Пред да се изјасните како жениве бегале од природата, а вие своеумни просветлени индустриски независни умови, откажете си го терминот кај козметичарката за депилација. Хормонски дисбаланс не е емпауеринг ниту феминизам, исто како што и дебелината не е боди позитивити.
Сепак отстранување на влакна за превенција. Ретко кој маж се депилира во таа регија, а сепак е пречеста појава. Во случајот повеќе штета имаат, него бенефит, со раст на влакна. Ласерот е најдобар третман, но постоперативно се препорачува хигиена и отстранување на влакната.
Ама не мислев на тоа, испаѓа дека само жените со проблеми имаат надусници, или тука околу устата, другиве немате никој, ништо не депилирате на лице, само веѓи средувате? Јас немам ништо здравствено пример, затоа прашав.
Влакнетост на лицето, прифатливо или не? За мене е прифатливо ако индивидуата се чуствува добро во своја кожа, нејзин избор, нејзино право. Јас лично доколку би имала медицински проблем со зголемена влакнетост на лицето би се обидела да ги тргнам на секој начин, затоа што едноставно нема да се чуствувам добро во своја кожа, имам влакненца на надусници и тие редовно ги отстранувам. Убаво се чуствувам кога сум издепилирана, средена, без разлика на зимо, лето така се чуствувам поубаво, се би направила трајно да се спасам од влакната. Единствено не ги депилирам влакната на рацете, зошто ми се светли и искрено не сакам, грда ми е рака без влакна, но ми имаат речено зошто не сум ги депилирала рацете . Исто не сакам машки што депилираат раце и нозе, тоа е ту мач.
Сосем е нормално, најчесто се гени во прашање. Кога влакнетост е симтом на некој здравствен проблем кај жените, гинеколог може да направи проценка за да направат испитувања. Полицистични јајници на пример некогаш носат влакнетост, висок кортизол или тестостерон. Бојата на влакната е таа што прави забуни ми се чини, тие со светли влакна исто имаат на лице ама не се познаваат толку, најмногу се познаваат кај жени што имаат светол тен а темни влакна, тип на жени што мене лично ми се најубави. Светол тен а јака и темна коса, густи веѓи, епа нормално дека и на лице и раце ќе им се појаки влкната.
А што сакаш точно да разбереш, кога пишувам јасно и читко. И што има врска мене што ми сметаат, со тоа што ти сакаш гордо да си ги носиш. Некому смета што дишам воопшто, па според него треба ли да престанам да дишам. Смеам ли да кажам дека не сакам да ги имам на тело, смеам ли да чувствувам чувство на неприфаќање на влакната на туѓо тело?! Реторичко е, не барам дозвола.
Зарем некој се замара со светли влакна? Јас имам на лицето светли, ни на крај памет не ми паднало цело лице да депилирам. Ни па знам некој што цело лице депилира Озбилно прашувам, скоро сите жени што ги знам имаат светли влакна некаде на лице.
Епа да, субјективно е тоа, во огледало на обично светло во соба не се познаваат, ама на сонце се повидливи отколку темни
Па светли, подолги? Не мов. Зарем само црни влакна треба да се елиминираат? Еве јас сум со светли ама густи на раце и нозе. Ич не се неприметни.
На темава, само едно. Влакната имаат заштитна и хигиенска улога, а не обратно. Штитат од надворешни влијанија, климатски промени кои може да ја оштетат кожата, бактерии, инфекции и нечистотија. Природата ги дала на цицачите за да ја заштити нивната покривка (кожата). На секое место на телото имаат посебна улога, така на веѓите служат за да ја задржат потта, влагата и дождот кои можат да се исцедат од челото и содржат соединенија штетни за око и очни капаци (пот-сулфурна киселина, амонијак итн.),во носот како филтер за воздухот што поминува, во пазувите и на гениталиите штитат од триење кое може да направи проблем, а исто така многу помагаат против штетните УВ зраци кои знаеме дека се главна причина за рак на кожа. Што ќе правите со вашето тело е ваше право. Само пред да велите "ау, гадно, нехигиенски", читнете што е посклоно на нехигиена, нечистотија и инфекции. Морав да додадам. Зголемена влакнетост по лице, а и тело е резултат на пореметување на хормони кое често се дешава повеќе поради нашата лоша исхрана и производи. И не сме ние криви, се ГМО стана на пазарот. Доколку некоја има проблем со ова и препорачувам лекар, не е ништо срамно и страшно, подобро е да се реши проблемот отколку константна депилација.
Пак направи енормна споредба за оскар. Се обидов да те разберам, да не те судам и во ред е доколку чувствуваш. Ти посакувам поубаво чувство на свесност во иднина.
За каква свесност правиме муабет? За свесност во однос на влакна ли? Луѓено вакцини за една година направија, ние дебатираме за пештерски навики и како подолго да ги ткаеме и негуваме нашите влакна. Да, до свесноста е.
Зборуваш за пештерски навики, а не знаеш ни кога лентите восок се измислени. Споредбава со вакцини ти ја надмина претходната. Свесност во однос на омраза и чувството на неприфаќање. И тука ми завршува дискусијата со тебе, ќе одам да се депилирам.
Колку јас знам, жените муслиманки обавезно за прва брачна ноќ отстрануваат влакна од целото лице. Можеби тоа е сега застарено и останало од порано, бидејќи мене постара жена муслиманка ми го има кажано
Зошто би знаела лентите за восок кога се измислени и каква врска има тоа? Споредбата со вакцини, беше дека светот оди напред, трендот оди напред, ние се стремиме да прифатиме нешто што е искоренето. Да било добро да не се депилираш, зошто тогаш воопшто почнале жените да се депилираат? Омраза не знам како виде, како можам да те мразам а да не те знам. А чувство за неприфаќање боже мој, некој е копрофаг, не значи дека треба да го прифатам и тој тренд за да не навредам некој случајно.
ПЦОС имав околу 4-5 години, влакнатоста на лицето ми е и ден денес... 20+години. На другите места, ионака си бев ко мајмун од секогаш...
Баш тоа е поентата, да немаш очекувања за тоа дали другите треба да ги отстранат сите влакна на деловите кои тебе не ти се лични со влакна, туку за себе да ги практикуваш. Истото е и за секој тренд, кој сака го прифаќа. Мислам дека и на интима се враќа тренд на full bush, ама не е тоа темата
Ти уште мислиш дека депилирање е нешто што е измислено, затоа што е добро и светот оди напред? Морам- кратка историја на женската депилација https://womensmuseum.wordpress.com/2017/11/22/the-history-of-female-hair-removal/