Ако нешто со гордост го правам, не ми менува дали комшијата ќе зборува за мене. А што да те прочитам погоре. Рејнбоу расни ливади по нозе, раце, фаца, тајги, тундри, како да ти кажам дека ми е гајле. Ама ако те видам, дека ќе паднам во транс од што зрачиш од лепота, нема. Никој не ти брани. Твоја работа, твој проблем, како што е моја работа и мој проблем да видам нешто такво и да не ми биде пријатно.
Забегана е темава. Има други теми за депилација. Ако некој има хормонален дизбаланс никому ништо, не може тука многу да смени. Ама не мора да го правиме ни дека е природно. Едноставно си има здравствен проблем, и тоа е тоа, никому ништо. Нека си се средува како сака, и другите треба да го прифатат така. За преференци не треба да судиме. Има девојки што неќат ќелави мажи, кои токму поради хормоните ја изгубиле косата. Зашо мора машкото да ги прифати обратното? На некој ќе му се свиѓа на некој не. Некој поддржува некој не. Поддржување и прифаќање не е еднакво. Можда ќе прифатам влакна под мишки, раце, нозе кај женско, ама можда нема да поддржам и охрабрувам. И ова не е во ред? Двојни ви се аршините. Сега намерно читав во онаа тема за депилирање мажи, 90% од жените таму пишале дека ако е во "граници" на нормала ок, а ако бил премногу влакнест морало да се депилира или барем средува (особено таму доле, сите пишале). А шо ако и он имал хормонално пореметување? За мене ако ништо не иде у екстреми веројатно ќе ми биде прифатливо... Јужно американките по дифолт се повлакнести. Општеството ги прифаќа. Ако сите ве боли шо се депилирате, престанете со депилирање као што вика @GrimTheReaper и шетајте со влакнести нозе, шо ви е гајле што зборат другите. Со тек на време општествово ќе се навикне, шо се замарате. На некој ќе му се свиѓа на некој не, неможе да натерате некој да ве свиѓа или обратно. А да не се лажеме, повеќето жени се средуваат за себе, па на второ место заради другите жени, и на крај ради мажите. Мое мислење! Не бидете лицемерни
Неприфатливо. @WildMk има начин АКО сакаш да си без влакна. Братучетка моја сега нема воопшто влакна, инаку заради полицистични јајници имаше баш брада.
Да го снема утре светот ќе ми требаат само вештини за преживување. Ако не да земам само за тоа да читам и да баталам се' друго? Темата уствари е отворена за мали влакненца кои се познаваат дури да пораснат доволно за да се издепилираат ама ќе дебатираме дали е прифатливо или не Не, не е, ти се смеат луѓе, те бркаат од настани, од работа те враќаат со предупредување, маж те остава... Темава е драматична без причина пошто околу нас има многу жени што се повлакнести и никој не бега од нив. Ако веќе зборите баш за долги бради и влакнести нозе кај жените во опшеството денес, треба друга тема.
Темата си е на место. Ама, поедини мислења се Влакно ко влакно. Си бара време. Ете има и многу жени длакави, и? Ако вие сакате да сте мазни, арно. Ама па да ви смета некоја што има подраснсти влакна, зошто? Што ви смета? Уствари да, маж влакнилав е мачо мен, мушкарац. А, жена со влакна е . И нема врска влакна со нехигиена.
Не се расправам, само ме интересира. Според тебе како ќе се постигне рамноправноста, 1. ако сите се депилираме? 2. ако никој не се депилира? 3. машките да се депилираат а женските не?
Why women feel pressured to shave Интересен напис. Почнувајќи од историјата, како дошло до ова денес, да мора жените да се аполутно мазни. Ако прочитате ќе видите дека што е прифатливо, а што не се менувало со општеството. Нити има врска со хигиена нити со нешто друго. Има врска со половите и со женственоста. Making women think they had to be hairless to be considered worthy of attention was a heteronormative way of controlling their bodies -- and, inherently, their selves.
И затоа луѓето со густи виткана коси, припадници на една раса посебно, смрдат? Имаше и такви теории низ историјата, не дека не.
4. Мажи кои сакаат или не сакаат да се депилираат. Жени кои сакаат или не сакаат да се депилираат. Имањето/немањто влакна да не зависи од полот. Ако влакната прават поголема смрдеа, зошто само жените да се депилираат? На мажот дозволено му е да смрди, корни со шума под мишката?
Дај бе немој и ти со овие предрасуди. Ако одржуваш хигиена секој ден - миеш лице и се тушираш, ако сакаш имај и змејови по коса и тело пак нема да мирисаш. И аман луѓе, побогу... (Не се однесува на тебе Билјо). Јужноамериканците смрдат ако не се бањаат. Швеѓаните смрдат ако не се бањаат. Сите бздиме ако не се бањаме. А не ако не се депилираме. Jesus. Ме изнервиравте сега, одам да ги исчупам веѓите што ми личат на Гоце Делчев.
Шо се нервираш одма? Имаш тема издепилирани машки, пиши таму. Никој не го оспорува тоа што го кажа. Впрочем, читај ги коментарите на таа тема повеќето преферирале издепилирани или шишани? Што е проблемот???? Нема никаков проблем, сама си го праиш
Еве баш тоа чекав со месеци, кај да убацам расизам во дискусија Таква асоцијација ми дојде, ок. Асоцијативен ум. Сите ,,изми,, се нешто потврдени со некакви квази аргументи...ама влакната не биле хигиенски, ама само кај жени. Сексизам се вика тоа.
Мирисот под мишка баш доаѓа од отстранувањето на влакната + комбинација со дезодоранси кои создаваат фина подлога за бактерии. Влакна под мишка не се никаков проблем ако одршуваш лична хигиена. Знам жени што не се бричат па никогаш не ми мирисале. Недепилирани нозе апсолутно нема никаква врска со хигиена. Ама баш никаква. А, и онаа опседнатост со мазно женско тело е језива, ко што рече @RainBow. Девојчињата добиваат влакна со влегување во пубертет. Ептен педофилски корени има "мазна жена". Влакна се природна работа, ако на маж му паѓа затоа што имате влакна на нозете - ваљда повеќе би му одговарало 7-8 годишно девојче од 20-30 годишна жена?
Ако се пали на влакнести нозе, може па повеќе ќе му одговара маж од жена? Така ако гледаме. Ти се депилираш?
Врска нема ова што си го постирала. It's actually not the actual sweat from apocrine glands that creates that smell. Stench-causing bacteria happens to be attracted to that particular sweat, says Bowe. And once they break down the fats in apocrine sweat, the stay-away-from-me aroma appears. The more hair you have, the more surface area bacteria has to cling to, which keeps the smell so pungent, says Bowe. Всушност, проблемот е до бактеријата. Не е до влакната. Целата статија е во оваа насока. Ниту пак има спомнато нешто за влакната и хигиената на нозете нели, за тоа еве, уште чекаме.
Па мислам очигледно е дека сум жена. Не мора да се пали на нозете, нели. Само нема поента да му смета нешто природно. Неприродна е опседнатост со мазни нозе. Веќе е исполнување на вештачки стандард. Јас лично, како/кога. Не сум опседната со депилирани нозе, нити сум строго "нема да се депилирам никогаш". Мене не ми смета, нити сум приметила дека маж ми реагира различно дали сум депилирана или не. Ваљда е во мене заљубен, не во идејата за мазни нозе