1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со тебе @Asparagus за еден дел. Ако е лицемерие тоа што се депилираме, а овде се изјаснуваме дека немаме ништо против влакнести жени, нели е исто лицемерие да тврдиме дека тоа го правиме само за себе, а не изгледаме исто дома и кога сме надвор, со други луѓе. Да, го правам за јас да се чувствувам поубаво, не за да привлечам конкретен маж. Ама јас кога се чувствувам поубаво, сум и посамоуверена. А посамоуверена сум меѓудругото затоа што сум попривлечна, барем јас така мислам и кога ќе се погледнам пред огледало, ама и пред околината.
    Дајте малку да бидеме искрени и реални. Социјални суштества сме и важно ни е како ќе бидеме прифатени од околината. Барем од нашата поблиска околина. Толку многу научници го докажале тоа досега, ама ние упорно тврдиме дека само заради себе правиме се. Правиме заради себе да, зошто нас ни е поубаво кога им сме привлечни на другите.Да не беше така не ќе постоеше ни мода, ни козметика, ни трендови, ни инфлуенсери, ништо....
     
    На Peperutce1115, Annath, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MasMonero

    MasMonero Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Незнам со какви мажи си била но можам да кажам за себе и за своите другари дека обрнуваме огромно внимание на личната хигиена, влакна, изглед, мирис, вкус, целиот пакет. Дури мислам премногу, или повеќе од што треба, и дека ова е редовно последниве 15 години. Има исклучоци секако, и ние сме први да посочиме, "брат среди се, мирисаш, не не срами."

    И се надевам сеуште живееш во истиот свет со останатите од нас, пошто финансии и работоспособност ова време станаа поважни и од изглед и хигиена. Барем такво е нашето искуство. Врежано ни е више во глава дека ако сме без пари и неспособни, џабе ни е цела хигиена и средување хаха ќе си останеме сами и непривлечни. Ајде да бидеме реални.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.176
    @GrimTheReaper не знам шо да ти кажам, ете не те разбирам.

    Друго битно, @Celltica ова стварно било модерно човече, 21 век било ок да имаш недепилирано раце :o
    https://www.allure.com/story/womens-arm-hair-portraits
    Да умрев вчера немаше да знам дека тренд било, ќе го наречев ,,ич не ми чуе,, лајфстајл:emo: :D
     
    На cresa-jagoda, Ugly Duckling, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Споредбиве дека најмазните го добивале најубавиот партнер :rofl:
    Аманте, за сечиј вкус и секого има по некој.
    Не мора да правите циркус од себе за да добиете најубав партнер.
    Правејќи нешто спротивно од вашето свое јас е прв чекор кон привлекување некомпатибилна личност. Јер се претставувате у друго светло, не сте свои.
    А и најубавиот можда е тотален идиот. Ама битно убав а? ^_^

    Прајте што сакате, ама за вие да се осеќате удобно, а не за нечии други замисли на убавина. :wasntme:
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Па фала богу дека е битно да си работоспособен, дали жена или маж. Не знам кој над одредена возраст би прифатил човек, маж или жена, што не е работоспособен и осамостоен. Не е тоа достигнување некое, веројатно се подразбира дека секој возрасен човек треба да заработува некако и да придонесува.
    Другото се преференци на изглед и има секакви, хигиена е дефинитивно задолжителна.

    @Biljarkata Ете јас сега фурам таков тренд, ама со оглед дека одамна почнав пројде тој воз кај што во јавност можам натурел да пројдам. Сто пати се имам покајано за рацете што ги почнав ко девојче, ама тоа е. Може ќе го достигнам и јас тој левел на незамарање некад хоупфули :D
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Ај молим те со глупостиве ти реков веќе, нема ни потреба да ме цитираш.
    Па колку пати рековме дека баш поради тој социјален момент е потчинувањето? Читате ли?
     
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    На кој начин привлечни? Освен сексуално, не знам на кој друг начин може некој да ми биде привлечен.
     
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Само што никој не рекол дека депилирањето не е во ред.
    Се дискутира овде која е причината поради луѓето се опседнати со депилирање и мазна кожа, дал се бактерии или нешто друго е во прашање.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Остај тоа, него и само на женски нозе не е хигиенски, на машки нема гајле.

