Влегување во брак со финансиски багаж

Discussion in 'Брак' started by black-angel, Apr 2, 2025.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,661
    Likes Received:
    9,240
    Gender:
    Female
    Може не укапирав, мислев прашуваш, па да те предупредам навреме :D:D
     
    MilaSs12 likes this.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,661
    Likes Received:
    9,240
    Gender:
    Female
    Па убаво кажа, си ризикувал и ти се посреќило. А ако не ти се посреќи, на кој мек душек ќе слеташ? Децата шо ќе ти јадат, со што ќе купуваш патики, боенки, со што ќе плаќаш екскурзии, витамини, школарини, сметки? Ќе покриеш сето тоа само од плата? Поентата не е да си ги мериме чиј е подолг, туку да се увиди реалноста, без кредит е многу тешко. Па да треба регистрација и поправка на две коли плус фрижидер да се купи во ист месец, тоа е минимум трошок од 1500 евра, кој ги нема заштедено, значи мора да наоѓа алтернативни патишта да дојде до тие пари.
     
  3. pance24

    pance24 Активен член

    Joined:
    Jun 9, 2024
    Messages:
    95
    Likes Received:
    107
    Gender:
    Male
    Немав такви луксузи за да одржувам 2 возила, ниту школарини, витамини, екскурзии.

    Едноставно скратив многу луксузи за да имам барем 80% од финансиските средства за обрт.
    Патем кажано со помалце од 100е почнав :)
    А тие 100е тогаш да сум имал некое возило ќе летнеа за пола месец нели?

    Парата ако не се врте и реинвестира во нешто што заработува пари се знае, се троше и со тоа се заглавуваме во нашиов бесконечен систем со трчање по пари...

    Пример за да идеш на работа ти треба возило, гориво, храна и нова облека.

    Заработуваш 1000 денари дневница пример , летаат пола од нив денеска за горенаведеното.

    А и никад од прва не ми се усреќило туку пробував разни варијанти и бев упорен во тоа.
    На никој не му се усреќило од прва.
     
  4. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Joined:
    Apr 18, 2011
    Messages:
    374
    Likes Received:
    726
    Gender:
    Female
    Лажат сите што кажуваат дека во Скопје купиле стан само од плата. Уствари единствено може мала гарсоњера од 25- 30м2. Имав комшии во Хиподром купија ново еднособно станче со тесна дневна и толку кажуваа дека го купиле околку 35000 евра,но они ја продадоа куќата- но ова беше може пред 10 години.
    Исто имам роднини во Пробиштип стар стан можеш да купиш и за 12-15 илјади евра, а,мојот братучед во нова една зграда што ја изградија таму еднособно станче го зема 25-26 илјади евра.
    Многу е битно да кажат коа ќе пишат дека купиле стан од плата-во кој град живеат и колкав е тој стан.
    А во Скопје сега како што се цените јок, освен ако двајцата не се во ИТ и стварно да ги бива тогаш да ќе купат од плата.
     
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    1,582
    Likes Received:
    3,398
    Не влеговме во брак со багаж, немавме кредити зашто бевме под кирија цело време и пазевме на трошоци.

    Би отплаќала туѓ кредит, пред брак ако е подигнат, за стан, ќука само ако сум и јас сопственик.
    Не би отплаќала кредити за коли, одмори, глупости.

    Финансиите се многу заебан дел од бракот, иако многу замижуваат на тој дел. Да оставам да отплаќам нешто а маж ми да е само сопственик, фак но. Финансиска независност е најбитна ствар за жена. Ем вие имате самодоверба и избор ако дое до тоа, ем верувале или не, дури и мажот повеќе ќе ве цени. Се да си земете што ви следува, а не нејќеме да се замараме, им веруваме на мажите.

