам дека веќе имаше девојчиња што користат и пудри. Најголем хорор од животов ми се тие години- под притисок од околината секој ден ја пеглав косата и ги изгубив природните локни што ги имав, ми беше срам на училиште да одам неиспеглана Јас сум црна по природа, па и веѓите почнав да ги кубам пошо ако ми се споеја ќе личев на Frida Kahlo. Се сеќавам на едно девојче што учеше со мене- не и дозволуваа нејзините да се депилира и сите ја зафркаваа дека веѓите и биле споени, па јас земав се кубав за да не ме зафркаваат и мене. Буквално никаде не одев ако веѓите и надусниците не ми беа средени. Кога почнав средно започнав и со целосно депилирање. Моментално веѓите си ги носам поприродни, сè поретко ги кубам. Гледам да не ми се споени, а за форма многу не се замарам. Секако и во мода се поразбушавени Во однос на депилација- сакам да сум секогаш средена, ама едноставно не ми е секогаш изводливо. Убаво имаше некоја членка пишано погоре: ‘таман си се средила на едно место, на друго влакно никнало’ и крајот не може да се најде. Не се средувам за другите, туку мене лично ми е поубаво да сум издепилирана- што не значи дека на плажа немам отидено недепилирана. Во зима се депилирам поретко на нозе, раце депилирам со машинче. Под мишка се бричам обавезно, интима гледам да сум средена колку што е можно повеќе. Не сметам дека треба да бидеме под притисок на околината за да се средиме или не, секоја од нас треба да прави како што ќе си одлучи за своето тело. Мене лично ми е многу криво што кога бев помала дозволував да ми влијаат околината и друштвото врз личниот став, ама еве остарев и колку-толку ми дојде умот Бидете си свои и одлучете си за себе што сакате да правите со вашите тела. Важно е да сте среќни и задоволни и правете сè што ве прави такви.
Право збори @GrimTheReaper Да,лицемерие е да се депилираш, а тука да подржуваш некоја "природност" која е исто наметнат тренд сега. Кој сака да биде ин и на инстаграм да продава нови трендови на девојчиња нека пушти гајтан веѓите,плетенки под машките, мустаќите и со влакна на нозете нека носи шорцеви. Ама дека секому треба да му биде убаво тоа и да се промовира како убаво,не не мора . Всушност,колку и да имаше обиди да се наметне влакнест тренд преку Мадона,Џулија Робертс,па британката со веѓите ,не заживеа.
Преференции и осуда не е исто. И јас имам тип на жени и мажи што ми се на око привлечни, ама ако жена реши дека ќе носи сукња недепилирана зашто така и е ќеиф - go girl. Исто и мажи цели со ласер епилирани - топ за нив. Специјално за на гинеколог не се депилирам зашто не го поврзувам чинот на здравствен преглед со тоа привлечно да изгледам, ако му се повраќа има проблем со себе, ако ме гледа во вулва за да му е привлечна треба да се преиспита со која намена е во бел мантил. Бричење пред пораѓај нема врска со тоа како треба да изгледаш на чинот туку со начинот на интервенирање при процесот на пораѓај. Изгледа не знаете жени што чмаеле три пати неделно кај гинеколог, една таква не знам што се замарала со тоа секој преглед да е тасма
Не може "природност" да е наметнат тренд, природа е тоа, таа го наметнала, а избор е личен дали ќе изгледаш како што те создала природата, во случајов осуда се прави на личен избор туѓ, зашто на око вас не ви прија. И не, не мора на секој да му е убаво, нема да го следи трендот и завршена приказна. Плус, не се наметнува тој изглед, се нормализира, што е многу различно
Еве една жена што носи прстени со цел издолжување на вратот поради самата себе, не затоа што живее во племе каде што абнормално долг врат е критериум за убавина, нема врска тоа, самата сака, а сигурно и похигиенски е.
На темава влакнетост на жени прифатливо или не прво би тргнала од себеси за мене лично како жена ми е неприфатливо да сум со прилично долги влакна особено каде што природно не би требало да се во таква состојба, лице конкретно како што беше на почеток именувана темава. За други жени нека си прават која како милува, не би коментирала на никоја лично ама дека посебно ќе и се восхитувам дека излегла со густ брк и брада не, освен можеби поразбирливо би ми било ако станува збор за некоја од оние бабичките кои мислам секоја од нас видела низ животов со густ брк или брадулче, тие не ни догледуваат а не пак од нив да очекувам да се средни во брк, брада. Ама за секоја друга во денешно време такво пуштање густи влакна по лице ми е асоцијација дека не води доволно грижа за изгледот или дека не и е ни гајле за тоа кој како ја доживува на крајот на краиштата.
А колку време треба да не се депилираме за да може да коментираме на темава? Оти јас којзнае колку време не сум излезена по пригоди, мислам дека да ме видат некои ликови од тука по раце и нозе каква сум ќе се онесвестат Јбг, тоа е, ќе чекам пригода некоја да излезам од пештерата и да се вратам на лицемерието Ама затоа ќе можам да си коментирам
Летна сезона да помине, дал господ и плажа да видиме. Очекувам слика од недепилирани нозе на лежалка, према море за доказ
Мех не сум многу по плажи ме смараат. Јас за шетање сум и авантури повеќе. И сега ќе ти пратев ама страв ми е да не ти се снеарни
Кажи ми дали треба и лезбејка да бидам штом ги поддржувам хомосексуалците? Дали не смеам да ги поддржувам жртвите на семејно насилство, ако не сум ни самата? А да и секако не смеам во никој случај да коментирам за деца, затоа што не сум мајка, тоа никако не смеам да го заборавам. Логикава...
