@CrazyGirl15 Јас се сметам за одличен шофер, ама другите околу мене може да не пазат колку јас што ќе пазам. И колку и да е сигурен човек во себе, несреќи се случуваат. Епа независно кој е крив во некоја несреќа не сакам да бидам смачкана како лименка, туку да имам некоја шанса за преживување. И не викам дека нема да собере седиште, ама на каков начин?
Ти биди и најдобар шофер, ама ако другите не се, ти си пак во опасност. Каросеријата е и те како битна, затоа што Ауди може буквално да преполови кола, притоа возачот на Аудито да помине со две модрици, а од тој од другата кола на интензивна. https://plusinfo.mk/avtomobil-prese...t-del-na-voziloto-letnal-na-pedesetina-metri/
Очигледно појма немаш од коли Може знаеш запали изгаси и толку Не се брукај матиз корса да рамниш со Ауди Кога ке извозиш ке знаеш шо ти кажуваме сите Кола од 2.5тона жележа ке равниш со лимена кутујка од 700кг
Знаеш дека Ауди повеќе не користи каросерија направена од лим, туку е пластика од посебен вид? Пробај на Ауди на хаубата да залепиш магнет, на новите модели да видиш дали е од железо или пластика. Или пак проверија самата каросерија, види дали некаде ќе забележиш лим Знаеш дека Ауди е во 100% сопственост на Фолксваген? Да, Фолксваген, тие што го прават Шаран. Тоа дека Ауди ќе преполови друга кола е мит само. Ауди, Мерцедес, БМВ, Лексус и сите останати премиум луксузни брендови имаат коефициент на штета рамен на сите останати не-премиум луксузни брендови. Дали си видела crash test & moose test на Ауди? Погледни на 50-60км/ч crash test на Ауди или било која друга кола и видија штетата дали нема да остани "недопрена" од само 50 км/ч, брзина пропишана за населено место. Знаеш дека малите коли имаат поголема стабилност во кривини? Знаеш дека малите колите т.е хечбековите или "Голф" класи на возила се најголеми тркачки возила, затоа што се најстабилни и најмалце се превртуваат? Јас неам видено Ауди А6 или Мерцедес Е класа да биде тркач и фактор за стабилност. Корса има подобра стабилност во кривини од Ауди А6, без разлика што Ауди тежи повеќе. Главното тежиште на Корса или било кој друг хечбек е стационирано на средината од меѓуоскиното растојание и најголемата тежина е скоцнентрирана тука и на предните тркала. Додека седаните, напред имаат тежина а назад имаат празнина. Пробај да возиш хечбек во кривина и да возиш седан и СУВ и забележи каде навалувањата внатре во кабината се најголеми. И камионите се тешки, но највеќе знаат да се превртат. Немам ништо против Ауди, фан сум на Ауди и цела Фолксваген групација, но пред да изнесете нешто во врска со автомобилизмот, проверете ги фактите зошто некои луѓе ќе помислат вистина кажувате. А за другото, членката е во право, постарите возила од 1990 до 2003 беа најдобро конструирани и најквалитетни возила. Од 2005 станаа само маркетиншки трик, станаа комплицирани, и наголемо се почна да се штеди на квалитетот на материјалите за да ги пополнат загубите со кои се соочува европската автоиндустрија која моментално ако не промени нешто може да резултира и со колапс. Германските коли живеат на стара слава. Фактор за сигурно возило не е само тежината на каросеријата. Агенцијата EURO NCAP не ги спроведува тестовите за безбедност на база на каросеријата и тежината, него на подвозјето и системите за безбедност. Тојота е од најголемиот производител на возила во светот кој продава преку 10 милиони годишно. Се произведува на секој континент. Лим користат 0.5мм, доста танок за разлика од Ауди кој користи 0.7мм пластика. И покрај тоа, Тојота важи за еден од најбезбедните брендови во автоиндустријата а основните модел не кошта многу.
@CrazyGirl15 Значи не сте толку умешни во купување на половна кола, туку ве посакала стрќата? Пред некоја страна тврдеше дека има топ кола за 1000-1500 и тактички бирате коли ама сте имале една не-толку-добра која те оставила на сред пат? Матиз никогаш нема да бидне иста класа со Ауди. Ниту пак Волво. За жал немаме стандард за Волво сите. А дека би купила Матиз при пари за Волво, јер исто, сигурно не би. Ако сакаш да разбереш повеќе за тоа колкава разлика има од Волво и Ауди во поглед на стабилност и краш тестови, интернетот е широко поле со многу информации.
Не А6ка Кватро, него Q5 Кватро имам возено. Ти може имаш А6, ама Q5 e уште потешко возило од А6. Знаеш какви беа навалувањата во кривина? Огромни, итоа на 17ки бандажи. Yaris со 16ки не мрдна ни милиметар да навали во кривина. Ауди е само бренд кој е деклариран како луксузен бренд поради нивото на опремата. А возни карактеристики има исти со Skoda Superb. Audi кошта 99.000еур а Шкода 50.000 а се исто, се се, иста групација се Фолксваген.