    Јас на мојов му верувам со живот, но сепак не ги турам сите пари во заедничка сметка. Збориме за човек што сам плаќа кирија и рента, сам напишал дека јас плаќам по пола за ако дојде до нешто и јас сум безбедна, јас кирија ваму немам никад платено. Покривам сметки, јадење, други трошоци, но поголемите трошоци ги плаќа тој, заработува повеќе од мене.

    Бирајте со какви мажи се мажите. Јас не знам како се женети ко тој што барал жената да си плати вечера ко што прочитав пример на почеток од темава, па и во друштво тоа да се случи, ебате мажот таков, ебате. Од таков не гледате аир во животот.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,303
    Likes Received:
    28,077
    Ние купивме стан пред брак, за да земеме субвенција купи куќа купи стан, беше на еден носител кредитот, маж ми. Секако дека трошоците ги делиме.
    По некоја година доби наследство од родителите, го искористивме за уплата на учество за втор помал стан. Сам го запиша станот на мое име, зошто првиот е на негово име. Иако е купен делумно со негово наследство. Ми рече што ќе ми се 2 стана ако немам фамилија, знам дека ти значи, нека стои на твое име. Секако е све за децата.

    Кога влегувате во брак мора да имате доверба во сопругот/сопругата. За тоа треба добро да го познавате и него, и од каква фамилија доаѓа.

    Кредити се земаат за решавање животни работи, да не биле кредитите немало ни да живееме сами, ни да создадеме нешто да оставиме на децата. Само треба да се земаат наменски, не за глупости.
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,303
    Likes Received:
    28,077
    Не можеш ни тогаш од плата да купиш стан од бср 50м2 пред да наполниш минимум 45 години
     
    SummerGirl likes this.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,661
    Likes Received:
    9,240
    Gender:
    Female
    Не се тоа луксузи, тоа се вика семејство. Две возила за четири деца се must, не се луксуз. Во град со четири милиони жители па и нема друг начин освен кола, за жал, бар кога се децата мали. Затоа пишав, секој води различен живот и има различни потреби. Пасивни приходи, ризици, наследство, лото, сѐ тоа е супер и е чиста среќа. Муабетот е професијата, работата, платата и дали ако е само таа, мора или не мора кредит.
     
    smooch, Dentina, SummerGirl and 4 others like this.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,837
    Likes Received:
    142,397
    Разлика од љубов до љубов.

    Првото вика, јас се сакам повеќе, второто вика без тебе немам кој да сакам.

    Јас па и на мое име ја купив втората кола, земав кредит од 15000 и кога ја исплативме, на нотар му ја поклонив на мм. Оти не сакав да одам на регистрација и технички, не можев да излегувам од работа. И сегашната кола, која е многу поскапа, е на кредит, на негово име, ама ако не дај боже се разведеме нема дел да барам :))) негова си е, не ми треба мене. Парите буквално немаат значење кога се мачиш или жениш за човек со вистински вредности.
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,303
    Likes Received:
    28,077
    Какви случаи има, ја сум се чудела. Маж и жена до денар да се поделеле кој колку потрошил во месецот, па се пребиваат, се делат...

    Некако цела поента на заедница се има изгубено, тоа све себично. Утре ден, еден да остане без работа, без да трепнат ќе се остават.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,837
    Likes Received:
    142,397
    Имав еден спор за имот после развод, и пред да почне рочиштето, судијата си искоментира, ајде сега ситни души да расправаме. Жената бараше од фирмата на маж и да и даде пола од машините, кои се во еден процес, не сакаше пари. Она со тие машини не може ништо, он без нив не може да работи, фирмата ќе пропадне, ама она сакала да го уништи, за леб да пател. Па плаќање вештаци, па сведоци, па машински вештаци.... Се изнадаваа пари за адвокати, а он и понуди секој месец да и дава пола од приходот на фирмата. Она вика, јас кај тате имам пари, а ти да умреш за леб.