Мене сликата со веѓите не ми е ич грозна или не знам каква. Сериозно ви е одвратна? Мене веѓите посебно ми е нормално какви и да се, не ни ги приметувам. Како што реков, мајка ми да не ми речеше да се исчупам зашто срамота било, веројатно никогаш не би се ни исчупала.
Па така е, наметнала природата и никому ништо,ама не се нормализира,нема што да се нормализира,нормално е,туку се наметнува јавно сите да видат дека треба да се носат влакна..Исто ко образецот со депилирање. Зошто јавно на интернет морам да ги покажам мишките со влакна,дека се природни и да ги видат сите? Конкретно за да ме приметат и подобро да се продадам. Пр.на моделкава со веѓите кои ги растела,не и биле вакви баш. Стана славна откако ги израсна и наметна тренд blushed up чешлање. Значи не се работи за природа туку за пропаганди што е ИН и профитирање. Е ако ни се гади од наметнати правила и друштвени обрасци тогаш и ова не се разликува воопшто. @kravce Ако ми смета форсирање на тој тренд на мазни нозе ,безвлакнетост и подржувам природност,која е логиката да ги депилирам нозете.Ке си ги носам влакната во склад на моите уверувања.
Jas imam poveke vlakna za zensko odkolku sto treba i go prifativ toa cela familija sme vlaknesti, imam mnogu gusti vegi, i ne se sramam go prifativ toa.
Ти па со твоите поенти што немаат врска со светот, не па со темава. Него што е со твојата опседнатост со ташаците на муж миЕла да си го видиш ликот во нив, како огледало се.
Косми, се е тоа океј. Еве јас искрено ќе си кажам дека не го поддржувам трендот намерно да се запоставуваме и да шетаме со густи влакна на нозе, на мустаќи, под мишки заради body empowerment. Нема да сум како што викате лицемерна и ќе си признаам дека кога ќе поминам со бричот по ногата и кога ќе видам бело, чисто ноџе толку ми прави ќејф што ми ида секој ден да се бричам Мн сакам да сум средена и мазна. АМА не знам колку овде ја сфаќаат поената. Кога жена има проблем со влакненост, реален, не е возможно да изгледа средена во секој момент. Колку и да се труди. А овде се изразува гадење од тоа. Исто како жена која нема убава коса пример заради проблем со тироидна или пцос или нешто друго, небитно. Таа знае дека средената фризура влијае на уредниот и фин изглед, ама за неа не е возможно да изгледа во фризурата како жена со убава, густа и квалитетна коса. А, верувај ми, таа 1000 пати повеќе ја тинтри косата од некоја што едноставно природно си има убава коса. Ама тоа е. Исто и со чистото лице. Сум слушнала коментари, абе како си дозволува да шета со такви акни на лицето.....боже мој, можеби зошто докторот и забранил да користи пудра зошто и ја влошуваат состојбата. Јас може грешам, ама мислам дека тоа беше поентата на темава. Да не се грозите толку, зошто никој не сака да има такви проблеми, ама мн луѓе ги имаат. Грим упорно тврди дека многу едноставно ги средувала влакната. Океј, моето искуство е поинакво. Јас колку и да ги средував, се познаваше дека си имам мака со тоа. Иначе и јас мн ги средував. На доктор јас лично не би одела несредена, ама и малку да се подраснати влакната, ништо страшно. Ако баш ве интересира не треба да се бричите непосредно пред пап, најдобро ден, два пред тоа. Ова ми е кажано од доктор. За крај совет за сите што имате проблеми со влакна на лице. Ако имате темни, а меки влакна, немојте да почнувате да се депилирате. Земете крема за избелување на влакна, ја има во ДМ. Ама не Балеа, туку една словенска, на А беше. Ќе ги покрие сосема влакната и ќе изгледате како воопшто да немате проблем, особено ако се пократки влакненцата. Нема да ви се направат влакната цврсти како машки и нема да се размножуваат. Тие што веќе сте почнале, има еден путер специјално за лице, од Иви. Сината паковка. Тој е убедливо најдобра опција од било што ако веќе се депилирате на лице. Иначе трендов со body empowerment се појави баш паралелно со периодот во којшто естетската хирургија доживува најголема експанзија. За филери, ботокси и слични ствари ич да не зборуваме. Значи со ништо не треба да се претерува, ни со едно, ни со друго.
На крај краева, за ваш личен вкус никој нема право да ве осудува и да ви приговара. Не ви се допаѓаат влакнести девојки - не мора да бидете влакнеста нити мора да имате влакнеста партнерка, ама не можете да осудувате некого затоа што не си го мачи телото за да задоволи ваш стандард на убавина. Не може секој да ви е fuckable, де... Нити секој сака да ви е fuckable