Затоа што имаш солидна кола за на пример 1-2 илјади евра . За таа цена можеш да се договориш на 5-6 рати да ги исплатиш парите . Јас мислам дека не е ок да се зема кредит поголем од таа сума , за кола . Ако ги имаш на страна ок , ама на кредит не би зела бар јас ( зборувам за кредит поголем од две илјади евра за кола ) . И за телефон . Не би дала 80.000 денари за ајфон/самсунг . Би дала ако ми се за здравје , мое или на некој близок скраја да е и далеку ама така е .
Шевролет авео кратко ? Не си чула за нив ? Или на пример Матиз .. има такви мали количиња што ќе ги рушиш од возење за 1000-2000 евра . Ама треба да се прочачка по огласи . И да земеш со себе некој што се разбира од коли , и најбитно што му веруваш . Да ја видите заедно . Треба да се распрашаш само и да отвориш 46 очи пред да се одлучиш да купиш нешто .
Тоа се коли кои се во возна состојба, но се далеку од "солидни". Доста храбро е да фатиш со Матиз да поминеш 1000км во еден правец. Значи и кола бираш според потребите.
Со кола од 1500 евра вчера се вратив од Белград . Поминав 2000 км , бев до Крагујевац , Краљево , Ниш и назад . Те молам немој со мене за коли . Лаик сум , ама не до толку . Никогаш не сме земале кола од салон . Секогаш половни . Ама треба сенс за избор на кола . И да те бива за возење . Ако ја турираш до смрт , ќе попука и вчера да ти е земена од салон и 100.000 евра да кошта .
Матиз ти е како картон со тркала. Ај четиричлено семејство нека собере во матиз. Зборам за со седишта за деца (не ставам дете во кола да возам без соодветно седиште инаку), па количка за бебе, па точак сакало поголемово да вози. На страна ова, матиз па и авео се крајно небезбедни коли и ни јас сама не би ги возела. Ама секој си има приоритети. Подобро ќе земам кредит ќе купам кола како што треба, отколку картон па да менувам пак за некоја година. А и тоа плаќање на неколку рати е исто кредит инаку, ама бидејќи не го земаш од банка не се важи нели.
Кога ја купи 1500? Пред три години? Колку амортизирана беше колата? Колку пари од тогаш досега сте дале на сервисирање/одржување и колку пресметуваш во иднина дека треба да дадете?
Очигледно си лаик. Прво, колку и да те бива за возење, редовен сервис, голем и мал си доаѓа со поминати километри. Кварови непланирани ти се екстра. Сенс за половна кола нема. Има среќа и толку. Не и пишува на колата дека ке јави квар за три дена од купување. Сите што имале матиз се посреќни кога ја продаваат, отколку кога ја купуваат.
Убаво за вас, јас немам начекано кола што сметам дека е солидна за тие пари. Може не знам да гледам, ајде @MilaSs12 јас гледав да не е увоз и да има официјална сервисна книшка овде. Таква и купив. Е не ја платив 1000е, ама и' поминав немилосрдно (зборувам активно, постојано патување и третирање како да е теренец) 100 000км пред да појави квар, и тоа смешен, потрошен дел почна да зеза. Не дека беше во невозна состојба Матиз не би возела ни низ Скопје, за такви потреби точак возам.
Матиз да возам и деца внатре? Тоа ти е исто ко сам да им ја ставиш јамката на врат и треба друг само да потушне Божееее За сигурност се работи Кола испод 2тона не е кола туку играчка Не си играјте играчки со животот
Срам вас било, кола ќе купувале!! Иди таму со јавен превоз, само немој со Дурмо, Транскоп, Беса, Авиоимпекс ( колку одамна беше ова, во минатиот живот), каков автомобил, какви бакрачи..разгалени, инспектор Мамли /Muttley можеше со крнтиичето, онда може секој, луксуз е чист зијан Тек јас со такси што се возам често, и ласерска интервенција за миопија, срам да ми е, ако го претворам во плацеви, хациенда ќе имав во злокуќани ваљда, шузнам, страв ми е да пресметам..
