Хипербола ти е изгледа омилена стилска фигура. Милиметарски влакна никој не доведе во прашање, се зборуваше за обраснатост, несредена подолг период. Барем јас за тоа зборував.
За себе пишував обрасната толку не сум никогаш. Но и за обраснати де, истото, пак сите гнаси нечисти макар и пола ден со вода и сапун да се, така? Примерот на Камелија е на место, ај ако не и главиве да ги избричиме во име на чистотата.
Хигиена на дом, на пример, не значи дека морам да користам освежувач на воздух. Чистите алишта се перени, дури и без омекнувач, дури и без пеглање. Ги омекнуваме и пегламе ради удобност и естетика, не ради чистота. Па така, сосема ми е на ниво хигиената кога ќе се избањам. Дали ќе се издепилирам, дали ќе ставам крема со светки и дали ќе стругам петици и лакирам нокти, врска нема со хигиена. Има со ебана естетика. И да, различни работи се.
Сакав да речам ама ај реков ептен ќе мислат сите дека во колиба живеам на крајот на светот и се откажав да се оправам и за пеглањето
Прифатливо... не мислам дека е прифатливо, ама дека има луѓе на кои не им смета - има ама ретки се. Мене комплекс за влакна на раце ми направи една роднина на околу 11-12 години кога прокоментира дека многу темни влакна имам, иако пред тоа не ги ни приметував самата. Не ни имав на памет дека можам да ги отстранам, сепак сметав дека сум премала за тоа, не сум ни мислела на влакна и депилации. После цело време кога одев кај нив на гости носев долги ракави па и кога ми беше топло. Друг момент кој дефинитивно ме натера да почнам да се депилирам беше кога бев прва средно, и така држејќи се за шипката во автобус накај школо една школска ме допре на рака и ми рече „Не се депилираш? Многу ти се познаваат.“ И тоа беа двата клучни моменти за јас да почнам да се депилирам редовно иако пред тоа не ми ни сметале влакната. Ни сега не ми сметаат, ама со цел да избегнам лоши коментари се депилирам. Да знаев дека никој нема да ми пререче не би се депилирала на раце никогаш повеќе. Да, поубаво ми изгледа кога нема влакна, ама па многу поубаво би ми било да не го осеќам тој притисок да морам секој месец да се депилирам, и да се пазам дали некое влакно ќе ми штрчи или не.
Хигиенски би било да ја избричиш главата педантеријо, ама не ја бричиш пошо не ти е естетски. Дури и тие што ја изгубиле косата носат перики. Така да тресеш глупости.
Затуцано ми е само што се опседна да ни докажеш дека не треба општествено да го прифатиме тоа што на твоето префинето око не му лежи - влакна во природна должина. Дали ги носиме или не, не станува збор, се збори дали тие што ги носат таквите влакна ќе ги прифатиме, ние да, ти не... Good luck
Значи воопшто не постои можност една жена влакната под мишка да ја нервираат, па затоа ги бричи? А тука баш такви одговори имавме,ме нервираат ги бричам. каква врска има општествениот притисок ако лично те нервираат влакната? Ама добро ,еве и нека се работи за богаташка привилегија конзумеристички креирана. ни одговарало, масовно сме ја прифатиле. И шминката е ист муабет тогаш ,како и бричот. Зошто се шминкаме? Се срамиме од лицето или сакаме да експериментираме со шминка,да бидеме поубави, задоволство ни е? @CameliaMiller
Секако дека може да ме нервираат. Ама нешто може да ме нервира, нешто не мора. Може да ме нервираат влакна под мишка, може да не ме нервираат влакна на раце, овие вториве не морам да ги депилирам јер тебе ти ја нарушувам перцепцијата за естетика. Исто како што мене не ми пречи истите да ги депилираш, јер не разбирам зошто би ми пречело. Јер како да ти кажам, од другарка ми муабетот- каде со недепилирани раце во тој фустан- тоа е мешање во внатрешните работи на мојата индивидуа. Ко шо сум голема, уште раце ми фали да депилирам, па после да боцкаат, па да губам време, па да ми трпи егземата... Има и алтернативи кои мене ми се поприфатливи, на пример И со шминката исто
Напишав за шминката погоре, не знам дали прочита. Се шминкам само кога сакам да се забавувам, хоби ми е, не ми е обврска, секој ден не носам шминка. На работа 99% без грам шминка одам, и не мислам дека сум неуредна, несредена, нечиста, запуштена и не знам веќе каква. Не е муабетов ако те нервира нешто да направиш да не те нервира, мене лично влакнава на нозе не ме нервираат ама ич, ги депилирам кога носам кратко затоа што ќе ме шејмаат, а не затоа што дома мене ми пречат.
Ма не е ни мешање, туку е лечење комплекси Тоа ти е исто со фарбањето, тие опседнатите со бели влакна, кај сите гледаат само да видат бели влакна колку имале, па муабети позади грб како тоа си дозволила да има, па престрашно што имала 3 влакна бели, па на што личела, ау бау. Некој што не е оптеретен со бели влакна, нема ни своите да ги види, па не на некој друг, па уште да троши енергија да ја прашува каде идеш со таа коса Класично лечење комплекс
А ти не лечиш комплекси тука со муабетиве? Се исмеваш на тие што им пречат бели влакна, на тие што им пречат и средуваат влакна на тело и лице... Ти прелепотица најприродна испадна, се ти е ненормално и смешно. Уште белите влакна на коса не беа споменати...ај види нешто да не заборавиш, застани пред огледало, набљудувај ја својата божествена природност и пријави ако фали нешто што не е кажано. Перја, рогови... Шо треба, кажи.