Што спорно е тогаш ако е ова е само форум, а јас форумски лик, така? Епа драга Селтика, јас не трчам по луѓе надвор да им се пулам во фаците и телото и да им коментирам. Ебаго. Да, форум е, мислата да ја искажеш.
А баш мислев да прашам дали ќе ми стојат фарбани Спојлер: тиркиз @WildMk ти фаќа око? Ама никој овде не збори за бес, за друго е муабетот. Се кладам, да заживее овој тренд, пак очи ќе вадиме, оти мене ќе ми биде ту-мач, ко и секој друг тренд, а некому ќе му биде, вау, како не ни текна порано
Лице да правиш е да и речеш, лелеее колку ти се убави влакненцата под мишка. Не коментирам, а во мисла што мислам не е битно. Ете на форум ќе ја искажам.
Не знам ми мириса на лицемерие Абе ајде олабај се, доста е од темава, ајде Ќе се најдеме во онаа за сексот некој следен пат.
Сите сме лицемерни некогаш и некаде. Да не постои такво нешто, немало ни да има зборот значење. Разликата е што ако некоја ме праша како ми стојат влакнава по мишка, ќе и речам дека не ми се свиѓа, во реалност, во себе ќе речам, избричи се. Маскирање на груби зборови. Ама тука сум на форум, а реално на него и може да дознаеш како некој мисли во потсвеста, освен ако се работи за доловување на нешто што ни сам не веруваш во тоа за некаква цел. Бацки и поздрав, ручекот сам не се прави.
Не сум слушнала никогаш за штетноста на антиперспирантите од тој аспект, обично се зборува за (не)канцерогеното дејство. Начинот на кој функционираат е преку привремено затнување на потните канали, со што се испраќа порака до мозокот да се намали лачењето на пот. Не дека ова е аргумент за да покажам некојси авторитет , само сакав да кажам дека следам еден куп дерматолози оти ме интересира скин кер општо и никогаш не сум слушнала никаков проблем од тој аспект; напротив, постојано зборуваат во одбрана на алуминиумот...
Не бре, алуминиумот опак е. Баш се затнуваат потните жлезди. Затоа куп антиперспиранти се сега алуминиум-фриж и го користат тоа како главна продажна точка.
Дека влакната под пазуви и интима придонесуваат за зголемено потење во тие делови и засилена миризба има многу стории. Влакната ја задржуваат влагата во тие делови кој придонесува за создавање на бактерии кој создаваат непријатна миризба. Колку и да одржуваш хигиена посебно во летниот период кога има засилено потење може да се создаде непријатен мирис од влагата која останува на влакната. Додека за нозете, рацете надусниците тоа не така. Не мора да се депилираат ако некој не сака, едноставно може да се скратат.
Кога веќе се смени насловот на темата: Дали влакнетост кај жени е прифатлива? Не. Такви се стандардите во општествово, така ни е наметнато, посочено дека така треба. Кога почнаа да ми растат влакна, веќе имав научено дека треба да ги отстранувам, во спротивно ќе бидам покажувана со прст и ќе ми извадат муабети. Буквално се имам депилирано и пцуено истовремено што мора да го правам тоа. Го правам и за себе, но и заради тие стандарди. Сметам дека подобро изгледаме без влакна отколку со нив, но ми растат брзо и трошам доста време а и пари на средства за депилирање, бричење. Некогаш немам волја или време за депилации па оставам влакна на мене и јас сум ок со тоа, но знам дека кога така би излегла во јавност, ќе бидам многу лошо исмеана. На надусници и кај брадата не си дозволувам да имам воопшто, тоа е секогаш на виделина. Тука на форумов можеби се наиде на повеќе разбирање на оваа тема ама за ова ако би пишувале на Фејсбук, ќе ја видите реалната слика, какви погрдни зборови ќе паднат. Вреѓање и булинг кој сака? Се спомна и хигиена поназад. Не ги поврзувам влакната со хигиена, хигиена е редовно туширање и нега, може да е човек чист и со влакна (ако не, мнозинството машки нечисти се?). И бидејќи темава е во Врски, ќе напишам и за тоа, дека кога сум во врска, тој треба да знае и прифати дека не секогаш ќе наиде на екстра мазно тело. И моментално така и е и нема проблем со тоа.
Гледам упорно инаетот се води, наместо да се сфати поентата. Како што е сеедно дали ќе ја видите комшивката/колешката/другарката со или без шминка, со или без фризура, по патики или по штикли... така треба да ви е сеедно дали ќе ја видите издепилирана или неиздепилирана. Треба да ви е социјално ПРИФАТЛИВО, без да помислите... eeeeewwwww оваа чубака да не си ги фертилизира влакната? Туку да ви е СЕЕДНО, значи да не ни приметувате што се вели. Ете до таму треба да ни дојде еволуцијата, а не е еволуцијата во издепилираноста. Јас се депилирам еднаш месечно, цело тело, тасма. Дали сакам или оти ми е срам, не знам... толку е наметнато општествено што не ни можам да расудам. Но, како што спомнаа погоре, има жени со алергии, и сензитивна кожа. Некоја кожа не трпи парфем, некоја не трпи накит, некоја не трпи шминка... значи ако е ОК тие да шетаат без парфем, без ланче, без шминка, и тоа никому око да не му трепнува, зошто таа што не може да се депилира да се осеќа хендикепирана? Не е работата на кој што му се допаѓа. Некој сака плави, некој високи, некој полнички, сите имаме вкусови, не е тоа спорно. Работата е да се прифати тоа како нормално, и да биде избор на секоја жена, како што е избор дали ќе се шминка, фризира и сл, БЕЗ некој да треба да помисли дека таа е запуштена, небањата, гнасна, фертилизирана чубака (или како и да ги нарековте претходно). Просто е ко грав!!!!
Па твој е наративот. Зошто е ок да кубам влакна, да ме боли и да имам проблем, да горам глава за да немам бели влакна, а не е ок да го кажеш истото за останати "неубави" природни појави?
Некое време сум на форумот, не сум од вчера. Нема потреба да ти правам интересно на твоите претпоставки, само и само затоа што сакаш драма. Можам да ти препорачам серија или филм на Нетфликс ако ти е досадно.
Малце неповрзано со муабетов, еднаш досадно ми беше и се зачитав низ некои стари теми на форумов и имаше едно девојче што било во врска неколку години, не знам што и се имаше десено дали се разболила, дали за учење имала... Небитно. Секогаш средена, ете тогаш и се случило да има влакненца. И знам имаше дечко вол и префрлил за тоа, ја прашувал како може така да си дозволи, не сакал така да имаат односи, мазен му бил. Баш така и имаше речено, толку ме збесна кога го читав што до ден денес го памтам. Попарено беше девојчето, не и се веруваше дека човек со кој била толку долго така и префрла. И што да кажеш на ова, прво почнав да го пцујам него оти е говедо недоделкано, после почнав да го пцујам општеството за креирање на таква слика дека влакната се неуредни, дека треба секогаш да се отстранети и на крај себеси си удрив едно петшеснаесет пцовки што немам јајца да излезам недепилирана, иако знам која мака ја мачам и колку ми е крш кожата после секаков вид депилација. И така...