Читав во темата за ХПВ дека со депилација можело да се закачи ХПВ вирусот. Среќа кога сакав восок за депилирање да си купам, не ми стигнаа парите. Кога на машките толку им смета тоа што имаме влакна, тогаш ќе се бричам само. Не планирам за нивните желби јас здравјето да си го ризикувам. Само, како пред 100 години не им пречела на мажите во Македонија влакнетоста на жените?
Веројатно се мисли на оној кој се претопува. Знаеш една девојка депилираат, па го претопуваат, па друга депилираат... Или нехигиенски услови зависно од каков тип на депилација се работи, пр. да брца со користена шпатула во лименка со чист восок. Не се мисли на нов неупотребуван, а особено не кога дама се депилираш.
Па да. Јас знам за една, додуша не сум била одамна кај неа зошто сама се средувам дома. Го претопуваше после користење. Ми се згади. Има некои салончиња кои редовните муштерики ги известуваат кога имаат "нов" восок, као еве ти тебе чисто. Обично топлата депилација е таква, другиве не би требало.
Ја имам гадење од секакви влакна на мене што не ми се коса трепки и веѓи. Се имав мачено со ПЦОС како вајлд исто и константен страв дека имам поише од обичната жена.
А во вашиот град нема избор со каков восок сакате да ве депилираат? Јас секогаш си одбирам чист восок, кој нормално има повисока цена.
Veke nikade ne depiliraat so pretopuvan vosok pomina toa, sega segde depiliraat so laden vosok koj e za edna upotreba ili sekerna pasta.
Депилираат се уште и со преработен. Избор на клиентот е дали ќе сака депилација со чист или со преработен.
Jas kade i da prasam vo bilo koj salon, nikade veke ne depiliraat noze ,race so topol vosok, samo so laden, a lice i intima so topol za edna upotreba. Ne mi se veruva deka se uste postojat takvi saloni i deka prifakaat zenite so takov vosok da gi depiliraat
Почнав полабава да сум со депилирањето лице. На одмор бев со брада. Ја шетам наоколу низ Скопјево... досега не чув забелешка од некој. За (негова, или моја) среќа....