    Така што, не се мажете и жените со ситни души кои сметаат што ќе земат при развод, туку што можат да ви дадат додека сте у брак.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,986
    Likes Received:
    37,144
    Gender:
    Female
    И додека штедевте во куќата на свекрвата ли живеевте? :?:
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,837
    Likes Received:
    142,397
    И со парите од свадбата што им ја правеле мама и тато.
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2022
    Messages:
    8,495
    Likes Received:
    37,361
    Gender:
    Female
    Не ми е јасно, сите велите како на тие што немаат кредит родителите им помогнале, дрн, дрн, па и вие што се фалите дека се' сами сте постигнале ви помогнале родителите со храна, и тоа е вид помош знаејќи колку е поскапено се' сега и да се јаде мора секој ден, мислам од тоа поголема помош нема, и ќе ви останат пари за рата за кредит.

    Некои се "стискале" во куќа од свекрвата која патем не е ни нејзина, туку е од свекорот нејзин и си заштедиле.
    Раатот и мирот немаат цена, ама па барем и банката не виси на врат.
    Може некои родители продале имот и поделиле на децата.

    Вие утре кога ќе ви пораснат децата нема да им помогнете доколку можете?
    Родителите ако не им помогнат, кој, комшиите ли?
    Секој родител се жртвува за своето дете.
    Отидов оф топик, ама целата тема се сврте така.

    А и за свадба, ако сакаат родителите толку свадба (за да се пофалат пред комшии), нека прават, родителите се тие што сакаат свадби, ако треба и кредит ќе земат (мене тоа не ми е нормално), ама ако не направат свадба срамота, што ќе кажат Петранка и Трајанка.
    И не е баш така, повеќето што ги познавам прават свадба по желба на родителите, и со парите што ги добиваат како подарок си ја плаќаат свадбата или што заштедиле.

    И не е само да се земе кредит, мора и да се враќа, да, тој што е способен ќе работи и ќе враќа, ама сите знаеме дека е лесно да се остане без работа, може да се затвори фирма и слично, или не дај Боже болест и да требаат пари за лекување, се' се случува во животот, не можеме ништо да планираме пред време, може да зададе таков удар кога најмалку очекуваме.
     
    Mother of 2boys, eliesaab and Tanjamm like this.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,747
    Likes Received:
    14,206
    @Cka и @KuklickaSk вие сте среќници. Нема поголемо богатство од среќен брак, но препоставувам дека голем дел од жените ако бараат црно на бело за кредит, кој, колку, што уплаќал, веројатно би биле манипулирани со муабети „ама зарем не ми веруваш, тоа е заедно, па за децата утре...“. Многу ќе бидат навредени ако жената изрази сомнеж. Додуша, имаш ли сомнеж, ич не се мажи за него и готово.

    И околу тој боемски живот, ако решат луѓето да одат само по кафани, друштво ќе најдат, ама тоа чини пари, кои може да се искористат за попаметни работи. Подобро да отидеш на некоја тура да прошеташ, отколку да седнеш на ручек во ресторан каде си седел не знам колку пати, а исти пари се.

    Инаку, и гарсониера е стан. Ако се сетиме на пример дека во Пехчево, Македонски Брод има гасорниери за 10.000 евра, стари, тогаш повеќето веројатно можат да ја заштедат таа сума, да си купат таму станче и да се преселат, но тоа нема поента. Што би правеле таму? Замрени градови. Во Скопје е прескапо, а и во сите поголеми градови како Куманово, Битола, е скапо, во Велес е евтино, ама што ќе правиш, Охрид е изгор, Струга исто.
     
    KuklickaSk and Anyshka like this.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    8,909
    Likes Received:
    18,796
    Gender:
    Female
    Не не, јасно ми е се околу закони и имотно правни односи. Прашањето ми беше за оние со розови очила. :D
     
    SummerGirl and Abel like this.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,303
    Likes Received:
    28,077
    Јас бев во врска 10+ години од кои 2 живеевме заедно. Видовме како функционираме и во однос на пари и све. Сеуште сметам дека најголема грешка е да се влезе во брак пребрзо и без да се процени човекот каков е, маж/жена сеедно. Пари се заработуваат, човек на 30г не се менува. Или бар многу тешко. Имам и во најблиска фамилија случаи на пребрзо земени, па после да видат дека кога едниот заборавил новчаник дома случајно, другиот не се фаќа за џеб да му плати кафе.. луѓе во брак. Едниот плаќа се, другиот си штеди.

