Па пишува убаво колку повеќе имаш влакна, поголема подлога за бактерии создаваш. Повеќе бактерии, поголема миризба. А што чекате за влакната на нозе и хигиената, објаснив неколку пати. Моето гледиште, значи мое гледиште, длакавост е негрижа, негрижа асоцира на нехигиена. Јас разбирам подраснати влакна, ама 5 цм, пулејки да плетеш, мислам WTF?!
Само ти најде еден што е заљубен во тебе и не приметува дали си со влакна или не. Ама за секој случај си пазиш и се средуваш, така? Не дека ќе му направи разлика, не. Сите други се палат на влакнести или невлакнести а со тоа се или прикриени педофили или по мое еве сега што ми текна, геј. Маж со потреба за секс ќе има секс со тебе средена или несредена. Ама ај тестирај онака за естетика дали му смета. Пушти влакна на најјако, на нозе на лице и така седи си по дома, шетајте зедно со пријатели, низ град... Не мора да се сексате, не ми е битно што го пали.
Како ја однесе дискусијата за црнците. Што имаат врска нивните коси со пуштање на длаки по цело тело. Влакна под мишка ќе смрдат и кај бел и црн и жут.
Не пишува така, пишува само дека ако ја фатиш бактеријата таа ќе има повеќе простор за да се држи. Прочитај убаво. И да, тоа е само твое гледиште, инаку не е воопшто факт дека влакната на нозете се нехигиенски. Значи можеш да кажеш дека според тебе е негрижа, ама дека е нехигиена, не е.
Па пуштени ми се на најјако моментално. Сакаш слика да ти пратам? Сама реков дека немам против депилирање ама не се замарам да бидам издепилирана. Како од тоа извлече дека се пазам да не останам "несредена", апсолутно немам појма.
Носиш долги панталони или си по кратки простојано? Исто и брк ти е пуштен на најјако? Плус, не се сите исто влакнести. Едни жени имаат тенки и светли влакна и тоа само од колена надолу па воопшто не се ни приметува дали се или не се издепилирани, други се ко врколак.
Не се грижиш дека рацете не ти се перени. На што те асоцира тоа? Нехигиена. Епа во мојот мозок истото е и со тепихот по цело тело. Да ти го позајмам мозокот да видиш како гледам на тие работи, во спротивно немам како да ти објаснам. А бактерии нема што да ,,фаќаш", нормално се создаваат. Секоја миризба настанува од бактериите кои нормално се присутни. Целта е да го редуцираш бројот, со цел да ја намалиш миризбата.
Пак глупости споредуваш. Никој не вели дека нема да се бањаш, ти така споредуваш. Затоа нема поента со тебе дискусијата и тука завршувам.
Добро бе Рејнбоу, што се најде толку афектирана. Пушти си ги длаките, кој ти брани, од мене амин не чекај. Биди муза на останатите што сакаат да одгледуваат полиња со рузмарин и лаванда по нозе, пазуви, стомак, препон. Што знаеш, ќе активираш револуција на небрич на женско тело
Нема да ги пуштат, ама да се збори нешто од каде дошло, нормално ли е, нели е, зошто мажите можат ние не. А толку едноставно е, пушти влакна и направи промена.
Веќе реков дека веѓите ќе ги оставам природни и повеќе нема да се замарам со нив. И надусниците кои до пред некое време не ги ни чепкав и потоа се зафркнав, па откако ги чепнав уште толку почнаа да растат. Па сега ќе гледам без восок да ги доведам некаков во ред, нема да може да биде како што беше, ќе има повеќе, ама исто така не планирам повеќе да се замарам со тоаи да губам време на тоа, па ќе си одам таква. За нозе сметам дека сме далеку, прво мора да се зборува многу пред да се направи нешто. Штом е нечуено и предизвикува вакво гадење прво мора малку да се нормализира концептот преку медиуми пред да се потегне нешто. Е за пазуви не можам, имам некоја состојба поради која засега редовно морам без влакна, ама понатаму не знам како ќе биде.
Од веѓи до веѓи и бркови има разлика. Штом досега не си ги чепкала претпоставувам едвај ти се познавале, што значи не знаеш што е мака со влакна. Не верувам дека досега си одела со црн густ брк. Или?