Абе мојава е под 2 тона, ама далеку различна од Матиз Има и изофикс за две детски седишта, ако сакам Макар да имам деца би ја заменила за поголема, поентата е дека исполнува стандарди. И моето се води како "мало, градско" ама па на тестови за безбедност одлични оцени има. И Балканов од најгоре до најдоле го има поминато, товарена и мачена надвор од лимити. Инаку, фиеста возам, не возам нешто опасно, ама пак исполнува и безбедносни стандарди и мои лични желби/потреби кои сум ги барала кога сум барала кола. И ден денес се произведуваат коли без клима, на пример, тоа не значи дека е мудро да купиш кола без клима во Скопје. На 50 степени летоска во конзерва на скопски асфалт што гуми гори може срце да те мавне, ексик "заштедените" пари и "непреземањето" ризик.
Си имаме критериуми сите некакви, и нормално дека секој сака да купи што е можно подобра кола за парите. Но, факт е дека испод 3к кола саглам нема да најдеш, а за поголема ти требаат 5к. За 1000-1500 и денес и пред 5 години ке добиеш крш. И се согласувам дека не е поента да стискаш пари а да немаш основни 'ствари' за нормален живот, од типот стан (а се стискаш во една соба или не се жениш јер немаш кеш за стан), нормална кола (пристојно да отидеш од точка а до б), одмор (за да наполниш батерии) итн. Или ти се квари машина за перење и купуваш нова, ама се квари и ТВ па одлучуваш да не купуваш, јер немаш кеш.
Јас баш вртам огласи деновиве за коли и буквално нема ништо саглам за 1000-2000 евра. Ем мала ми треба, за на работа да одам. Сите се над 3-4000 евра. А и да има за толку пари, знае се какви се тие
Да, другар ми купи митсибуши колт за 3 илјади евра, зачувано се ама 2007 е мислам или 2004. Нема евтини коли кај нас таков е пазарот. Стари коли скапи, нови немаме баш можности да купуваме и така.
Ај со ред . Види , ако мислиш дека во Матиз не те бере со седишта на децата со се , се лажеш . Иако е мала , ќе собере . Второ , ако имаш рефлекс и се сметаш за добар шофер , ти треба автомобил за основни потреби , не тенк . А ако не знаеш да возиш , и со тенк беља ќе направиш . Јас и маж ми зедовме VW Sharan за 1500 евра у топ состојба , регистрирана уште еден месец . Предходниот сопственик ја имал над 10 години , ја донел од Швајцарија . Еве уште го возиме , '98ма е , ама на пат не не има оставено воопшто . Сервис нема направено повеќе од една година , а за сервис даваме околу 10 илјади на ( скоро ) две години . Плус , маж ми ја товари , поприлично често , бидејќи носи материјали за изградба на гаражата . До сега не не оставил на пат ,додека другата кола што ни е од 2008 ене ја паркирана чмае во двор . Поправи ја , не поминале два месеци тече вода од сите страни , сменивме мотор , црева , ладњак и све живо до заден штраф и не ја бива . Толку од мене . Пред 4 години ја купивме . До денешен ден не не оставила на пат , иако е малтене со мене генерација . Пред некој ден менуваме зглоб на тркало после три години . Товарна е во последниве година ипол , сервис немаше направено скоро две години , згора на тоа имаше ставено половни зглобови . Едниот почна да крцка пред половина месец , ама маж ми дека со терени , дури пред некој ден го смени , стави скроз нов дел и еве ја нема гајле . Тогаш , купи си нова и гледај да не те чукне некој па да жалиш наредни 20 месеци . Никој не рече дека нема да ти излегуваат кварови , или нема давачки , штом купуваш кола , биди спремна на давачки . Ама , ти кажувам од свое искуство , со Мерцедес од 2009 година имам останато на кружен , со Шаран од 1998 немам останато на пат долг 2000 км . А Шаранот не е тенк , кола е . Ти си знаеш , како сакаш . Јас кажувам свое искуство и мислење . А зошто да не ? Ако си шофер , и тенк и картон , исто ти е . Во рефлексот е проблемот , не во колата . Што мислиш дека ако возиш БМВ или Ауди позаштитен/а си ? Не .