    Па ние ќе збориме за станови заедно купување, тоа се дели секој денар чив е. Се разделија секако, ене ја сега жената, зошо таа беше во случајов 'ситна душа' седи сама во 120м2 стан зошто за се нешто викаше 'ааа мое е ова'.
    Мене ако ме прашаш е*** живот е тоа, пари имаш, ништо друго.
    И за жал, не е исклучок ова. Се почеста појава е.
     
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Joined:
    Aug 1, 2021
    Messages:
    5,192
    Likes Received:
    10,644
    Gender:
    Female
    Јас еве пробувам математиката да ја направам за купување стан во Скопје.
    Што викаш, двајцата да се јаки во ИТ сфера, да земаат по 10000 долари плата, па ај така да купат стан од плата.
    Просечен стан во Скопје, конкретно Карпош е 150 000 евра. Знам, зашто барам поголем стан подолго време. И ова е за станови 70тина квадрати. Да не зборам за 120кв, по 200 000 евра минимум. Еве како би се собрале 200 000 евра од плата мене стварно не ми е јасно.
    Двајцава во ИТ да тргаат на страна по 18 000 евра месечно, па да го купат за 1 година. Ама ова е нереално, вакви парови ако се 100 во државава.
    Ние двајцата со високи примања, ќе си плаќаме станбен уште 20 год :)
     
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2022
    Messages:
    3,673
    Likes Received:
    7,591
    Gender:
    Female
    На времето пред да се запознаеме со Мм имал земено мал кредит околу 1500 евра ( може смешно ќе звучи сумата) зборувам за пред многу години, кога платите не достигаа ни 200 евра.
    Јас ако се прашувам земен за луксуз и тоа не за него, друг може има поинакво мислење.
    Си го исплаќаше сам од неговата плата ама едно големо ама, за тие пари што му ги запираа, имавме куп ограничувања во смисла да не му остануваат пари да прошетаме или да излеземе или некои такви ситници. Не сум барала мене да ми плаќа или јас да плаќам се, туку и за пола/пола не му останувале.
    Ок си го исплати. Да речам дека екстремно нешто како терет го размислував тоа пред Х години, не. Не беше ни огромна сума. Да бил станбен кредит, после во брак сигурно би биле други условите и начинот на плаќање.

    Сепак зависи како што многумина пишаа за што е кредитот, колкав е итн.
     
    SummerGirl, Tanjamm and Anyshka like this.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Joined:
    Sep 10, 2014
    Messages:
    1,655
    Likes Received:
    9,577
    Знаат да си ги планираат финансиите, имаат добри плати, не трошат на глупости, знаат да заштедат за одмор, за мобилен, за облека, не пушат цигари и не јадат по кафани.

    Јас немам ни кредит, ни кредитна, ни минус на плата, во банка немам влезено којзнае од кога.

    Не дека јас не купувам скапи работи и сум скржава, едноставно платата е доволна засега за се да се има и кредит може пример за нова кола, стан, куќа.

    Брзите кредити си го имаат направено своето за народот да мисли, дека во секое време може да има пари и со нив се да си купи и да е со се во тренд. Порано се знаеше преку банка кој може да извади кредит и за што се земаа.
    За свадба, за реновирање, за градење итн.

    Не дека јас им го враќам, ама нивно си е тоа, само да кажам дека се зема за глупости и се враќаат големи камати.


    Во брак со некој/а со кредит земен за нешто, а да не се гледа за што е земен е сериозен проблем во иднина.
    Ги знам таквите цел живот ќе бидат со кредити.