Влегување во брак со финансиски багаж

Discussion in 'Брак' started by black-angel, Apr 2, 2025.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Joined:
    Jul 22, 2016
    Messages:
    429
    Likes Received:
    2,033
    Gender:
    Female
    А дали ако дечкото пред брак заработува многу и ете откако ќе се земете заедно ги трошите неговите заработени пари или не? Или тогаш му викате ааа не одам на одмор бидејќи немам доволно пари да си платам, не одам во ресторан оди си сам.
    Изгледа бенефициите се заеднички ама долгот е само негов.
    И какви ви се тие математики дека сам си го плаќа кредитот. Кога сте веќе во брак веројатно се што останува се трга како заштеда која подоцна би се користела за заеднички добра или за иднината на децата. Во тој случај делот кој тој го плаќа за кредит ќе недостасува во купчето. Вие можеби не плаќате директно но исплаќате индиректно.

    И во Македонија скоро никој неможе да купу стан во ск од плата, зборам како заштеда. Може да тргне за учество или за поголем дел. Ретки се и тие во ИТ светот што го можат тоа без кредит. Ако почнал да штеди пред 3год и стигнал до 50 000е сега му требаат 100 000е. А за 3год незнам уште колку.

    И ако јас можам да заштедам 150 000е од плата сигурно нема да земам само 1стан во готово туку ќе земам 2 или 3 со учество. Тоа значи дека другите 2 можат да бидат и деловен простор или ете и станови нека се. Ќе ги издавам и ако ништо друго половина рати ќе исплаќам. На заштеда од 150 000е значи дека имам добра плата и можам да ги земам на помалку од 10год. Износот на камата би бил многу помал. Би добила многу повеќе од тоа што сум го платила како камата. Не се лоши кредитите туку е лоша финансиската неписменост кај луѓето.

    Не би влегла во брак со финансиски неписмен а не со некој што има кредит.
     
    Cka, SummerGirl, FreeToGo and 15 others like this.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    8,909
    Likes Received:
    18,795
    Gender:
    Female
    Ке се самоцитирам.

    Ако партнерот не се согласи на договор за соодветен дел, дали повторно би плаќала рата?

     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,661
    Likes Received:
    9,240
    Gender:
    Female
    Без многу демагогии од типот "бирајте го вистинскиот", а во другине теми читаме жени што немаат ни пар гаќи свои и не можат да се разведат и да побегнат од насилство или лош брак, првата дубиоза е зошто партнерот не би дозволил договор или не би се согласил на фонд. Ако баш немам одговор на овие дилеми или опција број 3, јас стварно не би. И во ваква ситуација веќе би се преиспитала со кого сум се омажила.
     
    SummerGirl, Lavender13 and Biljarkata like this.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,834
    Likes Received:
    275,001
    Никој не кажа дека ќе дели секаков кредит.
    Кажавме за што ќе делиме, што за нас е нормално возрасен човек да прави, на пример да си купи кола или живеалиште.
    Без оглед дали почнал да го исплаќа кредитот пред брак за станот на негово име, со стапување во брак се рачуна дека придонесуваш за тие рати 50/50 и при евентуален развод тоа се гледа.

    Значи стан и кредит за истиот не се "имот стекнат пред брак" затоа што имотот не е "стекнат" уште.
     
    riba79, Tea SK and Biljarkata like this.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Joined:
    Jun 5, 2013
    Messages:
    6,449
    Likes Received:
    22,224
    Gender:
    Male
    Најкратко ви треба финансиска едукација и писменост.

    Ако не работите како тим со сопругот или сопругата, не сте компактибилни во трошење на пари, не сте транспарентни, искрени, дисциплинирани и заеднички да планирате буџет за штедење и трошење, џабе е се.


    Проблеми кои можи да настанат е двајцата сопружници несоодветно да трошат, пример едниот да сака да штеди другиот неконтролирано/импулсивно (сака) да троши пари. Недостаток на искреност која би ја нарекол како финансиска измама, да крие пари или да сокрива долгови, ова најчесто го прават со лош порок - комар. Исто така како проблем е и нееднаквите приходи одма доаѓа до расправии кој повеќе дава - што за мене е чисто детски, ама секој со погледите.


