Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.307
    Значи, пошто си умна и едуцирана, јасно ти е дека не е природно. Екстра е од природното, како такво е тренд, за профит, се согласуваме. Имаше и една на другата страна од екстремот, некоја Шведска блогерка шо си ги бричеше веѓите, ваљда пошто не знаеше шо да им праи, не памтам, па гледам денес пак има веѓи. Настрана екстремите и инфлуенсерките, еве ја таа природната, таа што теоретски може прабаба да ми биде upload_2021-4-19_22-53-2.png .
    И сега, да и ги запалиме сликите?
     
    На WildMk, winnie02, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Моите поенти баш имаат врска со темава, само ти не си во состојба тоа да го сфатиш, покажуваат колку се релативни естетските норми, колку се само општествена конструкција што нема врска со природата и колку зависат од историскиот период и географската локација, и колку длабоко се вкоренети кај луѓето па не се ни свесни дека корекциите на своето тело ги прават под влијание на потребата за вклопување на моменталниот стандард за убавина, туку мислат дека тоа ете така само од себе им доаѓа.


    И жената со прстените е убедена дека тоа го прави од некоја вродена потреба, ради самата себе, исто ко ти што си со чупалица и огледало по цел ден ради самата себе не заради вклопување во општествените норми за убавина. И таа сигурно исто ко тебе гледа со потсмев на тие со нормални вратови и си мисли дека не се привлечни и не се грижат за себе.


    Инаку, за ташаците на муж ти се грижам од здравствен аспект, да не го нападнат бактерии од влакната, ти бар знаеш колку се смртоносни.
    Не ти го зимам не се секирај, кај едвај си го нашла тој еден во милиони мазен маж, не сум толку безмислосна да ти го направам тоа, диши длабоко и остави ја бар на момент чупалицата.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ај доста вадиш жени од пештери те молам. 21ви век, место да прогресираш ти Фриди ми вадиш. Плус измери колку си недепилирана? Не само лицемерие да ми шириш тука :D Дури не споиш веѓа ко Фрида немаш право на збор.
    Депилацио-фоби еден куп :D
     
    На Ugly Duckling и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Дали ми е прифатливо, хм? :wasntme:
    Who cares дали мене или на некој друг му е прифатливо? Кој како се осеќа удобно, така нека шета.
    Лично мене не ми се свиѓаат обраснати веѓи и пуштен брк кај жена. Природно густи веѓи ама средени, потшишани, да. Мов на лице имам малку ама не го депилирам, не сакам обврска плус зашто немам толку време.
    Единствено на раце можам да ги оставам 2-3 недели зашто не изгледаат страшно ама со несредени нозе многу ми е непријатно да излезам. Сум носела фармерки на +40 кога не сум имала време да депилирам нозе, сум била со несредени веѓи во колоквиумска недела ама се осеќав ептен shit. Тоа сум јас секако. Краток фустан и несредени нозе обавезно ми привлекува внимание да погледнам, не ми е убаво на очи.
    Значи вака или така, со сите обврски гледам да најдам време да се средам. Не за некој друг туку за себе. Јас поубаво се осеќам во своја кожа.
     
    На Angie1432, Peperutce1115, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Море зеленчук еден. Правејќи се паметна, не конташ пет пати што пишувам. Барем отвори интернет, прочитај. Покажуваш само колку си неедуцирана во однос на твоето тело.
    И не ми го зимаш, туку не ти го давам. Таков ташак што свети како лампион преку 7 мориња, 7 планини го најдов. Редок, а скапоцен пример на 24 каратен ташак.
     
    Последна измена: 19 април 2021
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.307
    Баш денес мерев, на за крв боцкање. Ја недепилирана рака, лаборантката исто, кујзнае кај живеам, у пештера изгледа(facepalm)
    Битно по протокол ффп2, без лице мерење, алелуја for that :angel:
     
    На cresa-jagoda и Celltica им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ај ја еднаш прва да те цитирам. Каде и кај кого прочита за влакна на раце дека не е убаво, неприфатливо, или вашиот омилен збор, смрдливо?
     
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Фактот дека тоа што гледаш слика од женска што сака да си ги носи веѓите бушави и споени а тоа го тумачиш како "јавно сите да видат = ме тераат и мене" или како што си кажала "треба да се носат" е коренот на проблемот. Никој не те принудува ниту убедува да имаш такви веѓи, никој не ти вика не ти се убави веѓите под конец средени, си ги носиш какви сакаш да ти се, исто како и девојката.
    Зашто мора да влезе во калап на она што тебе субјективно ти се допаѓа, за да го оцениш како нормално или стандард.

    Девојкава не чека одобрување за да има такви веѓи, не е поинаква зашто сака на сите да им се допадне, нема ни да ги истенчи зашто на другите би им била попривлечна, веројатно зашто не е people pleaser - основна квалитетна карактерна особина што се стекнува како дете, сепак тука сме растени со "што ќе кажат комшиите" па не ми е чудно, ама ми е тажно.

    И не мораш мишките да ги покажуваш со влакна, не знам зашто се осеќаш опресирана, не мо раш, никој не те тера. Ама ако сама кажуваш дека е нормално, сите имаат влакна под пазув, тогаш што конкретно ти смета, зашто си дозволуваат ти да видиш таква слика? Зашто не им е гајле.
     
