Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.926
    :D :D :D

    Што предлагаш?
    Да викнам во спална да видат дека имам секс немазна?

    Иначе да, излегувам од дома со недепилирани раце, и со нечупани веѓи, не сум опседната ич. :)
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Абе дечки, убаво би било на влакната да не се гледа како репер за хигиена, чистота и уредност. Затоа што ниедна од нас не е 100% мазна цело време. Јес да се депилираме сите, ама мазни не сме секој ден од годината. Сите ги чекаме да потпораснат па да ги издепилираме. Е сеа во зима не е проблем, ама мене конкретно во лето ми е. Затоа што кај мене почнуваат одма да растат, а ви кажав дека имам црни влакна и ептен бела и нежна кожа. И дури да пораснат за да може да се фатат мене ми е пекол затоа што на 40 степени треба да носам или долга сукња или панталони. А ако се тргне таа стигма и тој стандард за убавина нема да се смарам дали на нозете имам ситни влакна.

    Последниот пат со минатиот дечко кога бев на одмор станував порано секое сабајле за пред идење на плажа да ги тргнам малите. Ај што се замарав со тоа, вадев и поткожни пошто и тие ми се познаваат и бев со ранички на нозете. И сеа поприфатливо во општествово е да идам разранета отколку со мали влакна.

    Мене лично ептен би ми значело да прекинеме со тоа да се замараме, пошто знам кои маки сега ги мачам. Ми се темне секој пат кога ќе ми текне што ме чека во лето.

    Едит сеа ми текна, еднаш со veet крема се изгорев, толку ми е кожава за нигде :D
     
    На MagsDestiny, Amellie13, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Имаше и истражување, и некаде строго почнаа да апелираат против бричење во последните недели од бременоста.
    Намалувало можност за инфекции, посебно при цезареа.
     
    На CameliaMiller и KateKane им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.138
    Зар има човек што не се изгорел со тоа чудо?:?:
    Уште ко ќе го мириснам знам дека не е за мачкање, бррр, тоа не:shake:
     
    На Konfetka, christinnn, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И солта како пече на свежо депилирани или бричени нозе, м, м, мераци.
    Надразнета кожа спремна за инфекции, ама не... Хигиена било..
     
    На Konfetka, Celltica, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не бе душо, пример LGBT за да го нормализираат нивното присуство во општеството прават паради на гордоста. Се повеќе е зголемено нивното присуство во медиуми.
    Се знае како, масовно експонирање во јавност, парада на влакнатост рецимо на пример.
    Имаш куп начини како да стимулираш еве неедукација на таквите како мене.
     
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Знам, затоа сега не правам веќе така. Ама тогаш детиште глупаво, среќа мајка ми ме виде што правам и одма една убава лекција ми одржа.

    Сеа тоа правам, носам кратко од 2 дена по депилацијата се дури не почнат ептен да се познаваат за недела/недела и половина и после долги лелеави фустани или широки панталони летни за да не ми е топло ама и да ме покриваат. Стварно не знам што да правам друго.
     
    На DAngel, CameliaMiller, Arjanit2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    42 страни дискусија за влакна, проблем со огромна важност за човештвото.
     
    На Konfetka, Yowannty и Emy867 им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.138
    Ништо друго не треба да правиш. Евентуално да се исончаш па да се познаваат помалку8)
    Или да се преселиш во полиберална земја:D:hug:
     
    На CameliaMiller и KateKane им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Токму тоа. 42 страни претставуваат проблем очигледно. На толкаво нерасположение за депилирање, па наместо да се куца на тастатура до сега бунт ќе се кренеше.
    Патем @CameliaMiller не манипулирај за влакна на раце и веѓи. Има доказ во темата за шминка. И те како ги чупаш. Не ме сфаќај погрешно, убава си. Само не манипулирај.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.926
    Зошто би правела било каква парада, дали имаш поим уствари што зборуваш?

    Не знам како ти звучи - секој да прави што сака и да не осудува други.
    Јас немам против некој да се депилира, па ајде, ќе правам влакнеста револуција :D

    А зборување за факти, тоа правам еве, и на форум, и во реален живот ако некој ме праша.
    Научници прават научни студии.

    Тоа што некој не прифаќа научни факти, јас не можам да му помогнам :)
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Марш за 8ми март
    Под рамноправност се подразбира се' што не дели по род.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.926
    Ги чупам, каде реков дека не ги чупам?
    Дури на оваа тема имам напишано дека ги чупам :D

    Ама еве баш денес не сум чупана, последно пред 6-7 дена и сигурно се подникнати. И ич не ме заболе. Ни грам шминка немам на мене, вау. И рацеве ми се подникнати, и за нив пишав на темава.

    Нозете одамна не ми се депилирани, ама па не носам фустани периодов, па не се ни замарам, зошто би се замарала.
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Во ред. Супер за тебе, мило ми е. Зошто не креваш бунт драга Камелија? Дотогаш џабе вршиш притисок на мене да го сменам мислењето. Од форум тешко ќе го сменам. Во живо, тука и сега, можеби. Масовна револуција и целосно:)
     
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Ако ти после толку објаснувања како на мало дете не успеа да разбереш дека депилација нема врска со хигиена туку со општествени норми...онда добро е што си нашла маж со 24каратни ташаци пошо со твојата способност за резонирање ..нечеш се хлеба најести.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.926
    :rofl:
    За што да кренам бунт? Не разбирам?

    Како не сфаќаш дека немам намера твое мислење да менувам, туку ти пишуваш лага, јас те демантирам со публикувани студии.
    И тоа е се` што ме интересира уствари.

    Лева цицка ме чеша за мислењето на Грим, тоа што ти си дозволуваш да користиш навредливи зборови си е твоја работа и за тебе зборува, ништо за мене не кажува :) Јас немам проблем со никого како изгледа, ти имаш, а тоа нема јас да го решавам, извини.
     
    На Celltica и Asparagus им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.840
    Пол:
    Женски
    Чекај сега,ако те заболе и не се замараш што не си чупана и рацете ти се подникнати, како тогаш се чупаш,бричиш поради шејм и притисок од околината.:?:
    Значи немаш гајле,немаш притисок.
     
    На lovestoneddd и Emy867 им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.503
    Допаѓања:
    201.486
    Пол:
    Женски
    Искрено, мислев дека си попаметна и дека брзо ќе сфатиш што сакаат да ти кажат сите што ти реплицираат на темава. Ама тешко некако ти оди, не знам зошто. Па дете од пет години побрзо ќе ја сфати поентата на овие реплики.

    Никој не бара да не се депилирате, правете што сакате, само не вршете притисок врз оние кои се шетаат подраснати оти немаат избор од таквите мрчала како вас, и се депилираат поради таквите како вас што влакнетоста ја поврзуваат со нехигиена. Оти таквите мрчала како вас прават жените, па и мажите да се чувствуваат несигурно во своја кожа, а се само поради некое подраснато влакно, а не дека е ваша работа дали некоја се депилира или не.
     
    На do-re-mi, Amellie13, GirlRose и 6 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.926
    Имам, за нозе/препони, како немам?

    Ме боли, се раскрварувам, се создаваат апсцеси, и не смеам да отстранувам влакна, а ги отстранувам затоа што е “неприфатливо“ да одам со подникнати влакна на препони на плажа, иначе зошто себе би си го правела ова? Мазохист не сум.
     
    На Biljarkata и Asparagus им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Молим те кажи му на Целерот да не ме цитира, оти на игнор ми е, а гледам доле прочитај ги игнорираните мислења:D
    Инаку Cosmi долови се што сакав поново да пишам.