Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.913
    Не знам за кого зборуваш, ама и јас сум изненадена дека до толку не сфаќаш искрено.
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.901
    Допаѓања:
    179.137
    Жените треба да праат парада за да го нормализираат своето постоење во општеството?:^)
    Јер само без влакна си жена?
    Или и влакнести мажи ќе има на парадата:drunk:?
    А кој е критериум за влакнетост, колку влакна на сантиметар квадратен?:smoke:

    Осеќам ќе се вратам на темава за едно 4,5 години, да ви кажам дали и колкав општествен притисок имаат тинејџерки за да бидат мазни. Јер, како да ви кажам, кога си возрасна жена, знаеш шо ти е ок, знаеш шо не, и не купуваш секакви пуфки во боја. Ама со тинејџерките може да биде проблем, само што почнале да им растат влакна и оп, е не смеело да ги има:worried:. Оди објасни за што е процесот на зреење ко така, ево ти ќерко уште еден проблем за решавање, меѓу другото:(
     
    На izabela.nik, GirlRose, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.913
    Embarrassing problem, што убаво Харперс си имаа напишано.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не мора парада, протест, едукација, масовно експонирање во јавност. Ете поради такви како мене. Зошто не?
    Настрана мојата мисла, што ВИЕ превземате за истото? Со тоа што по дома седите недепилирани, прва свадба, хај хуј сви на орце, не се знае која повеќе свети како лампион.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Болката....
     
    На Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.901
    Допаѓања:
    179.137
    Која болка?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Притисокот врз младите... тинејџерите...
     
    На izabela.nik, CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.913
    @Biljarkata ова за тинејџерките, баш ми дојде флешбек.

    Што се правев на себе за да бидам убава за светов, не знам, жал денес ме фаќа.

    Станував 2 саати порано за да измијам/стилизирам коса, да одлучам што ќе облечам, да се нашминкам, да не зборувам за тоа дека влакно не смееше да постои на мене иако проблемот го имав уште тогаш, итн итн итн... језивко ми е колку сум се трудела да се вклопам, оти таква ми беше шмизларска средината, колку време трошев на селф-груминг на дневно ниво.
    И не ради машките, они не се замараа ни тогаш искрено, ама женските?

    Отров исфрлаа на се` живо што не исполнува стандарди.

    Денес од овие жени бегам подалеку, ама толку знаев тогаш.
     
    На Konfetka, Amellie13, GirlRose и 6 други им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Мене нешто друго ме интересира. Дали вие што сте "контра" влакнетост сте цело време мазни и како го постигнувате тоа. Озбилно прашувам не се зафркавам.

    И дали никогаш не ви се случило да се изнервирате баш заради тој притисок од стандарди за убавина затоа што надвор е 40+ степени, имате работа а имате по некое влакно па затоа мора долги алишта да носите?

    Никогаш ли ви се нема случено да сакате да облечете нешто кратко и лелеаво а да не можете пошто има влакненца?
     
    На lovemme, Konfetka, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    И мене одма после депилација ми растат, како тебе.
    И и јас имам бела кожа и црни влакна...
    Една недела преку сила 'може да пројде', после се ту мач.

    Се случува некогаш да ме фати инает и да шетам така.
    На кој не му се допаднало, нека мижи.
     
    На izabela.nik, Annath, ForeverYoung и 3 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ништо Кејт, тоа е...
    Барем можеш да си задоволна што си преземала чекор кај што за цена на "лепота" не превземаш чекори кои му штетат на телото.

    Натаму... Можеби со тек на време ќе се опуштиш и ќе почнеш да ги шеташ нозете и кога се зрели за депилација.
    Чекор по чекор - Rome wasn't built in a day.
     
    На Annath, Celltica, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.837
    Пол:
    Женски
    Веке се демантираше сама себе,значи имаш парцијален опш.притисок.само за препони и нозе,за друго не те интересира.
    Инаку на темава премногу драма направивте.
    Од општествени притисоци испадна гајле немате,кој сака си ги шета влакната,и така и треба.

