Исто ко Дентина дојдов да пишам. Животот не е само работа, стан и машина за перење. Измеѓу, треба и да се ужива по малку. Ич нејќам стиснати луѓе значи. И при тоа не мислам да не можеш да си дозволиш, туку да можеш и да се стискаш за некогаш понатака за што не се знае дал ќе го дочекаме. Прво да, битно ми е да нема пороци од кои цело семејство страда, да не троши повеќе отколку што може да си дозволи и особено тоа да е на сметка на останатите членови. Во брак влеговме без било каков багаж, со ситни заштеди, ама изгледа и двајцата со куп црвени знаменца, баш сме се нашле. На страна кредити за стан, за апарати за домаќинство, кола, телефон муабетов, што се често неопходни јас и друго би додала. Не знаев дека сум толкав ред флег со моето импулсивно купување (кое се трудам да го регулирам највеќе лично за себе) а маж ми на пример има хоби. Сте слушнале за хобија во животот? И тие се составен дел од истот. Тој си троши доста пари на неговото хоби кое повремено и му носи и приход оти се работи за колекции кои во секое време може да ги продаде и ги продава кога цената ќе рипне и се додека не ни е скратено ништо мене и на децата, тој може да ужива во неговото хоби, а јас можам да шопингувам колку сакам со меѓусебна поддршка. Останав трудна со трето и поголема кола ни беше повеќе од неопходна. Со три седишта за деца. Е сеа не зедовме Волво, ама онаква што нова со нецели 10.000км, кошташе исто колку за Волво со поминати 100.000км. 70% ја плативме, другото на рати, не дека не можевме целосно, ама беше оптоварување на буџет кое сакавме да го избегнеме во моментот, а при тоа истиот период имавме уплатено и семејно патување од една недела за Божиќ и сакавме да ни биде растеретено. И да, шетањата нас ни се битни. Не сме зеле кредит за нив, ама скроз ги разбирам оние кои земаат, семејното време заедно надвор од домот е само бенефит за семејството и не гледам проблем ако за истото плаќаш кредит следната година. Прочитав некој пиша за некој кој земал кредит за да скија на алпите. Се додека останатите членови на семејството не се ускратени од нешто, лично сметам дека поддржувањето на партнерите во нивните желби е нормално и пожелно. Ако маж ми има таква животна желба воопшто не ми е проблем да го поддржам и финансиски и знам дека и тој истото би го направил за мене, се додека повторно ќе речам после тоа не треба да живееме на леб и сол, значи се додека некој не треба да трпи за нешто. Остварување на животна желба може само да придонесе кон исполнет и среќен партнер од кој има бенефит целото семејство. Затоа, изборот на партнер е многу битен во сите нивоа на денешното живеење. Кога постои разбирање, компромис, поддршка, кредитот не би бил проблем. Кафе, ручек надвор, патување, кино, театар, хобија, курсеви, пилатес, тренинзи, книги се тоа е потребно, оти и личните сатисфакции се дел од самото наше “растење” во животот. Никој од нас не можеме секогаш да си дозволиме се што сакаме и тоа е во ред. Како луѓе треба да сме реални и спремни во секаква ситуација да се прилагодуваме, ама и од секоја ситуација да го влечеме максимумот и да си приуштуваме макар поситни задоволства, оти фрустрациите од незадоволство и неисполнетост се многу гласни. Приметувате дека едни исти две во секоја тема знаат секакви личности и истовремено знаат се за нивниот домашен буџет и подобро им го менаџираат од нив самите?
Да, ова што го пиша и мене ми е многу битно. Живеење, не преживување. И јас последна заштеда би дала за да одиме на одмор
Ама темата ви е дали би се омажиле за некој кој има кредит, а не да земе кредит откако сте во брак. Или у превод, сакате да е станот од татко му или он да го плаќа? Дали би зеле сиромав со кредит или богат без? Одлучува финскиот интерес или љубовта? Откако сте во брак, се е поинаку. Зима кредит без вас, има статус на разведен или си вдовица.
Види ПАНЧЕ 24,ако ти си вложил 100 евра ко што викаш ,кај е твојот ризик не разбирам?Немаш никаков ,100 евра може и од новчаник да ги изгубиш.Ни кажуваш на нас сите други дека не сме способни и умни како тебе да заработиме пари?Друго скоро сите во последно време рмбаат на 2 места за да опстанат.Ке ни ја поделиш тајната на твојот успех ако сакаш еве ПРОСВЕТЛИ МЕ,бидејки ова на бајка ми личи ,патиски војник или најлошо криминал.Серозна сум ,помогни ако знаеш со совет,може и во сандаче ако нејкеш јавно.
