Пффф не патам од тоа да сум цело време издепилирана. Се припотресував за рацете дека има влакна пошо општеството така 'наложува'. Еден искоментирал дека никогаш не би ме работел само заради влакната на рацете , не знам зашто мислел па дека јас би работела вепар од 300 кила (па и без брада, што е муст хаве за мој криетериум ) Еве го мм не му смета. Иронијата е што на нозе немам ниедно влакно. Рацете не ги депилирам редовно. Така преферирам, така ми е убаво. Природно.
Според мене не,сепак секој со свое мислење,но мене не ми изгледа убаво девојче со влакна по раци на пример,ќе се дотерам некаде скоцкана,нашминкана,и на раци ќе ми штрчат влакна,не ми оди некако,јас не се осеќам удобно така,друго е да чекаш еве некоја недела да ти подраснат за депилација,еве особено интима,ама раци и нози,пазуви исто,одма отстранувам,не можам да се трпам јас самата,иако гледам дека почнува некоја нова мода на недипилирани раце,по хигиенски ми е кога е се мазно
Може сакаше да каже, поубаво естетски дека и` личи? ја би го поврзала со неуредност.Не со нехигиена пошо баш со отстранување влакна, кожата е во директен допир со се` и сешто
Неубо е да речиш 'нехигиенски', ако го мислиш тоа за жени кои не ги депилираат рацете (или било што фор дет метр) Ако речиш дека ти се чувствуваш 'нечиста', односно за тебе лично е нехигиенски, тогаш е ок. Некој шо се носи со влакна ко мајмун... ко јас на пример, глупо ми е да чујам дека влакна биле нехигиенски, ко демек, ја гнасна сум Хигиената е поврзана со миење/туширање, не со влакна.
Мислам дека тука секој се изјаснува,и кажува свое мислење,се разбравме у ред е,не ми беше намерата да се осетиш глупо,напишав мое мислење и тоа е тоа.
Ама не кажа дали за тебе мислиш дека си гнасна, ако не си депилирана, или мислиш дека сите сме гнасни, ако не се депилираме? И за маж и за жена. Тоа кажувам. Јас се депилирам еднаш, до два пати годината. Сега да завртам ногајца, сигурно поќе од тебе влакна имам
Кој како си сака. Имам познаничка која знае да не се издепилира на раце, па и на нозе некогаш... А лето да е, да облече и фустан под колена ама да ѕиркаат. Еднаш на базен беше со нас, недепилирана Јас така не би никогаш, ама не сум лоша да и речам, депилирај се Зошто чим така нема гајле на 30 и кусур години, сигурно јас нема да ја премислам. Јас и дома да сум, зима, лето, нон стоп си одам еднаш месечно на депилација. Не сакам влакна ич, поубаво си се осеќам кога ги немам и да можам скроз трајно да ги извадам, одма би ги извадила Пак ќе речам кој како си сака и како си се чувствува во своја кожа, така нека си тера
Еве Спенсер Барбоса ќе ви каже нај убаво, јас 100% се сложувам со неа. https://www.instagram.com/reel/CZHRbvUou56/?utm_medium=copy_link
НЕ! Јас мразам влакна на себе. Боли депилација, ама издржувам. Кога би имала пари прво нешто ќе ми биде трајно отстранување на влакна.
Не,не никако... Освен коса ,трепки и веѓиНа раце додуша и ми се скоро неприметни ама пак...ако не се пројдам со апаратчето за депилација секоја недела некако не ми е во ред.Може е и навика што знамАма ако некоја се чувствува ОК со влакна нејзина работа. Знам само дека не изгледа убаво кога некоја има влакна на лицето и малку така маркантни бркови а одозгора пудра. Ама пак нејзина работа....нека му ја мисли тој што ја легнува што има јас да се замарам за тоа.
Да бе ,се прифаќа нека му штрчат од секаде ....од уши,од нос,секаде....може и како Јети да биде,не е проблем.. Маж е му личи