Како ја нападнавте членката па и со погрдни зборови канти не знам шо. Ми се чини само на форумов вози секој втор од преку 15 илјади евра кола и не знаејќи како, се потценуваат другите ама на посуптилен начин. Има евтини коли ама треба да имаш искуство и да знаеш да погодиш, оти исто ти е ко во торба со змии да пикниш рака и да не те касни. И до негде е во право членката, а и сум се возел во Матиз од Прилеп до Скопје па никому ништо, ако вие планирате да возите над дозволеното за да стигните побрзо тогаш тоа е ваша вина, ако си возиш според правила мислам дека се ќе биди во ред. И додека сме кај темата, колата се купува според буџетот што го имате, еве пример да би имале заеднички буџет би издвојувал месечно само 15-20% за рата на кола и така би зеле на кредит.
Остај тоа. Него прво се изнесуваат невистинити факти од автомобилизмот. Ауди ќе преполови друга кола Или дека колку е потешко возилото, толку е постабилно хахахахахахаххахах. Иам пробано и возено секакво возило, и германско и француско и јапонско и корејско, остана уште кинеско желба ми е. Ауди и останатите премиум брендови нудат само луксуз, ништо повеќе. А безбедност нудат сите. Пред да излезат од лента се вршат милион тестирања и додека не поминат не се пуштаат во продажба, не ни смеат. И Ауди излегува со 5 ѕвезди на креш тест и Опел Корса има 5 ѕвезди. Разликата е во тоа што Ауди е луксузен бренд а Опел не, него народен автомобил како и Фолкдваген (Фолкс - Народ / Ваген - кола), како Тојота, Рено, итн.
Не, немаат. Подобро е да не коментираш вакви глупости. Не дека е правило, колега се преврте на кров, излета од кривина со Матиз со 90 км на час. Не сум слушнала и прочитала некој со ауди А6, мерцедес Е класа, Волво, дури ни шкода октавиа, пасат, или нешто од оваа големина да се преврти на кров со 90 во кривина
Дотолку не знам Знам само дека конкретново Ауди преполови кола на Партизанска, што за жал ја видов лично. Ја видов штетата на Аудито, споредено со штетата на другата кола. Возачот и совозачот на Аудито беа со лесни повреди, за разлика од повредата на возачот во преполовената кола. Не знам што е толку смешно. Ова се случи лани во Влае. Ете ти и линк да видиш.
За друго незнам ама за 6ка знам дека има огромна стабилност при возење Милиметар не ми мрднала А опел корса у кривина......мислам у селој момент на кров ке ме преметне Возено ми се двете нема споредба ни у едно поле Е да новите шкоди се добри и ми се свиѓаат
Добро. Види ти дали Yaris GR и Audi A4 ќе имаат иста стабилност во кривина. Види го moose тестот, па ќе прајме муабет. Глупости? Тогаш кое е тежиштето на Матиз или Корса пресметано во Nm при вртежен момент на 90км/ч на експресен пат на осцијалација при аеродинамичен ветар северо-исток? А кое е на Ауди А6 во кривина помала од 85 проценти со падина од 15%? И заклучи го навалувањето на кабината пропратено со аеродинамиката. Колите имаат аеродинамика, ако се превртуваа така, не ни треба да постојат тогаш. Волво е во кинеска сопственост, за инфо само.
Кај ја отеравте темава... Ај минатиот пат можеше комотно во категорија Насмевка, а сега коли, кривини, канти...
Знам. Не дека нема. Audi A6 type C6 2.7 TDi 177кс. Колава беше тата-мата, тврда германска вожња, моќен мотор, стабилна. Не го спорам тоа. Него го спорам тоа дека Корса ќе се преврти. Не може да се преврти, има стабилизатори, има балансштранги, плус моторот тежи во средината. И помали се навалувањата во кривина на каросеријата него ли во седан ради тоа што седанот позади е празен и лесен а напред им е тежината ради моторот.
3.0 беше кватро 242к.с. 5 години ја возев Пресигурност луксуз опрема .... Се нај Ама 17л градска Али не ми сметаше очигледно штом ја шибав Матиз и ауди споредба нема Затоа и има разлика у цена И на кој колку му е џепот и паметот според тоа нека купува кола И да бидеме он на темава Да,вреде кредит за посигурна и поскапа кола
Знам, е оваа беше 2.7, али тука се и не беше quattro. 17 не одеше ама 12-13 секако Луксузен бренд, јак, воздишки прај кога ја стискаш ради моќниот мотор, лепи за седиште. И сигурна да, и стабилна. Можеби Корса нема да понуди такво луксузно искуство, ама е стабилна во кривини, стабилна итоа доста, реално, сеа факт е. Не можеме да кажиме ќе се преврти, нема да се преврти.