    Ја не знам бе зашо се глуми лудило на темава, абе до хигиена е, не бе бактерии има, за тоа ми е, за мене си се средувам, кажете си реално, се депилирам пошо сите ќе ми се смеат ако искочам со влакнети нозе или пазуви, или бркови, нема дечко да фатам, маж ќе ме остаи, на работа ќе бидам тема на сите вицови и заебанции, ќе ме одјебат и пријателки и роднини, срам ќе им биде со мене на кафе да седнат...тоа е реалноста, сите што отворено отскокнуваат од широко воспоставени општествени рамки се мета на потсмев и оговорање...всушност еволутивно гледано оговарањето има за цел да ја спречи единката да застрани од тие воспоставени норми.


    Ај па ако некад дојде мода за недепилирање, истите овде што се пренемагаат ќе сменат лента па ќе почнат да пуштаат влакна ради сами себе, а бактерии одеднаш ќе почнат да шетаат по депилирани нозе и дунди...за тие природно со малку влакна па ќе има јапанско исцртување нозе и тако даље...
     
    Последна измена: 20 април 2021
    На cresa-jagoda, Lella, BeYourself и 4 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Зашто е глупост? Ти како дел од тимот на Фемина треба да знаеш. Одговори ми која е потребата да се рекламираат депилатори, ако истите се плукаат на темава. Како што гледам не постои расположение за жените да се депилираат. Напротив се чувствуваат дека им се наметнати некакви стандарди за убавина. Ако Филипс Лумеа не е пример за стандард наметнат за убавина, не знам што е.
    Мислам, супер, би сакала да го пробам. Но, од една страна се стремите за едно, од друга страна, рекламирате мазно тело.
    А како глобален модератор, барем ти треба да дадеш пример за дискусија, а не, не ме цитирај веќе. Јасно ми е колку е саат.
     
    На Peperutce1115, eliesaab, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Се слагам скрос. Пишав веќе не знам кој пат, јас стварно за другите се средувам и депилирам. Не мислам дека жена може да пројде видливо недепилирана негде јавно и тука не зборам за дечко и секс, туку општо надвор во друштво, на работа, во било кој општествен сегмент.

    Само малце ми е сулудо со хигиенава, нешто допирна точка да имаше влакно со хигиена ајде. Ама вака бар арно викаш, бар на себе признај си. Реално и тоа што на некои им е убаво мазни е сосема ок. Али најискрено кажувам, да беше до мене само стварно никад немаше да помислам на депилација. И онака го мразам денот кога морам да се депилирам а и следните 2 дена сум со болки ко да ме тепал некој. Не уживам ни во сопственото мазно тело нешто посебно.
     
    На cresa-jagoda, Annath, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Интимните делови не ти ги гледаат ни на работа, ни во друштво. Зошто не ги оставиш недепилирани? Таман нема да трпиш болка, ако не грешам те прочитав назад дека ти е преболно.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Па ти викам, мислам те прочитав дека ти е многу болно, може сум те помешала.
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Aбе дечки, перцепцијата за женската убавина се менува цело време. Од носење на корсети, до ултра женствени фустани, од фризура како од 80тите истапирана до максимум до соблекување и покажување на кожа итн итн. Мислам еден од најубавите примери се почетоците на 80тите години кога било императив долга и негувана коса кај жена, долг фустан и суптилна шминка. И искача Ени Ленокс во Sweet Dreams облечена во МАШКИ костум, со вратоврска, со дреч црвена коса шишана на кец и максимално агресивна шминка и го превртува светот однопаку. Незамисливо било жена да носи костуми машки, а камоли да се шета исшишана на кец како прав муж. Денес не само што сите од нас имаме suits и си обожаваме да ги носиме, тек па сако колку е популарно, туку и еден куп жени се шишаат кратко, некои дури и ќелави шетаат. Тек па прејаки манекенки колку има што немаат коса, ехе. Од максимално истенчени веѓи во 90ти, излегува Кара Делавињ со најдебели веѓи и прави револуција.

    Ќе се мени перцепцијата и за депилација, па така како што сега ни е чудно некој да се шета со влакна, тогаш ќе се навратиме во темава, ќе видиме ехе во 2021 колку поинаку се размислувало и ќе си го засукаме бркот :D

    Чекајте само да го направи тоа некој од кој вилицата ќе ни падне и ќе видите дека одма ќе се смени перцепцијата.
     