    На Celltica и Annath им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.307
    Ај цитирај ме, појма немам какво депилирање мериме сега, скроз ме збуни. :wasntme:
    Поконкретно прашање ако може следниот пат:)
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да зборев за нозе и за миризба ќе одговореше со брзина на светлината:)
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.307
    Еве одговарам
    ... :)
     

    Прикачени фајлови:

    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А зашо на нозе не се, а на раце се хигиенски влакна? Конкретно за хигиена зборам. Не за естетика.
    Прашања кои ме мачат :D
     
    На Angie1432, cresa-jagoda, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.927
    Поентата е дека тука цело време не' убедуваат дека не се депилираме и средуваме заради нас самите, туку заради мажи и затоа што не сакаме да им пркосиме на општествените норми.

    А ти како човек кој нема гајле со тоа кој е депилиран а кој не, како успеа да ја приметиш несредената рака на лаборантката?
    Или несакајќи беше?
     
    На Peperutce1115 и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. MasMonero

    MasMonero Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Проблемот со ова размислување е што некој стварно ќе го усвои и ќе почне да искача надвор со мустаќ, несредени веѓи и влакнести раце, ќе осети дека луѓе се потсмеваат и дека никој ниту и приоѓа ниту и обрнува внимание и после ќе дојде на форумов и ќе пишува по теми: Депресивна сум, никој не ме сака, дечково не ми враќа откако ме виде на слики, сите машки се свињи...

    Да се помириме со фактите може?

    Секоја жена сака да биде привлечна нели? Ова ви е во генот впишано, не е по избор.
    А стандардите за привлечност денес се такви каде што се очекува барем основно уредување на тревните површини и нема тука многу што понатаму да се дискутира. Ако сака некој да води инает нека води, никој го оспорува правото. Ама истата личност и треба да очекува поинаква реакција од опшеството. Не е за осуда воопшто, но не е привлечно. Оди најди едно машко што ќе рече: да брат, ми се свиѓа цурава види каков добар мустаќ има хахаха напротив, се исмеваме.

    Исто и машките сакаат да бидат привлечни. Кај нас е помалку изразено ова но сепак постои.
    Затоа се бањаме, средуваме, облекуваме чисто, инаку да не се замараа жените многу машки ич кур не би ги болело и да не се избањаат и избричат 2-3 недели и да не смениме алишта цела недела. А сега по стандард треба и да бидеме малку навежбани, па тераме исхрана, теретана, малку страв живот. А треба и финансиски да бидеме способни па ете тие што сме свесни работиме по напорно и се трудиме повеќе. Се за вас правиме, вие сте ни мотиватор. Сите сакаме да бидеме прифатени нели? Да немаше жени во светов мажите сите ќе изгледавме како бездомници и немаше воопшто да ни пречи тоа хахаха
     
    На Angie1432 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Па не ти чини Биљарке моја. Затоа што хиперболизирате и вметнувате нешто што воопшто не ни беше спорно на оваа тема. Ниту влакна на раце, ниту веѓи, ниту мов, ниту подраснати влакна. Едноставно длакавост која е прекумерна, на места кои реално немаш ни потреба да ги имаш, за цел која уште помалку ја немаш.
    Ама не одговарај, се надевам на почеток на есен, ќе ме удостоиш со одговор и ќе евоцираш спомени од летото, како тоа ти уживаше на песокот со раскошните влакна кои беа мелем за сечиви очи. Ахам...Ќе си го видам тилот:)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    Ама, ако овие кои излегуваат недепилирани во списанијава за некаков тренд, нели и овие депилираниве истото го прават?. Всушност, и поради нив сме кај што сме.
    А за ова @Cosmi, веќе сто пати се кажа дека не е некој подготвен психички да го издржи потсмевањето. Кое и тоа како ќе го има, темава само е доказ. Затоа се труби да се намали со осудите, за ако некој сака да оди со гајтан веѓи и надусни недепилирани да оди без да е исмеван.
     
    На cresa-jagoda, BeYourself, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Мажите сакаат да се привлечни ама од време на време :D
    Не многу често, еднаш да се избричи во 3 недели и жената да е пресреќна што си се средил.
    :rofl:
    Пак и финансии испомеша, и работоспособност, ко да е некоја ексклузивно машка добра особина. Како да е некое достигнување да си работоспособен ебате.
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Вие не сте спремни истото да го сторите, а ги тапшате по рамо оние што се стремат да го сторат.
    Еве Рејнбоу, тебе лично ќе те прашам. Зошто дозволивте Филипс да го рекламира својот иновативен производ на форумов? Ако депилирањето не е во ред. Па имајте осет кон тие со зголемено присутво на влакна. Зошто повредувате нечиви чувства, со стимулација на депилација?!? Како тоа влијаеше на овие луѓе, сте се запрашале...Мириса на повторно лицемерие.
     
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.300
    Пол:
    Женски
    Цеца е крива. Еднаш не толку одамна испеа моје сузе падају на горе и од тогаш сите телесни течности се извитоперија по x, y и z оска. Солзи, пот од влакна, мрсули и тако даље.

    Ништо да не се разбило, тееее....
     
    На ElenaOfRivendell, buba4e89, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не можам готово, ова заслужува да е последно мислење и да ја затвориме темава :D
    Плачам :rofl:
     
    На Ugly Duckling, simonna.a, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.