Абе јас станав темата? брк немам може 3-4 години депилирано. Ептен е на најјако. Надвор не се носат кратки, да. Внатре сум вечином по кратко. Горе сигурно, раце исто немам 2 години депилирано. Баш не гледам дека моите влакна сметаат некому веѓите исто ми се - како израснале-така. Има 2-3 години како ги немам чепнато.
Значи според вас ова треба да биде прифатено и да служи како пандан за женска лепота и женственост?!? Што ќе ми е маж тогаш, ќе си најдам длакава жена со дилдо, тестостерон на незавидно ниво....
Искрено да ти кажам немав некоја свесност за влакна. Мајка ми малку потрфли на тој фронт. Воопшто не ми збореше дека, не знам, срамота е, влакнетоста е грозна, или било што. Првиот пат кога отидов на базен нозете ми беа цели влакнести. Буквално, со црни влакна. Не знаев дека требало нешто да се направи со нив. Па после тоа дознав. Не бев мала баш. Мајка ми не ми имаше кажано. Воопшто не ни паднало муабет некогаш за таа тема не знам. На пример, никој да не ми се смееше јас поим ќе немав дека тоа било грозна работа и за мене ќе беше сосема нормално. Веѓи исчупав којзнае кога, касно многу исто поради исмевање, се што направив со влакнетоста беше поради тоа, па се освести мајка ми, ми рече тогаш. Ама, млада бев, едноставно каде сите таму и јас. Сега веќе не ме интересира едноставно, црни ли биле или какви. Раце никогаш не сум депилирала, не ми се многу црни, ама се познаваат. Ама пак на раце секогаш ми било нормално и немам намера да ги чепкам.
Добар пример е темава колку сурово неприфатено е нормално природно женско тело. Влакна на раце и нозе - небањата. Имала бели влакна - неуредна. За жал, повеќе од жени доаѓаат предрасудите, оти од сите дечковци кои сум ги имала до сега, ни еден не очекувал мазна ко делфин да сум. Најискрено да беше поприфатливо жена да не се депилира како до пред 70-80 години барем кај нас, ич немаше да се подложувам на тортурата оти мене ми е стварно болно. А за фарбање не ни помислувам таа хемија на глава да ја ставам за некому да сум му поприфатлива ако почнат бели влакна да се појавуваат. Али тоа е треба да профитира козметичката и хемиската индустрија некако.
Па мислам, ако и е фино нека си тера така. Баш убаво, барем знаеш дека си го прифатила телото и не пати од комплекси. Не сме сите исти, нема потреба да ставаме куп критериуми за тоа како треба, а како не треба да изгледа жена. Влакна=маж, мазно = жена е глупа поделба. Што сега, чим се издепилира машко му отпаѓа пенисот, или јас нешто не сум сфатила добро?
Па и стапала смрдат а немаат влакна Целава тема отишла у кукуруз, уште после третиот коментар, јер како што рече, шоуто на Викторија сикрет е стандард мејкер. Истото она шоу кое мислам се самоукина, јер нејќело да биде поинклузивно за модели различни од сајз S. Меѓу другото. Затоа за да ја одбраниме тезата, ќе зборуваме за екстреми, кул. Влакна на лице па не памтам во историјата кога биле прифатливи, влакна на нозе не биле аспект со кој се занимавала баба ми. Може па и жените не биле влакнести низ историјата, којзнае...Едно е сигурно, шоу на Викторија сикрет немале и не се замарале со влакна, јер имале побитна работа.
Не, ако се издепилира, тогаш е педер. Ако е некоја недепилирана, тогаш е глупа, не држи до хигиена или е лезбача. Како е поврзано геј со влакна, тоа не знам ама ете, сум ги слушнала тое коментари.
Ја би све да подепилирам и машко и женско и се што се декларира како некако. Пример длаките на задник кај мажите предизвикуваат медицински проблеми. Не се никаква заштита. Често се подложуваат на интервенции, ради истото. Мислам што фајде ако имаш влакна по тело? Здравствен бенефит? Само заштеда на депилација.