    Иако ја затеравте оваа тема во сосема друг правец, јас од мој аспект еднаш пишав како би изреагирал доколку партнерката има кредит и слично. :)
     
    SummerGirl and Tanjamm like this.
  6. izgubena:)

    izgubena:) Истакнат член

    Joined:
    Dec 4, 2021
    Messages:
    48
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    Купете вие драги жени стан на ваше име пред брак, каде што само вие стоите на имотниот лист.... Ќе видиме колку мажите ќе ви дадат заеднички пари, а да не стои неговото име на имотниот лист. Секој со своето пак ќе кажам, али сматрам дека има и жени на форумов, што се на високи позиции и би можеле сами да си го дозволат кредитот.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,747
    Likes Received:
    14,205
    Многу добро прашање. Нека земе една девојка кредит на 25 години за стан, нека се омажи после, па да видам нашиве мажи дали нема да префрлаат дури и ако сама си го враќа кредитот, оти нели семејниот буџет ќе трпи.
     
    Anyshka likes this.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,834
    Likes Received:
    275,001
    Зошто би земала таков за маж?
     
    Cka, H.VAGA and Biljarkata like this.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,661
    Likes Received:
    9,240
    Gender:
    Female
    Не заработувал, туку тргувал со криптовалути или симилвалути, значи му се посреќило. Не е нелигитимно секако, секој одлучува каков стрим на заработка ќе има, и активен и пасивен, ама ваква заработка е во рангот на наследство, лото, тргување со акции (кај што и повеќе знаење ти треба), ама сега пошто му се посреќило, му се триплицирале мудата и ќе мудрува по форуми како уствари ние ништо не знаеме да заработиме, па мораме кредити да зимаме. Да сподели што учел, се трудел, професија, има бизнис, чесно си ги плаќа вработените, па да му кажам браво, или да каже дали макар на жена му ѝ помогнал кредитот да го исплати. Вака, дојде, се пофали у погрешна тема, веројатно се фали и у други, изглуми увреден, и си отиде.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,747
    Likes Received:
    14,205
    Никоја не би требала да земе, ама црева ми се преветуваат кога ја читам темата за скржавци кои заборавиле паричник, чекале жена да ги развезе до дома, да не потрошат за бензин и други селски финти. И не мора веднаш да каже дека му пречи, може ќе каже кога ќе треба да се купуваат памперси за дете или кога жената ќе остане трудна, па ќе ја избркаат од работа, оти и тоа често се случува.
     
    Last edited: Apr 7, 2025
    Anyshka and DragonFly22 like this.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2022
    Messages:
    3,666
    Likes Received:
    7,587
    Gender:
    Female
    Рековме зависи за што бил кредитот.

    - Ако бил кредитот за стан/автомобил или било што, што заеднички би го користеле и уживале во брак, ДА би помогнала. Ако не директно, тогаш индиректно. Додека тој отплаќа кредит, секако би имало други трошоци, што треба да се покријат.

    Ако кредитот бил за пример (наведувам ситуации што први ми паѓаат на памет)
    - екскурзија(одмор) на брат/сестра
    - автомобил за родителите
    - свадба за брат/сестра итн
    Тогаш не значи дека нема да го земам, туку до максимално ќе се заштитам од плаќање на трошоци кои немаат врска со мене никаква и биле за уживање на некој друг, неповрзан со мене.
     
    Anyshka and Stark like this.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,776
    Likes Received:
    38,654
    Gender:
    Female
    Знам за случај каде што мажот зема кредит за свадба на брат му. Подобро да не пишувам какви проблеми имаше со сопругата.

    Може да плаќам за нешто што ме вклучува мене, па и децата. Ама за туѓи задоволства, не.
     
    Gosh, Lisandra, Cutiepie1 and 7 others like this.
  13. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2024
    Messages:
    782
    Likes Received:
    3,313
    Gender:
    Female
    Јас познавав ваков случај со жена на која родителите и помогнаа за учество, а беше на убава позиција и пред брак си исплаќаше самата. Се омажи, тој во станот за кој само таа отплаќаше и за гостопримството и возвраќаше со низа неверства. Размислувањето му било дека што се таа би можела да прави додека напредува во работењето па и тој да не останел покусо.
    Да не ти се погоди ваков, на пример ако е фер и искрен и пред брак си каже како се осеќа во врска со ова супер, ама повеќето или прават лице или во брак почнуваат да аздисуваат еве како овој од примеров.
    Во брак му текнало дека испод ниво му било да е домазет.
     