    На cresa-jagoda, Lella, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Прочитав и такви мислења, ама поретко. Повеќето се дека само заради себе сакаме да сме убави, не заради другите. Само заради себе се депилираме, ама баш кога ќе одиме на плажа, не и кога сме во карантин. Ова важи барем за повеќето, има исклучоци.
    Ама во моите очи има разлика помеѓу тоа да бидам средена зошто би ме исмевале ако не сум, а јас лично не чувствувам потреба да се средам, со тоа кога јас сакам да се средам, не само за да не сум исмевана, туку зошто така ми е поубаво и се чувствувам поубава.... и секако ми доаѓа убаво кога ќе добијам искрен комплимент. И мислам дека скоро на сите им е мило.
    И не зборувам за слепо следење трендови, дури и кога не одговараат на мојата градба или на моето лице. Денес големи гради се знак за сексапилност, утре убав задник, па јас нема сигурно да трчам да правам операции заради тоа. Ама ова се некои бејзик работи.
    @Jana06 а што има лошо ако сакаме на околината да и сме сексуално привлечни? Мислам дека тука сексуално може да се изедначи со физички привлечни. Различен збор, иста поента. Тоа не значи дека сакам да имам нешто повеќе со тие луѓе. И не е само физичкиот момент. Имам работено со луѓе и тврдам дека односот бил многу пољубезен од нивна страна кога сум била посредена отколку кога пример сум пошла на работа ненаспана, па од што сум немала време не сум се издепилирала, не сум ставила пудра, косата не сум ја средила. Дури и од жена кон жена. Секој си има право на свое мислење, се разбира, ама јас сметам дека луѓето се визуелни суштества и едноставно не можат, а да не ги третираат поинаку поубавите луѓе. Или барем тие со пријатен изглед. Свесно или несвесно, така е. Тоа не значи дека тие што се многу убави ќе се посреќни во животот, ама дефинитивно имаат привилегии.
     
    Последна измена: 20 април 2021
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Не можам ни да замислам живо суштество што ќе ми наметне да не издепилирам брк, еве најискрено :D
     
    На ElenaOfRivendell, Angie1432, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.176
    Е, извини, не сум ти го видела прашањето. Цел ден за влакна се везе, не можев да не почнам да загледувам.
    Не разбирам, што не е јасно. Ако живеам во општество кајшто сите се со депилирани раце, јер, еј, еурека, мора да загледуваме за да приметиме, ќе си речам, чекај, можеби вака треба. Среќа, па не живеам во такво општество, никој нема совршено мазни подлактици, никој не се оптоварува со некое подраснато влакно на потколеница, немам 17 години, не живеам ни во телевизор ни на инста, све ми е рамно.
    Башка и хормоните почнуваат да работат за тебе, не против тебе, со тек на време;)
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Јас мислам Грејс Џонс е повеќе за во темава, она е така помазна :D Влакненце нема никаде 8)
    Преубава жена иначе шала на страна, барем според мене.
     
    На Biljarkata и KateKane им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се слагам.
    Сите се дотеруваат демек ради себе не ради другите, ама никоја не седи дома дотерана, нашминкана, со 12ка штикли, туку во тренерки или пижами и коса во реп.
     
    На cresa-jagoda и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.802
    Чувство на комфор, леснотија. Зошто нечие убаво лице, нога да бидат покриени со влакна? За некој да не вели оти така ми наложило општеството? Ми е гајле.

    И не, не следам слепо трендови. Утре да дојде 'тренд' да шетам со мустаќи и плетенки по нозете, нема да го следам истиот, како што и досега сум скокала такви кои не ми одговараат.
    Ако прво јас не можам да се гледам во огледало таква, како би се покажала надвор само дека е тоа во мода? Не доаѓа во предвид.

    Еве бушави веѓи и нагоре начешлани се ин сега. Нека се. Мене не ми одговараат, така да трендот не е за мене и го занемарувам. Симпл. Сум заобиколила безброј моди досега и секако ќе продолжам така и во иднина.

    А па и не знаев дека 12ка штикла е репер да се биде среден? Коса во реп, јас редовно носам оти се потам многу во вратот. Не сите ја пребираат косата во реп оти им е мрсна. Мене ми е 'склет, на пр.

    @Biljarkata, ах знаев дека те оптеретивме тука и дека ти влезе во психа, иначе каде ти би загледала такво нешто. Ма какви, само од нас ти се случило така.
     
    На Yowannty, Peperutce1115, Autumn_ и 5 други им се допаѓа ова.