Абе не се зезај, што ризикувал Уште еден токсичен берзант кој се фали дека заработил многу пари(пошто битно е да имаш, а не да бидеш), се фали дека ем не работи, ем нема стаж и сматра дека тоа е квалитет во животот. Лото земи играј, европсконо, таму има милиони
Не сум изненаден воопшто сега што ме цитиравте и ме направивте партиски војник... Затоа со тој ваш мајндсет ќе се заглавувате во кредити и бидете си песимисти... Немам што да се објаснувам воопшто тука бидеќи како и да се обидам да објаснам пак ќе бидам погрешно сфатен.
Како сакаш ти живеј си, ама ниеден што ќе ми се пофали дека "има", и тоа исклучиво по алтернативен пат, (пензиско немаш, штедиш за пензија) и ми фура амерички дрндупки самоцентрични, подвижен ред флег ми е. Џабе ти е што имаш пари, друго немаш. А за тоа, во друга тема.
Зошто мавате со камења ако некој каже дека заработил пари? Зошто напади дека ништо друго немаат ако имаат пари? Не е тоа љубомора? Од каде знаеме? На форум сме. Секој може да се претстави како сака, ама секој. Еве нека каже дечкото, како дошол до идеја да тргува со нешто? Видел ли пример од некого, па решил ќе проба? Како нашол клиенти, одело ли лесно или не? По колку успевал да штеди месечно на пример? Еве нешто да научиме, зошто да не. На јаве никој не е должен да ти образложува, ама тука може и да каже оти е анонимен.
За некој живот е да се надоградува интелектуално, да биде општествено корисна личност, да помага, да има комфорна заштеда за да знае дека што и да се случи барем за пари нема да проси. За друг е одење на одмори (поскапи од што реално можат да си дозволат), често одење по кафиња, ресторани и слично. Судејќи по тоа колку се полни кафаните веројатно е дека вторите се побројни. Така што малку сте смешни кога ќе речете како некои имаат пари а 'преживуваат'. Живот има и надвор од нечии (плитки) сфаќања.
Тие се ептен ретки, толку пари не земаат ни во Европа во ИТ, можеби Скандинавија ама сега е тешка инфлација секаде, има многу отпуштања и штедење, така да 10к плата е за ептен тешки директоришта и за ептен сениор и стручни позиции, ама и тоа тешко, особено на средни години. И мене би ме интересирала математиката на одредени луѓе, сите велат можно е, ама никој да сподели како. Пс. Пак, како и во секоја тема, муабетов се претвара во надмудрување, мерење дугачки или кратки, филозофии, а конкретно корисно нешто да се сподели слабо.
Епа ако толку интелектуално се надоградуваш, твојов силогизам води кон заклучокот дека тој што пие кафе не е интелектуалец, притом е сиромав. Поплитко здравје. Комфорна заштеда треба да имаш од каде да ја заштедиш, со денешните плати версус трошоци тоа е навистина тешко, особено што стан мене ми треба одма и сега, а не за ХУ години. Нема логика, дури и од 18 години да штедиш, пак до 30 години нема уштедиш за битни животни промени како што е стан, без кредит. Ако веќе имаш финансиска стручност, сподели ја, не мора нужно да биде лична, некому ќе биде од помош. Јас за стан во денешно време нема да уштедам, па макар и од воздух да се откажам.
Темава изгуби смисла. Значи главната тема односно прашање е дали би плаќале туѓ кредит. Збориме кредит на партнер земен пред брак. Кредит од кој вие немате бенефит, туку треба да плаќате дел. Пример, кредит за кола, стан или реновирање. Вие ке плаќате пола, а во крајна линија партнерот што го купил нештото пред брак, има целосен бенефит. Или кредит за одмор на кој вие не сте биле. Општо кредит за нешто. Не мора да е коцка.
И у брак има работи кои се плаќаат а кои остануваат при развод на едниот. Јас мислам и тие на вага да се стават. И колку јаде едниот и колку другиот и колку ја мачел некој шољата. Оти може ќе се разведеме и јас ќе добијам еден спрат кај што шољата е амортизирана ради мажот. Тоа да се запише и да се вреднува.