    Anyshka, Tanjamm and izgubena:) like this.
  14. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2024
    Messages:
    782
    Likes Received:
    3,313
    Gender:
    Female
    Овие последниве примери се дискутабилни од аспект ако се живее во заедница, дека има такви фамилии во кои се е измешано околу финансии и пример додека бил мажов пред брак сосем во ред било да припомогне околу домот/родителите/брат/сестра. Па и во бракот ако е живот во заедница исто си продолжува со мешањето во финансии и многу е тешко понатаму во иднина да се разграничи помеѓу сопругот и сопругата што како околу отплаќањето од аспект што во брак е се заедничко и отплатата за нешто од минатото и те како го засега идниот семеен буџет.
    Во вакви ситуации искрен разговор и добар договор и ако се може живот подалеку од таква токсична заедница или ако се тера во заедницата јасно поставување граници и придржување до нив без попуштање.
     
  15. izgubena:)

    izgubena:) Истакнат член

    Joined:
    Dec 4, 2021
    Messages:
    48
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female

    E баш тоа сакав да го кажам, не дај Боже жена да налета на таква змија, кога ќе сфатите со кого си имате работа после ќе биде за се касно, а таквите нажалост почнуваат со тие работи кога веќе жената е врзана за нив.
     
    Anyshka, Tanjamm and DragonFly22 like this.
  16. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2024
    Messages:
    782
    Likes Received:
    3,313
    Gender:
    Female
    Затоа велам да не се погоди на никоја некој ваков, ама за се со што ќе се врзете има и одврзување. Во нејзиниот случај и дете беше во игра и нејзината желба да расте со двајца родители, па и колку и да се нервираше за секое негово некоректно однесување кон неа замижуваше во име на детето, а не морала.
    Јас секогаш велам си патиме од замислите и очекувањата, затоа треба секогаш да си со нозе цврсто на земја и кога не оди како што треба нормално да функционира брак и семејство, секој по свој пат.
     
    Anyshka and Tanjamm like this.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,834
    Likes Received:
    275,001
    Не е касно за ништо, никогаш.
     
    Gosh, Cutiepie1, SummerGirl and 2 others like this.
  18. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Joined:
    May 14, 2019
    Messages:
    443
    Likes Received:
    1,536
    Морав да се фатам за цигарите и пиењето. Цигарите не се пречка детето да не оди на курс или дополнителни часови туку проблем на родителот кој што не сака да си одземе од своето задоволоство. Колку глупава споредба не ми се верува што читам. Тогаш и на летување не одете, излезете на тераса и пржете се на 40 степени и разладете се со сок на растварање.
    Зашто да им ги давате парите на грците у халкидики.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,747
    Likes Received:
    14,205
    Jaс на Грци пари не давам, не одам во Грција(има и други дестинации), ама одмор ти полни батерии и е добар за здравјето, а цигарите се ризик фактор за еден куп канцери. Ама ич не е исто. И кога родител оди на одмор, го носи и детето со него, а со тоа остануваат спомени, проширува видици. Споредбата не е глупава, сосема реална е. Инаку пушачот кога дете ќе му бара пари за екскурзија, е тоа ќе го рече „сончај се на тераса“. И само во Македонија има толку висок процент на пушачи, 45 отсто, а има и сиромаштија од 20 до 25 отсто. Голем дел и од пушачите се сиромашни ако гледаме статистички и баш имало анализи дека кратат и од храна за да имаат за пороци. Сите имате интернет, од Аналитика плус од Скопје е истражувањето. Дури имаше и анализи дека се трошат пари како за еден мал стан во текот на векот, не е тоа моја измислица, туку е пресметка. Тоа само во Македонија е нормално, ретко каде на друго место и затоа и цела држава и нација е во таква состојба.

    Темата ме натера да направам пресметка, колку пари имам дадено за леќи, оти имам диоптрија и пресметката вели дека имам истрошено пари како за еден плац, една нива да си купам. Значи да не користев леќи, ќе си купев со тие пари нива на која би садела било што, може бадеми, лешници, било што, ама парите отишле за леќи. Ама леќите се за здравје, а цигарите за болест. А да пушев цигари? Па заштедата ќе ми беше на пола, прашање е дали ќе бев во добро здравје или ќе закачев пневмонија, па лекови, на доктори итн. Ваши пари, ваш избор, нема да ви ги земе никој, сами се јавувате да си кажете дека сте пушачи, ама ако сте решиле дека не е добро детето да ви учи германски, поарно е да се закачат болести, ок. Па ако детето сакаш да ти свири виолина, не е само да свири, треба да се купи инструментот кој е доста скап и на старо стигна цена како една нива. Мислам, колку пари имате па така лежерно ем во кредити ем се расфрлате со цифри дека се е мала сума.
     
    Last edited: Apr 7, 2025
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,661
    Likes Received:
    9,240
    Gender:
    Female
    Луѓе, каков сок, каков курс, каква Грција? Шта је било?