Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влакнетост на жени - прифатливо или не?

Дискусија во 'Врски' започната од WildMk, 17 април 2021.

  1. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Не важи истото и за мажите.
     
    На Glowy и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    @WildMk немам јас такви влакна на брада, имам на надусници тој дел, околу устата и баш на брадата, на chin. Кога ме депилира ме депилира така, околу устата и ме дочупува на брадата. Сега не сум била на депилација два месеци и така си одам, порасната. Исто и со чупањето, два месеци. Откако се депилирам влакната поцрни стана и страшно тешко се вадат, да земам со оние ленти или што и да е, ништо не можам да извадам сама, нема шанси. И таа дури се мучи со восок да ги искорне. Нозе исто, немам депилирано од октомври може, маж нема гајле едноставно, никогаш, ама никогаш ми нема преречено за влакно на моето тело. Ниту пак јас за неговото. Раце реков, никогаш немам депилирано. Се познаваат влакна, не дека не, не се страшно темни и црни само. Ама сосема ми е нормално влакна на раце не знам какви и да се. Никогаш не ми било чудно, сум им викала и на другарките, зошто депилирате раце? Не знам како се чудни влакната на раце, ама стварно.

    Мене не ми е гајле кој како се средува и дали сака. Само би сакала да се намалат предрасудите за оние кои не сакаат тоа да го прават и толкавото гадење како да е Господ знае што.
     
    На Biljarkata, CameliaMiller, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе јас за себе си зборам. Ниту ме интересираат мажите што се депилираат, ниту другите жени што прават. Што всушност тебе те интересира според ставовите.
     
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Колку што збориш за себе, така и јас зборам за мене. Чоек не се депилирај, што те тангира што побудуваш кај други луѓе на крајот од денот? Ете дечко ти те прифаќа, што те боли за другите што се никој и ништо во твојот живот? Пробај види, навистина може да доживееш пријатно изненадување. Ќе ти дојде како ослободување од стегите на општеството во однос на женската длакавост.
    Него, еднаш пред мене се појави слика од дар на природата. Убава згодна девојка со танга, а низ неа циркаат раскошни длаки од задникот кои се лепршаат од ветерот. Како јас тој момент да го прифатам како боженствена убавина?!?! Доџе ми да вриснем, мајке ми.
    Влакна на раце, супер, топ, ама се останато, не, не и не.
     
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Се депилирам за самата себе. Поубаво и некако почисто ми делува да сум мазна скроз. Не игра улога тука дечко ми или општеството дали преферира мазни или влакнести, јас како си сакам, така.
    Другарка моја имаше и сеуште има мака со влакна на брадата. Грев ми е само што ја слушам низ шо врви за да ги среди, па уште да му тријам сол над глава дека не е привлечна заради проблемот шо го има. Ама, дека е непривлечно, e. Да не зборам за инает. Да требаше да имаме влакна на лице девојките и да беше привлечно, ќе имавме сите. Немаше таа појава да биди окарактеризирана како здравствен проблем.
     
    На Snowflake97, Peperutce1115 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  6. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Дали кај маж би ти сметале влакната на кој било дел од телото? Какви се твоите стандарди во однос на ова прашање? Мислам на маж со кој би планирала иднина.
    (не одговарај ако не сакаш)
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ете не сум толку либерална :D

    Јас сум на став дека ако живееш во општество јбг некои пишани и непишани правила мораш да почитуваш. Нигде не го негирав тој дел. Исто е со дрес кодови. Мал милион работи правиме СИТЕ зошто се општествено прифатливи.

    Само малце не ми е ок омаловажување и таа надменост, побогу за влакна збориме, за кој колку памет во глава има да зборевме повеќе разбирање ќе имаше
     
    На WildMk и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да! Ми пречат, претходно одговорив.
     
  9. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Интересно прашање, двосмислено. Дали се однесува за двата пола, тоа не го разбрав. Инаку, за мене тоа е едно од оние најнебитните работи, кои може ќе ги забележам, може не. Дали на ремек дело, да речеме слика од некој познат автор, ќе и падне цената ако има влакно од четката? Не ми се верува.
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Па баш дека за влакна збориме. Не говорам за деформации, лузни, стрии, целулит. Едното е избор, другото не е. Тоа што не е избор ми е убаво, тоа што е, баш и не ми е.
     
  11. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мене пример би ми пречело ако му пречат други недепилирани девојки или мажи и ги коментира, без разлика тој каков е, ама ти си знаеш.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Дека тоа е услов за ти да го бираш партнерот на својот живот. Исклучиво во однос на коментирањето за нечива длакавост. Ама ти си знаеш.
     
  13. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ти го бираш во однос на физичкиот изглед, како услов.
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Како тоа го заклучи? Каде пишав? Башка и мм така се погоди, не морав да бирам. Ако толку те интересира, не мора да се депилира, не форсирам. Дека сакам мазно тело, да. Инсистирам, не. И така...
     
  15. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да те прашам, каде тоа го заклучи?
    Преферираш или не ти сметаат, дека е услов и самата гледаш не е.
     
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А што всушност сакаш да доловиш. Зборуваме за влакна на лице, тело кај жена. Што има врска тоа со мојот партнер или општо машка популација.
     
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    За синусно влакно препорачуваат депилација? Да не си грешка... напротив насилното вадење од корен е плус опасност, препорачуваат ласер или крема за депилација. Слични проблеми имаат и жени на препони, им се воспалуваат жлезди од влакно, депилација им е забранета.

    Не дека немам влакна, ама не сум од тие што им се познаваат доста, стално сум се депилирала, и лице и раце, и пазуви, кичма, стомак, од тоа пола било мов ама сакам мазна. Тоа до пред Ковид, сега ама ич не се замарам, брич игра кај стигнам.
    Муабетот ми беше дека две жени ми имаат искоментирано дека имам влакна на брадата, двете повлакнести од мене, ама многу.
    И многу ми е смешно дека ако некој спомне дека и жените имаат влакна околу аеролите, сите почнуваат нееее, јас не, јас не знам. Иако скоро секоја жена ги има
     
    На WildMk и kalinaka им се допаѓа ова.
  18. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не сакав да доловам, пробав тебе да те разберам што всушност ти сакаш да доловиш.
    Во ред е да имаш мислење за тоа како според тебе би требало да изгледаат другите жени, ама доколку ти сметаат не оди на плажа. (примерот со девојката со танга што го наведе)
    Ќе го решиш проблемот од корен.
    Со ова сакам да ти укажам дека си контрадикторна. Ме убедуваш дека треба да се избегнат сите коментари од страна за моите величествени влакна, а ти самата кажуваш ти сметаат.
    Што се однесува за влакната на лицето, ако сум излегла од дома со нив на мене, замисли колку ќе ми биде битно твоето мислење на таа тема.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Ама чекајте, како ние немаме влакна на лицето, па веѓите што се? И сакате да кажете дека ниту една не депилира надусници, само оние со здравствени проблеми?
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас сум секогаш со депилирани надусници, ама не паѓам во трансови ако видам жена и истите не и се депилирани.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.