Пак ми ги вадиш зборовите од контекст. Нема врска тоа со конфекциски број. Кој имун би останал на мазно тело? Не знам и не разбирам како, ете за моделите се фативме, би сакал некој да гледа чупакабри по писта. Сатен не клизи по длака
Не сум истражувала за влакна на задник на маж, не знам стварно, ама влакната на интимната зона пример уствари имаат улога и причина зошто постојат. Не дека огромна штета има во депилација, ама сакам да кажам имаат и корисна функција затоа и постојат и останале во еволутивна смисла. Во суштина се работи за социјален концепт на неприфаќање на влакна, нема врска со природа.
Многу споро пишувам, истото сум го пишала. Мислам дека не знаеме што е нормално женско тело, баш ради индустријата. Малку хемија овде, малку хормони онде, оп влакнетост, оп неприфатливо. Уште мислам на темата, зошто девојчињата добиваат на 12 во урбани цивилизации, а на 17 во не толку урбани. Има некој зајак во таа грмушка Ок, оф топик (јер топиков е цело време он) па ќе се изгубам сега
Сосема си во право. Добар дел индустрии се базираат на концепт како нешто треба да биде и како е прифатено. Супер за профит.
Еве пример маж не се депилира, бричи, враснати влакна се појавуваат и настанува огромен проблем ако водиш негрижа. Мажите и почесто страдаат од истото токму поради тоа. Самите доктори препорачуваат депилирање на таа регија. Не значи дека кај секој се појавува, но е доста зачестена појава, која е болна, самата интервенција непријатна, зараснување на раната уште потешко и поболно.
Мене ми е убаво да сум си мазна, не дека сум секогаш мазна ама убаво ми е кога сум средена. Маж ми не ни приметува веќе дали имам или неам влакна, а и никогаш не приметувал мислам. Мене не ме асоцира на нехигиена, природно е, не ми ни смета освен ако ми се маа некое во уста при орален ама ништо страшно. Кој како дака така не си се носи, апсолутно е напорно да се средуваш ради друг,а и непотребно, ако е за себе супер, ако не не вреди.
Ама уште од египетските фараони потекнува шеќерната паста- ќе излезат сега поборниците на тезата... Ама, баба ми не беше Клеопатра, знам што зборам. Може и робовите на фараоните се депилирале, од кај знаеме ние ...
Јас па мислам дека практично мораш барем видливо да немаш како жена влакна на нозе поготово под потколеницата. Толку се предрасудите големи, јас на работа не би можела да се појавам во сукња со влакна. Да беше само до мене и мојот партнер, немаше да ми е битно, ама за жал мислам дека и остатокот од социјално-професионалниот живот ќе ми трпи. Исто пример ако имам споени веѓи.
Сум приметил дека во секоја тема каде што е опфатен физичкиот изглед, ставовите на одредени членови се базираат врз основа на тоа што ги привлекува, а што не. Girl, не секој треба да те привлекува физички. И не секој се труди тебе да те импресионира. Уживај малку.
Да знам, свесна сум за тоа ама не ми е правилно, затоа и коментаров. Сметам дека е апсолутно непотребно да правиш ништо за било кој ама тоа е.
Ок, дека е природно природно е. Да не било природно, немале да бидат тука нели. Сите сме различни, некои помалку влакнести некои повеќе. Јас лично мразам влалкна на мене и се депилирам од глава до пети, ама скроз ми е легитимно на пример ако некоја жена сака да си ги носи влакната и не и сметаат. Право на избор. Мене не ми се допаѓа.
Шо стори бе Вајлд, ова ко фертилизатор да си ставала Шала на страна, ако ти е убаво, чувај си ги. Ама ја лично, не би.
Јас ете на брада немам влакнетост, ама рацете и нозете реално се исто влакнести како кај секоја просечна жена. Е сега која пуштила доволно да види е прашање Може и во заблуда да живеат дека "не се влакнести"
Сите сме длакави, кој повеќе кој помалце. А најмногу не сакам да се користи синдромот на полицистични јајници како причина за да не се депилираш. И јас имам, секоја трета има. Big deal. Не е причина за да не се депилираш. Да растеш влакна, од некакви побуди, ти се ќефнало е друга работа. Ама рацете не ми се фатени, лента да залепам да се задепилирам.
Нозете не ми се депилирани од лани... @LadyC ме депилираше. Рацете два пати во животот ги имам издепилирано. Е за лицето ми е срам... се депилирам еднаш неделно. Сега ми се тамам стасани за депилирање. Најдолго, еден месец не сум ги деиплирала. Влакната немаат врска со хигиена ни со убавина. Живееме во свет во кој конзумеризмот е основа на системот. Во таков систем има потреба од продажба на услуги и препарати, предмети, алатки, кои не ни требаат, туку оти ги сакаме. Навикнати сме сите да гледаме мазни жени. Кај и да се свртиш по медиуми, секаде се исто мазни жените... па и во живо. Една што пуштила брада, ја има на сите светски медиуми како исклучок... оти е. До пред 30 години, таквите во циркуз не вработуваа. Не ми е убаво со влакна пред било кој. На пример, ако одам на свадба, или некој настан, на работа, во кафич, на плажа.. сакам да сум депилирана. Ако сум со блиски или до продавница, на доктор... не ми прави разлика. Секој сам ќе одбери, точно. Само прашањето е колку е индивидуална одлуката, а колку наметната поради ПР индустријата? И јас сум нејзина жртва... Фак ит.
Абе сосема е ок ти ако сакаш да се депилираш, сосема ок. Јас лично еве ти кажувам стварно не сакам, себе и на дечко ми сум сосема прифатлива и со влакна и се депилирам исклучиво зошто 99% од луѓето од кои ми зависи кариера и слично размислуваат вака како тебе. А каква кожа имам ти викам, кај мене е стварно тортура. Секој ебан пат кожата ја оправам. Веќе почнав и кон алтернатива брич зошто ми се упропасти кожата. Не сметам дека е во ред да покажуваме прсти, сепак никако не наштетил некој ако решил да не се депилира. А обратното иако е често, по мене не е во ред
Некако сите во последно време сакаат да бидат оригинални, индивидуалисти, дека они не се под влијание на медиуми и толпа, па затоа вакви муабети. Но кога ќе дојде ред стварно да излезеш и да направиш промена, храброста и прогресивноста ја снемува. Се сведува на -ама јас би излегла ама знаеш... Што е битно кој прв почнал, дали некој Пепе или списание, толку далеку е ерата кога жените не се бричеле, па и тогаш не носеле кратко за да е толку изразено, што стварно нема смисла да измислуваме топла вода дека еј, не е баш природно, и жените имаат влакна, ама под влијание сме. Сме, за многу работи, па што? Да ни сметало толку многу колективно на сите жени, спонтано ќе сме го отфрлеле тој 'тренд'. Или ќе имало движење против shaming за влакна. Ама нема, или неколку се колку да се појават на инстаграм, да станат популарни, да направат пари и толку.