Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Апсолутно се согласувам.
    Прифатено ни е како глобално правило и кој има 'мака' се снаоѓа како знае и умее.

    Еве, како пример... по продавници и на доктор кога сум била, никој не ми искоментирал нешто за брадата.
    Не ги боли патиката.
     
  2. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    На викторија сикрет ангел искочи и ги прошета сите можни писти по светот со влакна на рацете, па еве и ден денес Адриана Лима е поим и репер за убавина иако никогаш не ги издепилира рацете и покрај сите напади од новинарите и модните критичари.

    На темата, ги отстранувам влакната бидејќи јас така се чувствувам подобро и поубаво во своја кожа, а не да му се допаднам некому од било кој пол. Родена сум плава иако со тек на време ми стана костенлива косата на останатите делови од телото влакната се доста светли и неприметливи иако за мене долги. Кога живеев надвор од мк доста често од познанички јужно американки по потекло добивав совети дека треба да ги доосветлам за воопшто дане се познаваат. Они така правеа, а јас продолжив со депилација колку и да ми е болно. Да напоменам дека никогаш од никоја не сум осетила нешријатен мирис иако живеев на место каде што е летно време поголемиот дел од годината. Тогаш и дознав дека не секаде во светот жените се депилираат/бричат туку и користат други начини како избелување на влакната (особено јужно американската и афро американската раса). Па ете и они се мажени и менуваат мажи повеќе од европјанкиве, а притоа се поим за убавина, сексипил, и афродизијак во цел свет особено латино американкиве. Едноставно како континент се многу послободни и полиберални од европејците, е сега не само за влакна туку и за многу други работи.

    Истотака за да ги издепилираш/бричеш влакната потребно е малку да потпораснат нели. Не може вечно да сме мазни од депилација до депилација, па дури и трајната не гарантира вечна мазност. И многу се глупави коментарите и навредите за тие што не сакаат да ги одстрануваат влакната. На пример мој колега од мкд пред пандемијата во канцеларија на работа му покажував нешто на компјутер и само ме фати за рака и ми вели имаш мали влакненца зошто не ги избричиш? Мене ми беше непријатно да му објаснувам, а уште понепријатно што така ме зачапа за рака што незнаев што да направам и само си докажав тоа што требаше за работата и заминав.
    Едноставно не чувствував потреба да му кажувам кога сум закажана за депилација. Подоцна на паузите ми вртеше муабети какви женски сакал бла бла бла, ама од тој момент за мене беше на игнор, само ептен нешто ако требаше за работата и ништо повеќе. А да го видевте он, со ептен влакнести раце, коса неподстрижана и брада долга, буквално цел во влакна. Не дека го осудувам, напротив, ама ептен ме навреди што се дрзна да ми се меша во интимност. Една постара колешка ми кажа "а што не му врати ти зошто не се избричеш и издепилираш" ама јас глупавата се устрамив и заминав.
     
    На Glowy, Annath, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Кој кретен човече.
     
    На staycalm, KateKane, Peperutce1115 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ти си многу фина... мене ми шлапа муцката.
     
    На Kanya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против жени со влакна на лице ако им се свиѓаат нека тераат. Јас едноставно не можам да не се издепилирам не дека имам нешто премногу влакна ама поубаво си се чувствувам кога сум скрос депилирана.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Ама нема, јер никаква индустрија не поддржува. Кого ќе земеш за спонзор, кој ќе биде во позадината, што интерес ќе има... Ај да и пишеме на Грета, може ќе смисли нешто;)
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ако има пари ќе поддржува. Ако сакаат сите да гледаат влакнести жени на тв, списанија, интернет, порно...ќе биде преплавено со влакнести жени. Ама не сакаат. Побарувачката диктира. Не може да ти наметне индустријата да ти е пријатно нешто што не ти е. Затоа некои трендови траат сезона или две, а нешто со децении не се менува и останува класика.
     
    На Angie1432 и fana им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.789
    Допаѓања:
    169.720
    Пол:
    Женски
    Влакна не е еднакво на нехигиена. Лично, неќам влакна на мене. Видов на прва страна за луѓе шо кратат дури и мовта од лицето за убо да легни пудрата. Та сум. :rofl: :rofl: И природно не сум влакнеста, не ме прај то природно чиста или хигиенска, едноставно таква ме даде природата. Да бевме во природата, валкната имаат своја важност шо не ја гледаме сега оти за се имаме друго решение. Најмалку дека не се хигиенски и тој муабет онака ме иритира. |( Е сега, мазно женско тело ни е наметната социјална норма, нешто шо се нормализирало. И вервам дека баш зато се мазнам. И порано ми беше чудно да видам жена влакнеста. Не ми е одамна веќе. Избор е. И секој го прај за себе.
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    1.836
    Пол:
    Женски
    И јас го имам тој проблем со влакна во пределот кај брадата. Не ми се ни мене свиѓа али ете таква сум, зголемена влакнетост. Ги отстранувам со бикче секое сабајле ама до пладне пак ми се познава. Секогаш велам ќе ги пуштам, една недела нема да испаѓам од дома за да можам со восок да ги фанам, ама ете уште не сум се решила на тоа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Стварно?:o
    Мислам дека индустријата го прави токму тоа, што знам, така не учеа, маркетинг и останати техники...
    Само кажи шо продукт ќе протуркаме со тоа, impossible is nothing
     
