Не бе,немам влакна на лице јас. Ама другарка да ме праша,како изгледа со влакна на лицето ке и речам не ти се убави. Нема да и правам лице.
А,бе,не е проблем што не ви се свиѓаат влакната на Петар и Петра. Проблем е ако ги осудувате и етикетирате врз основа на изгледот.Влакнетост не треба да се поистоветува со нехигиена и неуредност.
Веќе одлучи дека нема да ти се допадне, а? А што ако е навистина убава и покрај влакната? Или нема таква можност?
Да битно е што ќе речат другите. Нормално дека е битно. Не сите други, ама ако сакаш да живееш во општество и да имаш општествен, социјален живот, кариера, што и да е, не може само сам на себе и дечкото да ти е битен. Во најмала рака манири и култура треба да имаш, после и ред други работи. За мене тоа дека треба да си тераш само по свое е глупо и нарцисоидно. Ко примерот твој со пиџамите на работа, демек некоја прогресивност и куроболие, а сите знаеме дека нема да отидеш со пиџама на работа никад Кој е лицемерен тука?
Да , старосватица ме прашуваше дали ми е убава со бели влакна (да ги пуштала)на црвена коса. И реков не.
Значи сепак треба да се акомодираме според општеството. А кога општеството вели дека влакната се непривлечни и ние така треба да мислиме. Не го велам јас ова, туку го црпам од твоите зборови. Всушност сите други ако ти викаат дека влакната не се привлечни, треба да го мислиш и ти истото, бидејќи сепак е битно. Зошто тогаш водиш инает, ако јас сум дел од општеството, а јас велам дека влакна се непожелна појава. Друго, манири и култура како е поврзана со влакна? И за крај, значи да пуштиш влакна е глупо и нарцисоидно, затоа што сепак ќе тераш по свое. Едит. Зошто едитираш кога веќе сум те цитирала. Еве и ова ќе ти го кажам. Да дознаеш нема никогаш, секако, мојот збор против твојот. Но, навистина не ми пречи да отидам со пижами. Затоа што алиштата од пред дедо ное што ми се дома ги носам на работа. Барем пижамите ми се фенси.
Не морам да мислам исто ама баш воопшто. Ама свесна сум дека ако излезам надвор со сукња и влакна, треба да сум спремна на фидбекот што ќе го добијам и да си пресметам дали вреди да се справувам со тоа што сите ќе ме сметаат за фрик, или ќе си терам други побитни работи. Приоритети. И ти не рече влакна дека се непожелни. Ти исповреѓа тука се што мрда и се осмелило да има влакна, фертилизатори ставале не знам што. Осет е ништо повеќе.
Да,не ми се допаѓаат мустаки и брада на лице,колку и да е убава. Ако влакната природата ги дала да постојат со причина (бариера кон околина и топлина)не гледам никаква причина зошто да ги оставам да стојат на моето лице. Па нема влакна на лицето. ама сеедно и за влакната би добила искрен одговор. Не можам да лажам блиски луѓе. Што знам,јас не сум нешто сензитивна ни за моите недостатоци,не се потресувам многу,многу.
Не е физички недостаток па да имам осет. Не е нешто што не може да се корегира. За влакна правиме муабет. Денес имаш, утре немаш. А и всушност кого извреѓав, оние што имаат влакна, а никој ама баш никој на форумов има. Така да, што и кој сум навредила, не знам.
Скроз сум оф-топик, однапред кажувам . Нема врска ова лично со тебе, не си ни ти виновна, такви наративи се шират постојано, ама ме боли кога ќе видам колку се распространети: Безбедни се антиперспирантите со алуминиум (освен, се разбира за тие што се алергични на него или доживуваат иритација од него). Ме мрзи да барам сега точен извор, ама мислам дека беше нешто вака: количината на алуминиум што ја добиваме со антиперспирантите е неколку стотици, ако не и илјадници пати помала од штетната доза на алуминиум. Всушност, мислам дека важеше и тоа дека повеќе алуминиум внесуваме преку исхрана отколку воопшто преку антиперспиранти. Не се сеќавам на точните факти за да звучи ова поиздржано, ама сум сигурна дека се скроз безбедни. Исто, не е штетно и спречувањето на потење под пазуви, затоа што тоа не е единственото место од каде што се потиме, па не е како да се „затнуваме" со непотењето под пазуви .
Па никој нема ни да ве праша за влакна за лице. Драми правите како некоја секој ден да ви вика "а нели ми се убави брковите, кажи а?", "Колку убави бркови имам, ептен ми стојат нели?" И вие кутрите сте принудени да ја лажете, а не ко да се збори дека секој има право да одлучи дека нема да ги корне влакната од своето тело. Толку тешко ко да е да не се замарате со другите. Право на мислење имаш, ако те праша убаво е да и кажеш искрено мислење, ама глава сечам дека никоја не те прашала дали и стојат брковите оти размислува да ги пушти. Или да ги фарба кричаво зелено. Може да те праша дали и се познаваат, дали се применливи. Дали и стојат? Никоја, никогаш
Кој вика форумов не е поучен? Јас овде научив дека постоело нешто што се викало копрофагија па и дека тренд било. Мислам можев и без таа информација да го поживеам животов, ама ете И да, на форумов не постојат влакнести жени, ни во светов ги нема, не разбирам шо се потресувате и наоѓате навредени кога никој таков не постои. Боже сачувај, исто ко јас да речам еднорозите се гадни животни, а сите знаеме дека еднорози не постојат, сигурно никогаш и не постоеле
Не се работи само за исфрлањето пот. За самите потни жлезди се работи и каналите. За алуминиумот ќе проверам пак, иако сум читала дека повторно е поврзано со жлездите, не со вкупната количина на алуминиумот во телото.
Е да Селтика, да да. Депилирана, мазна, сум те навредила за влакната што ги немаш. Исто е, како, пример ти си готвач по професија ти речам ти си неспособна да шишаш. Како мислам се вреѓаш, какооооо, кога немаш влакна.
А не мене бе Општо. Мене тешко форумски лик да ме навреди. Повеќе за твојата култура и осет зборев, него за тие што се навредени