И дома и надвор сум по тренерки. Штикла немам видено со години. Шминка уште помалце. Си го сакам комфорот и не ми менува каде одам. Пак со твоите поенти.....Пижами сраснаа на мене. Како тоа јас се облакам за другите? Всушност ти твоите доживувања ги опишуваш. Па нормално е и што си нервозна, да мораш да носиш штикли а нејќеш, за да си прифатена. Самодоверба issues?!? Much?!?
Како бе седи дома во тренерки? Нели ќе ја остаи мажот? Не, не, во Династија не беше така, по дома во костимче, со штикли, со фризура
А какви треба да бидеме дома? Да не треба и на плажа да одам со шминка или на утакмица на штикла за да му бидам привлечна на некој? Еве сега ми е преубаво што лежам по гаќи и маица, средена, истуширана, мазна и со фатена коса. Не викам дека нема луѓе што гледаат да задоволат општествени норми ама има и такви што сакаат да им е убаво во своја кожа.
Цела година немав мрднато од дома, контакт само со моите. Не знам сеуште како тоа сум се средувала за другите, оти да, се средував. Можеби не требаше, џабе енергија и време трошење Ама касно се отвори темава...
Ама не ти е непријатно ако видиш жена со дебели веѓи. Не ти е ако видиш жена со вештачки гради, со ботокс, не ти е непријатно ако видиш во костум, шишана со машка фризиура одстрана на кец како Грејс што @Celltica ја спомна. Пред десетици години истиве работи го постигнувале тој "шокирачки" ефект како недепилирањето сега. Не било замисливо тогаш жена со колкови, убави раменици и гради да се закачи во машки костум, ван памети било. Ама со тек на време се прифатило тоа и денес има жени во костуми вилица да ти падне. Ив Сен Лорен пикот во кариерата со костуми го има постигнато. Ти може никогаш нема да се бендисаш недепилирана, ама ќе се мени времето и ќе ти биде естетски сеедно дали некоја има влакна или не. Нема ни да приметуваш. Како и со секој тренд, впроочем и јас немам муда на кец да се исшишам, ама не ми смета ако видам такви жени, баш напротив прејаки ми се. Тоа мислам дека се пробува "другава" страна да го каже. Дека треба да се нормализираат влакната, а секој да си се носи како што си се свиѓа. И ќе се нормализираат. Само модата од fifth element да не ни дојде, кец можеби и ќе се убедам да се исшишам, ама ова не би можела никако да го изведам, не сум олку кул
Уживки4, ти веруваме, ние паднати од Марс сме, па не знаеме дома како сите седат , по тренерки и маичка, па сеа ти ќе не убедуваш како си седела дома година дена дотерана.
Јас дома седам по ПИЏАМИ. Полесно ти е сега? Кога некој има средена кожа, коса, нокти... и во вреќа да седи, нема никаков проблем. На такво средување мислев, а не на ДОТЕРУВАЊЕ.
Покрај Фрида имало и други жени,тој период . Како на пр. Clara Bow, Marlene Dietrich,Jean Harlow,итн. Тогаш во тој период 1920во модата првпат се популаризира храбро изглед на момче,машки изглед на жените,но од друга страна почнува и масовно да се користи шминката,жените почнуваат да користат нападна шминка ,модерни биле тенки веѓи,па се носеле апартчиња за да се исправи носот,устата да биде срцолика.Тушот за очи станува хит ,портокалово црвен кармин... Трендовите цело време се менуваат,но низ сите овие години ,влакнетоста не била ИНшто значи жените повеке се сакаат мазни.
А ние што ко клошари сме и по дома и надвор?!?Како тоа се облакаме за туѓо внимание . Да уствари, привлекувам внимание, глеј ја клошарка.
Ајде сеа врати се на моето мислење кај што јас викам како сите тврдат дека се дотеруваат заради себе, а дома седат по пижами и објасни зошто уствари цитираш коа ми го потврдуваш тоа лицемерие?
Кога ќе се научиш да правиш разлика меѓу некои поими, тогаш ќе ти објаснам. Сега не, оти не знаеш што е дотерување, а што средување пред се од хигиенски аспект.
Зошо не одиш на работа во пижами? Затоа што е општествено неприфатливо, ќе бидеш сметана за мрдната и исмејувана. Од истата причина не шеташ со влакнести мишки и бркови, и од истата причина шетале кога тоа било прифатливо.
Па зошто бе, ајде одговори, ете погоре пиша дека кога некој е депилиран, со средени нокти не е проблем и во вреќа да е облечен. Зошто не одиш надвор во вреќа или пижами кога ти очигледно убаво се чувствуваш? Ако не е поради исмејување од околината, што е причината?
Зависи каква работа работиш. Јас смеам и можам. Од хигиенски причини не ги носам, треба во постела да ги внесам. Така да, зошто да оди со пижами, кога намената е за да бидеш во нив во постела. Па спиеш на тој чаршав и перница. Јас алишта од надвор на кревет не ставам, не па пижамите и ваму и таму да ги носам. Немаш поента пак...
Не е спорно кој како си се допаѓа повеќе ( сакање ми е чуден збор во овој контекст) и ич да не навлегуваме во причините, зошто е тоа така. Спорно е што ви е шокирачки дека може некому да не пречи тоа. Значи мене, може да ми пречи мојата несредена бикини зона ама стварно не ме занима туѓата. Мене ми е ок мојата нефарбана коса, ок ми е и нефарбаната коса од комшиката, ок ми е и фарбаната коса на касиерката. И никакво пренемагање не е, не живеам од фешн индустрија, луѓето си ја гледаат работата, секој си го вози филмот... Не станува збор за влакнетоста да биде ИН, станува збор да не бидеме шокирани од нешто што ама баш ич не не засега. Како и зошто би ме шокирале веѓите на Фрида, такви гени и се паднале, таква се прифатила, јас ниту ќе ја женам, ниту ќе ја лежам, за кафе пиење, битно ми е да имам муабет. Верувам интересно кафепиење би било, и со Фрида, и со Грета, за со Мерлин, не знам баш