Ја исчитав темава и се изгубив малце со мислењата. Прво, и јас ќе кажам како многу што кажаа на почеток: зависи каков кредит е во прашање. Кредит за стан, кола, здравје и слично, односно за реална потреба не ми смета, не секој има во кеш да плати секогаш, особено за нешто како што е живеалиште, и тука би помогнала бидејќи во брак сѐ е наше. Но кредит за чалами, одмори, и најлошо коцка, не иди во предвид, таков не сакам ни да ми се приближи. Овде можи да спаѓа и кредит за огромни куќи ко палати или коли скапи од салон не знам какви, што е знак само на лакомење, на крајот на денот важи онаа старата народна, ќе си ги пуштиш нозете колку што ти е долга чергата. Е сега, ако партнерот има стан на кредит пред да се запознаеме, секако дека би учествувала во негова исплата, со можност при случај на развод тоа што сум го вложувала да ми се врати, а станот нека останува негов. И не, не би сакала да се земам со некој ако планирам да се разведам, ама реално, кој планира и сака такво нешто? Ако се земам, се земам од љубов и доверба во партнерот. Тоа не значи дека не треба да помислам на секое можно сценарио, бидејќи тоа е животот, сѐ можи да се случи. Најидеална ситуација за мене е двајцата да вложуваме во нешто свое, што ќе е стекнато во брак. Во Македонија, ако не земаш некоја натпросечна плата и/или ако немаш помош од страна, тешко дека во кеш можиш да купиш стан. Па е сосема изводливо да земите кредит во оваа ситуација, на крај тоа ќе си е ваше. Исто така за сметки, јадење и секое друго вложување сметам дека се прави заеднички, без дигитрони кој колку дал. Сепак сте во брак, не сте цимери. Лично ниту јас ниту моите некогаш зеле било каков кредит. И од една страна сум среќна за тоа, што финансиите не биле голем проблем. Секогаш се работело и се купувало во рамките на можностите. Куќата што ја имаме тука е овозможена само од платата на дедо ми кога бил наставник и од земјоделие, кога дошле со баба ми сами без ништо, таа беше без ден стаж цел живот. Сега парите што ги имаат се од малиот бизнис и од земјоделието, со кое и јас им помагав години и години пред да се вработам. Ради тоа имаше можност да ми ја купат првата кола, бидејќи мојата заштеда немаше да стигни (се работи за кола од 3ххх евра, ништо посебно), па да беше поинаква ситуацијата, секако ќе земев кредит. Но, за следната кола планирам сама да си заштедам + парите од оваа првава што ќе се продаде. Имам доволно време да тргнам пари настрана, кредит е последно нешто на кое ќе помислам. Најголема потреба за мене е живеалиштето, и за недајбоже како што е за здравје, сѐ друго можи да почека и би се замислила сто пати дали да земам кредит. Не е ни дека се стегам многу, трошам нормално во рамките на можностите. Така да истото би го очекувала и од партнер. Во никој случај не би била со некој што од глупости има финансиски багаж. За овие работи многу добро треба да се разговара пред да направите сериозен чекор.
Темата изгуби смисла, пошто некој ја киднапираше и ја отера накај развод . Кога влегуваш во брак, не е веќе туѓ кредит, заеднички станува. Дали имаш бенефит, рековме, зависи за што е. Кредит за стан се репрограмира, станот не е негов дури не се исплати, на банката е. Ти немаш бенефит, он има целосен бенефит. Не мора да се мажиш за таков.
Како немате бенефит од таа кола, нема да ја користите? Од тој стан, нема да живеете во него? Нема да имате бенефит од коцкари и останати пропалици, и да немаат кредит, исто е. Сериозно не разбирам.
Да, со разбран партнер се може да се среди. Ама е битно да се дискутира на вакви теми. Ако ти си влегла во брак како во примерот, притоа без дискутирани детали плаќаш пола рата, твое е. И слободно ти и сите останати уживајте во љубовта, делете се, и наследство ваше препишете на партнер. Само без глумење светици а ваму си имате средени односи на папир.
Ама со нерзабран човек ни во врска нема да бидам, не да влегувам во брак- не знам што е тешко да се сфати. На папир има закон, се стекнато во брак се дели на пола- мене ми е доволно.
Темата не е за брак. Темата е за финансиски товар пред брак. Многу овде кажаа дека све-је-моје-твоје и дека ке делат секаков кредит.