    Што е со мажите?
    И мажите се бричат секојдневно .Па и работни организации/институции бараат да се секојдневно избричени.
    Дискриминирани се?
    Помалку мажи се?
    Треба да престанат сите да си бричат брадите,да бидат природно згодни,пошто пропагираме некоја природност сега?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не Кате, не сум цело време. Неколку пати, т.е не знам колку пати пишав дека не говорам за трчи трчи влакно. Зборувам само и само за прекумерна влакнатост и истата да се експонира. Тоа е сосема нормално да чекаш да потпораснат. Мислам како би се издепилирала на друг начин освен ако до одреден степен не ги пораснам. Но гледам, да биде редовно, од мои и само мои лични причини.
    Не чувствувам притисок воопшто да излезам со подраснати влакна. Всушност и доста ми се изретчени на одредени места, особено на нозете. Сум излегла и така. Навистина не се замарам од тој аспект, затоа што знам, следен пат ќе можам да ги издепилирам. Но во секој случај, да влакната се природни, како и други многу работи што се. Како на пример церумен во ушите за заштита. Но како што истиот мене ми пречи, така и тие мене ми пречат ако ги оставам. Не значи дека морам да ги имам за да се заштитам од некои надворешни влијанија. Впрочем колку и сум заштитена?! Нејсе, мое право е да се депилирам.
    Но, конкретно вие немате проблем со мене. Имате со светот. Светот ако врши притисок, можете и вие да вршите кон него со тоа што ќе ја смените општо сликата за влакнетоста.
    Понатака останува на набљудувачот да реши што е правилно за него што не е.
    Значи, не говорам за трчи трчи влакно, морам да потенцирам. Но, ако милувате повторно говорете за истото.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.913
    Јас пропагирам една работа - дека не треба да вршиме притисок за ничиј изглед.
    Толку е просто.
     
    На WildMk, Biljarkata и Annath им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Па ако толку осеќате притисок во периодот додека ви растат влакната од една до друга депилација, што знам, брич употребете.Ако веќе е толку голем притисокот :?::?:
    Не, ама озбилно проблемов го направивте од мравка слон.Без навреда.И стварно не ми менува друг како се носи, ама факт е дека едно си збориме тука, а сите знаеме што реално ни изгледа поубаво на око.:)
     
    На ElenaOfRivendell, Konfetka, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Фоликулитис добивам од брич.
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш не прави ништо со влакната.Не знам што друго би ти кажала на ова.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    The "fashion-beauty complex'," representing the corporate interests involved in the fashion and beauty industries, has, Bartky argues, taken over from the family and church as "central producers and regulators of 'femininity'" (1990, p. 39).

    The fashion-beauty complex promotes itself to women as seeking to, "glorify the female body and to provide opportunities for narcissistic indulgence'' but in fact its aim is to "depreciate woman's body and deal a blow to her narcissism'' so that she will buy more products. The result is that a woman feels constantly deficient and that her body requires "either alteration or else heroic measures merely to conserve it'' (p. 39).

    Sheila Jeffreys, Beauty and Misogyny: Harmful Cultural Practices in the West
     
    На Annath, WildMk, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.901
    Допаѓања:
    179.137
    Како прво, не сум маж за да ја разбирам и бранам нивната перспектива. Ама станува збор за следново- никој не вели за некој маж, види го каков е, гнасен, има/нема брада. Тоа со работните позиции, дека незнам во војска брада не смеело, или дека за поп брада морало, иде со професионалниот избор, не со наметнување стандарди за полот. Како што имам чуено, и некои армии веќе не инсистираат на бричен маж. А наметнување- сите мажи со брада, како што знаеме ИСИС има, така што, за екстреми збориме.
    Брадите настрана, кога веќе ги спомна мажите (иако не е темава за нив), не е дека без-влакнетоста баш не ги тангира. Мислам имиџот на навежбан маж со депилирани гради не е нешто ново, јер, фуј, влакнест маж е гнасен. И да не ставам гадни слики, ама машка депилација на влакнест маж исто така има последици по кожата. И искуства знам на мажи што поминале низ такви фрустрации, и да ниска самодоверба, како ли ќе си фати женска таков. Епа еве не знам, солна киселина да пробаат.

    Ботом лајн- трендовите не сакаат влакна, може конечно ќе почнат да тураат нешто во водата за пиење па и влакна ќе престанат да растат. Инаку секој со генетската и хормонската лотарија.
     
    На Annath, ForeverYoung, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Токму така. За последната реченица. Сите жени имаат влакна, но прекумерната влакнетост кај жените не асоцира на ништо друго, освен на одредени проблеми од ендогено потекло. Што значи, повторно истата жена нема проблем со мене, туку со своето тело. Со тоа што јас ќе стимулирам општо прифаќање, не го негира фактот, дека таа жена треба да поведе внимание на сопственото здравје. Затоа што истите причинители кои доведуваат до влакнетост вршат и ред други непожелни ефекти на организмот. Значи едно е да имаш подраснати влакна, друго е да стимулираш прекумерна влакнетост, да го експонираш и да го приложуваш како пандан за здравје и убавина.
    Ако некој мене ме прифати со мојата влакнетост поради полицистичните јајници, не значи дека не треба да отидам на доктор за да барам чаре ако истото го намалува сопствениот квалитет на живот.