    На staycalm, WildMk и Celltica им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Влакнеста сум природно уште од мала и многу ми пречи тоа, па ги отстранувам како што знам и умеам. Не се чувствувам убаво да шетам со влакна и се трудам да го избегнам тоа колку што можам. Без разлика дали е зима или лето, дали покажувам кожа или сум со долги ракави и панталони, не сакам да сум влакнеста.

    Од друга страна, не ми пречат влакната кај другите и не мислам дека по дифолт жените/мажите што не ги отстрануваат влакната се нечисти. Можеш и да си мазен и нечист, ако не се тушираш редовно. Но признавам дека влакнетоста ми изгледа неуредно, едноставно не ми е убава глетка.

    Да сумирам, кај мене не сакам влакна, кај другите не ми пречат.
     
    На Glowy и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не ве доучиле како треба :D Не се турка, вложува во нешто што може а може и да не успее, ај да пробаме. Се опипува побарувачка и тоа се нуди.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Aj најди соодветна тема за ова, да не одиме оф, оф топиков:D
    Секако не си во право:emo:
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Би, ама не си интересен соговорник, сори :D
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Миењето заби нема допирна точка со депилација. Тоа можеш да го споредиш со нехигиена.
    Но депилацијата нема допирна точка со нехигиената и не можеш да ги наречеш луѓето “ валкани “ ако не се депилираат.
    Срамното влакно не привлекува бактерии напротив штити, повеќе се фаќаат инфекции при депилација на интимни места и на “голо”.
    Тогаш местото е иритирано и “осамено” па кога носите сатенски гаќи не ве штити туку ве “поти”. Не ве зачешало меѓу нозе после депилација и носење на непамучни гаќи, ве зачешало 100 %. И сега ќе речете “ тоа е од нехигиена” не тоа е од самото “дотерување” доле.
    Второ за лице во ред е да се средите, во ред и да не се средите ваш избор.
    Меѓутоа сметам дека жена со бркови не е привлечна. За раце и нозе, по избор.
    Јас раце последниве три години почнав да средувам,мене не ми се приметуваа нешто многу, само не се чувствував удобно.
    Нозе средувам одамна исто и под мишка. Јас нозе како од реклама немам, сум била на плажа и недепилирана,не ми било срам воопшто. Се е тоа индивидуално, скапа е убавината за некого.
     
    На Glowy, WildMk и Kanya им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ако се депилираш по дома, нов восок, што инфекција ќе добиеш? Тоа што јас сметам така, не значи дека друг треба да смета. Мислењето нема да ми се промени.
    На крајот од денот, сите се со двојни аршини на темава. Ако толку е тоа во ред, зошто го следите трендот со депилирање. Зошто се депилирате, побогу, ако не ви пречи?!? Кога ќе престанете сите да се депилирате што сметате дека длакавоста е нормално да ја истакнуваш, ќе правиме муабет. Дотогаш само капа на Вајлд и симнувам. Барем не зборува хипотетички, фиктивно, туку си се шета со длаките и си ги носи гордо. Како јас ја перцепирам, е моја работа, да ја сретнам надвор, нема да ја избегавам, дека ќе ми биде пријатно да гледам во длакавите нозе, нема. Дотеран, скоцкан, нашминкан, бамм, длака на нога, мислам, ај, у реду е, ќе се правиме либерали, а реалноста е дека никој не сака да има влакна по тело. Чувајте си ги, за туршија:)
     
    На Cherry blossom89, Peperutce1115 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Тогаш и ти си со двојни арашини,ако гледаме така. Немој да генерилизираш, сите имаме различни перцепции.
    Како што на тебе нема да ти се промени и на нас другите нема.
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А што имам двојни аршини јас? Реков дека ми пречат, дека не сакам да имам. Реков дека се депилирам/бричам и не ми е пријатно жена да гледам со влакна. Причините неколку пати ги истакнав, дали е вистина, дали не е, не е битно, битно е во мои очи и за мое доживување.
     
    На Peperutce1115, oblace1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Зошто е socially unacceptable да си жена и да не се депилираш.
    За да не си фрикот што не се депилира ете чисто само ради тоа.
     
    На staycalm, Glowy, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Истото важи и за мажите, ако се депилираат се геј, па не гледам дека некој е спречен во намерата. И те како летно време на плажа се повеќе има депилирани мажи.
    Еден е фрик, ама кога 20 членки се стремите да го следите трендот со длакавост, па и веќе формирате малцинство. Поголемо експонирање, можеби и мнозинство.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.