А замисли па да не беше женско и парите за влошки и градници да ги штедеше? Сигурно има уште една нива и таму појдено.
А за мене се ќеиф што нема да го запрам за никого, освен ако сама не посакам. Дај не замарајте со глупости, никој не ве тера со никого да бидете, возрасни луѓе срамота е да "превоспитувате" некого, оти нема. Темата е многу проста, јас побрзо ќе бидам со некој задолжен ама што знае кај тера и знае да живее (за моја дефиниција живеење), отколку некој со 0 финансиски товар ама стисната душа и плашливец, па ќе метеме дома оти штедиме за правосмукалка. На одмор никако, тоа за богаташи е, што ќе ми е кола, постои ЈСП. А кога подобро ќе размислам, имаме и нозе, што ќе трошиме на ЈСП?
Не сакаaт партнерот да има кредит за стан. Ај ок. Не сакаат ни да живеат во заедница. И тоа е ок. Најверојатно сакаат станот во кој ќе живеат заедно да му биде доделен како поклон или наследство. Наместо да си отплаќаат заедно кредит и да си имаат право на дел. Нормално, со договор на нотар.
Лелее темава ама сте ја отерале... Како да сме во камено време направивте па во 21 ви век дека мете некој по дома. Јас не познавам некој што користи метла, освен за во двор, ама можеби и за во двор има некоја правосмукалка, ама ете штедиме па во двор ќе си метеме со метла.
Ако ти цркне некој апарат дома (кој сакаш), а заштедата минатиот месец си ја потрошила за ете нешто итно, чаре? Или еве имаш заштеда, купуваш тоа што цркнало, ама за 2 дена кола цркнува и поправка кошта повеќе од што имаш заштеда. Чаре?
Да не си ти на био исхрана оти цигарите се канцерогени? И да не дишеш воздух донесен од Алпите? И кое подбивање, кога седнала женава пресметки за леќите да си прави? Носев леќи 10+ год, па на крај не ми паднало такво нешто. Мислам, како треба да ти функционира мозокот за одење во вакви екстреми???
мешаш брзини од една во друга тема, општо другиве коментари се детски. А сеа сили ми се мене. И да цигарите за мене се штетни и непотребни, во ранк на луксуз.
Па вие сте распрдени, кој побогу носи леќи? Ќе си носиш наочари, мене истите од пред 25 години ми пасуваат, затоа толку ниви имам да си бидам биљарка И уште мажот да не треба за леќите да плаќа? А шо корист па он има од твојте леќи? Боже-ме-опрости, страв ми е да прашам- а парите од мекици собрани, кај ви се
Еее, еве и јас цела година на окаЉки сум веќе, купот под перница расте ли расте Не ги бројам, чекам време да мине, за шлог да ме мавне после од мучо динеро Мекици??? Не праеФне ние таков трошок, а ти па си се покондирила у Германија, та и мекици ќе ми измислуваш сега Сред зима детето родено ми е, пари за струја за греење камо ако лупавме така
Јаооојјј Читам, и си мислам дали некои луге тука во епрувета се пораснати, ригидност на ангро, замислувам како е да се живее со вас, јас трошачка:
Не сакаат ни како поклон или наследство, зашто тогаш па никако нема да ги има на имотен лист. Негов си е тогаш, немаат никакво право на станот. Мој заклучок е дека сакаат да соберат и они и партнерот по 50000 евра и заеднички станот да го купат......ептен реално е ова....секако за тие што не пушат, затоа јас со станбен сум, ах пусти ајкос
Па вие ништо не учите. А све имате на тацна, локални автори- пример, ќе праите родендени, мекици, и ќе соберете пари за децата. Спојлер: Спојлер Од истиот автор-ако трчаш по автобус ќе заштедиш пари, ако трчаш по такси - поише пари. И нормално, гроЈзе у зима нема да јадете. И вуала- богаташи
И во собрание ресторанот бил багатела, и ако го паркираш поршето на велосипедска, не плаќаш паркинг, ту ма Биљо, јас ли да те учам.. Ах да и ќерка ти на одмор ако ја пратиш со службената кола, ќе има детето поише пари за коктели таму... За повеќе совети, заследете ги мк политичарите
Не им текнало да пресметаат колку потрошиле на леќи. Јас дозвола нема да барам од форумов да си пресметам, еве поттикната од дискусиите тука, ми се разбуди љубопитство, лупнав точна цифра на години, а тоа се над 10, по сумата колку чинат леќите, ете ти пари како за еден плац. Вие на плац градите така, не во воздух? Ќе носеле очила, поевтино било. Леќа стагнира раст на диоптрија, очила не, проверено и докажано. Науката тоа го докажала, Македонци мудруваат околу тоа. На здравје не треба да се штеди. Ако појдете по улици, на секој чекор ќе сретнете луѓе со парталава облека, со дотрајани обувки, непотстрижени, неуредни, некои и по некој заб им фали, ама битно сите се со цигари. Тоа е пример како не треба да се однесуваме. Епа во ваква средина, тешко дека ќе добиеш некој добар совет како да заработиш повеќе, како да стекнеш приходи плус, тешко. Инаку, ако си опкружен со инспиративни луѓе, сите прават нешто паметно, креативно и ти од нив ќе црпеш идеи.
Колку и темава да ја однесовте во категорија Насмевка и со право и не со право факт е како што ни објаснуваат членка или две дека како народ сме научени да ги пуштаме нозете многу подалеку од чергата што ја имаме. Јас сум во категорија личности на кои им е јасно каде живееме и колкави се можностите и платите и дека за да создадеме нешто со трајни вредности треба кредит, ама треба и многу разумно менаџирање со финансиите и многу штедење. Мене лично пушење цигари ми е луксуз, не дека не можам да пушам, ако некој сака нешто може, ама не да се пуши по цена од секој да се гребам за цигарче или две. Сите сме свесни дека е порок кој и не е во евтините пороци, е луксуз и при тоа лична одлука дали ќе се почне со пушење, ќе се продолжи ако си веќе пушач или прекине. Друго и јас познавам родител/и кој/и на детето пример нема да му купи спортска опрема за карате еве на пример и тоа нема да посетува часови по карате, ама од својот луксуз пушење цигари или еве не мора да е пушење туку уплата за кладење или за други пороци нема да се откаже и да намали на трошоци. Како нација земаме кредити и кога е оправдано и кога не е. Мене подигнување кредити за луксузни одмор, прослава на крштевки или родендени навидум свадби, полуматурски и матурски прослави од таков формат ми е тотално несфатливо и неоправдано. Па потоа задолжување насекаде, молење за пари кај најблиските ми е доказ за екстремно голем себичлук. Важно за да види народот навидум дека имаме ќе дигаме кредити, а од секаде како се може и умее со секакви изговори да се побара пари. Разумна личност и самосвесна за своите заработувачки и општо финансиски можности разумно менаџира со се поврзано во врска со финансиите, земањето кредити и нивното враќање без да засегне туѓ буџет, па во денешно време скоро и секој втор да работи нешто хонорарно или втора работа да обавува. Дојдоа и такви времиња кога и пензионерите си го продолжија работниот век и стаж, едноставно дополнитални финасии и правилно менаџирање со нив е предуслов за преживување.