Ебе знајш шо... никогаш нема да речам за влакнеста жема дека е грда, неуредна, смрдена или не знам каква. Прво шо помислувам е: “Алал да и' е, ич не ја боли к*от. Навистина треба ташаци ко Букефал на плоштад да имаш, за таква 'егзибиција“ Пошто за мене е 'непристојно', нив ги гледам како храбри личности. Она што не можам јас... она што не успеав јас... има надеж за светот...
Јбт што сакаш да ти покажам, слика од мишка?? Ти не разбираш дека никој од нас не го гледа влакното како гордост или револуција, туку како влакно што расте на телото, што си толку увредена? Како дете се расправаш за влакна.
Ако сметаш дека е убаво да имаш влакна истото ќе ти биде привлечно. Или чекај, живееме другите да ни кажат како треба да се живее. Се утепавте од постирање на лепотици со влакна, ги гледате со восхит, и ви се привлечни. Значи ако сметате дека е привлечно, по некоја логика на нештата значи е привлечно. Или па и не е толку привлечно, колку да покажеме колку сме ние либерални?!?
Како те нервираат кога тоа е природа? Влакна што си растат нормално како што си дала природата, а тебе те нервира. Или си за природно или не, а мислам рече за природно си.
Како не разбираш жити се Мене моето тело ми е сеедно дали има или нема влакна. Не уживам во депилирано женско тело, ни во своето, а за другите жени ми е сеедно што прават, оти дома нема да ги носам. Не дека јас немам стандарди други, пример секад ќе се дивам на убава коса, што не значи дека ќе ги хејтам тие што немаат според мене убава коса. Не знам како да ти објаснам, сеедно ми е ТИ дали се депилираш. ЈАС се депилирам не зошто сама себе сум си поубава, туку зошто јасно ми е дека ќе сум мета на потсмев и покажување прст ако се појавам вака како што сум сега по дома. Не знам како не сфаќаш стварно, ми имаш оставено впечаток дека си разбрана по други теми. Да сумираме, ни гледам влакна со восхит, не е достигнување да имаш влакна, ни па гледам депилирани со восхит, оти и тоа не е достигнување. Јас нигде немам постирано друга жена и слики од други жени, цитирај ги тие што постирале. Софија Лорен ја видов, ете таа ми е пример и таква како на сликата ок убава и женствена, во мои очи.
За секој да си одбери што му одговара, а не да биди наметната појава за сите жени на планетава, оти не сме сите исти. Никаде не реков дека сум за природно Читај, ќе видиш. Прифаќањето на различностите ми е поентата. Почитување на индивидуалност. Цел живот сакам ќелава да се истрижам, никако да соберам храброст. Кога ќе видам ќелава жена, се вобудувам од нејзината индивидуалност.
Поентата дека треба да е скроз нормално да бираме и да ни е удобно во сопствената кожа Без ни едно влакно, со сите влакна, само под мишки да немаме, само на дунда да немаме, ју нејм ит. Како што некои од дома без маскара не излегуваат, јас не се шминкам речиси никогаш за на работа и не мислам дека сум "несредена". Ама иди во темана, се подразбирало дека е bare minimum маскара пример. А добро знаеш колку сакам шминка. Ама сакам - за да уживам, не за да ми е обврска и не за да мислам дека изгледам лошо без неа. Зошто такви притисоци?
Да слика сакам од мишката твоја, да ја урамам. За да ја тргнам Јованка Орлеанка од ѕидот, оти храброста е всушност раст на влакна под мишка.
Пробам да замислам слика. Се тоа во исто време? И коментира на фемина? Гел користи за бричење? Пена? Или само мокро бикче? под туш е или онака во купатило? Во кујна да не е можеби? Знам еднаш имаше еден на форумот што фериш му беше пред секс сам да ја избричи интимната зона на партнерката. Да не се познавате случајно?
Не е притисок Камелија, едноставно не можам да замислам жена облечена во преубав фустан, средена топ, а на нозете влакништа. Значи зборувам за влакништа, не трчи, трчи, оп влакно. Не дека таа жена е гадна или смрдлива, ама неуредна за мој вкус, да.
Ама ако она се осеќа најпреубаво на свет, зошто мислиш дека имаш право да судиш? За мене ти зборувам, да не беше притисокот дека треба да ми е мазна, немаше да имам лузни. Сакаш да ми кажеш дека вреди? За што? И всушност лузните се на препони, затоа што ми е срам да одам на плажа нели, со бар малце никнато, и свесно се изложувам на болка, на потенцијална инфекција, затоа што ќе бидам осудувана. И е лошо тоа, на крајот, поима немаш зошто е "неуредна". Не е ни твоја работа. Не викам дека треба да се восхитуваш, ама не треба ни да реагираш, да се чудиш и не знам што веќе. Дали јас толку не ги заприметувам луѓево, не знам, мислам да ме прашаш која од колешкиве денес со мрсна коса била на работа, која има влакна на раце, која има нечупани веѓи, нема да знам.
А дали ти стварно мислиш дека јас зјапам и заприметувам шо треба и не треба кај други? Верувај, ич не го правам тоа. Само искажав став на темава. Е сега, ако некоја ми крене мишка ептен пред очите и таму има туфка, тоа не можам да не го заприметам. Но, не загледувам, стварно не ми е гајле.
На темава мнозинството како што гледам нема предрасуди на таа тема. Што чекаш, не знам. Ако на вас ви е привлечно, зошто мислите дека на другите не им е. Ти ќе почнеш, друг ќе почне и така...Цели кон своите соништа, ќе станат реалност, ако цврсто веруваш во нив. Јас и уште пар луѓе кои сметаме дека истото не е привлечно, сме тотално небитни. Уou go girl.
Пак таа привлечни непривлечни Ајде уште ова и готово, досадна е дискусијава више Епа форумот не е светот, ама и тука фидбекот е ист како и надвор од него. И сама реков, влакна на жена надвор во јавност не се прифатeни. Дури не станат прифатливи, а ќе станат слично како што веќе е прифатливо да бараш антиперспиранти кои не спречуваат потење и немаат алуминиум за да не си накалемиш здравствен проблем, јбг и јас ќе се депилирам, зошто имам доволно други нешта на кои треба да се фокусирам од тоа да бидам покажувана со прст, туркана на страна и исмејувана од таквите како тебе. Ни па ми е сон некаков или цел во животот да правам промени на општеството за влакна. Си имам многу повисоки и побитни лични цели искрено. Ќе се депилирам кога морам, кога не морам по дома нема и така.
Една од побитните цели е да се стремиш кон она што ти причинува задоволство. Депилацијата како што гледам не ти е. Што ти вреди ако некој те покажува со прст, а дечко ти се топи на тебе?! Битно ли е толку што ќе речат другите? Види, дел од луѓето ги заболе што носиш, дали имаш влакна или не, не те перцепираат дека си жива, други те сакаат таква каква што си, трети секако дека ќе зборат. За која маса на народ живееш ти, ако е за третата, најнебитната, што понатака да кажам.
Ама сеедно ми е,не се замарам јас со туѓ изглед . Кој како сака.Но знам што ми е убаво,а што не. Зошто да правам лице,ако некој близок ме праша пр.дали се убави моиве влакна на лице,? Не се.,тоа е вистината колку и да боли. Тој што би прашал,треба да расчисти сам со себе.Ако знае објективно дека нештото не е убаво, а се прифатил сам себе таков,нема што да биде сензитивен на одговорено прашање или коментар. Нема што јас да се лутам,или повредувам ако ти ми речеш не ти чинат веѓите,не ми чинат знам,ке си ги носам,тоа е.