Кај се бе мажите да се изјаснат? За анален (кој не е ни применет на нив) имаат сите мислење, а на сериозна тема никаде ги нема. Алооо!!!
А зошто машки да се изјаснуваат? Јас не се депилирам и средувам за маж. Ако било за така, требало по охо-хо периоди да одам обрасната.
Нема потреба. Се што правам на себе, правам за себе. Вака како прогресивни умови, што би ве занимало машкото мислење? Нели на тие што се против депилација, гајле им е што мислат другите. Општествени наметнувања ви сметаат, па која е поентата да се чуе мислење на некој кој е дел од истото?
Тој воз рачунај го поминат, очигледно не и е местото во врски. Ниту има маж на форумов ниту ќе ти даде задоволителен одговор.
Ај зошто нема многу мажи Јас лично познавам маж што сака исклучиво делфин мазни девојки и дил брејкер му е влакно на тело. Али ок, преференци, нека си бара такви. Лично во животов не сум имала партнер кој нешто многу препотресен бил околу влакна, сум знаела на периоди да не се замарам посебно во зима, никаква разлика немало ни во врска, ни во секс, ни во желба за секс
Шетање со брада као ‘еј иам влакна и баш ми е гајле’, а притоа немање никаков здравствен проблем во позадина, сакам, но не го разбирам. Да, сите имаме право да правиме што сакаме со себе и своето тело, но мене ова ме асоцира на негрижа за себе, што на крајот од денот не можам да го оправдам. Сите имаме по некое влакно кај шо не треба, иам и ја, дали на брада дали некое залутано околу брадавица, али глеам спас у чупалица и не ме мрзи да го праам тоа. За сите оние кои имаат било каков хормонален дисбаланс и како последица на тоа брада, а притоа се жени, ја можам да дадам само поддршка зошто у најблиско опкружување имам случај и знам како истата особа се носи со тоа. Осудувањето произлегува од неинформираноста.
Ама зошто влакната толку се поврзани со негрижа за себе? Како е негрижа ако самата така сакаш да биде? Негрижа е да не миеш заби и да ти се испорасипат и да не одиш на забар пример, негрижа е за здравјето, поврзано се со здравјето, а дали веѓите не ти биле исчупани зашто си решил дека ќе си ги носиш природни, тоа не знам како би се поврзало со негрижа.
Вајлд, не осудувам. Коа бев у Берлин (пример давам), таму жените едноставно не се замараа како изгледаат и смрдеа+влакна мене ме асоцира на негрижа на истите тие луѓе за самите себе. Треба само да се разграничи вистински проблем од општа мрза, терање стил и негрижа. Толку иам да кажам на темава ЕДИТ: нека си носи кој сака, изнесов чисто свое мислење и гледиште поаѓајки од себе као и за секоја друга тема
Епа Валјд, тоа е индустрија постара од многу други. Моќ е тоа, не е заебанција. Да бидеме искрени, сите сме бреинвошд, тоа е Спојлер: фото Реклама од 1902
Да знам поврзаноста која е со мирисов само. Ајде да беше за пазуви само ајде, иако и тоа нема врска, ама за лице и раце и нозе како?